да да,обавезно ќе стартувам и реков,секој ден ќе давам отчет во темата Морална поддршка за сите што сакаат да ослабат и во Диетата на Ирена оти планирам пак да го држам тој режим,оваа УН ќе ја забушавам,знам јас знам шо ѓубре сум
27/91, ЈХ ден, почна со две мали мандарини и две банани, морав да доручкувам пообилно бидејќи започна да ми се врти одвреме навреме и да ме здоболува желудник ужасно многу. Нејќам да мислам дека е од диетата бидејќи многу ќе се разочарам, па затоа во Четврток на проверка на крв, предверидбено , да знаат луѓето што си зимаат дома, документирано со резултати од крв, притисок и ехо снимка од гинеколог Навистина, вчера околу 10 кога ме стегна желудник абе мислам дека господ го видов, никогаш не ме здоболело така, а неколку дена уназад така ми се стемнува пред очи, стварно се уплашив И на тие две мандарини и две банани дечко ми се крстеше, зарем ова ќе те најаде ми вика, ама јас не подпаѓам под слатке речи и да си каснам едно јајце пржено ко што ми нудеше он Појадок - две мали мандарини и две банани, и тие не беа нешто големи Ручек - дечко ми ќе јаде болоњезе а јас шпагети со кечап само тоа е кој игра фудбал ко неарен е си јаде болоњезе Вечера - е за денес и психички и физички сум се спремила, обично претходните денови кога ќе се заберев, ќе јадам ова она, на крај ќе пројдев со едно чоколадце, ама сеа си земав ролат од 7дејс, ќе каснам две поголеми парчиња, колку третина ролат да му дојде, потоа ќе си изедам едни мали чоколадца што ми се ќе си ги поделам со дечко ми нормално и еден ред од чоколадото за готвење. Значи мене никогаш не ми се десило да делам чоколадца со некој, поготово не Линдт чоколадца, ама ете, секоја навика има и одвика. Отидов јас на пладневно вежбање
12 ден - овошен 2 банани до сега во план ми е едно големо јаболко ,банана и салатка домат и кромид до вечер
27/36 мислам. Овошен Болувам денес. Грло залепено, нос затнат, грозница. Имам изедено една мандарина, една банана и половина краставица. Кило чај мислам дека испив. Ќе каснам сега малку кисела зелка со буковец и тоа ќе биде се за денес најверојатно. Буренцено со зелки почнав да го празнам пред време
добро вечер на сите како прво да ви кажам мрзам саботи сека денес сум на работа од 9 до 19 и убиена сум .втор момент кога си цел ден на работа е што мора да носам јадење од дома и така сабајле по ладното јас некое куче најлончето со сарма посна и држ се дан паднеш муабетов снег до колена ладно лудило е така си ја кажав маката сега за денов 6/91 појадок 2 портокала ручек сарми посни е салата не праев нема услови немет ренде хихх и за вечера и изедов цвекло салата сега чекам маж ми да си дојде од работа и да свртиме едно крукче низ градов снежен се може сега не е ладно ептенски поздрав
69 ден ЈХ доручек: 2 јаболки ,си ги исецкав на коцки и им ставив 1 лажичка мед и цимет ммм ручек: јуфки со кечап (некако рано ручав затоа што рано станав, настината сум ,носот затнат уффф) вечера: си изедов 1 парче проја ,огладнав неможев да не каснам уште малце , 4 ресани и 1 ред црно чоколадо и толку за денес Некако ослабнато се осекам Утре овошје , најлесно ми е за мислење ама најтешко за издржување али до сега немам прекршено овошен ден , се гордеам со самата себе
5/91 протеински вчера појадок: 2 киви, 2 мандарини, 1 јаболко, кафе вода и чај (станата бев рано) ручек: пушена скуша и зелка салата вечера: јогурт 6/1 скробен денес ама јас бев на ручек и си го направив пак протеински појадок: 2 киви, 1 портокал, банана, кафе, вода, чај ручек: зелка салата, супа со карфиол и брокула, ребра вечера: чај со мед п.с. малку појачав зашто сум настината
вчера 11/90 јх доручек 1 потрокал ручек. 2кифли и малку ајвар вечера. 4 колачиња денес 12/90 овошен за денес имам 2 банани, 3 портокала, јаболки и крушки па ќе видиме
Петти ден-протеински д-индиски оревчиња р-туна риба (мала конзерва) в-туна риба (мала конзерва) +турско кафе, со една лажица шеќер, една јаболка. Шестти ден-скробен д- 1 мандерина и 1 јаболка р-пченка в-грашок со малку сирење(немав салата) +1 турско кафе со шеќер Седми ден-јх д-една јаболка р-просеник и тестанини со маслинки в-3 чоколадца Осми ден-овошен денес , видно ослабена, 2 кг, мераци , уште едно и ве напуштам
Си ја утнала со сирењето во Скробниот, ама па тебе и не ти треба многу, за едно кило и не е страшно Ти можеби и не си имала потреба да се ставаш на диета кога за една недела си симнала 2 кила, само малку режим. Само внимавај, штом толку бргу си изгубила да не се зезнеш сеа и да ги вратош назад, не прекинувај веднаш и не се враќај веднаш на стариот начин на исхрана, барем исто толку колку што си држела диета продолжи а и продолжи некое време на овошје само за појадок
Да знам дека беше грешка али времето ладно не ми се идеше салата да купувам, лебот го исклучив а грашокот само варен беше без никакви додатоци така да, си простив Инаку планирам уште еден до 2 циклуси да ја држам и потоа пак овошје за доручек и преполовена вечера .
Епа редно е денов да го означам. Денес 28ми ден, утре Воден, денес се дружам со вочките и салатките Што денес на мени? Мммм... Досега едно кило може мандарини, не знам за доста жими све, сабајлево една банана и еден цитрон околу пладне некаде. Колку еден грст или два бадеми цел ден, имам уште еден сигурно ама ќе ги послужам гостите што ќе ми дојдат, ќе им направам тиква сега со бадемче, со малку румче, потпеченка И варено винце, за мене ќе си одвојам само винце, неварено една чаша, ептен не можам да ги одбијам, кумот и кумата де а на нив ќе им направам со многу овошки внатре и варенко Довечер најверојатно ќе мцнам и една салатка, за атер да не речам не сум јадела, дека имам таман за уште една салата, морам до Среда све да мафнам оти си идам дома и храната ќе ми иде у канта, значи салатка со цвекло, моркови, дајкон и трупка, со лимонче и со солче само, мераци И утре големиот ден, од дома ќе си понесам лимончиња, една вода минерална по пат ќе си купам, некое портокалче може ќе исцедам бидејќи прочитав на српскиот блог дури и супа од коцка бистра може да се пие, но претерано ми е тоа, сепак не е вода, а соков некако ми е лесен. И тоа, нека дојде, јас го чекам. Бидејќи без кафе не знам да поминам ден ќе се напијам и кафе турско сабајлечки утре
35ден-скробен доручек: 2 банани ручек: компир манџа и кришка интрегрален леб вечера: пола од ручекот изгледа после нова година ќе треба да си купувам нови фармерки,сите ми станаа широки
70 ден овошен доручек: 1 јаболко ручек: 2 портокали вечера: зелка салата Додека си легнам може да каснам и компот од праски , ама некако со сила јадам ,немам апетит од настинката.
5/91 - Протеински ден Појадок: 1 лимон Ручек: Кајгана со 2 јајца, 1 домат Вечера: 50 грама туна, 1 домат 6/91 Скробен ден Појадок: 1 голема јаболка Ручек: 1 тањир супа од леќа, шопска салата Вечера: пола тањир супа од леќа Сакав да прашам дали може да се сменат 2 дена, например, протеински, јаглехидратен па скробен или секогаш мора да се по истиот редослед. Наредната недела ќе одам на роденден, незнам што да правам Ако не може, ќе се снајдам некако
не смееш да го менуваш редоследот на деновите, а и во протеински ден за ручек и вечера треба да јадеш исто . Позз и срекно со диетава
И јас мислам да не го менуваш, зошто ти е ЈХ денот за една торта, добро де касни малку торта побарај го најмалото парче, не мора да изедеш којзнае колку, јади само салата, ете за атер некое кифличе и готово, ама не менувај, така на организмот му треба многу повеќе да се врати во нормала отколку што мислиме. Мислам дека беа потребни цели 4 дена да се врати во нормала. Е сеа, за јадењето едно та исто, мислам дека не треба да е толку страшно, јас скоро никогаш не јадам едно та исто па има резултати, може нема да ослабеш 30 кила за 3 месеци, ќе ослабеш 25 ама па тоа е. Јас едноставно не можам секогаш да јадам исто, а кога можам се трудам навистина ама ете тоа е, пример во протеинскиот често знам да изеда еден сендвич со кашкавал за ручек а за вечера нешто слично, исто мислам и задутре да направам, за ручек да јадам изварка со пиперки или едно јајце внатре, а за вечера мевце, кога си на работа е ужасно тешко да се снајдеш Е се мислев денес да не пијам да не пијам од вареното вино и се напив, ете уште еден прекршок, ми се чини трет ми е поасален, за еден месец, многу е ама што да правам. Се тешам дека не ставив многу шеќер, дека не беше слатко и дека испив една чаша само. Но ќе си го имам на ум за некој ЈХ ден за вечера, добра идеа, не ми текнало Инаку салата не јадев, сега ќе изедам една банана дека желудников у петици мислам ќе си го најдам. За утре сабајле планирам да исцедам некој сок сабајлечки, некој портолкал, лимон, да го нарамам чајот од нане и на работа на труд, попладне сигурно нема веднаш да се приберам дома, нема шанси да доседам дома а да ми се јаде, ќе си пијуцкам водичка колку можам и тоа е. Што се однесува до водата, деновиве испив може 6 литри вода, зборам за викендот, ич не ми е тешко да ја пијам и многу ми помага, поготово со желудникот, на кратко ми ја успорува реакцијата, па така наместо денес да згнетам 4 банани само со 2 ќе завршам работа
7/91 jх п: портокал, јаболко, киви и мандарина р: 2 варени ѓевречиња и салата зелка + марула в: пуканки