2/28 Скробен Појадок: јаболка, кива, мандарина Ручек: варени компири, па запржени на малку масло со вегета и сусам + салата од црвена зелка Вечера: чинија гравче тавче со спанаќ + салата од црвена зелка Ручекот и вечерата ми се разликуваат, посебно ќе готвам компири затоа што попладне имам предавања не ми се ризикува со тавче гравче, затоа ќе си го оставам за кога ќе се вратам Инаку јас вчера се мерев вагата ми покажа 62 кг, изгледа пред некој ден 64-те кг се должеа на прејаденоста. Значи ја ревидирам мојата цел 60 кг, на 58 кг - мојата идеална тежина според BMI.
47 ден скробен доручек : 2 портокали ручек: грашок , зелка салата, 1 парче црн леб вечера : пола од ручекот без леб
12 / 90 Овошен Доручек ... 2 круши + чај од магданос Ручек ... 2 мандарини + 5 бадеми + чај Вечера ... 2 јаболки
5/90 Dorucek-1 jabolko Rucek-150gr.tuna Vecera 80gr.tuna ,mn malku zelka salata i pola parcence sirenje toa e se za denes
5/36 Јаглехидратен појадок: 1 мандарина ручек: чинија варени макарони, со кечап и оригано вечера: половина од ручекот, всушност 3/4 . И помеѓу ручек и вечера каснав едно малечко парченце алва.
11 ден - јаглехидратен доручек: мандарина (олку мандарини колку деновиве немам цел живот изедено ) Ручек: парче пита со праз (прочитав дека еден оброк треба да е околу 250 грама така што се обидов да се држам до тоа) Вечера: две домашни мали палачинки со нутела и банана и ред чоколадо за готвење Доцна си легнав така што испив и еден незасладен чај од брусница.
вчера забраив да напишам па вака тоа ми беше 11ден-јагленохидратен. доручек:две јаболки ручек:макарони со кечап вечера:два поп кека и ред бело чоколадо за готвење а денеска 12ден-овошен изедов цело кило банани,три киви и четри мандарини
Не се мешам во тоа што јадете, ама понекогаш е поубаво да си укажиме едни на други за некоја поголема грешка која може да биде клучна, не зборувам за грешки од кафе со шеќер или мешање на овошје за појадок или поголема количина на изедено. За бананите, не е убаво едно кило од причините што ги пишала Марун5, ептен се калорични, а и создаваат запек. Една до две е максимално што треба да се внесе во овошен и во другите. 42/91 Протеински Појадок: банана Ручек: стек со печурки, кашкавал и марула салата со краставици, ама од салатата двапати каснав. Вечера: пола од ручекот без салата, не бев многу гладна. И плус нескафиња денеска, т.е скоро секој ден ќе си ги пијам, дека се навикнав на нив и кога не пијам ме боли глава, минимум на ден едно ќе пијам, нема одкажување, ионака слабеам и со тоа, а не ми е цел во рекодно време да слабеам, така да, полека, но сигурно слабеам.
Hi there! Јас да си кажам однапред: утре треба да е овошен ден, ама ќе грешиме, и тоа како ќе грешиме . Се работи за фамилијарна собиранка- честење, и едвај се погодивме сите слободни, и нема смисла да речам: „а..а.а.аа ние сме на диета - овошен ден- не бива!“ Батали овошен ден - во недела ќе го држиме, утре си земаме „слободен ден“! Не, немој да се лажете, не постои „слободен ден“ во УН,- не, не! Бидете поздравени, и простено нека ми е, од мене и од Бога. п.с. денес си најдов едно видео на yotube: зумба час (или така некако). Видеото трае 50 мин. Не го догледав цело, само 25 мин (ама 2 пати - за да ги научам чекорите ) и така си рипав по дома, се испотив малку и многу ми се допадна. Здравје, планирам да продолжам така секој ден, или преку ден, па можеби ќе имам повеќе резултати од диетата. Не, нема зумба во мојот град . Ќе се снаоѓаме, тоа ти е.
Девојки вака сега во врска со овошниот ден, пример јас денес многу изедов 2 киви, 3 порции салата и фстци...... знам дека е многу али тоа е и сакав да ве прашам дали е дозволено салата и јадки да се јаде во овошниот ден ?????
Во овошниот ден е дозволено: овошје, јаткасто овошје и сушено овошје. Измеѓу оброци во овошниот ден треба да поминат барем 2 саати (протеински 4, скробен и јаглехидратен 3) и ако се решиш за јаткасто да не биде повеќе од 100 грама. Можеш и свежа салата. Се надевам помогнав
12 ден - овошен Доручек: мандарина Ручек: петнаесетина бадеми Вечера: неколку резанки јаболко Денес го направив првиот прекршок, бев на роденден и испив 3 чаши бело вино со едно 6 чаши вода измеѓу.. демек да ја намалам грижата на совест. Не беше дека не можев да се воздржам од алкохол колку што сакав да направам чест Во делот „o dieti“ на линков пишува за кој алкохол во кој ден може да се решите ако се најдете во посебна прилика http://dijeta.in/dijete/un-dijeta Од утре продолжувам стого