јх денот (колку е касно ма да ми излезе јадот) доруцек 2 јаболки руцек тие моите никакви макарони нормална порција вецера излегоов и ајде нели порацав пак тестенини со сос од пецурки да рецеме пола ама со зор со сила и се убаво си се радувам руцек и вецера скоро исто...и у сред град ми текна дека цоколадо ми се јаде и ајде купив цоколадо црно демек овие риттер спорт и поцнав со еден ред нели....успат еден ред бул сугар фрее...и само со стигнав дома трцам пак на цоколадото у фриздерот со ми стои за овој смртен ден.....абе .....да зивеее овосниот ден....во името на диетата,резултатите и изгледот-амин
Денес бев на пазар за и јас да се припремам и зелените јаболки се движат околу 35-40ден. за кг. додека во супермаркетиве наши се поскапи
Девојки, во молам за помош. Ја почнав диетава пред 3 дена и имам некои двоумици. Дозволено ли е во текот на денот да се јаде нешто овошје, или само за доручек? (јас овие денови помеѓу јадења си каснував така по некоја слива или праска или малку суво овошје,салатите не ме држат ) Истп така, дозволено ли е по 1 маааааало парче двопек? Јас искрено сум голем лебар па овие другиве јадења некако не ми успеваат. Фала ви однапред П.С. Имајте на ум дека почнав пред 3 дена и дека не ми е така лесно одма да го променам режимот на исхрана, а и ми требаат 7-8 кила за да дојдам до идеалната тежина за мојава висина <3
Овошје само за доручек, а за двопек не знам, претпоставувам не! Со текот на времето ќе се навикнеш на овој начин на исхрана и лесно ќе ти биде. Јас бев на оваа диета и ослабнав 10 кила, поминаа веќе 5 месеци откако ја завшив и тежината иста ми остана Со среќа!
Овошен ден 82-ри Појадок: 2 јаболка Ручек: тост со кашкавал (не бев дома, бев во друг град) грешка е да, ама што да правам Вечера: 1 јаболко, 4 парчиња лубеница
27ми ден- јаглехидратен појадок: 1 банана ручек: парче пица вечера: топче сладолед Ме интересира друго. Водениов ден го држите? Ако го држите, го издржувате цел? Јас се мислам овошен и тој да го направам. Арно е, или не е?
Леле се напнав значи диетава ја држам од понеделникот за 3 дена дојдов од 62,1 до 60,1 значи јадам се како што треба и не ја прекршувам последниот оброк ми е во 18 најдоцна и до денеска јас само се здебелив имам 60,5 а јадам мн малку денеска овошен ден анместо да намалам јас со истата теина сум а јадев само 3 парчиња лубеница 1 банана.Ама денеска добив можно ли е да накачувам во тежина бидејки добив ве молам за ваше мислење се разочарав скрос
Не си здебелена, понекогаш се случува во организмот да се задржи повеќе вода особено во деновите пред и за време на циклусот.
Мала утеха и мотивација да продолжам иако мислев ако и утре истото ми се деси да си јадам најнормално
Ако се разочараш за 3 дена чекај понатака што ќе биди. Првите денови ги исфрлаш течностите од организмот и ти се осленува, намалуваш и во кила-да, но нема да биди така со секој ден по 1 кило не се губат така лесно килограмите, јас кога ја држев од прво почнав со 65-66 и првите 3 дена 2кила ослабев ама после тоа во наредните 2 недели уште 2 и после тоа цели 2 недели не мрднав од 62 кила. После тоа ослабев уште 2 и ја прекинав диетава, толку и сакав да имам-60. Арно ама за тие 2 месеци што јадев ко скината пак дојдов до 63кила, е сега пред 3 дена ја почнав пак денес ми беше јаглехидратен и се измерив имам 61 кило. Ама знам овај пат што е како е. Така да не се нервирај треба време да помини па после резултати.
Не ми е прв пат да држам диета претходно ослабев 14 кг а течнотите не смееш во никој случај да ги изгубиш инаку пијам по 2л или некогаш помалце вода
Еве ме мене пак. Уште ја држам. Не ја прекинав. 47 ден, мислам дека ми е. Скробен. Имам ослабено 9.5 кила за 46 дена. И морам да кажам, 15.5 вкупно. Како што кажав во сдк.. Очигледно петнаесеткава не се дели од мене. Вчера го направив првиот намерен прекршок. Се напив малце узо. Бев на роденден, ама ај ова-не, ај торта-не, и се напив узо. После ми беше криво.. А за мојот роденден, не каснав, нит се напив нешто, ама ај, помина. Не овој, туку наредниот четврток, ми се паѓа воден ден. Би требало да издржам. Изминатава недела, кога бев втора смена, го скокав доручекот, и пиев кисела или обична вода во школо. Неколку дена, пред да одам во школо, дома ќе каснев некое овошје, ама после стомакот ќе ме стегнеше. А во школо, малце ми е глупаво да јадам овошје... Ама ете, сега сум втора смена, па ќе се вратам во нормала. А сега, ја отфрлив водата од ручекот (освен со макароните), и многу ми се забрза метаболизмот.
Здраво диеталки. Еве ме мене на почетокот, некако ме фаќаат кризи, но некако се снаоѓам (меѓу јадења каснувам и по нешто овошје-знам дека е огромна грешка, но се тешам дека секој почеток е тежок :Р) Инаку еве еден совет и од мене: Секој ден е убаво да се пие по една чаша вода (по можност млака) со две супени лажици јаболков оцет (може и помалку или повеќе зависи од тоа кој колку кисело поднесува). Ова го имам прочитано пред некој ден во едно списание за здрава храна и пишуваше дека не само што помага при топење на масните наслаги, туку и помага за зацврстување на ноктите и коренот на косата. Ова е добро за секоја возраст, тежина, без разлика дали девојката е бремена или не бидејќи со тоа се врши детоксикација на организмот. Поздрав и со среќа на сите
Лејди може риба, таа е најздрава и полна со протеини, можеш и туна (ни да ја прајш ни ништо само отвори и јади Оцетот не е добар за желудникот, подобро не експериментирајте, мајка ми од него Helicobacter pylori ја разви и цел живот проблеми си има со желудникот. Ќе ви треба здравјето не си го трошете. А за коса ако сакаш ќе си ставиш дирекно оцет на врвовите од косата (гледав на емисија на -Др Оз- ).
да, вистина е дека оцетот не е добар за желудникот, но оние кои немаат таков проблем можат да го практикуваат, особено затоа што водата е препорачливо да се пие едно пола саат-саат после јадење кога желудникот е полн