Мојот прв ден Храбро го издржав Појадок - два портокала, средна големина, шоља кафе со кофета од растително потекло Ужинка - чај од нане со една гранола, знам дека е прекршок но си дадов себеси еден циклус да се навикнам Ручек/Вечера - ги искомбинирав бидејќи не можев да достигнам и да ручам и да вечерам па така две во едно излезе, чинија супа без тестенини, две варени јајца и едно парче сирење, две парчиња леб, чаша јогурт, вака количински повеќе изгледа ама па немав ручек асален и нормален па затоа си дозволив повеќе од нормално, се надевам ќе влезам наскоро во колосек. На враќање од театар си набавив овошје за претстојната недела на работа, портокалчиња, мандаринчиња, кивички, се надевам ќе стасаат за неделата која претстои, со тоа што ќе докупам уште некое овошје и една салата за овошниот ден. Идеме да видиме што ќе се јаде утре
Спојлер 37/91 овошен Се вкупно: две јаболка, две мандарини, една банана и два пати зелка марула+ еден мал прекршок, ама и покрај прекршоците се слабее дефинитивно, така да, со безначителни прекршоци слабеам, ама ќе се трудам да не ги правам, ама жив човек, тоа е. 38/91 Протеински Појадок: една банана Ручек: едно парче стек и салата Вечера: речиси едно парче стек и малку кашкавал+две чаши млеко Во диетава пишува ако јадеш млечен производ да не пиеш млеко, бла, бла, ама така ако ја држам ептен ригорозно ќе се направам сукалка за брзо време, а тоа не е здраво, сакам полека да си слабеам.
Ај од среда т.е. од другиден ве дружам и јас , Сфатив дека Ун диетата е режим кој најмногу ми одговара, овака со други режими не ми е некако како што треба. Нема да ја држам три месеци оти целта ми е да ослабам најмалку 5 кила. Сега нема да се бунам и ако се исушам повеќе . Моментална состојба 65 кила, цел ми се оние 59 кои си ги имав кога претходно завршив со Ун а може и помалце. Ќе се обидам да си го пишувам редовно менито во темата, така ми е полесно за евиденција. Инаку вежбам, за почеток 20 минути вртење орбитрек и севкупно 20 на точак мислам дека се доволни за почеток, понатаму постепено ќе зголемувам. See you soon .
Втор ден, скробен. Појадок - три мандарини, помали по раст па затоа беа три, кафе со засладувач. Ручек - ќе си направам леќа, туршија и едно парче леб. Вечера - ќе каснам малку од леќата, ама без леб, туршија секако.
Денеска и јас скробен ден (2). За доручек 2 превкусни и преблаги мандари. Уф како би изела уште некоја, ма ги обожавам! За ручек 2 варени компири и зелка салата. За вечера компирите ќе ги скокнам затоа што дома се враќам многу касно, кај 9 часот и немам баш и некоја желба за јадење. Па затоа само зелка салатка ќе јадам. И вагата покажува едно кило минус, при што сум пресреќна . Моментална состојба од 68.2 кила. Физичка активност стандард зумба еден саат, плус 25 минути на орбитрек ( не можам, па и мене ми е здосадено веќе она монотоно вртење во место, не сум јас за тоа. Овој орбитреков ми е одмилен, ич не го сакам ) и саат ипол одбојка на терен.
44 ден ЈХ доручек : 2 јаболка ручек: посна пита со зелка (мајка ми ми ја праи ,мора да ја пофалам) вечера: ке имам гости и ке праам макарони со болоњезе сос, ама за да не ми е стрв ке каснам само макарони со кечап, и после малце благичко (ред чоколадо или нешто друго ) сепак ке гледам помалце да е пошто 2 пати ке ми се фати оброк Како и да е мислам дека имам резултати. Последен пат кога се измерив беше после водениот ден т.е. 29 ден и имав 61 кг. Околу 4 кг имав симнато. Сега не се имам мерено пошто немам каде , ама мислам дека добро ми оди. Сепак ке кажам дека имам некои мали грешки во диетава ,пусти стрв , ама како и да е не се откажувам. Многу ми помага форумов и вашите мислења.
17/90 Протеински Појадок немав зошто станав во 2 и немав време Ручек- две јајца, салата и малку млеко Вечера- ќе ми биде едно јајце и салата
9 / 90 протеински Доричек .. 2 јаболки + кафе без шеќер Ручек .. парче сирење, 1 домат и 1 парче двопек Вечера .. тарато Приметив дека некои од вас која јадат месо конзумираат и млечни производи, што не треба бидејќи не се месаат овие протеини меѓу себе, не само за УН диетава, туку тоа е препорачано и од нутриционисти. Не го сваќајте ова како замерка или нешто слично, туку само како еден мал совет
Се решив, 36 дена ќе ја држам, три циклуса ќе истерам, па што биде, нека биде. Потоа преминувам на одржување, барем 2 месеци. Денес ден втори- скробен Појадок: 1 банана Ручек: чинија грав, салата од краставици Вечера: половина од ручекот.
Здраво девојки еве и јас се решив да ви се придружам 9ден-протеински доручек: две банани ручек: туна и кришка леб вечера: туна кришка леб и зелка салата и најубавото во оваа диета ми е тоа што досега не сум почувствувала глад
9ти ден - Протеински Доручек: Една мандарина (Едвај ја јадам, ич немам апетит наутро.. само во овишниот ден успевам некое друго овошје да внесам) Ручек: Динстано пилешко, салата од домат пола краставица и малку марула, кришка интегрален леб Вечер: пола од ручекот
39/91 Скроб Појадок: едно јаболко Измеѓу појадок и ручек 5-6 урми Ручек: беше многу касно па го поделив на два пати : ориз не беа ни 200 г од причина што го варев купечки од кеса и ми мирисаше на кесата и не можев да го јадам плус малку медицинска и цвекло од тегла. Измеѓу пржена пченка 150г(не ми е прекршок освен што не требаше да биде пржена, ама покрај цимерката и јас купив, а пченката е скроб, така да ) мислев дека ќе останам само на ова, ама си вечерав плус, ама вечерата беше неколку залаци. Вечера: 4 кафени лажички од грдиот ориз(другото отиде во канта), 4 лажички медицинска и три кисели краставички. Тоа е тоа, за денес, плус една чаша шумливи од лимон и една чаша цедевита.
Диеталки, денес овошен ден - а направивме огрооомна грешка! Свесно!!! Срам ми е, ама тоа е! Беше специјална прилика што не можеше да се избегне (за тоа и не ми е криво, еднаш на мнооогу години се случува и е многу значајно!). Многу тесен круг бевме, не смееше да се јаде само салата и да се пие само вода... И не само тоа, не чека уште еден таков ден. И ако се реализира тогаш кога ми навестија, повторно се паѓа на овошен ден . Што да се прави, некој мора и да се жртвува , еве јас на пример . Од другата недела, посериозно, си ветувам! Поздрав!
А зошто не ги смениш? Ако знаеш дека тој ден ќе јадеш месо, направи го протеински, а протеинскиот овошен. Подобро е така чинам, отколку вака да мешаш.
Ми се чини дека не е подобро. Редоследот на деновите не треба да се менува. Ако се направи грешка, наредниот ден се продолжува така како што требало да биде. И се разбира, вагата не е виновна, и диетата не е неефикасна, ние „грешниците“ сами сме си виновни!
Е де Миднајт, па не е дека секој ден грешиш нели? Инаку јас вчера скробен, ама ко што не ми се ставаше во уста залаче ми се чинеше дека и тоа ми е многу. Појадокот ко што си кажав си беше, мандарините, ама за ручек, уста не ми се отвараше, еден тањир пире, а во план ми беше леќа да правам ама ништо, кој ќе јаде толку. И се фино лепо, си легнав демек најадена, и тоа рано рано у 9 и 15, ама па коа ме загриза желудник околу 10ипол, па станав и каснав парче леб диетален со сончоглед, намачкан со ептен малку маргарин, многу ми беше сув лебот и без вкус па морав да го залажам малку желудникот, испив потоа една чаша млака вода со оцет од јаболка и седев уште саат време, да не легнам пак со полн желудник. Епа затоа сабајлево станав ко нова, наспана мислиш сум спиела 12 саати. А денес, 3 ден, ЈХ, едвај го чекав. Појадок - веќе изедов еден портокал и едно киви, иако не треба да се мешаат, немав во моментот исти овошки па си реков ајде па денес ми е Именден , во моментов сркам од кафенцето, турско. Ручек - е овој пат нема бегање, купен е веќе, две мали варени перечиња, само со сол крупна одозгора. Најверојатно ќе ги изедам пред да си идам од работа бидејќи сакам порано да вечерам и се тоа. Вечера - е сеа, на ум сум, бидејќи ќе ручам рано, најверојатно околу 2-3, дали дома да каснам малку макарони со лукче и сос од патлиџан, колку тањирче, па малку покасно две мали колачиња ПопКејк. Совет?
Мој совет ти е едно да избереш. Или макарони, или попкек. Јас сум за попкек, макароните не држат. Многу калорична ќе ти биде вечерата инаку. Денес 3ти ден- овошен Уште немам јадено, испив еден чај од нане сабајле со лажичка мед. Ќе си каснам мандарини, банана (една има дома и така), краставица, зелка и ќе помине денот. 2 дена поминаа откако ја завршив УН и еве ме, точно 14 кг симнати биднаа Чувството кога ќе влезеш во старата тексас сукњичка од средно (малку ми е кнап, ама ја копчам и нема спојлерчиња надвор)- ах, бесценето
^ Дај стај слики, да не мотивираш малце, 14 кг се голем успех . Браво за упорноста да ја издржеш диетата 90 дена. Јас никако не успеав, може да бев трпелива до сега ќе немав маки со тежината, ама тоа е, трпението ми е слаба страна, сакам одма да биде. Е ти, Трендафилка и Анабел-а сте девојки за пример . Ангел мислам дека ти е прв циклус, се привикнуваш, па оправдано е остапки, ама од нареден гледај да не правеш прекршоци . И среќен именден, за многу години нека е . Ангела ли си?