Успешно завршен ден. Одвај чекам да ги стопам тие 6 кила и да дојди 20 ти ден да се измерам По мое сега имам сигурно 59 кила.
Вчера, 21 ден, протеински Ко што кажав, јадев повеќе овошје за појадок, ручекот и вечерата ги споив. Ама битно не измешав ништо, јадев исклучиво протеини на роденден и салата, на крај го каснав најмалото парче торта, ме гледаше чудно келнерот кога му кажав на мене најмалото, ама тоа е што е. Затоа денес малку пооскудно и така се до водениот ден, кој после овој прекршок дефинитивно ќе го држам. Инаку ова го сметам за мој прв прекршок, иако на самиот почеток имав еден, ама тоа беше само почеток и не си го ставам при срце, но оваа торта, не можам да ја наречам никао друго освен прекршок. Денес, 22ри ден, Скробен. Појадок - си спремив една преубава дуња, ама ништо, расипана, па ќе одам до продавница да купам некое овошје, најверојатно ќе биде само едно или две помали, кафето го испив заедно со пола литар вода. Ручек - ќе ручам пченка од конзерва, ќе си купам една мала од 100 грама од Тинекс и тоа ќе ми биде ручек денес. Вечера - знам дека можеби и ќе погрешам но нема да имам баш некои услови да јадам исто ручек и вечера, односно ќе морам да јадам различно, па така за вечера ќе јадам печена или динстана тиква, ќе видам за што ќе имам повеќе време. Тиквата ја јадам со две причини, богата е со скроб па ми се совпаѓа во денов, а и ми го регулира метаболизмот многу добро, а знам дека после вчерашниот роденден ќе ми треба подобро размрдување на метаболизмот.
4 / 91 Овошен ден Појадок - две зелени јаболка Ручек - јаболка и мандарини Вечера - јаболка и мандарини Досега имам симнато 3 кг .Пресреќна сум! Сега имам 61 ,значи уште 9 кг до посакуваната цел!
Да не бидам офф-топик ,идам на зумба 3 пати неделно ,пешачам многу ,дигам тегови ,правам 300 - 600 стомачни а наскоро ќе си го добијам и Орбитрекот - поправен!
64 ден скробен доручек: 2 портокали ручек: грав , зелка и морков салата, 1 парче црн леб вечера: пола од ручекот
- 1 кг за точно 7 дена Многу сум среќна со оглед на тоа што имам вкупно уште 4 за слабеење, мислам дека е супер темпо по едно на 1 - 2 недели 8/12 Скробен ден Доручек - 2 банани Ручек - грашак и салата Вечера - не остана од ручекот па претпоставувам салата
Мојот омилен ден -јаглехидратен. појадок-банана ручек-тестенини со кечап и 2 мали лепчиња со кечап на тостер (дури чекав да се сварат шпагетите) вечера -едно лепче за тост со мед мњам мњам и чоколадце а и чајче со мед ќе си сварам сигурно .
6/90 скробен доручек.. 3 мали мандарини и едно нескафе со многууу малку млеко ручек и вечера: денес од обврски пак не успеав да јадам... дури сега ќе седнам да јадам .. компири варени и малку ајварче .. па ако ми се пријаде покасно ќе направам салата зелка //
Денес на менито Доручек-1 јаболка Ручек-печено пилешко со 1 чаша јогурт и малку салата Вечера-печено пилешко со малку сирење тоа е се за денесс Прочитав во претходните постови за временто на доручекот,ручекот и вечерата Мене доручекот ми е кај 12h саатот,ручекот кај 3h и вечерата од 18h до 19h.И баш ми е супер можам да издржам без разлика што си легнувам многу касно кај 1h некогаш и 2h.Но ако при случај осетам глад си пијам вода или сумача без шекер........
59/91 Протеински Појадок: една банана Ручек: три помали парчиња стек и салата од урда, кисели краставички и печурки. Вечера: две помали т.е многу мали парчиња стек(му идеа колку едно парче големо) и од истата салата плус нецела шолја јогурт. И тоа е тоа, глад не чувствувам воопшто.
Јас пред некој ден тиквата ја сместив во овошниот, и многу добро ми дојде печена за вечера, ми се смири желудникот и заспав мирно. Денес откако убаво се растарашкав на нет прочитав дека како што веќе знаев е зеленчук богат со скроб, но не е на одмет да се смести и во овошје. Така јас денес, во овој преубав скробен ден во кој вечерав 100 грама пченка од конзерва, за вечера си дозволив еден деликатес, кој вика дека само во ЈХ денот може да се јаде слатко задоволство, м? Си направив пире од тиква и банана, се спремам за вежбање и ќе ми треба троа повеќе калории. Денот изгура, со една мала кифла пченкарна, која пак ја ставив во скроб со оглед на тоа што беше направена само од пренкарно брашно и вода, без квасеци и јајца, а во неа имаше тук там понекое маслинче, мислам не е некоја утка голема, а и да е, леб не јадам, не јадам многу работи кои би ми ја загрозиле диетата, и се разбира, пченката, затоа за вечера си ги почастив сетилата со пире со бурбон ликер
Јас се многу нервирам Згрешам чисто малку и според мене, цел ден ми е уништен и продолжувам да јадам што ми душа сака Ахх, макииииии........ Мислам дека ќе ми биде многу по лесно ако секој ден пишувам во темата, како и сите што правите, нели? Е така, утре, протеински ден, ќе ви пишувам
Браво Иви, за една недела и мене ме чека, ама искрено, едвај го чекам Мислам дека ќе ми биде многу лесно
1/91 прв ден го преживеав успешно доручек 2 јаболка за ручек 2 бутчиња и мноогу салата мешана супа не јадев си пиев зелен чај Мотивација ми беше вагата вчера ме уплаши ептен и сега сум упорна и одам до крај поздрав друштво утре е нов ден