Вчера јадев пуканки (во скробен ден), од оние во микро што се прават, 100 гр, без додавање зејтин и сол, околу 420 калории. Ама како убаво ми легнале, и здрави се пуканките, ги прочистуваат цревцата, добри за метаболизмот. Денес, гројзе за појадок. И дури 2 кафиња испив сабајле. За ручек - потпечени макарони со раст. кашкавал и свеж патлиџан врз нив, (среќа што овие макарони на Регина ептен се вкусни и се погодуваат, да беа некои погрди, невкусни и пластични, одамна ќе збеснев). За вечера - темно чоколадо и еден мафин со мармалад. Може ќе го сменам мафинот со една баклава, не знам. Инаку, полесна сум за дури 1 кг. Јаооо, само 11 денови ми беа потребни. Вака ли ќе си играме.
Тука сум јас ве читам стално, ама не ја држев диетата, од денес ја почнав пак, па да видам овај пат колку ќе ја истерам некако немам голема мотивација за да ја држам од ко се вратив од одмор ама мора да се продолжи (со слабеење) оти зима иди Поручав банана и грозје+кафе. Ручав ајдучка плескавица (ништо друго). Вечера ќе видиме сега ќе вежам од 5 до 6 па после може салата нешто. Поддршка до сите диеталки.
Скроен ден 80-ти Појадок: 1 јаболко Ручек: 1 чинија компир манџа, 1 парче леб, салата (домат, краставица, кромид) Вечера: половина чинија компир манџа (а можеби и една чинија ќе видам)
25ти ден- протеински појадок: резен диња ручек: една кобасичка печена на скара, сирење, салата вечера: чаша јогурт само
Јас одсекогаш сум го имала тој проблем така да лек не сум пронашла сеуште инаку јас за 3 дена 2 кг до сега али претпоставувам дека од утре ке нема никакви резултати ке стојам во место бидејки секогаш тоа ми се случува со секоја диета
За 1 месец-6 кг. Пред 5 год. Но тоа се зависи колку имаш сало. Сега ако ја држам оваа диета ќе се здебелам
јас утре сум во таква ситуација, втор ден ми е на работа, сеуште се немам опуштени, и ми е страм да одам со склопците ориз на работа ...... или би можела пченка од конзерва да купам од маркет, или па крајно пуканки ,,, па тек во 5 дома саглам ручек
Денес скробен, 18 -ти ден. За појадок банана. За ручек печен компир и ориз со салата од зелка. За вечера печен компир и шопска салата без сирење. Инаку јас си пијам фрапе понекогаш, иако не ми е протеински ден. Ете денес на пример. Јас никогаш не сум го исклучувала кафето т.е несот, само го редуцирам. Кога одам на кафе сигурно дека нема да пијам нон стоп вода.
скробен ден доруцек 2 праски руцек ориз со спанак и салата вецера на пола од оризот а салатата не бас пола ...денес слабо вода и некако во последно време како стомакот да ми е отецен а си се продрзувам...сега тука таму некоја греска ама не големи долго време се немам мерено,некако ми е страв си правам филмови да не поцна во обратна насока диетава дали е мозно тоа? наскоро ми се близи вториот воден ден од диетава ...е мислам после него ке се мерам,па ке видиме до каде сме
Слабак сум, слабак Денес 26ти, скробен ден. Ама дома се правеше лутика и наместо тие одвратните варени компири, јас за ручек си каснав врела лутика со сиренце. Па колку е вкусна, прсти да излижеш . За вечера ќе јадам една краставица. Од утре продолжувам по старо
12ти овошен ден. Зошто, ама зошто станав толку рано? Се чувствувам како денот веќе да ми трае 20 часа. До 16 часот овошје (диња, гројзе) и 100 гр. непечен бадем, после се префрлам на зеленчук и свеж пинџур од пиперки и домати, самошто го направија. Не знам па јас кај сум се запнала за 5 кг со некое брзање, чиниш дојде крајот на светот. Мислам дека организмот веќе не ми ја сака диетата, онака баш му се кисели од неа. И можно е да не се симнуваат кг од презаситеност, од истата храна. Не знам, можеби грешам. Да започнам да си јадам нормално, со мерка, како човек, можеби тие 5 вишок ќе се симнат сами од себе, лагано. И демек повеќе физичка активност, јас гз не сум мрднала една недела. Мислам... секако ја држам до крајот на месецов, за подолго, не знам баш.
Леле луѓе колку е чуствувам надуено, всушност сум надуена не се чуствувам Дали е од ПМС - от не знам за околу 5 дена треба да добијам но ако се дуам до тогаш колкава ќе бидам ? Не знам се мислам да не направив некои грешки со диетата ама се е нормално како порано се надевам не качувам кг наместо да слабеам не сакам да се гледам ваква
Јагленохидратен ден 81-ви Појадок: 1 јаболко и 10-тина зрна грозје Ручек: месено како благо нешто Вечера: чоколадо (1 ред), 1 чоколадце оклок
Знаци после 3 месеци ун диета имаш 3 месеци одржување,во кои ке ги симнеш тие 5 кг.Во тие 3 месеци имаш распоред во кој вечерата може да биде различна од ручекот,а само на овошниот и јаглехидратниот си остануват исто.Ако ти е ручекот скробен,вечерата може да биде протеини,и обратно. 1.протеински 2.скробен 3.скробен 4.протеински 5.јаглехидратен 6.овошен И пак ке си имаш ред во исхраната и повеке избор на храна за ручек и вечера.Јас во тие три месеци имав-4кг,со не толку строг режим на исхрана.
Ја држам УН веке 16 дена правев пауза еден ден бидејки бев на свадба ама има ослабнато 4кг. правев пропусти 2-3 пати ама ништо важно ) Од понеделник сум прва смена во школо и треба да носам за доручек овошје,а не сакам да носам праски и банани секој ден да не знаете колкава е цената на јаболките на пазарот па да одам утре да си купам или пак нешто друго да купам,препорачано од вас )
сакам да ве прашам дали во протеинскиот ден може да се јаде житарици, корнфлекс со јогурт? и барам совет што да јадам за скробниот ден затоа што сум на работа? поздрав