Како бе, а кога легнуваш? А кога ручаш? Нема шанси да ја издржам диетава ако ми е последно јадење во 6 има вечерта да не знам што попрво да ставам во уста. Посебно во врнежливи саботни денови ко денес кога едвај во 12 се разбудив. Јас си се водам по правилото вечерата да не е подоцна од 3 саати пред спиење. Не може да биде исто за некој што станал во 6 и некој што станал во 12... нели.
Епа се издржува најмногу во јг, протеински и скробен кога и да сум станата и да вечерам во 18 не сум гладна вечерта. Ама во овошен се случува и покасно да јадам, еве на пример сега, во 11 јадев цвекло зошто ептен ми се јадеше, исто и вчера ЈХ вечерата ми беше крај 20, ама гледам да не биде после 20, тоа да биде најкасно. Кога сум од сабајле на факултет поручувам пред да излезам од дома(значи едно станување јадам)крај 7 часот, ручам крај 13, 14 најкасно 15, и вечерам крај 18, 17 и 30, ако сум ручала во 16 вечерам во 19. Треба само да се испланира, па ќе се постигне. И оброците ми се поголеми, мислам дека се држам до тоа 250г, некогаш и 300 можда јадам, не ги мерам точно, ама во главно секогаш сум најадена во скробен, протеински и јх.
Ајде нека ми е со среќа 1/90 Протеински ден П: две јаболки (мали) Р: две јајца,чинија супа и салата. В: едно јајце,пола чинија супа и салата.
Lux јас и ти значи сме исти во диетава, ко јас да си се читав како пишувам Значи потполно се согласувам со тебе и потполно сме усогласени во диетава И мене вчера ми беше овошен, 20ти, крај на 5ти циклус. Ама ти денес ќе ни бегаш на мене и на Јуник, со овој водениот или полуводениот што ќе го држиш Ајде ќе се снајдеме ние, големи девојки сме Инаку вчера во ниту еден момент не почувствував глад а цел ден бев дома, мислев ќе цркнам, може малку сосем кај 21-22 часот, ама го средив. Станав, изедов една дуња, покасно малку две јапонски, па 10тина бадемчиња, па две банани и две мандарини, салата од цвекло, дајкон, трупка и морков, му дојде како ручек тоа и на крај тиква печена. Ден ипол. А денес ќе биде друга песна, се мислам како ќе го издржам, значи 21 ден, протеински, почеток на 6ти циклус. Појадок - две мандарини и две банани, знам дека ми е многу ама имам прилично доста до ручекот кој денес ќе биде комбинација со вечера и така да мислам дека ќе издржам некако да не направам поголем грев Ручек - денес сум на роденден, прв, кај малата на колешката, се ми се погоди убаво со протеинскиот, ќе си каснам мевце таму, ќе каснам и некоја салатка, некое парче сиренце и ќе ми се погоди, ама тортата на крај Најверојатно ќе ја каснам, нема смисла, колешката ме предупреди да си планирам тоа да ми биде ЈХ ден, ама не иде. И така јас предвреме ви кажувам дека денес ќе ја уткам малку, ама сосем малку, ама па затоа вечер ќе вежбам троа повеќе и готово! Вечера - Ко што кажав, вечера нема да има бидејќи ќе утнам со ручекот па ќе се полнам со вода и чаеви, за да се истроши што е можно побргу и ќе вежбам и готово Видете колку сум фина, ви кажувам искрено, јас ќе ја утнам денес. Се шалам, свесно ќе ја утнам денес, ако успеам и ќе се обидам да не ја јадам тортата, да ми ја спакува колешката за ЈХ денот
Диетава трае 91 ден, после неа се препорачува 91 ден УН Одржување, за кое има и тема Дури после тоа мислам дека може да се повтори Ун диетата како што е класично, со 4 дена во циклус ит.н.
Девојќи јас станав пред малку и се уште не сум гладна, може за пола саат за доручкувам, па накј 16 да ручам и околу 20 само салата? Мора на 4ри саати затоа шо ми е протеински
Можеш да ручаш во 16, а да си вечераш половина од ручекот во 20, нема потреба само салата на организмот му се потребни и тие состојки што ги содржи месото. Денес држам овошен ден место воден.
Јас осеќам по фармерките дека 1 - максимум 2 килца имам скинато во рок од 5 дена,поточно денес 6ти. Иначе се осеќам некако многу исцрпено,овие калории се премалку за организмот со оглед на тоа дека ти треба енергија за учење,а воедно и нервирање. 6 ден -2 јаболка -варен компир(5-6 малечки/ средна големина) ,без леб. Салата не обожавам премногу и заборавам да си купувам. -вечера во план ми е пола од тоа за ручек ,па ќе видиме... Со оглед на тоа дека учам премногу овие денови си приуштувам поголема количина .
63 ден протеински доручек: 1 банана ручек: мало парче стек, малку кашкавал и 1 чаша јогурт, салата од цвекло и морков, 1 парче црн леб, супа вечера: пола од ручекот без супа и без леб
21/36 овошен Јадена сум само една банана, салата од една мала краставица и 10 зрнца аронија. Каснав и тенко мало парченце растителен кашкавал сега, мајка ми правеше некои стекови со кашкавал за ручек. Си тргнав парче на страна јас за утре, му се стрвам уште од сега
Здраво ! Додека пребарував на google за ун диетата ми излезе форумот и ми се допадна оваа групичка за поддршка, па еве ме и мене, се приклучувам на диетата.Нека ми е среќно
28/91 ОВОШЕН Цел ден имам изедено 2 банани и 2 јаболки, чаша зелен чај и 2 кафиња без шеќер Утре ми е воден ден па се спремам да го поминам со многу чај пошто вода и не сакам да пијам многу па во вторник на мерење да видиме колку кг помалку тежиме
Сега со Тинкербел се синхронизирам. 58/91 место воден, овошен Појадок: една банана после еден цитрон + 2 мандарини + едно јаболко + една банана + 7 урми + неколку парчиња цвекло од тегла + две мали карфиолчиња од туршија.
9/91 протеински доручек: 2 јаболки ручек: малку месо и слата марули + 2/3 кислели краставички вечера:месо и кислеа зелка и краставички ( мене вечерата пообилна ми испадна)
5/90 денес станав многу рано , околу 7 јадев едно јаболко, и околу 11 еден портокал.. ручек и вечера .. бидејќи имав многу обврски не стигнав да јадам два пати.. јадев околу 5.30 малку стек, и ајварче и една тенка кришка леб.. плус 2,5л вода
Дечки, доручекот треба да ви биде две исти овошки во пар или рака ситно овошје од еден вид. Туку ај да не мудрувам многу, 28 ден - овошен Доручек: јаболко Ручек: чајче од брусница и 15тина бадеми Вечера: Чекам да огладнам Си имам спремено микс од сушено овошје за до после или можеби една мала мандарина. Ме чека воден ден утре, а воопшто не ми се јаде. Се надевам ќе ме држи уште барем 24 часа состојбава Oва последново килце ме измачи.