Ај некој кој е поупатен од мене: Дали наместо кафе (не пијам воопшто) може да се напијам шоља какао (без шеќер)? Белат многу луѓе дека после пиење кафе се сити некои 2-3 часа, па сакам јас да пробам со какао како ќе успее, но незнам колку калории има какаото? Фала ви однапред
Протеински Доручек: две јаболка Ручек: печено пилешко, една кришка леб, салата и супа без резанци Вечера:печено пилешко и салата
http://www.kafepauza.mk/zivot/shto-ne-s ... -na-dieta/ Еве некои интересни совети кои можат да помогнат, иако верувам дека сите ние ги знаеме и почитуваме
32ри ден- јаглехидратен појадок: 1 банана ручек: 1 кифла вечера: житно чоколатце на Виталиа со мед и бадем (мислам) кое патем е превкусно и баш благичко.
Па пред да почнам со диетава за доручек често си јадев смоки со јогурт и ме заситуваа и мн ми се вкусни така, ама сега се придржувам кон дозволеното, супер ми е не се чувствувам гладна ниту во овошниот ден
Протеински ден 88-ми Појадок: 2 парчиња диња Ручек: мелено месо (печено), 1 парче леб Вечера: пилешки стек Вечерата ќе ми биди касно бидејќи сум на свадба, па ќе го јадам само месото итоа само стекот, а можеби и парче торта да каснам
90 - ден д - печена тиква р - пржени компирчиња (бев излезена а мораше да јадам) в - бел ориз печен со салата дали знаете дали мора да се прекине диетава или не јас сум во план да не ја прекинувам по 90 ти ден ама ако има некој искуство нека ми пише поздравче
http://www.dijeta.net/phpBB/viewtopic.php?t=1582 Скробен Доручек: четири сливи Ручек: варен компир и салата Вечера: пола од ручекот
Скробен ден 89-ти Појадок: 2 парчиња диња Ручек: 2 компири (салата со кечап,кромид, киселина, масло), 1 парче леб Вечера: 1 компир (салата) Не знам оти, но утре ми е 90-ти ден (јагленохидратен), што значи дека оваа диета трае 91 ден
ЈХ ден Доручек: четири сливи Ручек: шпагети со кечап и оригано Вечера: парче ипол шампита, пола ред чоколадо за готвење и пола лажиче мармалад (вчера правевме па колку да пробам)
35ти ден- скробен појадок: банана ручек: манџичка со боранија, компир и патлиџан, салата, парче леб вечера: половина од ручекот
Лелелелеле луѓе, незнаете колку сум среќна ... добив комплимент дека сум ослабнала од човек кој нема поим дека воопшто држам диета и активно вежбам.
Читав на еден форум, и сосема случајно налетав на сликиве, од девојки кои биле на Ун еве ги нивните резултати и после и после
За две кг воопшто не ја ни почнувај оваа диета. Тие 2 кг ќе ги симнеш со здрава исхрана и вежби. А и ако слабееш нема само во стомакот туку цело тело ти слабее, така да ако сакаш само кај стомакот прави некои вежби за стомак, и здрава исхрана, а не УН.
Јас еве скоро месец дена ја држам и нема никакви резултати, вагата си стои у место, малце можеби стомакот ми е намален, ама до сеа не сум ич задоволна.
Јас сум многу задоволна од диетава. 36ти ден ми е денес, со симнати 7 кг. Денес на мени (јаглехидратен ден): појадок- еден грозд ручек- варени макарони, со кечап, оригано, босилек. вечера- или пола од порцијата за ручек, или малку благце