УН Диета

Дискусија во 'Диети' започната од mKdevojce, 7 јануари 2010.

  1. vikktoriaa

    vikktoriaa Активен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
    смее ли да се јаде бисквити во скробниот ден?
     
  2. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Како што прочитав низ предходните страници.. Бисквитите се јаглерохидрати, и може да се јадат во јаглерохидратниот ден. :)
     
  3. Angel.Heart

    Angel.Heart Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2012
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    2.053
    57 - Овошен ден
    Денес ми се чини претерав со овошјето, ама си дозволив повеќе бидејќи се спремам за утрешниот воден ден, па мора да собирам енергија :D . Овошките ми беа минијатурни, ама пак некако имам грижа на совест, значи јадев 5 јаболка од оние малите незнам како ги викаа, 5 праски, 8 мали сливи, 10 зрна бело грозје, сето ова го распределив на 5 оброка.

    Патем да ве прашам, оние што се грисините Лаки гриц, мислам дека се диетални, дали може да се јадат во Јх и доколку некој знае колку калории имаат( не најдов на паковката). Ги мислам веќе некое време и според составот што го читав на нив, би ги сместила во јх ден, и ваше мислење да ги јадам ли место ручек нив или...? И да, некој погоре има прашано за ајвар дали смее и кој ден да се јаде, и мене ме интересира, мада мислам дека можеме било кој ден, освен овошен, бидејќи тоа е правено од зеленчук, а сега баш му е сезоната не ми се излага надвор од миризбата на ајварче, пинџурче мхмхмх :P
     
  4. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Од кај па сега бисквити и скроб? Ај најди му нзс..
    Бисквитите исклучиво во јаглехидратен и тоа без претерување.



    Немаш во никој случај претерано количински со овошјето, јас дупло повеќе јадев во овошниот.



    Грисини и слични работи, не смее во ниту еден ден.
    Во никој случај не се диетални иако така се пропагираат.





    Патем, ве читам веќе долго време ама мислам дека диетава изгуби од смислата. Две лажици пире во скробен ( :^) ), само 5 смокви во овошен ден, чоколади милки во јаглехидратен, семки како меѓу-оброк и што ли уште не... Можеби некој ќе се најде навреден од ова што го пишувам, али верувајте за ваше добро е. Успехот со диетава што го постигнав јас, го посакувам секому што ја држи!

    Јадете умерено и тоа што е на ,,списокот'', ниту премногу - ниту премалку и завршете ја диетава здраво!
     
    На thinkerbell, midnight.flower, JuLleE и 4 други им се допаѓа ова.
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.303
    Допаѓања:
    259.367
    ЈХ ден, 15-ти мислам :)
    За појадок банана.
    За ручек, за прв пат јадев пица на парче, ама ја извадив шунката, а кашкавалот беше растителен.
    За вечера еден ред кујнско чоколадо и 3 палачинки со крем само, и тоа многу малце.
    И не се многу, бидејќи е пропишано за денес цела пица, значи цела, јас јадев парче.
    За вечера може две парчиња торта.
    Кога ќе ја споредиме калориската вредност на двете парчиња торта со онаа на палачинките, ќе излезе дека воопшто не е многу, плус се јх. Исто и млечно чоколадо, бидејќи анабел-а спомна милка, а јас јадев млечно чоколадо, еве спореди го со сладоледот или со тортата.
    Муабетов ми е, нема грешки со комбинирањето, а и со количината.
    Јас пак се чудам, зошто за вечера се јаде две житни плочки :^) .
    Малку е луѓе. Па како ве држи, плус следниот ден е овошен. Немате никакви обврски вие? Јас неможам.
    Во ЈХ денот сум најгладна. Благото заситува, ама не држи. Па уште и да го тенчам.
    Јас и вака слабеам, и што е најважно во останатите денови не прекршувам и не посегнувам по коцка чоколадо.
     
    На midnight.flower и anabel-a им се допаѓа ова.
  6. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    ^ И јас имав јадено палачинки во јагленохидратен ден, и тоа неколку пати. Јадев по 3 или 4 палачинки, со тоа што јас не ги мачкав со крем, туку со домашен мармелад. А и палачинките сама ги правев, па точно знам што и колку имав ставено и знам дека 4 палачинки не беа ни приближно калорични како 1 парче торта. Во првиот месец од диетата, кога имав и најмногу резултати, најмногу јадев торти и сладоледи и тоа доцна во ноќта. Е потоа внимавав и повеќе, ама организмот ми се навикна.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  7. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    12.994
    Пол:
    Женски
    22ри ден- скробен
    појадок: 1 банана (бананиве секојдневие ми станаа, ама повеќе ме држи една банана, отколку 2 праски)
    ручек: тавче гравче со минијатурно малку запршка, затоа што ја цитирам мајка ми „ама ќерко па не ми се јаде помија грав пак“, салата.
    вечера: половина од ручекот.

    Јас постепено целосно го исклучив лебот. На почетокот јадев по едно парче црн, ама сега немам потреба.
    Во врска со овошниот ден, па и јас не јадам многу особено затоа што не сум голем љубител на достапниве овошја (освен диња и праска). Повеќе сакам мандарини на пример. Човек за зеленчук сум повеќе, па претходниот овошен пишав дека ми беше скоро целосно на зеленчук. За овошен ден јадам по 2 банани, 2-3 праски и неколку оревчиња, и не сум гладна.
    Кај мене веќе има видливи резултати. Нозете ми се подослабени, дури и стапалата чинам, затоа што ногата полесно ми влегува во едни сандали со ремчиња. А највидливо ми е кај подбрадокот (гудето :) ). Преполовено е.
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mischella

    Mischella Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Девојки, редовно ве читам по форумов особено на оваа тема и многу сум задоволна од УН диетата. Сакам да прашам во протеинскиот ден дали може да јадам соја и печурки бидејќи мајка ми прави една многу вкусна манџа со нив. Да напоменам не се пржени пред тоа или нешто слично, значи само варени без никакви други додатоци (освен морковче, магдонос...се разбира) :)
     
  9. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.981
    Дечки, во УН книгата, сојата е сместена во скробниот ден. Е како и зошто, не знам, претпоставувам ради тоа што сојата ја рачунаат како природен јх, т.е. како скроб, ама не знам... повеќето тука ја јадеа во протеински, ама во книгата така си стои. Сега, сепак ваше си е тоа, анабела ја јадеше во протеински и пак слабееше. :)

    Јас денес, херојски овошен ден. :muscle:

    Еден грозд, две банани, две јаболка, три сливи, сушен ананас на Виталиа, и кога веќе не можев да зборувам во воз оти малку ко замаанка бев, си дојдов дома и јадев една чинија бистра супа. Знам дека не треба супа, ама јадев грозје и како напразно да пуштав зрна, ми се јадеше уште. Овошјето дефинитивно не најадува, или мене не ме најадува како порано. Полесно е да се држи овошен кога си зафатен, ама како дрогирана сум, пуф, посебно ако си во друг град, мислев ќе се онесвестам на сонцено. :|

    Утре протеински, одвај чекам некое мевце да каснам. :emo:
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.303
    Допаѓања:
    259.367
    Не најадува Дузи, јас сум цел ден гладна кога ми е овошен ден :worried: .
    А и многу мочкам и ка*ам :doh: . И ништо не останув во мене, од овошјетo :emo: .
    И наредниот ден еден килограм сум во минус :rock: .
    И ќе се накркам месо и оп 500 грама во плус :devil: .
    Живот 8) .
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.981
    Остај више, киселини имам и од овошје и од зеленчук. Ми се свиѓа вкусот, ама а патлиџани каснам... готово, ВЦто не ми бега. :D

    Инаку многу ми фалат некој чај за слабеење, 80тина денари бил и стварно слабееле луѓево, и тоа салам, по 15, 20 кг. Се мислам дали да пробам. Е проблемов е што многу терал на ВЦ одење, јас и вака си одам редовно, така па, да не биде да не испаднам.

    Па да се убрза више работава, и УН, и чај и џогинг... :devil: Јас ќе стасам до 75кг па ако треба и на глава ќе проодам. :D
     
  12. Kajafeminka

    Kajafeminka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    26
    Ке може да ми кажеш кој е тој чај?
     
  13. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.981
    Епа и јас не знам како се вика, по цената планирам да го барам. Една баба ми кажуваше и не знаеше точно како се вика. :?:
     
  14. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.303
    Допаѓања:
    259.367
    Да не мислат на Кирколина? :)
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ladymici

    ladymici Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    808
    Пол:
    Женски
    утре јагленохидратен ден , ама утре се пости , строг пост е, баш се мислам што да јадам,,,,, некоја идеја :?:
     
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.613
    8ми овошен ден.
    Го истерав лесно, оти си имав работа.
    Една банана, црно и бело гројзе и 100 гр. бадеми непечени.
    А вчера каша-попара сторив, во смисла - ручавме уште во 13 часот. |( Фамилијарен ручек и бидна многу рано.
    Јадев потпечени макарони со растителен кашкавал и кисела вода.
    После накај 17 часот ми се пријаде, мавнав едно чоколатце со 75% какао, од тие 30 грамските.
    После накај 20 часот ми скркореа црева, си апнав сладолед една чаша. |(
    Па дечко ми донесе боза, се напив една чаша (тука мозокот демек ми смислува изговор - брашно и шеќер е, а тоа денес смееш. Како не бе) |(
    Мислам... глупости. Овај, глупава сум. ]:)
    Од главата си патам.
    А чекам и да добијам. А мразам тоа да ми биде изговор за ждерење.
    Браво за сите умни глави кои ги следат правилата.

    Фала богу се откажа дружбата следниов викенд, раат да си терам диета.
    Почнам да се нервирам кога ме викаат за искачање. :devil:
     
  17. vikktoriaa

    vikktoriaa Активен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
    ајвар, малиџано.....кога смее да се јаде?
     
  18. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    12.994
    Пол:
    Женски
    Не се добра работа чаевите кои го базираат слабеењето на одење во вц. Додека го пиеш има добри, видливи резултати, ама по престанувањето цревата се веќе мрзливи и настанува констипација, па потребни се неколку месеци за враќање во нормала.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.887
    Денес овошен ден, не знам кој по ред.. се изгубив со бројките, битно знам дека остана уште малку, со крајот на месецов ми завршува диетата. Време е да се качам и на вага, планирам неделава.
    Денес 1 јаболко, 1 круша, повеќе сливи
    Вечер како обично се префрлам на зеленчук
    Не ми се тешки овие овошните денови но како минува време почнуваат и кризи да ме фаќаат особено на вечер кога околу мене луѓето си јадат нормално, последниот овошен ден збеснав, после салатата, јадев сончоглед па маслинки, на крај морав да изедам парче растителен кашкавал.
    Утре мојот омилен ден ради сирењето. Нема некоја диета со сирење? Секој ден би го јадела :)
    За ајвар и пинџур... не знам јас не мислам да се откажам од нив :?: Пред се е зеленчук, сега е преработен со зејтин и све тоа ама ги обожавам, па може ако ги користам во оброк да скратам од нешто друго или не знам како, ама кај нас веќе почна сезоната и веќе јадев вакви ствари. :$
     
  20. srna22

    srna22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    денес ми е овосен ден...
    сабајле јадев 1 банана накај 9.00 Ч
    во 11.30 изедов 2 домати
    во 13.30 грозје
    сега изедов 1 кисела краставиЧка
    до веЧер сигурно усте 2 домати и банана или јаболко ама не осекам глад
    сакав да прасам дали е во ред со краставиЧката и тоа сто месам обосје па зеленЧук |(