УН Диета

Дискусија во 'Диети' започната од mKdevojce, 7 јануари 2010.

  1. shangri-la

    shangri-la Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2012
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    31
    Никој не ја кара Lux, тука сме да си дадеме подршка и да се поправиме ако грешиме. Сепак темата е „ун диета“ а не „што јадеше денес“ и нема ништо лошо да напишеш како е правилно. Jaс бев љубопитна како оди намалувањето на килажа со дигресии. Има и такви кои доаѓаат на форумов само да ја читаат темата обидувајки се да научат повеќе или си бараат инспирација што да си зготват. Јас лично сум перфекционист. Во секој аспект од животот, толку многу што некогаш и сама си пречам. Конкретно за диетава само со бело вино на посебна прилика ја прекршив. Ме уби грижа на совест иако на блог за диетава прочитав дека бело вино е ок, го споделив и линкот пред неколку страни. Следниот ден ништо не ми се ставаше во уста, јадев од што морав. А имав и дружења и излагања и гости од странство што ги носев на гезмење по кафани и ресторани од кога ја почнав, ако си мотивиран можеш да останеш на режимот. Се држам до пропишаните саати меѓу оброци и мерки. И бидејки обожавам обожавам уф се давам во тестенини во јаглехидратниот ден си ги мерам да не надминам 250грама зошто инаку ќе се прејадам. Ем сум стрвна до максимум ем сум чокохолик невиден, но симнатите 6 кила ме мотивираат да ја држам до крај иако последниве две ми се чинат најтешки. Така што сите тука секој ден имаме искушенија, не само тие што одлучиле да прекршат. Kееp it up девојки.
     
    На Treki, Angel.Heart, nekoja85 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. bubuce

    bubuce Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    35
    Да ве прашам вие кои ја држите диетата,дари чувствувате некакви несакани ефекти во смисла на вртоглавици,главоболки,раздразливост или сл?
     
  3. shangri-la

    shangri-la Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2012
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    31
    Не. Одлично се чувствувам, дури подобро од претходно.
    Еј со иста килажа сме почнале :)
    п.с. Препорачана е барем една витаминска таблета дневно. Јас пијам пред спиење.
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Liljana15

    Liljana15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    11
    Денес ја почнав диетата, па ме интересира дали може на протеинскиот ден да се пие кафе со млеко (без шекер нормално) ?
     
  5. katerina88

    katerina88 Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Liljana15 Јас секој ден пијам по 2 нес кафиња со неколку капки млеко со масленост 1,5%.
     
  6. shangri-la

    shangri-la Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2012
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    31
    18 ден - скробен
    доручек: една мандарина
    ручек: компир со зачини, кисело цвекло и една кришка диетален леб потпечена на рингла
    (компирот го излупив, го пресеков на половини, го нареднив во тава па го прелив со вода во која ставив малку сол, бибер, вегета и една лажичка маслинов зејтин. Го оставив да се пече додека нивото на водата да се симне под површината на половинките и малку да заруменат. Превкусно.)
    Вечера: планирам пола од ручекот без леб
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ivi.milo.mi.e

    Ivi.milo.mi.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2012
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    39
    18ден-скробен
    доручек:2 портокала
    ручек:гравче манџичка,кришка црн леб и руска салата
    вечера:пола од ручекот
    мм нешто деновиве ме фатија големи кризи за јадење,јадам се во поголеми количини :(
     
  8. Liljana15

    Liljana15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    11
    1 ден - протеински
    појадок - 2 јаболка
    ручек - мало парче пилешки стек (немаше повеќе направено, а ме мрзеше да готвам :D ), варена брокула, карфиол и половина домат, супа без резанци
    вечера - половина парче стек со доматно пире
    глад не осеќам, не знам зошто, дури чудно ми е :D
     
  9. amnezija

    amnezija Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    3
    26/90 Скробен
    појадок- 2 мандарини
    ручек- ориз, варени компири со мешан зелечук и салата
    вечера- пола од ручекот
     
  10. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Аууууу, глад не виден!!!
    Денес овошен ден + ПМС ( :swear: пи*ку матер синдром) - прв проклет крвав ден + еден куп други нервози и фрустрации од секојдневието + една колешка на работа јаде се‘ и сешто а слаба е како чачкалица + ...

    Знаете што правам последниве саат време? Гледам рецепти на интернет, и тоа не ги читам, ниту ме интересира како се готват - само слики гледам! :fubar: Слики гледам и лиги ми течат. :tmi:

    Не знам навистина зошто ми е толку тешко овој пат. ;( Летото кога ја држев, издржав цели три месеци и ниту еднаш не прекршив. Сега не знам што е проблемот... :(

    Се гледа крајот на мојава диета. :worried:

    п.с. Ајде и јас да ве карам малку (и онака сум нервозна, само на карање ме избива :lol: ):
    :!: Што е тоа јадење овошје помеѓу ручек и вечера на скробен, на протеински ден?
    :!: Како тоа 4 саати го јадете појадокот? Дајте му на желудникот време да дише бре! И што е тоа: „е добро де, малце си каснав (нешто што не е дозволено)“? Си има правила, ако заборавивте, прочитајте ги на првата страна!

    Сега ќе кажете видете кој зборува, таа што најмногу се жали дека не може да издржи, и што се пофали дека правеше грешки! И во право сте! Јас си имам некои други проблеми, ова слабеењето не ми е ни во втор план...Ми беше во прв план летото, и издржав, сега е само факултативно. Туку оставете ме мене, денес очигледно не ми е денот. Правете како си знаете, како вам ви е најдобро. Поздрав! :hai:
     
  11. alisa222

    alisa222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    46
    53 ден овошен
    доручек : 2 киви
    ручек: 1 јаболко ,грст ф‘стаци и грст лешници ;)
    вечера: овошна салата ( 1 киви ,пола јаболко , 1 портокал и 1 лажичка мед ) :)
    1 цедевита :)
     
  12. shangri-la

    shangri-la Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2012
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    31
    И јас јадев сè и сешто како колешката и бев слаба како чекчкалица, keyword: БЕВ. 25 години.. сега на диета сум. Give it time :D Туку јас пмс во овошен го преживеав со бадеми, сериозно многу ме заситуваат а само петнаесетина јадам. Пробај.. исто и сушено овошје.. јас си имам во маало на мерење и преефтино е. Си земам 100 грама микс или пак 2-3 парчиња сушен ананас. Од едно парче од ананасов се осеќам ко да сум се прејала нешто благо. Не знам што друго да те советувам, мене вака ми успева :) Среќно!
     
  13. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    За вчера 48/91 ЈХ
    Појадок: еден гриз јаболко
    Ручек: плазма, малку мелена плазма + неколку колачиња велнес кукис ама на два пати ручекот, еднаш порано, еднаш подоцна, зошто вечерата ми беше покасно. Околу 250г се на се мислам дека е отприлика.
    Вечера: околу 250 можда и нешто грама јуфки со кечап. Ме интересира колку грама има во еден полн тањир со јуфки?
    Важно: метаболизмот последнава недела ми е многу забрзан проследен со одење по голема нужда секој ден минимум еднаш. ;)
     
  14. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    5/12 Скробен ден - Турбо УН.

    Доручек: 2 јаболка.
    Ручек: 1 чинија спанаќ.
    Вечера: 1 чинија спанаќ.

    Нема да го преполовам ручекот, затоа што сега ручам, а ќе вечерам кога ќе се вратам од школо, накај 7. И ќе бидам гладна. :wasntme:
     
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.871
    Допаѓања:
    109.999
    Пол:
    Женски
    Денес, крај на 3 циклус, 12 ден, Овошен. Досега добро го издржувам, со една дуња, одвреме навреме каснувам понекое парче, ама сепак има по саат време размак од едно до друго. Пошто дома имам само малку мушмули и киви, наверојатно ќе идам до пазарче да си изнакупам овошје и зеленчук, иде викенд, ќе се јаде нормално, како што треба, со сите салтанати. Многу сум среќна што се гледаат резултати, и се чувствувам убаво, некој праша дали се чувствувам омалаксано, баш не, супер се осеќам, имам сила да вежбам и да го поминам цел ден. Кога сме кај вежбањето, вчера не вежбав, ама со оглед на тоа што ручекот ми беше доста сиромав, едно перече мало, за вечера каснав некое колаче ситно, една витановка, маку бадемчиња, фстчиња и индиски оревчиња, две чаши сок од јаболко, морав, славевме со семејството на дечко ми :D
     
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.871
    Допаѓања:
    109.999
    Пол:
    Женски
    Морам вака под мој пост, ко за 3ет овошен ден, денес поминав супер, до 4 со една дуња, како што пишав во горниот пост, сега си направив салата од марулка неколку листа, 5 мали краставички, оние за во кисело што се, 3 ротквици и еден патлиџан, зачинив со сол, маслиново, балсамико и бибер, ахам, биберче во салата, преубав вкус дава и имаш некое чувство дека јадеш нешто што е налик манџиче, па се залажуваш. Нека падне салатата, ќе каснам мандаринки, а многу веројатно до вечер да се касне и некоја крушка. Утре ќе ве известам дали сум потпаднала под влијание на црвите во желудник :lol:
     
  17. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    12.991
    Пол:
    Женски
    12/36 овошен
    Добро е денес. До сега имам изедено 1 банана, 1 мандарина, една краставица салата, две лапки ајвар :tmi: .
    До вечер не верувам да изедам повеќе од една мандарина или неколку кисели краставички.
    Како и да е, уште половина килограм се слизна.
     
  18. Ivi.milo.mi.e

    Ivi.milo.mi.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2012
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    39
    19 ден-јагленохидратен.
    доручек:две јаболки
    ручек:две огромни парчиња пица
    вечера:две витанови,четири медењачи и ред чоколадо за готвење
    втор пат правам грешка со тоа шо се прејадувам,но незнам што ми се случува деновиве многу големи кризи за јадење ме фатиа :worried: од утре се држам строго на диетата :headbang: !!!
     
  19. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    За денес ептен се извитаминизирав :lol:
    Се вкупно зошто во овошни денови не јадам само три пати туку секогаш кога ќе ми се пријаде:
    две банани(една за појадок прво нешто што јадев) една за ручек, измеѓу една мандарина, после бананата уште две мандарини + две јаболка во различен период + салата од цвекло и салата од марули.
    А верувале или не, уште сум гладна, никогаш олку од почетоков на диетава не сум била погладна, ама до ПМС ќе да е.
    И така, за денеска јадење толку.
    Утре, нов ден, ќе си каснам мевце, зошто јајцата не ме најадуваат.
     
  20. alisa222

    alisa222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    46
    54 ден протеински
    доручек: 1 јаболко
    ручек: кисело млеко 300 гр 1 % масленост
    вечера: 250 гр. порција џигер ,шопска салата, малку кашкавал :)
    Намерно имам мешано јадење, се договоривме денес да одиме на ручек после работа. :)