18 Ден 1 јаболко 2 јајца со малку леб и кисели краставички 1 јајце со краставички тоа е се за денес на менито и морам да во кажам дека имам мн добри резултати кои ме мотивираат да продолжам ... Имајте убав ден ...
не го дојам малото .. туку денес имав обврски па не успеав да набавам намирници .. а само тоа имам дома. денес ќе ги направам кебапчињата, па и не е некој голем прекршок месото е говедско , ќе ги правам на електрична скара (онаа што се става вода одоздола) .
Ако не ја доиш веќе можеш слободно да се ставиш на поригорозна диета. Ако месото е исклучиво говедско во ред е, да не е само од готовото мешано мелено месо, тие се со доста мрсни делови во него. Во тој случај ти препорачувам да си направиш плескавица или ќебапчиња и да си ги јадеш само со салатка и супа ако правиш уште подобро За вечера можеш да си каснеш само салатка или да си комбинираш со некое варено јајце, не е до толку страшно ако измешаш мислам
На прва страна пишува само месо, всушност станува збор за ресторанска шницла. (cutlet на англиски ) Порцијата треба да биде до 250 грама. Значи треба да биде чисто тенко парче месо, динстано варено или печено. Со зачини и максимум една лажица маслинов зејтин во оброк. Не сум баш сигурна за меленото. Ако имаш опција да јадеш јајца и млечни производи со салата подобро реши се за тоа, споделив супер рецептче погоре за потпечени јајца. На тој начин би можела и супата да ја замениш со млеко или јогурт на пример. А како алтернатива за месо можеш да направиш риба на скара, па за вечера да изедеш туна од конзерва на пример. Во секој случај што и да се одлучиш не ги мешај протеините Среќно!
вчера 4-5 мандарини за ручек: 3 јајца и скроз малку леб.1 чинија супа без резанци,и салата (подпросечно,не можев појќе ) за вечера- ништо,едноставно премногу ми беа 3 јајца за ручек денес јадов скоро пола кило варени компири за ручек и салата...премногу е тоа ?
Мислам дека премногу ти биле и 4-5те мандарини и трите јајца и пола кило компирите. Пробај да јадеш по помалку, за појадок секогаш само две овошки или во случај кога се помали три, но 4-5, како оревчиња треба да бидат за да изедеш 4-5. Не знам како си ги јадела јајцата, ако си ги јадела варени во ред, пржени се надевам не изеде. И немој да ја избегнуваш вечерата, подобро да си ги поделела јајцата две за ручек и едно за вечера отколку вака. Во врска со компирите, сметам дека пола кило компири е премногу за ручек, обиди се вака, еден компир средна големина да го свариш и тој да ти биде ручек, малку помал за вечера. Претпоставувам ова е само почеток, прв, втор ден, ќе се навикнеш и ќе ти биде полесно Ја да си кажам за мене. За ручек го јадев сендвичот со кашкавалче и салата, и му дојде како да сум изела отприлика парче леб бидејќи лепчето беше тенко и мало, парче кашкавал и салата. За вечера изедов шака пиперки ситно исецкани испржени на сосем малку маслиново едно мало лажиче дали имаше со малку блитва и урда и едно јајце, и сфатив, за овие 16 дена сум се одвикнала од големи количини храна, премногу ми беше и едвај го дојадов на крај. Супа денес не јадев, ама па затоа каснав повеќе леб. Сфатив едно нешто, во овој ден стандард јадам леб, поготово со храна како оваа, во другите денови не јадам воопшто, што е добро. Сега се качувам на степер и продолжувам со вежбање
1/90 - Протеински Доручек- 2 јаболка Ручек- 6 кебапчиња, и зелка салата. Вечера- 3кебапчиња и многу многу зелка салата.. Сега за сега не се чуствувам гладна.. а да и 1,5л вода
3/12 Овошен ден Доручек - 2 мандарини Ручек - 2 јаболчиња Вечера - моментално вечерам салата од свежа зелка и краставица
54/91 Протеински Морам да кажам уште на почеток дека местото многу ме најадува и со 100г сум најадена, а башка и денес не сум воопшто гладна. Појадок: една банана Ручек: околу 150г стек, можда и помалку и 2 парчиња сирење Вечера: околу 150 и нешто грама ЕДИТ: и едно парче сиренце заборавив да го пишам, можда и помалку грама месо беа(ама многу малку имав изедено за ручек, па затоа и не ја кратев вечерата зошто многу малку ќе ми се фатеше вкупно во грамови за цел ден), а тоа што не е преполовена вечерата количински не го сметам за прекршок зошто од искуство кажувам дека се слабее и така. Плус испив две мали чаши млеко тоа му иде како една од големине, една по завршување на ручекот, една по завршување на вечерата. И тоа е тоа за денес, утре планирам ручекот рано да ми биде да направам готово пире без млеко, а за вечера која ќе ми биде покасно зошто ќе патувам ќе јадам сарма нели може да не бидат исти ручекот и вечерата.
Лукс јас мислам дека може да не бидат исти, во овие 17 дена ниеднаш не ми биле исти, па имам резултати, можеби нема да ослабам 30 кила за 90 дена, 20 да ослабам ми се врв. Според сите тие форуми и статии што ги прочитав за диетава пишува дека со строго држење на диетава многу поверојатно е да се вратат килограмите бргу, поготово доколку се пуштиш во слатки гревови веднаш по завршувањето. Вака го држиш организмот на лабаво според мене и полесно ќе се вратиш на стариот живот. Ова зборам после 90 дена УН и 90 дена Одржување. Мој план е да издржам 90 дена УН, 90 Одржување и колку можам подолго да го форсирам овошјето за појадок, дајбоже засекогаш
Јас знам дека во протеински мора да бидат исти и ручекот и вечерата, ама во скробен можат да бидат различни и така терам. Ако сум јадела јајца за ручек, тоа и ќе вечерам, ако сум јадела месо тоа ќе го вечерам, не сум мешала до сега во протеински, а ако имаш резултати со мешање, па можеш и така да ја држиш, битно да има резултати. Колку што ја разбирам јас диетава е дека не смее да се меша храна од нејзиниот вид т.е протеин со скроб и јх и скроб со протеин и јх и јх со скроб и протеин. А овошниот си е посебна приказна, ем брзо доаѓа, ем лесно го издржувам, ем сум најадена. Не можам да ги разберам оние што викаат дека не се најадени од овошје. Две јаболка да изедам и сум претапанета, едно едвај го јадам.
Јас свечено си изјавувам дека МОЖАМ да поминам слава без да ја заплескам работата Додека фрчеа рибишта и сармишта што лично јас ги дотурав и носев, вчера останав со едно парченце баклава кое едвај го изедов, две мандарини и сношти едно редче чоколадо за готвење и едно Шери бонбонче Денес овошен во кој ми пискаа цревата отсабајле изедов три мандарини, по еден пола саат едно јаболко, па по нецел саат неколку кисели краставички, и видов не видо испив една чаша од околу 250-300 мл сок од црвено овошје , ладен, ме пресече и ми клацка во стомак лажејќи ме дека е полн Сега пак ме фати ркиза, ама ќе си легнам, да не мислам на јадење, впрочем и до прееска седам кај мене в соба и сум целосно изолирана од било какво јадење. Утре е денот, има да јадам една рибка, и се надевам оти ќе ми спадне гладот Патем, дај кажете некој рецепт со брокула, ама од туршија, може ли така да се свари супа, или нешто? Немам свежа и не можам одма да набавам, а ми здосади кисела.
Го поминав овошниот ден, друго е кога си имаш обврски, а друго е кога си бев 24/7 по дома, седнете така цеееел ден дома, и видете колку е лесна диетата. Само зјапаш во часовникот и се молиш побрзо да дојде време за јадење. Не сум направила ниту една грешка, поминав со една и пол банана, 4 мандарини, јаболко и околу 80 гр. непечен бадем. Чај и кафе без шеќер и бидна. Утре 4ти ден - протеин и ќе јадам туна салата со марула. Извежбав и зумба и стомачни и тегови, сега сум ко од песна на Слаткар (ТИ СИ ТООООООП, ТОП!)
Трендафилке, пак изгледа се синхронизиравме со деновите . И јас денеска овошниов го истерав некако (3 мандарини, 2 јапонски јаболка, 1 обично јаболко и + една витанова дека имав и аеробик и зумба.. А да, и две,три шолји чај), цел ден во движење бев па немав време да мислам на јадење. Тоа е доброто . Сега само што се прибрав дома и ќе земам ќе се налакирам - така ќе нема да бидам во искушение да посегнам по нешто. Знаете, лакот ќе ми се уништи . Плус физичка активност со времетраење од 2 саати. That's all folks! На 19 месецов сум на прослава по повод докторат. Има да се стегнам до тогаш, па што да е!!!!
18/ 36 овошен. Точно на пола сум. Сабајлево пиев еден зелен чај, сега ќе излегувам, пред 6 не верувам да се приберам. Ќе си понесам банана и 3 мандарини. Кога ќе си дојдам ќе јадам една салата од краставица, или некој лист кисела зелка. За 17 дена симнав 3 кг скоро (за 200 гр.)
2/12 скробен цел ден со леќа 3/12 овошен тиква, мандарини, јаболка и плус пудинг, не можев да одолеам
18/91 Скробен ден Појадок - 2 мандарини, шоља кафе и пола литар вода Ручек - чинија ориз со пченка, грашак, блитва, кромид, целер, пашканат и морков, спремено од синоќа и понесено на работа, ептен сум горда на денешниот ручек, полека полека започнав да го сакам овој скробен ден После ручек шоља кафе и многу вода. Вечера - си оставив колку пола од понесеното на работа за вечера, плус ќе изрендам цвекло, трупка, дајкон и морков салатичка со маслиново и лимон Браво за мене се полесно и полесно успевам да се синхорнизирам со храната и деновите, малку ме плаши што кон крајот на месецот ќе се селам во нова дома па таму како ќе се синхорнизирам, ама мислам дека ќе успеам Многу воља, здрава храна и физичката активност која започна да ми станува дел од секојдневието, е тоа е мојот рецепт за наредната година
Ејнџел БРА-ВО! Многу ми е мило за тебе, и баш за да не направиш една утка голема да ти дадам еден совет. После ручек мила, вода никако, дури за 3 часа. Така храната си се вари многу побрзо и не се разложува и не се убива желудичната киселина која помага во побрзо варење, а тоа е нели нас што најмногу ни треба. Со среќа Општо и за сите пишав тука, а не по лп, пошо овој совет е за сите.
Знам тоа, доколку можам издржувам и до половина час без вода после ручекот, ако не бар 10 минути и тоа пијам во мали голтки. Сакав да кажам дека деновиве пијам повеќе вода тоа ми беше муабетот, додека си одам дома од работа сигурно пијам по литар ипол вода, дома најманлку уште толку и успевам полека да се вратам на старото со водата.