Овошен ден 78-ми Појадок: 2 парчиња диња Ручек: 1 банана, 2 јаболка суво грозје (20 грама) Вечера: 3-4- парчиња диња Во последно време не одам редовно во веце, не знам што е работата
8 ден - Две банани и 3 праски и неможев веќе. 9 ден - доручек = банана, ручек = кременадла, салата и кришка леб, вечера = преполовено од ручекот. 10 ден - доручек = ништо , ручек = компир манџа, салата и кришка леб, вечера = исто како и ручекот, не преполовив, многу ми се јадеше 11 ден - доручек = банана, ручек = макарони со кечап, вечера три колачиња Денес се мерев, имам 64 кила. Криво ми е што пред тоа не се измерив за да знам до кај сум. Сите ми викаат дека сум ослабната малце. Се ставив на диетава зошто ги откажав цигарите од почеток на август и си кажав цел месец ако треба ќе јадам ко свиња само да не запалам цигара па после од 1 Септември ќе ја држам Ун диетава.Се поправив доста за тој месец,кризи невидени, главата во фрижидер нонстоп ми беше.Стомаче пуштив и спојлери имав а сега веќе немам Ќе издржам бе уште 79 дена и еве ја симнав бразил бат лифт, малку ми е само орбитрек Инат невиден скорписки!
Помина и 58 ВОДЕН ден. за мене. Испив со многууу вода и две кафиња. Сега едвај чекам да заспијам и да дојде утре, да си јадам како човек , секако нормално без претерување. Ајде ситно се брои уште само 30 дена
16 ден, Овошен Две банани и 90 грама непечени бадеми. Толку. Од бадемите не ми се јаде, а и не сакам многу овошје. Може диња до после да каснам, бидејќи ептен сум гладна. Утре се мерам, после 4 циклуса, да видам колку сум во минус .
23 ден- јаглехидратен појадок: праска ручек: макарони со кечап, оригано и босилек. вечера: 1/3 од ручекот, ред ипол чоколадо Мора чаре да се бара за овој ден, макарониве не ме држат воопшто. По неполни 3 часа јас сум мртва гладна. Ќе почнам да јадам геврек, или пак некоја празна кифла.
Девојки, да ве прашам, вас ве фаќа депресија? Мислам, депресивни сте? Јас да. И имам читано дека додека сте на диета поради не внесување на доволно шеќер посклон си на депресија. Може и има вистина во ова.
Абе Јуле, депресивна можда не... ама нервозна сум. Прееска лаптопот ми закочи, и го земав го удрив маусот од креветот. И јас се изненадив од сопствената реакција, ни на крај памет не знам зошто го направив тоа, ете така ми дојде. Инаку јас уште сум на иста тежина. Две недели и неколку дена поминаа и грам не симнав бре луѓе, грам. Во август па ништо не ослабев, ништо!! Барем да слабеев, вака... ништо. Немам никаква мотивација ни за диети ни за ништо повеќе, немам волја, сакам да ослабам, ама сум уморна од се веќе. Од протеински денови, од овошни, уф, веќе не ми се отвора уста на салати и на овошја, од немешање на протеини и јх, од тоа дека мора да се вежба... Некако при крај сум со силите. Мислам дека е ради тоа што и претходно бев на диета и оваа не му дојде како шок на организмот, наеднаш од многу храна да премине на малку.
Па луѓе сме нормално не сме машини, ќе има кризи и депресии, па понекогаш и прекршоци, посебно навечер сум многу нервозна но кога наутро ќе се погледнам во огледало и ќе се споредам со сликата од пред диетата полна сум со позитивна енергија која почнува да се губи околу ручек де Кој не бил никогаш дебел не знае што е мака
Јас сум и нервозна и депресивна, ама од други причини. Мислам дека јадењето има многу мала врска со тоа. А некогаш, еве во паузата на пример, кога без контрола си јадеш што ти душа сака, додека го јадеш си демек среќна, палачинки, пица, чипс, чоколадо, ама после се чувствуваш грозно и дупло повеќе депресивно. Така што, терајте си ја диетата. Прејадени ќе се чувствувате уште полошо. Ден 10ти скробен. Модра слива и кафе без шеќер за појадок. За ручек - ориз со малку златна мешавина и салата од краставица. Истото ќе се јаде веројатно и вечер. Мене ми се повраќа право да ви кажам од салати... ама тоа е.
Протеински ден 79-ти Појадок: 2 парчиња диња Ручек: мусака (со тиквиња, пилешки стек, јогурт, јајце), 1 парче леб, шопска салата Вечера: мусака можеби и иста количина ќе јадам ќе видам бидејќи нема да јадам салата
24ти ден- овошен До сега имам јадено 15 зрнцa аронија (од која ми се повраќа и губам апетит), една праска и една банана. Вечер ќе јадам едно резне диња. И направив грешка , каснав малку сирење, 2 залака. Ама не се замарам многу, полесно ми дојде на душава.
одма се факам за работа (4-5 дена бев офф) знаци застанав кај овој ``критицниот``викенд кој и не бесе така критицен цел викенд имав само појадок (по1-2) јаболки и по еден оброк мозам да казам пообилен ама тој бесе и руцек и вецера кај протеинскиот руцек-вецера салата со пилеско( овде вецерта пиев и алкохол имав повод со некој ред бул измегу скробниот руцек-вецера ориз со домати салата( дека бев на гости испив едно ``недиетално``кафе ) е помина викендов и поцнав да се вракам во нормала јх денот доруцек 1 јаболка руцек макарони само зацинети вецера 3 топки сладолед и 2 коцки цоколадо( ептен вкусен бесе сладоледот,мислам мозев усте една порција да земам ) вцера овосниот ден помина со 4 јаболки и 2 праски распоредени во текот на целиот ден и така од стрв 2-3 бадеми денес протеински доруцек 2 праски руцек салата со пилеско и сега се мислам дали воопсте да вецерам мозе само салата...пиев денес кафе со млеко и кооонецно само песацев денес...некако овие денови слабо со везбанје ...а да не рецам се поопустив...ма ајде ке биде се во ред
59 Протеински Доручек: четири модри сливи Ручек: 300г баланс плус, шопска салата со сирење и 200г супа (без резанци) Вечера: 200г баланс плус, краставица салата и парче сирење По овие два дена по ред овошен и воден, денес се осеќам како слон да имам јадено, стомакот ми е како тапан
Јас оние први 3 кг кои ги изгубив беа заради тоа што јас пред диетата јадев многу, па ова му дојде како шок . Ете после 16 дена или 4 циклуса јас сум сеуште на истата тежина. Денес се мерев и ниту грам не сум мрдната, плус стомакот ми беше подуен како да сум трудна. Од што, се чудам, од двете банани вчера или дињата ? Но не се разочарувам, знам дека ќе има резултати. На почетокот мислев дека ако јадам помалку, ќе ослабнам повеќе и побрзо. Ама не. И на почетокот од летото кога ја почнав, ослабев исто, за околу 15 дена, минус 3 кг, и потоа стагнирав. А правев доста прекршоци и јадев количински многу. Сега гладна легнувам и во протеински и скробен. Епа нема повеќе. Денес за појадок банана. За ручек јадев во 11 часот печено свинско со прилог варен грашок, како гарнир, знаете колку ставаат во ресторанска порција и едно парче леб. За вечера каснав еден батак, шопска салата и чаша јогурт. Лебот кој толку го одбегнував ме држеше до 19 часот. Не планирам да продолжам со консумирање, ама понекогаш кога ќе осетам потреба нема да му ја мислам. Количински ќе јадам онолку колку што е пропишано и нема да си скратувам. Цело време тврдев дека до комбинирањето е, а не до количината. И така е. Се уверив по незнам кој пат.
За 2 дена од 62 и 100 грама денеска кога се измервив имав 60 и 500 грама значи тоа за 2 дена ако вака продолжи убаво ке биде но да не останам во место ке му се фрлам на јадењето пак Иако претоа имам ослабено за едно 7 месеци 14 кг ама сакам уште малце
Ај мала помош! Денес скробен ден, не си носам ништо за јадење, на работа сум и не знам што би можела да си купам да јадам Не ми текнува на друго освен помфрит ама не сакам пржени компирчиња сега да јадам. Има некој добра идеја ?
еве веќе 11 ден ми е денес, а немам ни кг симнато иако ептен се придржувам на диетата...незнам што да правам...се нервираммм иначе денес јагленохидратен ден, за ручек макарони, за вечера сеуште не сум размислила
Да си седнеш в ресторан и да си порачаш ориз. Навистина немам друга идеја што би можела да купиш. Или ако имаш некое плинско или место за кување до тебе на работа, да си купиш готов грашок само да го скуваш неколку минути. Друга идеја немам.
Ми текна мене на пуканки ( мислам дека се скроб) а и за грашокот не е лоша идеја. Фала па ќе видиме сега имам избор