59 ден протеински вчера доручек: 1 банана ручек: стек ,салата од цвекло и морков, 1 парче црн леб вечера: пола од ручекот и супа п.с супата ја забораив за ручек па ја испив после вечерата која ми беше околу 17 ч. пошто мн,рано ручак ,12:30 ,.па нормално ,затоа што денов ми беше после водениот и мислев дека ке умрам за јадење 60 ден скробен доручек: 2 јаболки ручек : печени компири со кечап вечера: варен компир со кромид
Кхм....значи супата и немора! Јас првите 2-3 циклуса ја пиев и после веќе не.Не содржи ништо повеќе од соли и маснотии...таа коцичката има највеќе маснотии(fats).Солите потребни за организмот сигурно ги надокнадувате со солите во салатата(сега веќе не ни има салата а и да има исто така се става сол а пак во туршијата да не зборуваме),преку месото,чорбите итн....
24 ден - овошен Доручек: банана Ручек: бадеми Вечера: мандарина + чај од јаболко и цимет Да, еден оброк треба е 250 грама. Кога правам компири јадам 250 за ручек, а околу 100 некогаш 150 за вечера, плус салата. ме прејадува
2/90 - Скробен Доручек: 2 јаболка Ручек: Си направив манџичка со компири, малку кечап домашен, многу вагета и бибер и малку сол. и многу многу зелка салата. Вечера: за вечера ќе јадам исто од манџата и салата. + 2л вода .
25 ден - протеински Доручек: мандарина Ручек: 2 варени јајца, парче биено сирење, мала шоља јогурт, парче потпечено лепче и салата (2 листа марула, третина краставица и домат) Вечера: 1 јајце и салата (еден лист марула, остатокот од краставицата и доматче) Уште 3 дена до првиот воден, стварно не знам како ќе го издржам. Смеe да се пие незасладен чај? Или само вода цел ден?
Смее и чај и кафе дури, цедени сокови од цитрусни овошја поразредени и вода. На српскиот форум викаат дека дури и супа јадат од коцка за тој ден Јас најверојатно ќе патувам тој ден и ќе се обидам да си направам шише со минерална вода, многу малку газирана со два-три лимуна внатре и тоа да го пијам додека патувам и тие неколку саати пред и потоа. Оние викаат дека е многу лесно, а со оглед на тоа што имам досега држено водени денови со Лунарната мислам дека ќе успеам.
за вчера 24ден-овошен изедов 2 банани и цела тегла кисели краставички,им фрлив мерак нешто денеска 25ден-протеински доручек:2 јаболки ручек:батак и зелка салата вечера:исто како и ручекот
Денес ми е 3ти ден и се издржва,иако ме фаќаат кризи за благо. Едино е проблем количината. Иначе денес наместо пица за ручек јадев лебче и саламче+ кечап,се надевам се рачуна исто . за вечера планирам леб и мед и чајче со мед
Кој ви кажал дека пица се јаде во ЈХ денот асално ве излажал. Се јаде тесто, саламата е протеин и не е во овој ден, не е воопшто предвидена да се јаде. Нареден пат касни си некоја кифла, перече, геврече, пица ама само со кечап, евентуално растителен кашкавал става некој, печурки, зачини и тоа е тоа, никако салама и кашкавал. Во ред е ако еднаш се деси да се направи утка, ама глеј да не ти се повторува многу Инаку да си кажам, не е дека јас не грешам, односно не си приуштувам нешто што ми се сака, ама исклучиво во склоп на денот. Така денес си се почастив со екстра 10 костенчиња, ама имаше многу до вечера а мене патот низ Трговски и Рамстор ми се виде долгичок, па си зедов малку за мерак да каснам костенчиња Вечерата си беше вечера, сега ќе си вежбам и така си врват деновите од УН, се полесно и полесно
Па на почетна страна прочитав пица и си јадов салама и леб . Не знаев дека не треба иначе можам да издржам само кога се работи за количина ми е проблем. Сепак ми е ова прв круг од диетава,наредните пати се помалку и помалку ќе грешам.
Во ред е, ќе се научиш што треба, што не и да пишува, ама пишува пица со кечап, не со салама Се шалам, ајде сега знаеш. За количината и јас мислев исто, ама сега немам гајле, пример минатиот ЈХ едвај збутав за ручек една баничка со праз големина на четврт бурек отприлика, а потенка три пати беше. За вечера, за прв пат јас поделив со дечко ми парче пита, не можев да го дојадам. Се е ствар на навика, инаку мој совет, во првите ЈХ денови, додека те фаќаат кризи за благо, јади си нешто што навистина си сакала претходно, да си дадеш себе и награда и кураж за наредните денови, ако тоа е лепче и мед ОК, но мислам дека подобро ти е да се одлучиш за некое колаче или некое чоколадо, башка какаото ќе ти влијае на расположението Утре е големиот ден за тебе, прв па овошен Ти посакувам среќа
За пица, немојте класична пица, многу ќе дојде, ем салама, ем кашкавали, ем тесто Јас сум во план за другиден да си направам „пица“ со многу кечап, домати, оригано и кисели краставички, маслинки, значи некој вид вегетаријанска пица, и порано кога и да сум правела пица моите ја сакаат со цели парчиња домати и резанки краставички, па искрено тогаш саламата е изгубена некаде во вкусот, мене дури и ми е повкусна и онака не сакам парчиња салама да ми се претеруваат, кашкавал ставам многу Значи барајте некоја алтернатива, или каснете парче ама нека е колку без ич И јас навистина сум била во голема заблуда По јадење пијам вода, и тоа ми се случило и по две чаши одеднаш Отсега јок, јас не сум знаела дека е тоа лошо Среќа што газиран сок не можам ни голтка да пивнам, од пиење во огромни количини сега едвај и пола чаша дали ќе ја испијам, одма ме дуе и едвај го голтам, ми се запира. А верувајте се стремев кон тоа, така да сега сум среќна што го откажав За десет дена(колку што се мерам со шнајдерско метро) во обем сум намалена 1,5 Многу или малце незнам Денеска, едно парче риба за ручек со мнооооогу лимон, тоа нека е кај 150тина грама, и предмалку каснав едно лепче со ајвар пошто многу ме стегна глад. И попосле ако доседам ќе се напијам една чаша лимон и вода, некако ме „држи“ да не ми свират цревата. Утре ќе шетам, абер немам што ќе биде на мени, ама веројатно ќе си направам една чинија купечко пире и ќе го млезгам цел ден со неколку брокули.
Фала Ангел, баш ќе читнам по српските форуми деновиве да се спремам Оф, вегетаријанска пица, со ќечап и зеленчук. Без кашкавал и салама. Не се води толку по што може, туку по описот на денот на тој начин ќе научиш правилно да ја комбинираш храната. Значи во случајов денес имаш ден на Јаглени хидрати тоа значи секакво тесто, плус зеленчук и зачини. Пример: тестенини со доматен сос и нескробен зеленчук. Потоа вегетаријанска пица, или пита (јас си јадам со праз) можеш и некое солено пециво ( под услов да е без сирење, месо, кашкавал). Ама па затоа за вечера можеш што сакаш благо, торта или колачиња јас си јадам палачинка. Еве за да ти олесни ископирај си го ова: ____________________________________________________________________________________________ протеински ден: супа + јајца или месо динстано/печено или (риба;туна) и млечни производи + салата скробен ден(варен зеленчук): компир, пченка, грашок, грав, ориз, боранија, леќа + салата ден на јаглеродни хидрати: вегетаријанска пица(без кашкавал), пита или тестенини со доматен сос и нескробен зеленчук или пециво + торта или колачи или сладолед(може палачинка блага) + ред чоколадо овошен ден: овошје, сушено овошје, јаткасто овошје(пр:ораси, костени, бадеми, кикирики, лешници, ф‘стаци, макадамски; бразилски;индиски и јапонски ореви итн - максимум100gr поделено во повеќе оброци) ____________________________________________________________________________________________
55/91 Скробен Појадок: една банана Ручек: околу 150г можда и 200г пире без млеко и неколку пати каснав салата зимница од тегла(морков, краставица, зелен патлиџан и пиперка), ама само 4-5 пати каснав зошто не ја обожавам многу зимницава. Вечера: малку пообилна ми беше 3(средни се, ни мн. мали, ни мн големи) тутулиња посна сарма само со ориз + салата од компири, морков, пченка и праз. речиси се што е скроб имам изедено (да не ми беше слава немаше да ми биде ваква вечерата, ама јас поголемата количина на оброците не го сметам за прекршок и никој не може да ме убеди дека не се слабее така=штом се држам до денот не е страшно) Е сега, ако пченицата е скроб тогаш немам утнато, мајка ми за служење има направено бомбици од пченица и орев и адет било да земам и такви изедов 3 покрај вечерата, ако ми се прекршок, нека ми се наздравје и се нека ми појдат в гради само в бутини нека не одат ама како и да е, не е многу калорично мислам,само аман не ме тепајте ако ми е прекршок, всушност и не сакам да ми фаќате кусур за овие работи зошто се работи за мое тело на крајот на краиштата и да не должам многу тоа е за денеска.
Скроб е пченицата Лукс не се сеќирај, а инаку баш ќе прашав кај си те нема оно тоа слава ти било, вечна нека ви е славата и сеа наместо вежбање фрли се на чистење по дома. И не се сеќирај, ти си најстара овде во диеталскава дружина, никој не смее да ти писне
Фала Ангел, ајде повелете да ве частам, сарма, салати, кифлички и благо(ама ќе ги јадете според деновите), а тие што се на овошен ќе ви направам специјална овошна салата. Инаку за утре ми е ептен терсене, ама ќе се снајдам, кифли нема шанси да јадам, па затоа утре во среде тоа јадење ќе си варам јуфки. не ми е проблем, од благото нема да чепнам, ќе си јадам нешто подиетално.
поздрав луѓе нова сум тука ама од понеделник ве дружам со диетава .нема да ми биде прв пат па се надевам нема да утнам само полесно е кога имаш друштво