Не си претерала, можеби алкохолот е забранет во диетата, но јас имам другарка што е веќе 2 ипол месеци на диета и постојано пиеше алкохол, а резултатите и беа супер многу ослабна Само тортата не ти требала но се случува Само напред
14 / 90 Скробен Доручек... 2 мандарини и од сабајле искачување до врв на Водно и тамо едно убаво ладно кафенце без шеќер Ручек ... малку марула салата и леќа Вечера ... поради тоа што покасно ручав само малку салатка за доцна вечера
44/91 ЈХ Појадок: едно јаболко Ручек: 3 питулици(исто како палачинки само малку поголеми) со ајвар Вечера: 1 таква питулица со малку мармалад и 3 крембананки(биднаа, многу ми се јадеше благо, а друг избор немав), се тешам дека не се многу чоколадни И завршив со јадењето за денеска, утре ме чека напорен ден, треба да патувам, а и да вежбам, а и цел ден на факс, ко ќе видиш ќе бидам исцрпена, па плус и овошен, ама ќе го издржам јако.
22/90 Скробен Појадок- 2 киви Ручек- ориз и компир. салата со домати и краставица и маслинки (ммм) и зелен чај Вечера- ќе ми биде пола од ручекот
49 ден овошен доручек: 2 киви ручек: туршија-морков , краставица, зелка, карфиол вечера: малку кикирики и 1 јаболко
14 ден - скробен Доручек: јаболко Ручек: ориз со буковка и морков, неколку кисели краставички и кришка диетален леб. Пола чаша бело вино. Вечера: ориз и неколку кисели краставички
На Ангел денеси е 8 ден, значи почеток на втората недела од диетата, овошен, како за понеделник се осеќам совршено. До 4 часот имам да изедам 2 банани, 2 мандарини, 2 цитрона и 2 јапонски јаболка кои се јадат тврди и не собираат уста (тоа ти е кога си од југот ги знаеш сите финти ) Попладне планирм да каснам малку мушмули, киви и се разбира пак јапонско јаболко бидејќи прочитав дека е исклучително здраво за диета бидејќи имамногу малку калории.
Здраво, јас од пред една недела почнав да ја држам диетава и морам да признаам дека одлично се чувствувам, а и дополнително ме стимулира фактот што на форумов прочитав многу позитивни искуства Би ве замолила за совет вас поискусните во однос на оброците. Дали секогаш јадете и ручек и вечера (бидејќи јас најчесто јадам еден оброк околу 17ч) и на колкав период ги консумирате оброците? И во врска со овошниот ден, во диетата е наведено дека цел ден може да се јаде мешано овошје. Дали се придржувате кон правилото 2 исти овошја за доручек, па после мешате или денот го започнувате со микс? Еве јас само што си направив овошна салата ( јаболко, мандарина, банана и калинка) и планирам истово овошје да го јадам денес цел ден. Ви благодарам и ви посакувам убав ден и секако, успех со диетата!
Здравооо пак јас. Претходниот пат кога ја држев диетата имав одлични резултатите. минус 10 кила за 45 дена. Овој пат ќе видеме. Дeнес започнувам повторно со диетата. Прв ден. Доручок 2 јаболки. Моментално го јадам ручокот од зелка и варени јајца.
5 ден ПРОТЕИНСКИ: појадок: 2 мандарини; ручек: супа без резанки, 2 варени јајца, 50гр сирење и цвекло салата; вечера: пола од ручекот, но без супа. После 4 дена од диетата изгубив 2,5кг (за мене) и одлично се чувствувам.
Како се држете луѓе? Јас не знам дали очите ме лажат или по само еден циклус од Ун изгубив 2 кила, ми покажува 63 наместо 65. Можеби и претходно сум ги изгубила штознам, може и од вежбање. Велам, нема да ја држам многу долго диетата само колку да влезам во колсек повторно. Првиот циклус успешно издржан со минимална храна, издржан овошен ден и доста вежбање. Е сега вчера кога ми беше протеински направив прекршок, апнав два реда црно чоколадо. Што да правам кога ми паѓа шеќерот и ако не апнам нешто благо ми се лоши. Затоа пак не ми се јадеше ама баш ништо за вечера и не вечерав. Не се притресувам ако некогаш и ми се случи таков мал прекршок, оти првиот пат неколку пати прекршив па сепак ослабнав. А и не ја држам на долги стази нели. Единствено овошниот ден го издржувам исклучиво на овошје, ни сокови, ни кафе, ни бадеми, ниту пак банана си дозволувам.
Херојски минува вториот овошен ден од диетава. Ама коа сум гладна и коа ми е скиснато од овошје, какви салати си измислувам тоа е чудо. Марулка, неколку листови, еден патлиџан, рендано сиренце биено, знам дека не ми требаше ама немаше шанси да издржам исклучиво на салатата, и беше ептен малку, колку мало лажиче кафено, ми имаше останато од протеинскиот ден, па да биде упте позабавно додадов и препечен сусам, крупна морска сол и бибер на Вегета, миксот што го испофалив секаде. Абе поубава салата не сум јадела никад. За вечера веројатно пак ќе каснам салатка, а измеѓу една две овошки или некоја мушмула. Забавна почнува да станува диетава Морав да редактирам, како издржувате во ПМС, јас јадев пред саат време и еве пак црвот во желудник пак вие, знам дека е до ПМС, не е до друго, минатиот овошен не беше вака
Добро Ве најдов. 1/12 Протеински ден - Турбо УН. Доручек: 2 мали јаболка. Ручек: 2 варени јајца, малце ајвар. Вечера: 2 варени јајца, малце ајвар. Да се разбереме, не го јадам ајварот со леб. Туку си ставам од прилика 2 супени лажици во тацничка, и така го јадам. Како салата, само што не е салата. Едно е свежа салата за ручек, а друго е печени па пржени пиперки, ама дома немам ништо од зеленчук, освет патлиџан. Ама јас ич не сакам да јадам патлиџан. Па така јадам по малку ајвар, би требало да не е голема грешка. Всушност, во ајварот има само пиперки и модар патлиџан. Но, сепак друго е кога свежа салата се јаде. А бидејќи не јадам леб, не можам да се најадам само со 1 јајце за вечера, па 2 ќе каснам.
Me немаше периодов на репортнам што како сум ставила во мешево, ама преокупирана со учење немав време баш асално да се пуштам на нет. Нешто почнав да прекршувам оваа недела, се нешто гости ми доаѓаат, ама не прекршував како на пример да седнам и пола леб да изедам туку знаев да каснам два три реда чоколадо некој ден, или кришка лепче на овошен ден :/ ама тоа е тоа, барем бев по физички активна, неколку дена по ред трчав по околу 30 минути дневно, другите денови пешачев, цело време бев на нозе.. Така да компензирав некако за вишокот калории внесувани, ама од утре почнувам одново строго без грешки бидејки се приметува разлика.. И да, немам вага, ќе цркнам, а многу сакам да видам колку сум симнала овие 20 дена.. Утре овошен и нема прекршување па што сака нека биде...
Па искрено, веројатно тоа што сум го изела вчера уште ме држи, башка и енергија за вежбање денес имав, па немам апетит, не сум гладна. Имам и обврски, на предавање бев и немав време да прикаснам уште некоја овошка. Ама не е страшно, самата помисла дека утре ќе јадам мевце ме оддржува и ме поттикнува да го одложам "задоволството" т.е јадењето до утре, а утре ене каде е Прво појадокот, па факс, па дури после тоа ќе ручам, ама не знам дали знаеш, ама ако држиш овошен ден знаеш какво е јадењето т.е задоволството кога ќе сендеш после овошен ден да ручаш, чувството е незаменливо, она, умираш за јадење, а кога ќе каснеш, брзо се заситуваш.