posle 34 dena postignat rezultat od 6 kila ( mislenje) dali e dobro ili ne,a mi trebaat uste samo 3 kila
Добро утро ете ме и мене 7/91 помина една недела се мерев сум ослабела цели 2 кила и плус во 1 до 3 цм абе пресреќна сум д.2 јаболка р. тањир фусили со тобасцо оо се најдов убавво в.како добра домаќинка направив куглоф и си каснав 1 парче
Бетиз не е лошо, продолжи додека не го постигнеш посакуваното и некое килце плус да намалиш нема да ти биде на одмет, и да го вратиш после нема да ти биде мака Е денес е денот Д, 29ти, воден, како ќец на десетка ми дојде загноениот заб и Вибрамицинот кои треба да ги пијам со најмалку еден литар јогурт и се разбира обавезно после јадење Извини забче, ама мене линијата ми е поважна од тебе, ќе те вадам ако треба ама нема да потклекнам, во план ми е ако недајбоже припаднам да изедам некое чоколадо темно, зошто така? Чоколадото ќе ми даде инстант енергија и ќе ме крене, повеќе од било кое јадење во количина, но не го зимам здраво за готово тоа, ептен ако припаднам, иначе се друго може да се издржи Мене искрено утрата и појадоците ми беа најтешки, сега помина се супер, пијуцкам водичка и кафенце, имав во план да пијам цеден сок од цитруси ама сабајлево не ми се стануваше а камоли да цедам сокови Инаку прочитав на еден форум дека водениот ден може да се замени со ден во кој јадеш што сакаш, мижи митро си реков, ама па има логика, нашиот организам е навикнат да јаде по еден та исти терк и доаѓа до стагнација поради тоа, демек овој ден ќе го измести од колосек и ќе го натера одново да работи. И после на истиот форум го прочитав она дека со секое мешање на храна на организмот му требаат 4 дена да се врати во колосек, што го знам и од претходно, па ми стана сомнително, си викам овие лупаат безвезе. Сакав да ви испртам линк да прочитате ама во моментот ми снема струја и него најдов повторно линкот. Колку повеќе читам толку повеќе се збунувам, нема повеќе за мене Гугл и Рисрч
Ќе бидам оффтопик ама... AngelOfArh тетрациклини не се земаат со млечни производи/јогурт ЕДИТ: Млекото, јогуртот, сирењето и другите млечни производи го ублажуваат штетното дејство на антибиотиците. Но, антибиотиците од групата на тетрациклини се спојуваат со калциумот од млечните производи и ствараат грутки, кои неможат да поминат низ sидот на тенкото црево и да навлезат во крвта.
11/91 Јаглехидратен ден Појадок - две зелени јаболка Ручек - ќе манџам макарони со кечап Вечера - 7 Дејс кроасан
Поради неможноста да соопштувам што како и поради тоа што не запишав, не паметам од петок што јадев, ама знам дека за протеински јадев месо и печурки и некоја салата за ручек и вечера, за скроб јадев манџа грашок и салата, а си поткаснав и варено цвекло, за јх веге пица домашно направена со домати и печурки(ама ми беше мн вкусна) и за вечера јадев 4 многу мали палачинки исто како 2 големи со мармалад и оревчиња и дека ми беше порано вечерата после организмот ми побара уште благо и си приуштив една гранула бар на виталиа и едно албени што ми го купиле гратис, па и него си го каснав, тоа не спаѓа во група на забранети слатки, само тоа, од сите други што се забранети од типот на чоколади, тулумби, еклери, марс, сникерс, крем, шампити и тоа е се што ми текнува моментално од благо. бла, бла, бла битното е што не направив прекршок. Денес, 66/91 Овошен Вкупно изедено: една банана за појадок една сега после вежбање значи вкупно 2 и две јаболка. И 2 нескафиња од кои едното сега го пијам И ако ми се пријаде ќе си олупам и еден портокал. Тоа е тоа за денес
Уф тежок овој воден ден, не отидов на слава дека знам дека ќе биде тешко, сите ќе ме прашуваат зошто не каснеш, а зошто не јадеш, касни, нема да ти биде ништо... Не сфаќаат они дека јас сум решена овој пат Тешко беше не дека не, едно кафе, еден чај, многу вода и сега еден сок испив ама јас си го цедев си го мучкав, морав, не можев повеќе да издржам, мислам ќе се онесвестев, ќе испијам уште еден покасно. Едвај го чекам утрешниот ден, не знам вечерва како ќе заспијам Сега ќе си направам уште еден чај од нане и за вечер ќе испијам еден бедоксин да ми се смири малку желудникот. Можеби овие сокови и не ми требаат ама многу ми е мачно да го поминам, не знам зошто така, сум имала водени денови во Месечевата диета и не ми било волку тешко, а ова не се издржува лесно. На српскиот форум читав демек полесно им било во воден него ли во овошен, ма како бре, јас вчера супер си поминав
36ден-јагленохидратен доручек: 2мандарини ручек: 2 потпечени геврека вечера: 2 сникерс чоколатца (требаше едно,но како и секогаш неможев да им одолеам ) и ред чоколадо за готвење
Ах, јас сум толку тврдоглаво створење што не може да постои. Го испив сабајлечки со пола литар вода и пола дармфлора растворена во чајче. Испив и кафе и уште многу вода. Денес сеуште не сум осетила страшна болка во желудникот ама од утре дефинитивно ќе го пијам фино најадена, за таа цел си спремив од сеа бананки и пржена изварка со едно јајце за ручек, за вечера најверојатно ќе јадам нешто на мекици кај што ќе идам, ќе гледам тоа да биде претежно протини, но не можам да одбијам една мекица, сепак за детето да јаде ќе бидат Ако не одам дефинитивно ќе биде супер, ама тешко дека ќе може да избегнам, мекици и слава во едно Инаку од утре пак на исто со Луксче а?
7/91 ЈХ Појадок: 2 мандарини Ручек: Една мала пица, вегетеријана Вечера: 2 колачиња, но не јадев чоколадо
Мене ме фаќа страшна криза за чоколадце,денес ми е скробен ден..Дозволено е во мали количини чоколадо за готвење? До сега не сум ја прекршила диетава со благо ,само еве се ближи колоквиум и некако нервозна сум.
Јас од утре од ново ќе си ја почнам и така си грешев, па ако можете вие да ја издржите зошто не и јас? Ааа па доста си попуштав сама на себе, ее па претерав, лето само белки и јогурт јадев па издржав 3 недели ( и тоа баш на слава, кај шо јас правве слатки, печев кифли) ама инат си бев и ќе продолжев ако не ми се нарушеше организмот. Па колку лигава сум станала а 75 кг сум и висока 163цм, па шо се замислувам. Доста со лигавење ми се јаде ми се пие, ова, онаПа од пм сбило и слични глупости, став никаков немам епа не може вече така. Можам и сакам . И баш ми е гајле и да се онесвестам за јадење ( иако не верувам ) . И никаква нова година и ништо ен е важно, јас мо=ам и ќе успеам А како да ставм слика, не е на нет од дескопот ми е?
Ама не претрувај сега да се онесвестуваш, башка оваа диета не ти дозволува да се онесвестиш, добро освен во Водениот ден, како ми е тешко леле мори мајко, на кој и да се пожалам сите викаат епа касни што се замислуваш, ама не иде, досега сум издржала ќе издржам уште малку
Па така само пишав, знам дека нема шанси, не естрога, не е како јас лето шо бев. Ама така како тебе сеа шо си јас таков инат бев. И сеа ќе бидам. И одлучив и . Ааа па јас цел живот свиња ли ќе бидам. Инаку ти си ми многу голема мотивација. Алал да ти е
Ти благодарам имењачке, се надевам успевам позитивно да влијаам на многу од вас Инаку завршува мојот прв воден ден, со природни цедени сокови, ама тоа е, не можев поинаку никако, со тие јаки антибиотици и страшна забоболка, добро и што не се насочив на оној српски начин, јади што ти душа сака за да го шокираш организмот Си легнувам со лек против болка и бедоксинче, а утре? има да изедам две риби на слава и цела салата пред мене ама од блачкото нема да пробам, ветувам Иако можеби претерувам со пишување овде знам дека ме сфаќате, многу ми помага што пишувам овде, некако се осеќам како некому да му должам да му прераскажам и не сакам да ве измамам со некоја коцка чоколадо или забранета храна
71 ден протеински доручек: 2 мандарини ручек: кулен ,кашкавал , зденка и леб вечера : исто и јогурт Неможев да издржам веке и си кснав од омиленото јадење, 2 месеци да не каснам кулен и денес си ја исполнив желбата и не се каам ,сепак и тоа е мевце . и не ме карајте