Да и јас се тешам така, дека утре ќе си каснам нешто мерачко, јас денес се претупанив од овошја, и салата јадев и пак сум гладна. Сега се ставам на видеото Зумба и се туширам и сместа у кревет, ако ме загризе ептен желудник некоја мушмулка, ја баталувам салатата од цвекло, морков, дајкон и трупка, за утре уз мевце
23/90 ЈХ Појадок- 2 киви Ручек- макарони со кечап Вечера- 2 мали фитнес колачиња Денес се мерев во фитнес салата и сум накачила едно кило .... Незнам зошто така
Леле шејм он ми, сум заборавила мандарината да ја пишам значи измеѓу двете јаболка изедов една мандарина плус и тоа е тоа. Инаку додавам плус чаша шумлива од лимон + нескафе.
Како прво битно е дали се мериш на иста вага редовно оти сите ваги не се исто баждарени, а како второ многу зависи во кој дел од денот се мериш и шо ден ти е. Јас навечер сум 2 кг потешка од сабајле и тоа е нормално. И како трето и те како е битно е шо си носела. Таа тежина насабајле пред да ставиш било што во уста е најточна и ако споредуваш тежини од две различни ваги и да си се мерела во различни периоди од денот тогаш си споредувала баби со жаби. Немај гајле, ако си се придржуваш кон диетата тогаш нема место за паника.
15ден-јагленохидратен доручек:две мандарини ручек:баничка вечера:искрено претерав со благото изедов парче торта,7 days кроосан,три атлантик чоколатца и ред бело чоколадо за готвење,шо да правам кога сум чококоличарка ова ми е прв прекршок до сега,па се надевам дека нема да се повтори...
Во фитнесот се мерев а ЈХ ден ми е..... и можеби затоа што само што ги изедов макароните веднаш отидов на фитнес
15 ден - јаглехидратен доручек: пола мандарина Ручек: 250 грама тестенини со доматен сос Вечера: две третини палачинка од Red caffe... Голема ми се виде па не ја дојадов. и ред чоколадо.
Гладот го успорува метаболизмот, немој да прескокнуваш оброци. Вечерата треба да е пола од ручекот и без леб но не треба да ја прескокнеш па да гладуваш цела вечер Протеински ден 4 саати измеѓу оброци, скробен и јаглехидратен 3 на овошниот 2. Вечерата е најдоцна 3 саати пред да си легнеш. После доручекот можеш да ужинаш 2 саати пред ручекот ако осеќаш глад, една овошка или неколку ситни. После вечерата само чаеви Можеш буквално што сакаш, не повеќе од две овошки во оброк или 100 грама јаткасто овошје. Првата недела изгубив 3 кила, на почетокот најмногу се губи
Сирење во овошен ден? Без намера да сум лошка но имаш толку многу овошје, зеленчук, сушено овошје, јаткасто овошје од кое можеш да се презаситиш во денот кога ти е дозволено на два саати по нешто да си каснуваш. Единственото ограничување на диетава е правилното распоредување на храната, за мене знаејки дека тоа што ми се пријало го имам утре или задутре ми е доволна причина да не го посегнам денес.
Прво да ве искоментирам девојки па после на рапорт Значи, не ти ја знам конституцијата, не знам како изгледаш, но мораш да знаеш дека масното ткиво или салото тежи три пати помалку од мускулното ткиво, но и три пати поголемо е во волумен. Што значи, ти можеби намалуваш во обем, но салото сега се заменува со мускул, што е добро Не често килажата е мерило, од Хербалајф барем тоа научив, целиот склоп на масти и мускули во телото го оформуваат истото, а килажата, ти можеш да си само салце и да тежиш 70 кила, а некоја рамна, цврста девојка, без грам салце на неа да тежи 75. Проверено Не се бедосувај, и да, секогаш мери се сабајле, ако имаш можност нормално, одбиј најмалку 800 грама во облека, претпоставувам не си била преоблечена во фитнес сала, и секако, секогаш мери се на иста вага, ако си во можност, можеби претходната вага не ти покажувала точно. Јас во моментов сум подуена бидејќи сум во ПМС, да ме допреш со игла чиниш ќе експлодирам, ама на килажа не вика така, вика за 8 дена 2 кила мањак Мене ми е вкусно, ама ова е друг вид на јапонско, не е од оние кои треба да омекнат за да ги јадеш, мада и тие се вкусни многу, барем мене, цел живот ги јадам. Да се разбереме, јас свесна сум дека ја утнав работата, дека додадов малку протеини во салатата која да бидам искрена и така беше вкусна заради препечениот сусам, но не ставив цело калапче сирење за да се бедосувам до толку, ставив мало кафено лажиче, кое и така беше суво, суво исушено бидејќи стоеше во фрижидер на отворено (тоа ми е навика да си го сушам биеното сирење бидејќи ми е така поубаво за употреба). И сепак, се работи за тек втор циклус, имам јас до 90тиот ден да се навикнувам и да избегавам киксови колку сакам. И не, не е толку едноставно, кога во новчаникот имаш само 60 денари не можеш да купиш суво овошје, јатки и слично, па ќе се снаоѓаш со тоа што имаш. И за оние кои не знаеле, мушмули во овошен ден му е мајката, заситуваат ко ништо, мераци. Е сеа да си кажам за денесссс..... 9ти ден, Протеински, почеток на 3 циклус Доручек - тукушто изедов еден цитрон кој беше така помал и малку јапонсо јаболку, од оние тврдите, ама ова се погоди да ми ја собере устата, па не го изедов цело, пијам и кафенце, турско и пола литар вода до мене. Ручек - бидејќи сфатив дека не е во ред тоа што правам, комбинирам два оброка во еден и не можам да се свестам кај сум после, решив од дома да си носам храна за ручек, за денес сендвич од сушено мевце и малку сиренце и јогуртче, ако се предомислам до после мевцињата може да ги јаде и мачката пред зграда па да си останам на сендвич со сиренце и мирис на мевце, па нема да ми биде лошо Од сега најавувам, ќе пијам со колешката денес капучино, па што сака нека биде, ми се пие капучино ми се плаче, претходно радо би избрала турско наместо капучино, но изванредна состојба у која се налазим ми праи бајрами на паметот често (читај: ПМС) Вечера - иако можеби е правилно да се јаде исто од ручекот јас денес ќе сведам на млечни протеини и нема да биде исто ко ручекот, односно наместо сендвич ќе јадам пиперчиња пржени на маслиново со урда. Бидејќи појадокот ми е доста рано, во 9 сум веќе доручкувана, ќе ручам околу 1-2, а ќе вечерам околу 5-6, потоа иде в предвид исклучиво кафе турско или чајче. Каков ден ќе биде ова, пун протеини и среќа
секако ја имам држано диетата и ослабев 30 кг. Сеа сум слабичка а и метаболизмот ми е топ јадам 24/7 и пак сум слаба.додека пред 7 месеци не беше така сеа уживам во слатките на мајка ми.
50 ден протеински вчера доручек: 2 јаболка ручек и вечера: ги споив, немав време кога да јадам. Јадев печено месо, свежа салата, малиџано салата и лебче 51 ден скробен денес доручек: 1 јаболко ручек: печени компири и зелка салата вечера: варени компири и кромид Ослабната сум доста и мора да се пофалам дека имам комплименти, единствено што ми е мака што сите фармерки ми се широки
2/12 Скробен ден - Турбо УН. Доручек: 1 јаболко. Ручек: 1 чинија пире со кечап, салата со краставица. Вечера: 2/3 од 1 чинија пире.
Dorucek:2 jabolka Rucek eceno svinsko meso (bez dodavanje na maslo ) casa jogurt Vecera pola od rucekot bez jogurt toa e se za denes
Савана можеш да ни ставиш слики да не моривираш, ако сакаш нормално. Меги, не пишувај два поста едно под друго имаш Редактирај опција. Мислам дека свинското не ти е најдобра опција за диета, тоа самото по себе не е добро да се јаде а камоли па во диета. Иако си го печела без масло тоа има доста холестерол и е прилично калорично само по себе. Јас не сум јадела доста време свинско и воопшто не ми е потребно мислам, секогаш одбирам пилешко или телешко, иако најчесто првото.
9/36 овошен До сега имам каснато 2 мандарини, 1 банана, 1 свежа мала краставица и 2 кисели краставички. До вечер ќе каснам уште една мандарина и 5-6 кисели краставички.