УН Диета

Дискусија во 'Диети' започната од mKdevojce, 7 јануари 2010.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.931
    Допаѓања:
    110.262
    Пол:
    Женски
    Лукс, јас прокоментирав бидејки девојката имаше напишано дека сака да симне уште 10, мислам дека за 20 кила вишок, со УН држење ама баш и не толку ригорозно, туку како што ја држиме ти и јас, се симнуваат. Знам бидејќи имам колешка која е многу тешка на симнување килограми и со УН, држење и полабаво од нас две и без вежбање за 45 дена симна 10 кила. Но нели, како што кажавме, сто људи, сто чуди, можеби девојката и не ја држела ригорозно, можеби и правела повеќе пропусти, можеби и не, едноставно организмот и е таков. Јас досега за 24 дена имам симнато сигурно повеќе од 15 см во обем, се немам мерено веќе две недели, ќе се измерам викендов, а планирам насоро да се измерам и на вага, но не сум подоле од 6 кила сигурно, на каишот отидов две дупчиња наназад а во фармерките перени пливав, знаеме дека тексасот кога ќе се испере се собира, истите фармерки кои ми беа кнап пред еден месец и решив да не ги облечам додека не ослабам. Вежбам но не секој ден, преку еден или два дена, едноставно не можам секој ден бидејќи понекогаш и доста пропешачувам, како денес на пример, уморна сум, ладно ми е и не ми се ризикува да фатам бронхит повторно, а секако сум испешачила до работа сабајле 4 километра и назад уште 4, а живеам на Водно, па видите му го есапот. Ко што кажав и јас сакам да симнам 20 кила, ама тие 20 не сакам да ги вратам за 20 дена, па затоа долгорочно планирам, и Одржување и се што треба само да ги симнам.
    Е сеа да си кажам за денешниот последен ден од 6ти циклус, 24ти, ко што пишав сабајле, си понесов на работа 2 цитрона, 2 банани, 4 мандарини и 4 киви, све смачкав до 5 освен еден цитрон, го оставив за утре. На одење накај центар купив пакетче бадеми, 60 грама, ама пусто солени беа, се трудев, ги триев колку можам да ги одсолам и ги изедов сите. Испив едно турско кафе, еден чај од јаболко и цимет и сега испив едно еспресо. Изедов исто така дома една салата поголемка од кинеска зелка и една банана бидејќи мислам дека денес желудникот партали ми стана од киселини, цитронот и кивите беа хиперкисели, па и салава. До вечер планирам да испијам уште еден чај, од дива цреша и цимет, дивата цреша била добра за цедење на целулитот, да видиме и тоа.
    Веќе два дена немам вежбано, сосе денес, па се мислам малку за атер да го јавнам степерот, ама овие два дена ми е толку многу ладно и толку ми е тешко навечер, мислам цела се здрвувам кога ќе излезам од туш после вежбање.
    Ми остануваат уште 4 дена до водениот, си се спремам од сега со план и програма, идеи и се остало, а голема е веројатноста да го издржам, што се однесува до мене, ако не излезе нешто непланирано нели ;)
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.854
    Пол:
    Женски
    Jaс воопшто не сметам дека -10 килограми за 90 дена се само заради непридржување. Сите метаболизми се различни, не слабееме сите со иста брзина, исто како што не се дебелееме исто. И плус, не изоставајте го фактот дека конструкцијата и коските кај секоја до нас се различни и не дозволуваат или пак оставаат апла препознатливи разлики. Еве сум јас, после повеќе испробани режими и повеќе успешно-неуспешни обиди, знам дека не можам да ослабам 4-5 килограми за недела дена, а некои од вас можат. И знам дека потешко ми оди да го смалам обемот кај спојлерите(како инаку ги викате бе?) него ли рацете или друг дел. Исто и нозете, отсекогаш ми се такви, не можам да увидам никаква разлика нит со слабеење нит со дебелеење, исти ми се :?: Така да, битно е човек да се придржува кон одреден режим, во случајов на УН да се потруди да не меша продукти, ама и не може да се очекува дека секоја до нас ќе турне по 30 килограми за 91 ден. Има секакви случаеви, и секој си знае најдобро за себе :) Јас ја карав Лукс за одредени пропусти(по мое), и истите се трудам да не ги правам, ама таа сепак си слабее, онолку колку што таа зацртала и онолку колку што и дозволува организмот :) Значи, релативно е :)

    Иначе, 51 ден, ЈХ, две Атлантис чоколадца, две јаболка, пола банана, парче торта и две пекарски кифлиња, не мали, не големи, со многу сусам. Додуша измешани во текот на денот, ама условите ми беа тие, а и имав несовладлива желба за благо :$ Веројатно ми фалеше :)
     
    На Doozy, MarchelineAmaru и thinkerbell им се допаѓа ова.
  3. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    13.013
    Пол:
    Женски
    Во склоп на дискусијава погоре...
    Девојки, секој си има различен метаболизам. Некој за 2 недели може да симне 5 кила (дечко ми на пример, а сучка слаб е), а мене и водата ми се фаќа чинам.
    Друго, многу зависи од здравствената состојба, не настинки, туку малку поголеми работи. И КАКВИ :!: лекови се пијат. Знам по мене.
    .....

    24/36 овошен
    Многу ми е фино кога сум цел ден излезена во овошен ден. Немам време да мислам на јадење :)
    Појадував 2 портокала, подоцна пиев чај, па една свежа краставица, мандарина, па уште еден чај.
    И толку. Ниту ми се јаде, ништо.
     
    На MarchelineAmaru, Doozy и kate21 им се допаѓа ова.
  4. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    1.347
    Денес ми е скробен ден ,на роденден сум и знаете што - И ОДОЛЕАВ НА ТОРТАТА!
    BTW , лебот го исклучив од диетата.
    Прашање - дали во скробен ден моѓе да се јадат пиперки пржени?
     
  5. megy24

    megy24 Активен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    9
    26ти-ден
    Добро помина
    Доручекот го скокнав
    Ручек Макарони само варени без нисто ги јадев
    Вечера 1 парче торта и 3 ишлери денес не можев да се воздржам на благото
    после накај 23 саатот само една сумача таблета
    тоа е се за денес :hai: :)
     
  6. Ramante

    Ramante Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    60
    3/91 ден за благо јееее абе радостии ме изедоа посрекна ме нема.си доручкав 2 јаболка за ручек макарони со љутица мммм и за вечера мислев ке изедам многу ама не ми се јадеше чудо некое затоа може и ладно олку и си изедов замо 4 наполитанчиња малецки .а денес ми е овошен ден и мислам дека лесно ке го поминам
    поздрав
    а да и да се надоврзам јас лани ја држев диетава и повеќе од 8 кг не симнав и тоа строго држење ептен си стигнав до мојте 53 не беа 52 ама супер ми беше и сега се надевам на ист резултат
     
  7. cinderella5

    cinderella5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    3.018
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да си ги прашам овие што веќе ја имаат држено диетава Trendafilka, AngelOfArh, kate21, thinkerbell, JuLleE, LuX, anabel-a.. :D
    Може да се јаде ајвар и вториот ден, скробниот?
    Еве мене денес ми е 10 ден, скробен. Сабајле јадев 2 мандарини, сега јадев пола од златната мешавина (морков, грашок, пченка) и ставив пола рака печурки со кечап - томатело и кришка ипол леб.
    Е сега сакав да прашам, за вечера треба пола од ручекот, ама може нешто друго или мора пак златна мешавина..? |(
    Исто, сакав да прашам за протеинскиот, може на пример месо со павлака/сирење или јајце со павлака/сирење да се меша? :?:
    И за овошниот, тиква печена смее? Знам дека не треба исто насабајле да се јаде како бананата, ама за овошниот смее? :worried:
     
  8. Regenbogen

    Regenbogen Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    175
    Пол:
    Женски
    Мене па денес тешко ми оди...а и носов нешто ко да ми е растечен.... :( овошен ден ми е, додуша и додека одев на нутриционист ми го одземаше овој ден зашто психа ме фаќа.....најверојатно и сега ќе биде протеински....
    4/91
    појадок: 1 јаболко па чај па 2 портокали па кафе
    до тука сум......до вечер ќе пишам пак :)
     
  9. Minareli

    Minareli Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    19
    znam deka prasanjevo ne e za tuka ama nemozhev da najdam soodvetna tema.
    so bulija se slabee ili samo se odrzuva linijata?
     
  10. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    1.347
    Не е возможно ова што ми се случува.
    Пред 3 -4 дена се мерев ,бев 61 ипол ,вчера се мерам 62 кг!
    А се гледам дека сум намалена спрема минатиот пат кога се мерев.
    Сигурно имам ставено на мускулна маса ,друго објаснување немам.
    Не правам никакви прекршоци ,лебот ми е елиминиран од исхраната ,се си јадам како што е пропишано.
    Патем ,денес ми е 7 -ми ден ,јагленохидратен.
    Појадував две зелени јаболка и кафе незасладено.
    Ќе ручам макарони со кечап ,а ќе вечерам кроасана.

    И да ве прашам уште нешто - она со мерењето - го мерете јадењето подготвено или пред подготовка (оти ,на пр. компирот или макароните кога се варат примаат вода и тежат повеќе)?
     
  11. alisa222

    alisa222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    46
    67 ден протеински
    доручек: 2 портокали
    ручек: 2 јајца, ајварче, 2 парчиња кашкавал и 1 парче црн леб
    вечера: 1 јајце ,ајварче, сирење, 1 парче леб :)
     
  12. megy24

    megy24 Активен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    9
    Дали ке може да ми кажете во кој ден може да се јадат костени ??? :)
     
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.931
    Допаѓања:
    110.262
    Пол:
    Женски
    Прво, ајварот демек е салата и може да се јаде било кој ден, ама јас не сум го јадела многу многу, освен еден ден во ЈХ ден, значи девојките го јадат секој ден мислам, се разбира освен овошниот бидејки сепак се прижи со зејтин.
    За костените, тие се скроб и се прилично калорични, јас неретко знам да заменам дури и оброк со нив, два пати мислам, вечерав костени, а и претходно, пред диетата често за вечера си имав костенчиња ;)
    Е сеа, да си кажам за мене. Значи не знам што им е на луѓево, кога не држев диета ми викаа дебела сум да пазам, сега кога држам па да не сум се разболелаа, да сум си јадела подобро, ништо не било тоа што сум јаделе. Инаку мене не ми е проблем да јадам она што ми е пропишано со диетата, ама ич, не ми сака организмот повеќе, се навикнал.
    Денес, 25ти ден, Протеини, последен циклус пред овошниот, и можеби ве отеков со ова броењата на деновите и циклусите, ама мене ми е полесно така и пошто ова го доживувам како еден вид дневник си пишувам вака.
    Појадок - еден цитрон и една банана, шоља кафе, вода
    Ручек - иако планирав да ручам покасно, ме зезнаа на работа, ни снема струја и морав да ручам рано бидејќи веќе имав купено, а ручав сендвич со салата и кашкавал, е ова ми е единствениот оброк во кој ми влегува леб, бидејќи лепчето за сендвич не е класично како овие за сендвичи туку е баш како лепче. Потоа сестра ми запна касни и едно лепче подпечено, го каснав, со сиренце. Исто така испив и еден чај од дива цреша и цимет, прочитав дека е добар за целулит.
    Вечера - бидејќи имав купено супа инстант за на работа и како ни снема струја ми остана супата, па така за вечера ќе ја изедам супата и ќе си направам салата од она што ми остана од вчерашната зелка. Секако доста ручав па нека ми остане ова за вечера ;)
    Исто така за денес ќе спремам и ручек за утре за на работа, скробниот мора да помине вака, нема друго чаре :P
     
    На MarchelineAmaru и cinderella5 им се допаѓа ова.
  14. shangri-la

    shangri-la Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2012
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    31
    Дечки денес ми е трети ден после водениот и треба да ми е јаглехидратен, но бидејки почнувам да одам под 55 килограми со тежината решив да преминам на одржување каде што и вториот и третиот се скробни. Така што веќе нема да ви пречам во темава :lol: Благодарам многу за подршката во последниве 30 дена и ви посакувам успех на сите :)
     
  15. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    140
    10 ден


    -сабајле-1 јаболко големо
    -ручек- компири варени со ссалатка,домат и кромид
    -вечера(вчера ја прескокнав ) па изгледа и денес...ако ми се пријади ќе си каснам уште некое компирче :)


    бтв кај мене се гледа резултати само на стомакот ,колковите ми се поизразени (коската т.е) имам помалце сало . :D На нозете се уште не се заприметува некоја голема разлика. :^)
     
  16. Ivi.milo.mi.e

    Ivi.milo.mi.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2012
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    39
    32ден-јагенохидратен
    доручек:2 мандарини
    ручек: геврек
    вечера: 4 мали баклавички и ред чоколада
     
  17. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    62/91 Овошен
    Појадок: еден цитрон.
    Ручек и вечера две во едно: 10 урми + 1 банана + 1 портокал + неколку виљушки салата од краставици(ја купив во Рамстор, ама за ништо не чинеше, мирисаше на пластика и изгледа дека вештачки растени, како трева да јадев и ги оставив инаку 200г имаше)
    И тоа е за денес, плус 2 нескафиња едно сабајле едно крај 18.
    И можда попосле ќе пијам една чаша шумечи.
    p.s на листава додавам и цвекло, сега ми се сојаде, па тоа ќе јадам сеа.(каснав 2 пати т.е 2 парчиња од тегла и ја испразнив теглата, аш цвеклото, се изеде :lol: )
     
  18. A.n.g.e.l.a.V

    A.n.g.e.l.a.V Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.402
    Пол:
    Женски
    12/ овошен
    доручек- јаболка ипол
    ручек- портокал ипол и после 2-3 саати една банана
    вечера- 1 јаболка ете сеа ја изедов па ако пак ми се пријаде попосле може уште една
     
  19. A.n.g.e.l.a.V

    A.n.g.e.l.a.V Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.402
    Пол:
    Женски
    Исто и кај мене кога јадам да внимавам, а сеа да сум јадела иди па разбери се :D
     
  20. Ramante

    Ramante Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    60
    4/91 овошје цел ден убавини посита не сум била не знам од кога само се си мислам претерав со бадемчињата ама ајде наредно нема ке гледам да земам 20 гр само :rofl: еј ама ладно денес како кај вас поздрав друштво утре е нов ден