Прашање - Дали во Скробен ден може за ручек од онаа златна мешавина - грашак, морков и пченка, варено?
Уште вкупно 5 недели ми останаа до крајот на диетата и 4ри дена, значи уште точно 39 дена. Си помина, вака-така, со незначителни грешки, некогаш помали, некогаш поголеми(можда и не беа толку големи де), а со колку изгубени кг - ќе видиме на крај! Планирам овие 39 дена совршено да ги издржам, со вежбање секако поголемиот дел. Исто така, после завршувањето ќе одам на ТУРБО УН, или 12 дена или 24 колку и да се. Па после тоа се префрлам на оддржување до Март месец некаде ќе му дојде. Значи скоро пола година ќе се спремам за да изгледам како што треба, да се вратам во нормала. Ама знам дека ќе се исплати и кога ќе се погледнам во огледало ќе речам: Е за ОВА вредеше се, сиот труд и напор вложен во моето тело на крај се исплати! Денеска 52/91 ЈХ. Појадок: една банана Ручек: една панцерота(има салама, ама секогаш во ЈХ пиците ги јадам со салама, а тоа треба вегетаријански, па затоа следниот пат ќе ми биде таква) Вечера: две велнес кукис со суво грозје и неколку парчиња плазма околу 7-8 со две-три лажички мармалад. И тоа е тоа за денес. Утре сум на овошен и од сега ми мириса дека ќе го поднесам многу убаво зошто помотивирана не сум била никогаш! Издржете, диетава не е воопшто тешка, всушност не е диета, туку правилен начин на исхрана, а јас заминав да избојам уште едно квадратче од календарот од диетата што ми е специјално направен и наместен во мали димензии и закачен на фрижидер.
Lux , ми се свиѓа како размислуваш и јас нешто слично како тебе ке направам после диетава турбо ун а после тоа одржавање. Мене денес ми е 57 ден овошен ,а утре ми е воден, планирам да го издржам како што го издржав претходниот воден, се надевам дека ке успеам. Јас за Нова Година планирам да направам една мала пауза од диетава ,односно тие денови 31 и 1 и Бадник и Божиќ планирам да паузирам од диетава ама сепак ке гледам да не јадам многу мешана храна ама сепам мислам нема да одам според редоследот, се надевам дека нема да претерам Но после тие денови ке си продолжам таму кај што ке застанам со диетава. позз
57 ден овошен ден доручек: 2 киви ручек: 1 јаболко, 1 грст кикирики вечера: салата од цвекло и морков , индиски оревчиња
22ден-скробен. доручек:2мандарини ручек:компир салата и кришка интрегрален леб вечера:пола од ручекот
Пробај да не јадеш леб овој ден кога јадеш компир ориз слични работи...кога јадеш манџа пример гравче или леќа тогаш јади ама со компир салатааа не се јаде леб...мислам ако сакаш повеќе да ослабиш,сепак добронамерен совет ) позз
Улалалаааа.... Ангел е многу хепи, премногу, сум скинала од почеток отприлика 14 см во обем, луѓенца добив и стомакот не ми се ни познава веќе, тукушто вечерана Денес се по ред си тераше, пита со праз за ручек, парче пита со ванила за вечера и ај дечко ми направи палачинки па каснав и јас, со мед малку, не препуни се разбира и внатре гранола исситнета, како и да е не направив огромна утка Во право е Нутриционист за лебот, јас откако сум почнала дали имам изедено цел еден леб, значи за 15 дена еден леб од оние на Жито Лукс диеталните со сончоглед. Е ќе имам неколку денови каде едноставно нема да можам да држам диета, ама затоа решив, 3ти Јануари е Воден ден и го издржувам херојски па што сака нека биде Многу сум среќна пресреќна заради резултативе што се гледаат
^ Како жити се за 13ина дена успеа 14цм во обем? Мене ми е невозможно тоа. Сфаќам 5, ајде и 6, ама 14? Со скоро 16 кг симнати, јас исто толку и во обем имам намалено. За 3 и кусур месеци. Денес 15ти ден/36 овошен Сабајле чаша чај со лажичка мед. По 2 часа банана. После тоа 5-6 кисели краставички (корнишони). Околу 6 јадев една мандарина, па прееска околу 9 пиев уште еден чај. Денес јадење тапа. Ништо не сум јадена, а не ми се ни јаде.
22 ден - скробен доручек: мандарина ручек: печен компир, цвекло и парче диетален леб (појма немав за ова со лебот што го напиша нутриционист јас се водев по напишаното во диетата, следниот пат ќе го исфрлам) вечера: неколку компирчиња со цвекло со нетрпение го чекам десертот утре, некако си осеќам дека го заслужив
Јас веке 15тина дена ја држам турбо ун. Два месеци ја издржав обичната, па сега планирам оваа до крај на декември. И ПОСЛЕ МАЛА ПАУЗА !! Иначе до сега сум олабена 10кг, а искрено очекував малце повеке дека имам и повеке за симнување, уште некој 10-12 кг, ама ке биде ајде Не се разочарувам. Се надевам до крај на декември ке симнам бар уште 3-4.
Moже ли да ја добијам табелата, се мислев да направам и јас деновиве па ќе ми олесниш ако сè уште ја имаш
Еве, од овде ја симнав, симни си ја, прилагоди си го датумот кога ја почна и многу ќе ти биде полесно: http://www.dijeta.net/phpBB/viewtopic.php?f=1&t=335 Со среќа
денес ми е 30ти ден од кога ја почнав диетата.Воопшто не е тешка никогаш не остануваш гладен правилен начин на исхрана и има големи резултати.
Тинкербел, и мене не ми се веруваше, ама резултатите не можам да кажам дека се реални бидејќи како што кажав од многу кадарност не успеав да се измерам ни на вага ни со метро па килограмите ги имам земено максимумот што го имав пред да пијам Хербалајф и исто и со сантиметрите, тогаш имав 85кг и 111см, а сега не знам колку кила имам, ама во см сум 97. Е сега, читав и се изначитав за диетиве и слабеењево бидејќи како што реков вчера, решена сум и готово. Од се што прочитав по статии за слабеење и форуми, сфатив дека салото кое за кратко време е наталожено се топи налесно, т.е. најбргу, да не речам веднаш, додека салото кое со години си седи се топи потешко. Сума сумарум, јас пред неколку месеци ослабев многу со Хербалајфот ама за месец два вратив 10 кила и сите сантими, претпоставувам ова што сега ослабев толку бргу е резултат на тоа што тие масни наслаги, односно сало, се стопиле веднаш, додека сега очекувам стагнација во наредниот месец, односно после водениот ден, па затоа имам во план 12 дена пред вториот воден ден да ја држам Турбо УН. На мене се гледа ептен, дури и луѓе кои ме гледаат секој ден приметуваат. Вчера поминав феноменално, започнав да си се држам до плановите, не грешам речиси воопшто, и многу сум среќна заради тоа. Денес, 16 ден, Овошен, крај на 4ти циклус, дома си ја имам табелата која Лукс ја постираше и по неа се раководам, нема утка значи Одсабајлево изедов две мандарини и неуспешно едно јапонско кое ми ја собра устата и една крушка која не чинеше па не ги изедов туку ги џитнав, значи се на се 2 мандарини и едно кафе и пола литар вода. До после имам уште две јапонски јаболки, а дома ќе се удрам на салати и евентуално некоја крушка, сокче од лимони и уште некое кафенце, се разбира денес ќе се пие вода и ќе се вежба ако дечко ми не ме однесе на некоја слава, пошто слава имало денес кај некој другар и стварно не знам што да правам, мене ич не ми се пропушта бидејќи два дена како не сум вежбала а се осеќам скроз спремна, ни мускули ни ништо не ме болат денес. Ќе видиме, ама едно знам, на слава никако нема да згрешам, ништо нема да ме поколеба да каснам нешто друго освен зеленчук, пошто овошје ретко кој става на слава.
10ти ден. Моментално започнав со ручекот. Мимоза салата. Марула и варено јајце. Од сабајле јадев банана и јогурт. Планирам до крајот на денот да јадам мимоза, неколку пати зависно колку ќе ми се јаде, а вечерата да ми биде супа. Сега за сега е ок.
Скробен ден 2: доручек: 2 круши ручек: ориз и цвекло салата вечера: секако ориз и цвекло салата ! само јас,практикувам едно нешто.Навечер пред да спијам(тоа ми е од баба ми) пијам чаша млеко секогаш....е сега веќе 2 недели пијам баланс јогурт и секое утро кога станам,одам по ВЦ.Нетреба да се меша,ама тоа ми е така останато и така планирам да си продолжам
Мислам дека супата треба да се избегне за вечера во протеинскиот, ако грешам некој нека ме поправи ама јас мислам така и мислам дека за појадок треба да биде исклучиво овошје, а не и јогурт, за ова знам дека не грешам
Смее салата и во протеинскиот ден. Ама дефинитивно јогурт за појадок не. 2/12 3 мандарини за појадок и кафе без шеќер, печени компирчиња и салата од патлиџани за ручек. Истото на половина ме чека и за вечера, евентуално марулка, како ќе сум расположена. Денес не вежбав, одмарам, зашто секое едно мускулче ужасно ме боли од зумбата вчера. Да закрепнам, продолжувам утре.
Уште ова ме интересира.. денес ми е прв ден протеински и за ручек јадов 3 јајца,салата и супа без резанци за вечера пиши дека треба исто,ме интересираше дали треба иста количина како и за ручек или преполовено од се ?