Какво бегање бе, и празници ќе си терам на диета, што има врска што се празници. Денес на крштевка како ми се погоди протеински, милина 78/91 Протеински Појадок: еден портокал + еден тањир супа со киселина (не е предвидена во појадок, ама си каснав) Ручек: две мали парчиња стек + 2 парчиња похован кашкавал + 1 парче похована зденка плус едно поховано сирење мислам беше со внатре маслинка + две парчиња тиквички + две парчиња пилешки прсти. Вечера: две парчиња стек + две зденки. Плус кока кола + нес кафе. И покрај тоа, се слабее луѓе, не се лишувајте од се, нема потреба од толку лишување ако не ви се брза во слабеењето, пак слабеете полека, но сигурно. Клучот е во: ненадминувањето на онаа количина на калории колку што ви е потребна за внес во дневни потреби во калории + придржувањето стрикно до деновите со по некој мал прекршок од типот на прекршоци јас што ги правам, со по некој сок или кафе, во јадењето не, затоа што тоа е најглавно. Одиме понатака.
ете ме и мене нема врска празници време се нема вчера 20/91 овошје прекрасно ананс сув 2 пакетчиња 1 мандарина и 2 киви ама и 2 скопски бев излезена и како ми дојдоа ммм тмн денес 1 јаболко и тоа едвај 1 бутка со цвекло салата и вечера цвекло салата со ајварче и најбитно се мерам сабајле 56,5 кг оооо радост невидена за една недела 2 кг има да ја терам диетава не сисам зива сила поздрав девојки
Така жени, само така, ич да не се откажувате Денес супер ми започна денот, со две мандарини и банана, сеуште ме коси онаа дијареа и се си мислам од диетава е, ама не се давам. 42/91, Скробен, мојот омразен ден. Појадок - две мандарини и банана, кафе и вода замислете уште не сум пиела, испив и еден чај од нане со мед и лимон. Ручек - грашок, мевцињата ќе ги јаде Буце јас само грашоче и водичка. Вечера - ај да не речам ќе ја уткам, да не речете си врза оваа укрпче, ама најверојатно ќе ја уткам, гледам рецепти за Чизкејк, може да улетам на НГ журка со чизкејк и вино, така да денешниот ден пиши пропало, ама па еднаш во годината е НГ И жени, ако не сакате да изгубите 50-60 кила, да не претерувам, ама ако не сакате да стопите ептен многу, и да направите грешка не е страшно, јас ги правам и слабеам, ете тие што ме пратат во Модни критики можат да кажат колку сум ослабена за месец дена колку ја држам диетава, се слабее, навистина се слабее многу, само треба да си ставиш во крпче, денови кои можам правам утка, ама денови кога нема смисла да уткам, па што јас ќе се правам паметна и ќе ја грешам, нема смисла, затоа малку повеќе памет во глава и добра воља и се се може. Јас си дадов малку слобода до водениот ден или Божиќ, после и јас ќе си се вратам на старото, со повеќе ригорозни мерки и со повеќе граници, само така се успева, друго нема И да се редактирам денес е мојот 43ти ден
СРЕЌНА НОВА само убавини да не следат вчера ми беше 22 ден и си јадев сармички посни издржав и не ја пробав тортата мада плунка лачење ненормално затоа денес ќе си јадам Како си поминавте за Новогодишната ноќ ? Ве поздравувам сите и сите желби да ни станат реалност оваа година
Среќна Нова женчиња, повеќе изгубени калории, помалку желба за непотребни калории, помалку сантиметри во обем и секако, повеќе чичњеви и стомачни и се разбира 6ки на стомак Јас новогодишно добро поминав, да речам не грешев ќе бидам грешна, грешев и за прв пат осетив што значи тегоба од мешање на видови на храна, количински не изедов многу, ама сите тие протеини, јаглехидрати и скробови што ги изедов ужасно ме удрија по желудник Денес 44ти, ЈХ, за појадок за прв пат не јадев овошје, не знам што ми бидна, ја изедов салатата од морски плодови од синоќа, абе тешко било откако ќе се научиш на еден тертип да ја прекршиш после. Денес не знам што ќе јадам, ќе ја уткам сигурно, ама затоа утре овошен нема прекршување и од задутре идеме на Турбо УН. За вечера итекако ќе ја јадам тортата што самата ја направив, Чиз кејк, мммм, многу е лесна, некалорична и вкусна, бидејќи нормално ја правев со павлака со ниска масленост, бисквити за подлогата Велнес и слично
Среќна Нова на сите нова сум во форумов ве пратев цело време и почнав и ја да ја држам диетава Нова година ми беше воден ден и ја издржав па сакав да ве прашам дали некој може да ми одговори дали смее да се јаде руска салата сега за празнициве и кај спаѓа во кој ден или нетреба ни да помислам и некој кој ја има издржано цели 91 ден колку има осабено поздрав до сите
Спојлер 80/91 Скроб Појадок: една банана + две мандарини Ручек: салата од компири, пченка, морков и грашок. Вечера: истото + после тоа пиев сок . 81/91 ЈХ, уште точно 10 дена до крајот. Појадок: две мандарини Ручек: еден тањир макарони со кечап Вечера: неколку вида на благи работи од типот на колачиња од славата што остана, 3 "ружички" баба ми што ги прави потопени во шербет + две парчиња интегрален кекс со овесни снегулки од витаминка како другово да не ми беше доволно благо. Ама не изедов се наеднаш. И полека си дојде крајот на диетата, уште точно 10 дена, па после одам 2х12 турбо, па после тоа се префрлам на одржување.
21 и 22 ден ги заборавам ке се правам ко да сум била некаде на викенд во неможност да јадам здраво Продолжувам и во новава година да ве дружам диеталки, значи решив да не почнувам од почеток туку да продолжам со 21от ден - протеини п. јаболки / портокали / киви р. парче свинско + салата в. јогурт, некое јајце и сл.... значи на 02.02 јас сум 21 ден - ја завршувам на 12 март- дотогаш се надевам на голем минус во килажава секако ако не правам вакви излети ко изминативе 2 дена
Девојки и јас од утре ви се придружувам на диетава морам да симнам 7-8 кила толку ми останаа вишок по породувањето и ми сметаат ми се допаѓа диетава што со се изобилува и ќе можам секој ден различно да јадам и така ќе имам и поквалитетно млеко така да од утре ќе ви пишувам секој ден
Мислам дека не ти е паметно додека доиш да држиш диета, консултирај се со гинекологот или некој друг лекар, ама како ќе го издржиш овошниот, како ќе ги издржиш водените, ај ќе речеме тие нема да ги држиш ама без овошен ова не би било диетата. Почекај уште малку а дотогаш комбинира нешто од диетата, односно не мешај видови на храна, појадувај претежно овошје, барем оној прв оброк нека ти биде една до две овошки, вечерај порано и тоа здрава вечера, но немој да си направиш проблеми со тоа што ќе ја држиш оваа диета. Руската салата со мајонез не е препорачлива да се јаде во никој ден, тоа е мешање на скроб со протеини, башка што е многу масна, мајонез и слично. Но во среде славење, кога масата е преполна со масни мевца, салами, крем салати и благи, изборот се стеснува. Мој совет, или одолеј на сета таа храна или кога веќе не си почнала не ни почнувај, почекај нека помине славјево па почни, така нема да ти биде мака кога ќе погрешиш. Инаку јас си каснувам и од грешнава салата и си каснувам и благо во неблагиот ден деновиве, затоа одиме пак на воден ден и сериозно придржување на диетава Мене денес 45ти ден, Овошен, од утре на Турбо Ун, не само што забавив со намалувањето туку и прилично се опуштив околу Нова Година и веридбата, си дозволувам можеби да погрешам на Бадник и Божиќ, зависи што ќе ми се падне, но ќе целам кон тоа да не јадам многу. Уште помалку од две недели до вториот Воден ден, и конечено последниот голем циклус од диетава. Пред да кажам нешто околу мојата авантура наречена УН, да кажам дека денес на работа имам понесено две банани, две мандарини и две јаболки, решив да ги јадам едно по едно, до 4 саат. Потоа имам кафе со сестра ми и за вечера ќе јадам салата од цвекло и морков со сол, лимон и маслиново. Е сеа за диетава, пред да ја започнав си мислев кај јас ќе издржам 91 ден, па тоа водени денови, денови на овошје, па јас сум таков гурман, се нешто сакам да си каснам, да си зготвам.... Но бидна, ја започнав ко од шала, се разбудив и си реков од денес сум на диета. На почетокот ми беше тешко, ептен тешко, но како минеа деновите јас се полесно издржував, помина и славниот воден ден, помина и мојата веридба и НГ и куп слави и славја, јас си додржав. Во периодов сменив многу навики, се преселив во нов дом во кој навиките за храна се сосем поинакви, но наидов на големо разбирање од страна на главниот кувар на кујната, свекрва ми. Не е лесно, но кога сум на форумов некако како да заборавам на тоа, гледам дека може, ја гледам Анабел-а, а богами и Лукс, во Модни критики, па си велам можам и јас. Моите килограми значително се стопени, останаа некои тврдокорни масни наслаги кои целам кон тоа да ги стопам како желатинот кој се топеше завчера за мојата Новогодишна торта. Знам дека ќе успеам, имам многу силна воља и огромна желба да го облечам мојот бел фустан за една вечер и да блеснам во него. Девојки, само едно е потребно, да имате силна воља, се другото фрлете во вода, сите тесни маички и сите шари на хеланките кои се разлеваат на вашите бутки од што не се наменети да ги покријат тие масни наслаги. Ако не започнете денес, ќе започнете утре, задутре, како мене можеби после една година откако ќе ги прочитате сите наши успеси, но едно е најважно, да започнете. Можеби звучам како Мис на свет кога посакува мир во светот, ама многу сум среќна на мојата одлука да ја започнам диетава, првата половина беше супер лесна, за вторава не се сомневам
И јас ја почнувам токму од денес. Неможам да чекам да поминат празнициве па да ја почнам,сега дури имам желба во мене сега е моментот. Од подоцна ќе се вадам за со школово а кога ќе ја почниш и ќе ти поминат 20 дена и после и да сакаш ќе ти биде жал да ја прекиниш.За на школо ќе се снајдувам,еве вие сте тука да ми давате совети и да ме поддржувате. Сакам да прашам дали смее телешко да се јаде,пошто прв ден ми е и како да го приготвам? Дали можи нешто како гулаш со кромидче,лукче..?
Да, само мислам дека ќе биде многу тешко како гулаш, зошто само не го издинсташ со многу малку масло, повеќе вода и зачинче. Знам дека гулашот е прилично тешко јадење затоа ти давам ваков совет, па подобро твоето делче испечи си го на малку масло, па прелиј го со вода и зачин и нека прокрчка, како шницли да му дојдат динстани.
Би ти препорачала да си продолжиш да не почнуваш од ново. Ако постојано почнуваш одново нема некој ефект, на организмот му треба 3 циклуса од 4 дена да започне да се однесува како да диета и да троши континуирано, не за џабе циклусите и во Ун и во ТурбоУН и во одржување се така направени да 12 е секогаш заокружена бројка од циклуси, во првиот 3 циклуса во вториот случај 4 циклуси и во третиот 2 циклуси. И ќе излезе дека јас по цел ден висам на форумов и чекам некој да пише за да вратам, ама навистина денес многу сработев Е што да правам кога на секое едно слободно временце јас проверувам диеталките што ми прават
Устата ке си ја залепам со лепак,само за да не јадам! Вие,диеталките ми сте најголема мотивација,најголема! Затоа не се мрдам од темава,цело време ке ве читам. 1/91 Протеински Доручек: две мали јаболки. Ручек: супа,две варени јајца и салата. Вечера: супа,едно варено јајве и салата.
еве ме и мене повторно,денеска почнувам отпочеток затоа што за толку кратко време успеав цели четири килограми да вратам,но ако ми е сама сум си крива..знам дека многу погрешив,но сепак знам дека ќе успеам да ги вратам овие килца па вака денеска 1ден-протеински доручек: 2 мандаринки ручек: туна и кришка интрегрален леб вечера: исто како и ручекот
Охохооо...па ти па да почнуваш од ново нема смисла, шибај си, јас не би ни помислила да започнам одново. Прва грешка ти е ова? Алал да ти е Јас правев грешки, ама сега засега нема мака, не сум осетила дека враќам, што е нормално почнав да стагнирам, па ќе почнам утре со Турбо УН, и желба ми беше некако да ја пробам и турбото, па ќе видиме
Ја држев и Турбо УН и на Нова Година ми беше водениот ден, секако дека нема да бидам на вода баш на Нова Година.... Сега ке си продолжам потоа пак ке сум на Турбо УН