2/скробен појадок -2 јаболка ручек - чинија варен ориз со зеленчук вечера - сеуште немам огладнато, ама ако огладнам ќе јадам малку ориз
27/90 ЈХ Појадок- 1 кива Ручек- макарони со кечап Вечера- три чоколатки и капучино ... малку претерав денес И пред секој оброк пијам зелен чај
Здраво по незнам веќе кој пат! Знам дека многу напнувам и замарам во темава, ама што да правам и јас, тоа е . Од денеска ја почнувам пак диетава(т.е Турбо Ун верзијата) со 68 кила, па до каде стигнам - стигнам. Денес протеински ден 1/12. Сега за доручек ќе испијам исцеден сок од 2 лимона, за ручек ќе видам - најверојатно јајца варени со салата зелка со рендан морков, за вечера едно јајце варено плус повторно салата. Искрено, се надевам дека овој пат ќе го истерам до крај циклусов од 12 дена. Диетава + константна физичка активност, и склопов од овие две мислам дека повторно ќе ми донесе резултати исто како и во летото.
Јееее.... Анабел-а се вратиииии.... Ајде миличка, заедно Денес, 13ти ден, протеински. Доручек - прво ќе вежбам, т.е. сега паузирам од вежбање, имам уште околу 20 минути Зумба и 10 вежбите на Вики, после туш идат две крушки, малечки се па ќе каснам и една мандарина. Најверојатно ќе пијам турско покасно кај сестра ми. Ручек - ќе доручкувам рано, околу 1 најкасно 2, пилешко полнето со фил од краставички, шунка, кашкавалче... би ја извадила шунката ама готово е ова и не можам баш ништо да направам, со пилешкото салатка некоја моја измислена и супа се разбира. Вечера - најверојатно јајце или сиренце некое со малку лепче, пак со салата се разбира, може да биде и салата со јајце Вчера бев преумна, не направив ниеден кикс, ништо. Цел ден го поминав на дуња, салата и две мандарини, и се разбира вежбиве како денес. Многу сум среќна бидејќи имам преголема енергија и желба, кога ми иде да се откажам си викам ај на наредната вежба и се така до крај и завршувам. Се враќам јас на моите видеа
Анабелке па не ја почнавме заедно Турбо УН? Јас вчера завршив еден циклус, денес вториот го почнувам. За тие 12 дена симнав 1,5 кг. 13/36- протеински Ќе појадувам попосле 2 мандарини За ручек мајка ми ќе прави ослич на скара, не можела веќе да ме гледа со тоа јајцата, да ме почасти Ќе вечерам шопска или таратур.
Еее, Анабелка беше непослушна и (многу) забегаваше на моменти па тоа и се одрази и на килажата. Шала на страна, да, ја почнавме, само што јас издржав само еден ден , и да не ве демотивирам тука намерно на пишував. И конечно собрав и сили и живци да ја започнам пак диетава која искрено речено ми е крајно одмилена, ама што да правам.. И решена сум да издржам до крај, па нека се окозам Браво за симнатите килограми, браво за издржливоста. Мотивација сте ми, да знаете . Сега баш листав мислења од порано во темава. И ми фали еден член. Нутриционист . Знам ја почнуваше - па ја преккинуваше, па качуваше - симнуваше и оп едно време се изгуби. Кај си друже, пиши нешто ме интересира како се држиш после диетава .
Е и мене ми текна на Нутриционист, кај е кај се изгуби? Знам дека рече ќе го даде акаунтот на пријател кој сака исто да ослабе, откако се врати од одмор се пофали што такоси изел и не се појави више. А баш имаше интересни совети, поготово со мастиките Да ви се пофали Ангел, се извежбала, и за да не избегаат и мувите од собава, трк сеа под туш. Поздравчиња, јас ќе го искористувам денов за уште повеќе калории губење со милите, шетање, пешачење и уживање
55 ден скробен доручек: 2 киви ручек: ориз и руска салата - (карфиол,морков и пиперки) вечера: пола од ручекот
28/90 Овошен 1 јаболко, 1 кива, салата, и вечрва планирам неколку лешници Тоа е за денес Утре ми е воден ден незнам како ќе издржам, но ќе се потрудам
20ден-овошен. денеска изедов две банани и четри кисели краставички amnestija со среќа,уште малку па и на мене ми се ближи водениот како ќе издржам незнам..
6/12 Овошен ден - Турбо УН. Денес си бев... право машинче, секое овошје што го видов пред мене, се` изедов. Од прлика, изедов 4 банани, 6 мандарини, 1 портокал, 1 јаболко, суво грозје. На бананите им намачкав малку домашен мармалад. И уште, каснав преку 10 кисели краставички, и си направив салата со обична краставица, 5 маслинки, и 1 кришка модар патлиџан. Мајка ми ги става во тегла, незнам што им прави, на патлиџаните. Поточно, изедов 1 и пол тегла кисели краставички. Си се тешам, дека киселото ги топи мастите. Право буре сум денес. Цело време само нешто грицкам.
И јас ја почнував и откажував и сеа конечно се решив до крај ќе одам 1/91 доручек: 2 јаболки ручек: 2 печени копани, една шницла и руска салата мешано со кислели краставички вечера: 2 шницли и краставички и 2 чаши чај испив денес и многу вода
Здраво диеталки! Како сте? Јас издржав завчера на овошниот ден . Добро е што не се степав со никого и што не се скарав сериозно со некој! Така бев гладна и нервозна...ама помина. Вчера протеински и денес скробен си јадам како човек . Многу убав спанаќ со ориз сум си направила. За да не држи сити ставив повеќе ориз, па излезе ориз со спанаќ - ама вкусно беше! Со килограмите не знам до кај сум, ќе почекам да ми заврши- па ќе се измерам и ќе ви кажам. Искрено, не се чувствувам нешто особено ослабната . Ќе вежбав јас зумба по дома, ама настинав нешто, па еве сега и една убава кашлица сум си закачила... Ова мензисов ме уништи овој месец - ми се чини крвта ми заслабе. Ќе видам до понеделник како ќе биде, ако не ќе одам на матичен да ми препише некој антибиотик, па ќе видиме дали и како ќе оди со диетава. Здравјето пред се! Едит: ме интересира како некои диеталки издржуваат само со две киви за појадок? Или само една кива и една јаболка и неколку лешника за цел ден? Не ви се лоши од толку малку јадење?
Утре ќе почнам со Турбо УН, никако не можам да ги ослабам овие 4 килца останати... Сабајле ќе се измерам, ќе ви пишам со колку почнувам и за 12 дена ќе ви пишам што сум направила. Утре планирам за доручек да јадам 2 3 киви, за ручек супа, салата зелка/марула и кисело млеко а за вечера исто салата. Во ред е ?
Hello guys, првин да се претставам,мислам дека не ме знааете повеќето,јас сум еден од најстарите членови овде на тема за УН диета(само на оваа).Ретко гледам некој од претходно постар...миднајт е овде... Пред точно скоро година,почнав да ја држам оти бев +30.ОСлабев многу до летото симнав 25 килограми од тие....ама сеа некако ...надокнадив 7 килограми за 2 месеци! Мајка ми ми велеше,секој четврт ден да си го држам овошен ама не послушав,сакав пијанчење,јадење многу( пред се сум гурман).Од понедленик почнувам да ве пратам,со Турбо УН.Уште утре малце јадење од она забранетото,и ви се приклучувам се до нова година xD
19 ден - јаглехидратен Доручек: мандарина Ручек: тањир тестенини со доматен сос Вечера: палачинка (со крем бисквит и банана) и две коцки чоколадо за готвење 20 ден - овошен Доручек : мандарина Ручек: тринаесетина бадеми и јаболко Вечера : три зелени маслинки од пуста желба да ги пробам (ej под овошје спаѓаат )
Ангел, ручекот и вечерата треба да ти се исти. Или месо или јајца. Тука мешаш различни протеини. А и млечните производи е подобро да ги избегнеш кога јадеш месо.
Дали во оваа диета смее да се јаде палента во скробен ден? Сакам да си направам некој режим на исхрана сличен со оваа диета, ама нема да е класична и строга диета, па заглавив со палентава, што мислите?