Не сум ви пишала оддамна и сега да се поправам 23 / 90 ЈХ Доручек ... 2 круши и зелен чај Ручек ... пица со кечап и малку растителен кашкавал Вечера ... ред чоколада за готвење Ептен сум задоволна до сега како се одвива овој режим и ептен ми се има погодено и чекам да помине првиот воден ден за да се измерам и да видам колку кг. имам ослабено, пошто си ветив дека ке се мерам после секој воден ден
Jaс си варам 4, јадам 2 ипол за ручек едно ипол за вечера. Таман ми доаѓа. Преполовено се однесува на протеините, салата можеш колку ти душа сака Вечерата е без леб и супа.
па да во право си,ќе се потрудам,ако можам така,многу не сум навикната без леб,сепак ти благодарам денеска 23ден-јаглнохидратен доручек:две банани ручек:баничка вечера:три ресанки и ред чоколадо за готвење
53/91 - Овошен Се на се цел ден: една банана 10тина суви урми, едно јаболко ама го догризав нецело(не можев да го дојадам) + 3 минијатурни мандарини(не беа ни колку едно јајце големи) + цвекло од тегла некаде кај 14ч и за вечера му дојде еден црвен цитрон. Утре протеински едвај чекам да си каснам мевце.
58 ден воден Денес можам еден аплаус да си дадам самата на себе , издржав до сеа и нема шанси да го прекршам денов. Супер ми оди. Одвај чекам утре да си каснам мевце ,некое поквалитетно
Денес 6ти ден, скробен... за ручек имав грав од баба ми и си се најадов, али вечерата ја утнав - јадев печена тиква ама малце повеќе отколку шо треба ме теши тоа што е нискокалорична, и плус е зеленчук, така да немам некоја грижа на совест
јас еве завршив еден циклус 2/91 скробен доручек: 2 јаболки ручек:варени компири направени салата и кромид вечера: немаше ни пола од ручекот 3/91 Јх доручек:3 печени јаболки ручек:1 солена баничка вечера:1 витанова, 1 тортичка и ред кухинско чоколадо И денес овошен 4/91 доручек:2 јаболки ручек:1 јаболка, 1 портокал ужина:1 мандарина вечера:1 мандарина
1/12 Протеински Доручек - кафе и 1 мандарина Ручек - 2 јајца и салата марула Вечера - 1 кифла со јогурт ( знам, знам, грешка, ама што да правам мама ги печеше и ..... ) 2/12 Скробен Доручек - кафе (немав време) Ручек - златна мешавина - грашак, морков и пченка Вечера - салата со зелка, марула и краставица
23 ден - јаглехидратен Доручек: Голема црвена јаболка Ручек: полн тањир тестенини со доматен сос Вечера: Палачинка со крем, мелен бисквит и банана. Две коцки чоколадо за готвење. Дечки се мернав денес, вагата вели уште едно кило. Ќе терам до воден сигурно, имам уште 5 дена па ќе видиме што понатаму. Среќна!
Tуку, налетав денес сурфајки на супер рецепти за протеински и скробен ден, не сум некој љубител на варени јајца па еднолично ми стана со пилешко на секои 4 дена. Рецептов ми личи на супер алтернатива, ѕирнете: - Потпечени јајца http://off.net.mk/mojata-kujna/topli-pr ... heni-jajca од состојките ќе ја отстранам саламата се разбира - Медитеранска салата од компири http://off.net.mk/mojata-kujna/topli-pr ... od-kompiri - Печен зимски зеленчук http://off.net.mk/mojata-kujna/topli-pr ... -zelenchuk
Девојки.. јас од денес почнувам со диетава.. Овојпат не планирам да се откажам.. а имам доста за слабеење..
Симни си ја табелата што ја постна Лукс пред некоја страна, јас дури и си ја едитирав цела на македонски, доле си додадов краток опис на оброците и ја испечатив во боја да ми го краси фрижидерот. Ќе те држи мотивирана
3/12 овошен ден. На мени - банани, мандарини, јаболко, непечен бадем и малку суви смокви. Инаку вчера, сум си земала толку малку печени компири за ручек, мислиш маче ќе јаде, не мече. А после работа требаше да одам директно кај другарка, мртва прегладнета, немаше чаре, видов - не видов, купив еден мал помфрит без кечап и мајонез, и го слапав. Е сега пржено, ама ме теши што сепак останав во рамките на мистер скроб.
Луѓенца, си давам самата на себе медаља, издржав на две слави по ред во овошен ден Значи вчера почна што почна, изедов две мандарини, две јапонски и неколку мушмулки на работа и накај дома веќе не ми се јадеше. Кај дечко ми мцнав од туршијата додека он си сркаше гравче, па каснав и неколку бадемчиња и лешничиња непечени. Е на славите бев жива комедија. Рипчиња пред мене тазе печенки, па другар ми вика касни си овие се твоите омилени. Па ми ја тупоса чинијата со најубавите колачи на свет кои ги прави мајка му ми вика земи мајка ми направи еден куп годинава. Ама не, Ангел цела вечер ја помина со две чаши кисела вода и една лажица салата од зелка и цвекло со две доматичиња, аќе заборавев каснав и 5 кикирики Од таму на друга слава, и таму чиниш сета храна пред мене ставена, ама мислела на мене жената, се напраила изгор луто, и да сакам да не можам да каснам, е ваму колачите беа далеку. Чудно ми беше, храна ко храна, ја гледав како нешто најнормално, не добив ни малку желба да каснам од ништо што беше на масата. Е денес, 17 ден од 91, протеински, 5 циклус Појадок - три мали крушки, кафе и пола литар вода. Ручек - ќе каснам еден мал ладен сендвич со кашкавал и салата, лепчето не е како за стандардните сендвичи туку е домашно и по состав исто ко лебот, си се распрашав убаво кај дечкото долу во пицеријата, без преливи, без додатоци. Вечера - стварно не знам што да јадам, веројатно ќе смислам нешто и утре ќе ве просветлам, ама знам дека сигурно ќе каснам салатка од цвекло, трупка, дајкон и морков
Мојот прв овошен ден.. Wish me luck :/ На менито денес - мандарини и јаболки, па со господ напред, хахаха.
сакав да прашам , денес ми е прв ден дали може за ручек за испречам плескавици или кебапчиња на скара .. уствари дали е дозволено секакво месоо или ?
Мислам дека меленото месо не ти е најдобра варијанта Уник, подобро да биде некое чисто немасно месо, но ако веќе немаш избор и тоа ти е денес на менито, нека биде на скара секако, не ги пржи на масло и скарата не ја намастувај дополнително со масло. Би ти кажала не јади леб, ама колку што знам имаш малечко и тоа цица, ти треба храна, подобро почни со повеќе да се навикнуваш па кога ќе престане да цица ќе го исфрлиш лебот и некои работи кои не се баш најнеопходни ќе ги баталиш. Си ја одбрала најдобрта диета, ем нема да гладуваш, ем ќе го доведеш организмот во ред Ти стискам палци
1/90 Протенски ден П: еден портокал Р: парче варен стек,чинија супа,а салата или зелка или краставица. В: чинија супа и салата.
Штом имаш бебе што цица,можеш на скара секако.Но ограничено ...примр 5-8 кебапи или 2 плескавици тенки со многу салата и едно парче нутри леб