25/90 Протеински Појадок- 2 мандарини Ручек- Пилешки стек, кисело млеко, салата и супа Вечера- На пола од ручекот и без супата
17 ден - протеински доручек: мандарина ручек: супа, динстано пилешко, зеленчук, кришка диетален леб вечера: пилешко и зеленчук
Devojki Citam po vasite postovi deka konsumirate i ajvar jas, mn go sakam no ne go konsumiram.Dali ke moze da mi kazete vo koj den tocno smee da se jade??? pozz
Ајварот е вид салата, така што можеш во секој ден да ја додадеш. Ако сакаш со лепче тогаш во јаглехидратниот. Moжеш со сиренце во протеинскиот. Поентата на диетата е да научиш правилно да ја комбинираш храната. Но сепак е поубаво свежи салати да јадеш, и зеленчук од туршија е дозволен.
47/91 Скроб Појадок: една банана Ручек: пире без млеко(сама го спремив, со вегета и малку сол) + туршија т.е едно мало морковче и пола зелен домат, не ја сакам многу туршијава, а ми беше единствен избор. Вечера: колку ручекот од пирето и салата од тегла исто некоја зимница, неколку краставички, малку морков и карфиол. Плус додајте нес и едно турско кафе + сок од портокал со гостите. Соков ми го успорува слабеењето знам(ама барем во храна не е згрешено, во течност е), свесна сум, ама не ми се брза, фала на критика, не ми е потребна.
Сакав да ве прашам во скробниот ден мешате ли пример компир и ориз ? Или само едно треба да се избере?
Јас прво мислев дека не смее да се меша, ама после на српски форум прочитав дека смеело да се меша. Значи и грашак и компир може мешано, веројатно и ориз и компир може, значи може и ручекот и вечерата да бидат мешани, барем колку што имам разбрано, а во протеински не, барем така прочитав.
И јас си правам манџичка со златна мешавина и компир. Можеш да мешаш сè е тоа скроб Lux сакав да те прашам, земајки предвид дека на своја режија си ги правиш оброците губиш ли тежина гледам дека веќе повеќе од месец ја држиш па ме интересираше уште колку килограми имаш до „целта“?
Здраво женски се држите ли? Јас да ви кажам искрено на мисла сум да ја прекинам. Не дека нема ефект, има. Не сум се мерела, за да знам точно колку, но се приметува визуелно (барем јас така мислам). Туку некако од некои други проблеми сум исфрустрирана и ми иде да се фрлам на храната. Малку и настинав, па се борам со незасладени чаеви да се излечам... А сега по се изгледа и ПМС ме фатило Ама овој мојов ортак ми вели: ајде да издржиме уште малку! Едвај го убедив да ме дружи, а сега му се допаднало и ми вика ајде уште малце . Инаку тој има -5кг, што многу му значи. На толку многу јадење, па и -5кг, па не е лоша оваа диета Ајде ќе ве дружам уште еден - два циклуса, па ќе видиме за понатаму. Инаку денес е овошен ден .
Ајде Миднајт не се откажувај, мене еве го ПМСов ме дрма навелико па не му попуштам, држ се. Вчера Ангел планираше да си го јаде омиленото оривче ама ништо од тоа, си направив едно гадно пире кое за да не биде гадно го испозачинив со триста зачини и се ставаше колку толку во уста. Цел ден со едно јапонско, една дуња и пола кесиче од инстант пире. Денес11ти ден, ми се чини е 11ти, Јаглехидратен Појадок - грст мушмули и една дуња која планирам да ја гнетам цел ден, сосе ручекот Ручек - едно Баварско перече и дуњата од горниот ред Вечера - неколку колачиња мали, мислам дека се 3, ако евентуално прегладнам ептен може да каснам и некоја кришка некој џем. Денес нема вежбање бидејки ке идам кај дечко ми, ама затоа утре малку повеќе
Како мислиш на своја режија не те разбирам? Јас никогаш немам прекршно протеински со скробен на пример или овошен со јх, се што е во границите на денот јадам. За 42 дена имав изгубено 4,2кг, а сега се немам мерено, до крајот имам уште 4 или 5 кг за симнување, таман на пола сум, се надевам дека и оваа друга половина од диетава ќе ми биде успешна. П.С вчера не знам дали ги имам пишано костените, ама јадев околу 100г пред ручекот, а ручекот ми беше малку покасно крај 4 и после набрзо пак вечерав крај 5 и 30. Костените се скроб, па така да не е прекршок. Денеска ќе ги заменам ручекот и вечерата зошто не сум во можност да ручам јуфки, па ќе ги вечерам.
Лукс можеби се скроб, да, ама ова ти е баш прекршок. Си јадела пред ручек, си ручала, па за 1 саат пак си јадела. Удри ја математиката сега. Во скробен треба да имаш барем 3 часа растојание помеѓу оброци. И општо во протеински 4 часа, во јх исто 3, а овошен барем на 2 часа. Премногу јадење ти е ова.
Mожда според тебе е прекршок, ама според мене не е, костени ги сметам за дел од ручекот, ако се издедени пред ручекот. Без разлика на времето кое е поминато помеѓу оброци, се од јадењето оди на исто место нели? Плус не беше и многу количински, и да е прекршок, само од типот на временски прекршок е, можда и количински, ама не е фатален прекршок во секој случај, така да не е страшно, нема да се здебелам од тоа, не јадам секој ден така, ова беше исклучок.
Тука ти е најголемата грешка. Суштината на сите диети и правилната исхрана е јадење помалку, во неколку оброци, со интервали од неколку часа. Вака му правиш само стрес на организмот. Го претрупуваш со храна, потоа не јадеш, затоа што нели обилен ручек си имала. Затоа организмот наместо да троши, тој складира, за да може да се соочи пак со некој стрес за него. А доколку јадеш помалку, оброците ти се правилно распределени, метаболизмот се навикнува, целиот организам се навикнува на тоа и слабеењето е поефикасно. Гледам дека многу си опседната со диети, барем држи ги правилно.
Супер тоа ме интересираше На исто место оди да Но еден оброк во диетава не треба да биде поголем од 250 грама а вон оброците ти е дозволено само овошка за ужинка, ако огладниш меѓу доручекот и ручекот. Заради ова „според мене“ реков погоре на своја режија, не ме сфаќај ко дека те критикувам. Whatever works for you
4/12 Протеински ден - Турбо УН. Доручек: 13 грама непечени бадеми. Ручек: 2 јајца, салата со краставица, 3 парчиња растителен кашкавал. Вечера: 2 јајца, малку ајвар. Мене и не ми се верува дека изедов само 13 грама бадеми. Ама па, кило бадеми е 490 денари, јас платив 25 денари. Како што израчунав, излезе 13 гарама, па сега...
Епа Еленче математиката не ми е совпаѓа баш, му доаѓа ко да си изела 50 грама не 13, пошто кило е скоро 500, сто грама 50, а ти си платила 25, да ги занемариме 10 денари, од 490 до 500. Да не беа 13 бадема, па да си се збунила. Да не бидам Офф, не ја карајте Лукс, секој си јаде како му одговара. Ако слабее, што е толку страшно, иако мислам дека 4,2 кила за 45 дена се премалку, ама па кај луѓе кои не им треба многу да ослабат и не е стршно што побавно оди. Инаку, јас често знам да правам такви “прекршоци“, пример појадокот го јадам подолго време и ми се фаќа ручекот некогаш и побргу, и не го сметам тоа баш за прекршок. Пример, денс 15 мушмули ги јадев два саати и кусур, касни застани, касни застани, ручекот го изедов пред помалку од саат, дали помина еден саат откако последната мушмула ја каснав. Инаку јас земав и една дуња демек за денес ама нема да ја јадам, ќе ја изедам утре за појадок. Испив еден чај, едно кафе сабајле и едно кафе сега. Ручекот реков го изедов, до вечерата нема да јадам и пијам ништо освен вода и уште 4 мушмули, а ќе вечерам некаде околу 5-6. Морам вака бидејќи покасно не ми се јаде, а преку ден, баш ме загризува желудник.
Денес скробен ден, се мислам што да јадам, ама најверојатно ќе бидат тоа компири. Ќе напраам пире нејверојатно. За вечера можеби марула салата, и морковче..