скробен 2/91 доручек- 2 јаболки и зелен чај ручек- пола чинија леќа и кисели краставички и чај од камилица вечера- пола од ручекот ( краставички малку повеќе) и сеа ќе пијам чај од нане
9/91 Протеински ден Појадок: 1 јаболко Ручек: 2 јајца, 1 кифличка, 2 тркалца кулен Ужина: 2 чаши јогурт, 1 чаша супа Вечера: 3 тркалца кулен, 1 кифличка Купив витамини, од оние витаминските шумливи таблети, без шекер. Мислам дека не пречи во диетата, нели?
10/91 скробен п: 2 киви, 2 јаболки, 1 портокал + кафе, вода р: ориз - ама пошто немав време да правам, ептен бев зафатена, купив од оној готовиот во кам што го има, во кеси.........го правам брзински и се најадов ама некако чуден ми дојде....кога читам позади имал 30 % тестенини .....се покајав 100 пати леќа што не си сварив..... како и да е плус зелка салата имав за ручек.... в: си сварив малку компирче па си направив пире со зачини и тоа. п.с. сега гледам дека на скробен ден имало и малку леб, па ваљда тоа ја ублажува ситуацијата од ручекот
2/12 Скробен ден, за доручек едно јаболко. За ручече ќе правам салата со варен компир. И измеѓу мноооогу чај! Замена за вода ми е, и така периодов дека сум настината, за нигде сум со синусиве - така да вода не можам да поднесам нешто многу. Чуден човек сум јас Ќутете, добро е, ми се повлече стомачето не сум како подуена веќе. :geek:
Вчера 21/36 протеински, а јас на две слави Појадував едно јаболко. Ручек на слава. Две парчиња печен ослич, со салата од кисела зелка. Чашка греана ракија (полна е со шеќер, ама дедо ми официјално ми ја пренесе традицијата за правење на нашата греана ракија, ја правев, па ќејф ми беше да пивнам) Вечера пак на слава. Me држеше уште од ручекот, па каснав само едно малечко парче риба, опашката изгледа беше. И за крај каснав едно баклавче минијатурно, долго 3 цм, широко 1,5 см. Денес 22- скробен Пак ќе појадувам јаболко попосле кога ќе излезам. Затоа што и за ручек ќе бидам излезена, најверојатно ќе си купам коштанчиња, околу 250 гр, 150 за ручек, 100 за вечера. И така. Се ближи крајов и на турбово, јас 3-3,5 кг симнав само. Нема врска. На пролет пак, можеби со Аткинс, за уште едно 5-6 кг, а дотогаш одржување
Само што се вратив од лекар, ми стигнале резултатите за крвта.. Хемоглубинот ми е 95, докторот ми рече сите диети да ги прекинам. Јас сум скоро убедена дека диетата не ми наштетува и не сакам да ја прекинам.. И од дома ми вршат притисок. Изгледа ќе морам да ја прекинам, да направам пауза а навистина не сакам. Да ја држам диетата на иренна, нели е подобро? Кажувајте чаре, разочарана сум...
13/91 Скробен ден Појадок - две зелени јаболка Ручек - салата од краставица и грав Вечера - исто ,само на пола
73 ден ЈХ Вчера доручек: 1 банана ручек: геврек вечера: пица и 2 реда чоколада Некако ми се јадеше солено, а и дека рано ручав, а и рано вечерав па си одлучив пица , ама и благото не го изоставив. 74 ден овошен денес доручек: 1 мандарина ,1 банана ручек: 1 јаболко, мандарина ,лимон вечера: лешници , бадеми
За вчера: 68/91 Скробен Појадок: едно јаболко Ручек (прв пат во 68 дена јадев пржени компири) единствена мана што се пржени, ама тоа е, значи околу 250г пржени компири со кечап. Вечера: исто толку од компирите плус печурчиња. Уште еднаш ќе кажам не сакам опомени за количината, не пазам многу, компирите многу малку ме заситуваат(односно секогаш во скробен ден сум најгладна, веројатно скробот не ме заситуват, додека во протеински сум најнајадена и со 100г месо се прејадувам). И тоа беше за вчера. Денес 69/91 ЈХ. Појадок: еден портокал. Сеа пред малку ручав: 2 малечки интегрални кувани ѓевречиња и една сусамка. Вечера: планирам да јадам од тие славските колачиња што немаат големина ни колку едно јајце, од нив планирам 5-6 да изедам. И тоа е тоа за денес, плус едно кафе и едно нескафе вечер и сеа ќе си варам чај со мед. Stay motivated!
Јх 3/91 доручек- 2 мандарини и зелен чај со лимон ручек- 150-200 гр шпаѓети и 2 лажици ајвар и чај од шипка вечера- околу 17ч изедов еден кроосан 7days и ред кухинско чоколадо, и сеа пред малку ред кухинско чоколадо и чај од камилица ќе испијам и толку за денес
Ангел ви е овде, не ве заборави Знаете како е кај мајка на гости, од сите страни вишак храна ви се нуди. Вчера екстра каснав костенчиња и пченица од слава, ама не многу количински, сосем малку, колку да не ме гризе желудник. 32/91 ЈХ ден Појадок - 3 мали мандаринки, големина на еднаипол мала и сосем малку ајварче, тетка ми се крстеше гледајќи ме како не ни посегнувам по храна додека они појадуваат ајварче и сиренце со топло лепче, па каснав малку од ајварчето да го пробам Ручек - тањир јуфки со кечап, ммммммм Вечера - и до вечера, тук там понекое чоколадче од на внука ми календарот со чоколадциња, ги знаете оние од кои отварате секој ден по едно, епа внука ми ги отвори сите во еден ден Каснав и четврт кифличе кое исто така ми остана од внука ми А за официјалната вечера, малку повеќе од пола чоколадо, млечно, го поделив со внука ми и со мајка ми, дефинитивно внука ми е чокохолик До вечер, свечано обеќам дека нема да каснам ништо веќе Од физичка активност имам само чистење навелико
40ден-скробен доручек: 2 киви ручек: пире со многу многу кечап, пред диетава многу не го јадев пирево,а сега го обожавам вечера: на пола од ручекот
11/91 јх п: 2 киви и 2 јаболки р: печени ролнички со кечап, сусам и оригано - без салата (грешка голема зашто се почувствував празна некако) па си сварив супа од морков и фиде и вегета в: пуканки и чоколадо +ред за готвење во меѓувреме вода, чај и кафе дефинитивно најмногу си ги сакам протеинските денови......со тежинава некако стагнирам нормално ли е....
Regenbogen воопшто да не те загрижува стангирањето! Нормално е за секој тежина, барем така искуството и другите искуства така кажуваат. Ако нема напредок после стангирањето има намалување на поголем број кг. Нека не те обесхрабрува тоа, само продолжи како што си почнала и ќе ги видиш вистинските резултати од кои ем ќе бидеш изненадена и ќе сфатиш што ти зборувам ем ќе бидеш среќна што конечно нешто што правиш за тебе вредело и се исполнило! Нормално е за 11 дена да нема резултати, висинските резултати ќе ги видиш после 20тиод ден, а може и после 30тиот. Само храбро сите, нема откажување!
Додуша 4кг отидоа веќе, безобразна сум што се жалам, ама овие денови ем се чувствувам гладна, ем стагнирам.......значи ова скроб, благо, јх ич не ме заситува (освен леќа и грав), дај бре риба, месо, павлака, јајца, да се знае чија куќа мрсно јаде
Вчера ја утнав...Ми беше скробен ден и јас наместо само гравче се натупав и кикирики ,потоа и тортичка (ко раванија ,ама не парена) ,мајко мила, кој знае што ми беше! Од денес се враќам во нормала ,јх ден ми е ,појадував две јаболка ,ќе ручам и вечерам макарони ( пошо вчера се нагнетив благо ,денес нема смисла да јадам опет ,што ќе рече вагата )
41-ден јагленохидратен доручек:2 банани ручек: 7дејс мини кроасанки вечера: сникерс и бидејќи немав чоколада за готвење изедов ред милка и да се пофалам моите омилени фармерки што не сум ги облекла цела година,повторно ми се точни