3/90 ЈХ Доручек: едно јаболко ручек: баничка со маслинки вечера: парче торта, ред чоколадо за готвење плус 2,5 л вода
#@$! Вечерав рано за да излезам најадена и од пуста стрв и мојата безосетмајка што ми влезе во соба со полн тањир интегрални грисини грицнав дури 3 во 1 наутро. Барем во јаглехидратниот ден да беше, тој ми е тек утре. Се нервирам
Вчера без никаква утка, како што ми беше зацртано така си јадев, дури и чоколадцето на крај си го изедов, темно, 70 % какао Денес, сеуште ништо не сум јадела, ама имам во план подолго да делкам една дуња, веројатно ќе направам голема салата од цвекло, морков, дајкон и трупка, само со лимон и сол. До вечер, можно е да си купам и лешничиња и бадемчиња, некоја туршија кај дечко ми и тоа е тоа. Битно рано сабајлечки си го одработив фитнесот, сега можам да уживкам
Вчера ЈХ ден, си ги изедов макароните со кечап, си носев темно чоколадо и доаѓам дома среќна, ме чекаат 2 домашни интегрални колачиња. Кога гледам, едното ми го мафнал г-дин кокиче, сакав да го истепам, ама брзо ми помина лутината, кога во ратните резерви си пронајдов ред милка со малина. И така, дојдов до половина 6/12 овошен ден. Се опремив со мандарини, банани, суви смокви и сливи, малку бадеми и јаболко (ги мразам ова јаболкиве, а како дете ги обожавав, ама тогаш беа вкусни, а сега ми имаат вкус на пластика и на смрдливо олово). И така, не знам дали ќе успеам денес да извежбам, зашто сум на пат на добивање на циклус, па... се чувствувам троа ружно.
61 ден ЈХ вчера доручек: 1 банана ручек: 2 гевречиња со малце ајварче вечера: 1 ред чоколада, 1 поголемко парче торта (се убаво си беше до тука се додека не каснав пица едно 3 парчиња , нарачавме со дечко ми и ич не му ја мислев , ама треба да добијам и само ми се јаде ке си пукнам од мака, единствено што се тешам е тоа што јадев ЈХ ) се почастив ,тоа е 62 ден овошен доручек: 1 јаболко ручек: 2 парчиња тиква , 1 портокал вечера: морков и цвекло салата (тоа планирам ,ама денес нема да прекршам )
За вчера 56/91 ЈХ Појадок: една банана Ручек:(покрај сите салати, сарми) јас си јадев тањир ипол јуфки со кечап Вечера(реков нема да јадам од колачињата, ама си викам колачиња се не се чоколади, и греота беше покрај толку луѓе и толку благо јас да барам нешто диетално): па си каснав 7-8 колачина на два пати, знаете оние мали со смеси од ореви, плазма можеби и црно чоколадо, каде каде се подиетални од чоколада, торта или баклава. Големината им е помала од топче за пинг-понг. И го поминав тој ден, денес сум на овошен и до сега имам изедено само една банана, после ме чека цитрон и после рапорт за цел ден. Утре ми е воден, па се думам дали да бидам цел ден на вода или да одам со овошен, ама по се изгледа ради патот ќе го држам овошен, а утре ме чека мерење.
5 ден -2 банани -салата од 2 јајца со јаболкова киселина,сол и пипер и едно лепче скроз танко + малкуууу салата и едно парченце саламa (ја заборавив супата ) - за вечера во план ми е едно јајце пс.коментари се добредојдени во случај на грешка освен за супата
Оф леле девојки мака си имам ги минав супер протеинскиот, скробниот и јх денот без прекршоци арно ама денес 8ми ден овошен се во ред беше до 18h а потоа 2 јајца пржени на око, ајвар пола тегла, пушена сланина, грицки, еклери слатки се шо најдам јадам и уште ми се јаде имам пмс и како ненормална сум се изедов... И уште сум гладна И сеа утре кој ден да го држам овошен или протеински ?
Продолжи си со протеинскиот, ама гледај да не ти се повтори ова, вака си се вратила цел циклус наназад, се у вода паѓа вака. Јас навистина не знам од каде ми е оваа воља, еве веќе 20ти ден, не сум помислила на прекршок а камоли да направам
27ден-јагленогидратен доручек: 2мандаринки ручек: пица со малку растителен кашкавал вечера: парче торта и витанова
2 ден - Скробен Појадок - 2 јаболка Ручек и вечера - варени компири со кечап Тиквата кај да ја сместам ,во што спаѓа(скроб или овошје)?
Тиквата е зеленчук поправо, ама богат со скроб, е сеа богат е и со растителни влакна кои многу помагаат. Ти смести си ја во овошниот ден, еве и јас сега ќе и се пуштам на мојата да ја искасапам и за вечера ќе јадам тиква. Убаво си пишуваше во хороскопот, дека ќе си имам проблеми пак со црвите во желудник, ама не се давам никако
57/91 Oвошен Појадок: една банана после : еден цитрон + две малечки мандарини после тоа + една мандарина + едно јаболко + еден портокал + за вечера едно јаболко т.е сеа пред малку( гледам да не јадам после 18, ама многу бев гладна) Си давам едно браво за мене што покрај толку јадење поставено на маса јас си останав при своето и не пробав ништо. Утре повторно одам на овошен, а ќе видиме ако не чувствувам многу глад можно е и цел ден на вода да бидам, ама ништо не си ветувам.
4/90 ovosen vo cel den imam izedeno 1 jabolko, dve mali kruski, 4mali mandarini, 2 banani , i 2 portokali ne napraviv nikakov prekrsok i mnogu sum srekna
Јас и Јуникчик се синхронизираме, ист ден денеска сме терале Кај мене во списокот уште 2-3 парчиња цвекло од тегла треба да се додаде.
27 ден - јаглехидратен доручек: јаболко ручек: тањир макарони со доматен сос вечера: четири mini 7 days кифлички со ванила и цреша и две коцки чоколадо за готвење
Jas тиквата ја мислев меѓу скробен и јаглехидратен и ја наменив во ЈХ Дека благи се ептен печени Јооој, Боже, асолно сум ја заплескала Денес, ЈХ ден, и навистина прееска си јадев една пица и пол со домати, доматчиња, доматчулиња и оригано, и босилек, а бе што ти не, само салама и кашкавал немаше Вечерва еден коњак и едно лепче со две маслинки, бев на слава, нешто мораше да се избере А бе се на се чурук ден Утре ами бетер, славиве се смрт за диетите, ќе се стремам да отидам после ручек, и ќе барам чаре да не ми стојат над глава со риби и баклави, ќе јадам нешто јаболко, круша И не се мерам сега, оти ко што почнав секој ден, ми иде ко за милиметар да се бесам Мерење ќе правам тек по две недели, мислам дека ќе е добро