Никакви грицки не се дозволени,,ни грисини, ни смоки, ни кикирики, ни пуканки... во суштина тоа е она што го дебели организмот,,,мора да се откажете од сите грицки..навиката постојано да се внесува..малку строго од мене ама за да има успех мора да се откажете од многу работи.
Ништо не е дозволено надвор од диетата. Впрочем, со секоја диета е така. Нема грицки, нема половина баклавиче, нема непотребни додатоци. Немојте да мислите дека ако внесувате да речеме бонбони без шеќер, не влијаат на диетата. Штом не се пишани таму за внесување, значи нема потреба од истите. Ви посакувам на сите издржливост и трпение. Кога се држи диета не се пека постојано, ниту се гледа часовникот манијачно до наредниот оброк. Опуштете се, замарајте го мозокот со други работи. Само тогаш вистински ќе има резултати.
душо, може печурки. тие спаѓаат во неутрална храна и може да се комбинираат со секој тип на храна дури и кога се готви за останатите денови, може малку и да се пропржи кромидот за манџи. верувај и јас мислев дека не смее но ете така пишува во книгата.
а да, и тука не е споменато дека наутро, штом се отворат очи, треба да се испие една чаша млака вода па после некои 10 мин да се јадат овошките
Неутрална храна...нема...само водата... печурките содржат јаглехидрати некаде околу 2,2г до 3г, протеини 2г, малку масти и многу витами... е сега најлогично е да се јадат во јаглехидратниот ден поради што тоа најмногу содржат... но поради високата сдржина на протеини во оној примерок што го имам јас вика дека се јадат во протеинскиот ден... како и да е останува индивидуално секој да си одлучи
мислев на неутрални, бидејки спагаат во зеленчук а исто во оние диетите од вита диет клубот- ги има како додаток со скоро секое јадење. значи печурките и црниот домат ...... кој примерок го имаш од книгата...мојов е на хрватски (баш сега видов еден рецепт за јх ден -палачинки со шампињони ) а баш вчера јадев пица со шампињони, маслинки, кромид и томатело(со босилок) и се малку се замислив сеа дали сум згрешила
Eee и јас од кога барам друштво Сепак во друштво се е полесно. Јас планирам од 1ви април да почнам по 1823473578436587435 пат. Па ако сакаш може да се дружиме Секако ако има и други каднидатки кои сакаат да се придружат може да се пријавуваат до 1ви ( мислам дека е добар датум ) .
Ете мене ми е 3ти ден и супер ми е, неам друштво ама сум премногу мотивирана .. Девојки ај некој нека ми предложи оброци, немам идеа што да мешам .. јадев макарони со кечап, ама следниот циклус не сакам да ми биде ист. Фала однапред .
јас се пријавувам за од 1 април онака лесно ко на шега да ни тргне а за пуканките, тие се јаглехидрати мислам па може да се јадат кога е јаглехидратниот ден, ама тие што се без масло затоа што се уствари ептен здрави и ги поттикнуваат цревата да работат
можеш исто макарони.... прво ги вариш а после ги претураш во огнотпорен сад и ги преливаш со сос од домати, босилок, оригано, сув лук (печурки ако сакаш) и ги потпекуваш. одлични се. од време на време лично јас си дозволувам овој ден да си тркнам до кам и си купувам од оние полуготовите тестенини(во доматен сос). имаат околу 100-120 калории во 100г а јас си го јадам цело пакетче од 140. е сега незнам колку е здраво и препорачливо, ама ете омилени ми се. можеш некоја погача со зеленчук, дури некаде по хрватските форуми прочитав дека некои јаделе и симит може палента, ама без сирење, јогурт....пробај со разни зачини, и зеленчук главно се се сведува на макарони, шпагети, ама ти играј си со зачините и преливите,да не се многу масни и солени, оди во некој од поголемите маркети и бирај нешто што ти фака око, и обавезно читај го составот, и не се секирај ако се задржиш подолго и гледај на преливите главниот состав да им е домат зашто е добар диуретик, богат е со витамини А и ц, содржи фосфор, содржи антиоксиданти.
макарони со зачини: оригано, вегета, рузмариииин... да речеме мммм мене ми се вкусни ептем така ете пица само со кечап и зачини прекрасно... мада јас би повеќе со домати со кечап добро оди лепче на тостер испечено мммм лепче со вегета испечено на тостер хахахах а а а офф.. прв ден ми е па ентузијазам до небо имам еј а варен ѓеврек ммм хахахах абе овој ден мене не ми е проблем лове “ал паста“ и само паста и без ништо “ај ем итинг ит“ не ми оди некако ова само месо или јајца да јадам... али ќе пробам па ќе видам... „ај маст до дис“ еј кој е со мене и пешачење нека уклучи секој ден 30 минути да нема забушавање, и по некој стомачен склек, грбен и слични работи по сабајлињата плсссс.. „дон лив ме алоне“
и така морам да Ви благодарам за она со Пуканките на сите ... решив(а не сум сама) дека нема потреба да се почне од заокружена дата, секогаш постои некој друг 1ви во месецот или во следниот и така до бесконечност... си ветив себе си пред се дека од оваа кожа нема да се излегува надвор и секако време е за нови ситуации и нова пролетна „офанзива“!!! Денеска е денот и баш ме радува дека не сум сама и дека ке имам Друштво..... Одиме на ручече и чувам дел за да имам за Вечера (немам вага но вечер ке играм со едно метро да видам како ке изгледаат резултатите)... И по препорака на некои Феминки горе,(решив) да тука си го водам дневникот на диетава(а изгледа нема да сум сама одам да се ставам на целосно читање на диетава што ја симнав од форумов и планирам да правам список да и не продукти , кога може а кога не
богами у право си за тоа заокружени диети, пошто секој нареден ден изгледа обично подобар за да се почне... ама мора од негде бре !!! Не ти треба 1ви за да почнеш време е да се почне “јово све на ново“ пролет иде, лето после, а коа си сакаме нешто ново, јас и ти си почнуваме од себе си ... мењаме нездрави навики и јас истото го правам инаку со списокот, на него ќе си ја додавам и секоја физичка активност и ќе гледам да не пропуштам ден, пошто искрено имам приметено дека а нешто пропуштам да направам еден ден...онда ич не се враќам на тоа, пошто има и уште некој ден плус и губам воља после... да речеме по 30 мин. пешки одење... по некои обични вежби како стомачни, грбни и слично... и добро е она со мерењето со метро место вага, ми изгледа некако фино за мотивација и дарлинг имам јас песна за тебе фин текст има http://www.youtube.com/watch?v=cxJhgAR5 ... re=related
оу ти си ми онда идол дарлинг од тоа само играорна не практикувам, а и физичко неам ја каде освен на работа да ми организираат... на аеробик одев од Нова Година до пред некој ден, туку у Дом на АРМ да не одиш а а а а ?!? сеа сум на домашни тренинзи пошто ме држи волјата за вежбање ...ДУР МЕ ДРЖИ ДЕ!!!
женскииии....трет овошен ден и мајке ми, ке почнам да се јадам сама себе од што сум гладна....незнам веќе кај да се обратам никад не ми било вака ....се убив денес од акање низ градов ама не поминува. единствено што ми дава сила е тоа што се сретнав со една другарка што се немаме видено 1 месец и ми рече дека и изгледам ослабено....јупиииииииии али ова гладов ....едвај се држам подалеку од фрижидерот .....неам ни сила да му се качам на орбитрекот сега...ај утре
хаха еј девојки не знам какво и како си го јадете овошјето, али пошо имам обичај понекад и онака да си јадам само овошје цел ден... па пробајте разно овошје исецкано цел куп... портокал, мандарина, јаболко... дрн дрн очите и мозокот се заситуваат, бар кај мене е така, ако едно по едно го зобам некако не ми оди малку си е малку тоа ми вика стомакот хахахах ама овака некако се осежам фул шо знам.. е ок огладнувам после ама хахаха овошје пак ќе си каснете хахахаххахахахахахах
Е така портокал, банана, кива, јаболко, итоа маж ми ми сецка, ми лупи ....ама цел ден .....не иде бутај бутај.... се нешто друго ми текнува...се нешто ми се пријадува.....и затоа решение : спиење