УН Диета

Дискусија во 'Диети' започната од mKdevojce, 7 јануари 2010.

  1. megy24

    megy24 Активен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    9

    Со среќа ,верувај се исплати :) :*
     
  2. shangri-la

    shangri-la Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2012
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    31
    29ден - воден
    Успешно издржан и тука :)

    Како лесно помина, се изненадив од себе. Во другите денови знам и гладно да се почувствувам. Денес, ништо. Сите што се двоумат да го држат нека не го прескокнуваат не е страшно ко што звучи. Утре ќе ѕирнам што вели вагата, но одлично и гордо на себе се чувствувам :)
     
  3. shangri-la

    shangri-la Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2012
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    31
    Утринското мерење вели 55 кила. Тоа ми беше идеалната тежина кога ја почнав диетава пред 30 дена.
    Ух, се осеќам ко дека можам повторно да дишам :) Се двоумам сега дали да продолжам со режимот или пак да се вратам на нормална исхрана со овошје наутро.
     
    На Noemi и Ramante им се допаѓа ова.
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.912
    Допаѓања:
    110.206
    Пол:
    Женски
    Јас мислам да си продолжиш со тоа што нема до толку да се припотресуваш за оброците, односно не мора да внимаваш дали ќе јадеш или не количински 250 грама, дали ќе јадеш исто или не. Дури и да симнеш некое кило при врќањето на нормален режим, нели не по денови како УН, и да го вратиш тоа кило нема да се разочараш.Ти честитам за успехот!
    Јас денес 23ти ден, ЈХ
    Појадок - еден цитрон и една мандарина, кафе и водичка
    Ручек - пита со зелка
    Вечера - парче торта од роденденот на малата на колешката
    Морам да речам, се осеќам феномеално додека сум на диета, со физичката активност и со вољата, осеќам дека правам нешто за себе ;)
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    1.347
    5/91
    Протеински
    Појадок - две зелени јаболка
    Ручек - плескавици на скара ,салата од свекло и супа со морков
    Вечера - плескавици на скара и салата од цвекло

    Се чувствувам многу повитално и полесно ,се немам мерено 2 дена ,но во обем имам намалено 2 цм на половината и 3 на колковите. ;)
     
  6. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    13.012
    Пол:
    Женски
    Го привршувам и вториот циклус од турбово. Не оди лошо :)
    23/36- јаглехидратен
    појадок: 2 мандарини
    ручек: чинија макарони со кечап и оригано
    вечера: едно пингвин бар на Виталиа.
     
  7. Ivi.milo.mi.e

    Ivi.milo.mi.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2012
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    39
    во врска со водениот се согласувам со shangri-la, воопшто не е тешко,а се исплати,вагава утрово ми покажа минус едно ипол кило,ја би го држела уште еднаш,но нема да ме фати бидејќи нема да ја терам до крај диетава,доволно ми е да ослабам уште 2 кила :)

    денеска 30ден-протеински на менито за денеска
    доручек: 2 банани
    ручек: 3јајца и зелка салата
    вечера: исто како и ручекот
     
  8. Regenbogen

    Regenbogen Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    175
    Пол:
    Женски
    И ево мене опет! 22кг плус од саканото
    1/90
    овошје, месо со зелка салата, јогурт

    денес 2/90
    киви, компир салата со цвекло и морков, исто само помалку
     
  9. MissyC

    MissyC Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    13
    Успешно завршен првиот воден ден, без никакви кризи и слични работи :D Денес ми беше и првото мерење и вагата покажа - 5 кг :rofl: одлично само уште 10 до крајната цел :D
     
  10. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Доручек. 2 мандарини
    ручек: макарони со кечап
    вечера: вечер сум на роденден .. ке јадам 2парчиња торта
    плус 2 нескафиња.
     
  11. shangri-la

    shangri-la Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2012
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    31
    Благодарам, да се враќа што побрзо :lol: :lol: :lol:
    И јас истото го мислев, ќе свртам уште два три круга од режимов па ќе видам. Читав денес за одржувањето како оди, може и со тоа да почнам. Но не верувам дека би го терала 3 месеци, преограничено ќе се осетам. Ќе ви пишувам секако :D :)

    Не ми се верува со еден месец правилно распоредување на храната какви резултати добив, освен што се осеќам како старата јас и што можам да влезам во секое парче облека што го поседувам немам веќе ни грам целулит. Се утепав стискање во бутовите пред огледало и ништо. Сега кога знам колку е лесно, би осеќала грижа на совест ако си дозволам да се шетам таква на плажа.
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  12. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    140
    ^^
    А дали во текот на диетата јадеше чоколадо или нешто чоколадно ? :)
    Оти знам дека од тоа баш се добива целулит.
    Чисто информативно ме интересира ,бидејќи јас никако не можам да се решам од целулитот. :(
     
  13. Regenbogen

    Regenbogen Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    175
    Пол:
    Женски
    Unique го доиш бебчето?
     
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.912
    Допаѓања:
    110.206
    Пол:
    Женски
    Јас прв пат слушам за чоколадото и целулитот, иако мојата крема за целулит е од чист екстракт од какао. Инаку се препорачува во ЈХ денот да се јаде еден ред чоколадо за готвење.
    Да си кажам јас за денес бидејќи привршува денов, повеќе нема да се јаде по се изгледа. Си го завршив денот и повеќе од одлично, со се како што си планирав и со едно наместо две парчиња торта и еден ред чоколадо црно. Во име на диетата си го нарачав од Колектива Меџик Булетот, има да се слабее до даске, со смудиња, со сокчиња од цедено овошје и со здрава храна. Леле луѓе, колку се плашам да не ми падне еуфоријата како минатиот пат со Хербалајфот, не сте свесни. Утре е нов ден, крај на 6ти циклус, овошје, овошје и понекој зеленчук ;)
     
  15. Fallin-ForHisSmile

    Fallin-ForHisSmile Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    180
    Ајде од почеток, овој пат сум сериозна :D

    1/91 - Протеински ден

    Појадок: 1 мандарина и 1 чаша млеко, без шекер.
    Ручек: Туна во конзерва (околу 50 грама), половина краставица. Во туната додадов и 1 лажица пченка од конзерва, за вкус. Се надевам не е грешка.. Што мислите вие?
    Ужина: 1 чинија супа, без тестенини
    Вечера: Туна во конзерва (50 грама), малку шопска салата без сирење и 1 лажица пченка од конзерва во туната.


    Мислам дека овој ден ми беше успешен иако бев во големо искушение да се фатам за чоколадни бананчиња... Само ме мачи совеста за пченката.. Ах леле, се надевам утрешниот ден ќе ми биде по успешен :)
     
  16. A.n.g.e.l.a.V

    A.n.g.e.l.a.V Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.402
    Пол:
    Женски
    Јас вчера пауза си правев оти не бев како шо треба и убаво се инајадов
    и ете денес си продолжувам построго и решително
    10/91
    скробен
    доручек- 1 јаболка
    ручек- малку компири салата и
    сеа ќе вечерам марули салата може и некоја кислела краставичка
     
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.912
    Допаѓања:
    110.206
    Пол:
    Женски
    Пченката ти е скроб, друг пат не ја комбинирај. Утре продолжи си со скробен, не го почнувај денов одново ;)
     
    На Fallin-ForHisSmile му/ѝ се допаѓа ова.
  18. shangri-la

    shangri-la Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2012
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    31
    Чокохолик хроничен сум цел живот, значи по цело чоколадо на ден јадев пред диетава :) во последниве 30 дена од кога ја држам освен еден ред чоколадо за готвење на секои 4 дена имам изедено само едно парче чоколадна торта и 3 пати јадев палачинки со крем како десерт во јаглехидратниот ден.

    30 ден - протеински
    доручек: мандарина
    ручек: 200 милилитри супа, динстано пилешко со моркови прелиено со доматен сос и оригано, пола краставица, пола домат и едно парче диетален леб
    вечера: пола од ручекот без леб
     
  19. betiz

    betiz Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    4
    uspesno zavrsen 29 voden den

    Presrekna
     
    На Ramante му/ѝ се допаѓа ова.
  20. alisa222

    alisa222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    46
    65 ден ЈХ
    доручек: 1 јаболко
    ручек: баничка со спанаќ
    вечера: 1 кроасана, 1 ред црно чоколадо ,1 ред милка чоколада ,малку смоки и 1 кифличка со ајвар
    Вечерва имав напад на храна :D
    утре овошен ден ,ке се испоснам :D