1/90 - Протеински Појадок: 3 мандарини Ручек:Динствовано телешко со кромид и домати. Вечера: Салата и пола чаша јогурт. Знам дека вечерата и ручекот треба да бидат исти ама не ми остана од месото ,мајка ми цело во чорбата го стави
Денеска 82/91 ОВОШНО-зеленчуков е мојов. Се вкупно во текот на цел ден, секако не одеднаш: 2 банани една сабајле една вечер, 2 јаболка, 1 цитрон, 3 мандарини + салата од крастивици и патлиџан + тањир ипол цедена супа без резанци со киселина. Плуса чај со мед + топло нес, а утре ќе си правам ладен нес, 2 месеца сигурно немам пиено, ме фати мерак, ионака протеински ден ми е. И секогаш во овошен ден, не сум толку гладна, ама дека немам онака асално седнато да јадам, ме фаќа стрв за некоја одредена храна, и само ми се вртат некои рецепти во глава, па сега пред очи ми излегуваат пилешките прсти што ќе ги јадам утре и други јадења, а утре ич нема да ми се јаде, ова секогаш ми се случуваше во теков на диетава, а интензивен глад никогаш не почувствував во текот на овие денови. Ќе се мерам на 91от ден и од прва рака ќе бидете известени колку сум симнала, зошто знам ги интересира сите што ја држат. Уште еднаш ќе кажам дека не ми беше битно брзо да ослабам и затоа не се придржував строго иако тоа си го ветував на секој циклус и бројката не ми беше битна иако сакав 5ката да ми биде напред како што си беше и пред да ги качам тие кг и сега тоа го остварив иако сигурно уште 5кг минус ме делат до бројката што ја имав кога си бев идеална, ама јас и со уште -3кг ќе бидам задоволна, т.е кога ќе влезам во облеката што ја носев пред да се здебелам тогаш ќе бидам потполно задоволна, сега уште не сум иако изгледам прилично добро. Во рок од 7 месеци вкупно, јас покачив сигурно 10кг, а 7кг сигурно успеав да симнам, на што сум многу горда. Си правам јас осцилации, ама знам и догло да одржувам иста тежина. Се надевам дека ќе ги ослабам и овие 3-4кг што ми останаа и после тоа ќе си одржувам една постојана тежина. Сите можете да успеете ако сакате, знаете што е потребно за тоа, да не ве трујам пак со упорноста и со трпението, ама не е на одмет и да се повторам. Ми се брои ситно до завршеток, после тоа одам 2х12 турбо УН и после тоа сум на одржување пресметано до 06.05.2013, уште од сега табелата ми е спремна, само да ја залепам на фрижидер и да почнам со одржувањето. Во одржувањето рачунам да ослабам кило до две и пред одржување со турбото ако ослабам од 2 до 3кг ќе биде супер и повеќе од доволно. И така, се расприкажав на долго и широко, ама немојте сеа за празнициве да ме оставие сама да пишувам, дружете ме, договорот беше дека ни празниците не смеат да ни се спротистават и да ни ја уништат диетата, зошто ако се сака цврсто, ни празник, ни ништо и никој не може да не спречи да си ја држиме. Продолжете само со добра волја и со силна мотивација, ќе успеете!
Tука сум, сеуште Да се жалам или фалам! Јас сум си на диета, ама пошто стварно ми беа деновиве крш, смислив начин како да избегнам катастрофални грешки и мешање, е сега колку ми е добар начинов, не знам, ама битно не се чувствувам угоена иако сум во пмс, скрос сум си зарамнтеа како што треба. Е, вака направив, ги прераспоредив деновите, имав два овошни по ред, па после имав ЈХ, па скорбен на 31(среќа што јадењето во ресторанот беше ужасно, фала им, ми помогнаа при борбата да не се фрлам на јадење за моите 1600 денари ), вчера имав протеиснки, со семеен ручек и сите салтанати, денес пак овошен, ама прекршен малце, стомаков ми е ептен празен зашто јадев премалце изминативе денови, дури и ме болеше желудник, па си дозволив едно парче погача И сега ми продолжуваат таман деновиве, на прв ден Божиќ нема да избегам, ќе си јадам мевце со сите на маса, баш ми се погаѓа Е така со уште речиси 20 дена до крајот на УН за мене, јас имам или 7 или 8 килограми помалце, вагата во два дена ми покажа две бројки битно во минус
23/91 Едвај го чекав каква торта напраев а да не ја пробам тоа чудо е значи доручек 2 јаболка ручек 6 кифлички и вечера 1 и пол парче торта арно ама вечерта излеговме и пиев винце па уште едно па уште едно лелее се опив и ми се пријаде и изедов 1 кифиличка не можев да издржам а вчера 24/91 овошен на мени овошје а секаде маси распослани со јадења и јас најстрвниот човек на светот издржав си јадев 2 банани 2 јаболка 2 портокали и ананс сув 1 пакетче е така денес ке јадам месо ммм едвај чекам ручек гладна легнав цревава ми пеат серенади од сабајле се ближи водениот ммм малце паника ме фаќа ама мислам дека ќе издржам поздрав до ситее
46/91, Протеини, прв ден ТурбоУн Појадок - една банана и две мандарини Ручек - оној мој прочуен сендвич со лепче, кашкавалче и салата или нешто млечно Вечера - ќе зготвам нешто сигурно ама не знам што ќе биде, ќе се трудам да биде барем приближно до кашкавалчето Вчера супер помина овошниот ден, со трите врсти овошје по 2, плус две парченца тиква печена, малку бадем и лешник непечен и салата од цвекло и морков, испив две кафиња и еден чај од калинка. Многу ме болеше глава и рано легнав, не осетив никаков глад, не осетив малаксаност ама притисокот ужасно ми беше паднат, глава ме болеше и ужасно ми се повраќаше, не знам што беше тоа ама тешко беше да се издржи
25/91 протеински како и дојде месцето после алкохолот мхмхмхмх се најдов и кашкавалчето сто ме гледаше симпатично деновиве и тоа си го доби значи сита сум јееее сега нешто чајче и филмче поздрав
2/90 Скробен ден Појадок: 2банани Ручек: ориз и слата од зелка Вечера: салата од зелка и лути пиперки Па не е тешка диетава само упрност бара се надевам со ваша поддршка ќе успеам да ја издржам цела со мали отстапувања, а за два циклуса ќе се мерам и ќе ви кажам резултати
вчера: 22 скробен п. портокали и киви р. пире и салата цвекло со морков в. нешто забушавав денес: 23 јх п. овошје р. макарони со сос (томатело со зачини) в. нешто од пакетчињата на малава
Мене водениот ден ми се паѓа за Божиќ, ама ќе ми биде или протеински или скробен, не планирам воден да држам. Денес 83/91 Протеински Појадок: една банана Ручек: неколку парчиња пилешки прсти + две парчиња кашкавал + една зденка + малку сирење + јогурт. Ептен се најадов Вечера: бев на роденден в кафана, па ми се погоди денот и изедов едно парче стек и две парчиња кашкавал. Плус кока кола, газирана вода ич не можам да пијам, а вода да порачам на роденден не ми оди, па така се одлучив за сокот, и плус едно нес кафе. Тоа е тоа за денес, утре одиме со скроб и ситно бројам до крајот.
Да знаете колку пати ја почнав Турбо Ун минатиов месец и ја прекинав на пола, а што е најчудно не дека многу ми се јаде па да ја прекинам туку онака, ни сама не знам зошто. А се чувствува разлика, можам да кажам по само 6 дена од диетата а пак цела да ја држев, или дупло . Не знам, јас околу 64-65 се вртам веќе со месеци наназад а не ме задоволува тоа. Сакам до 55 да стигнам а и си треба и затегнување, планирам да го продолжам фитнесот за некој ден. И здравје. после Бадник ќе ја држам Турбо Ун. Не само за тоа, очајно ми треба и здрава храна, празнициве ренде го направив желудникот. Па и проблем што си имам со холикобактер. и морам да кажам браво за Лукс , читам со месеци наназад се придржува на диетата и здрав начин на јадење. Иако реално женска не ти треба никаква диета, ама знам како е тоа женска психа . Во секој случај браво за придржувањето.
БлекСван5 а Ун стандард си ја држеше претходно или? Пошто Турбо Ун како само диета не е препорачливо да се држи, тоа е режим кој се уфрлув во среде диета за да се забрза организмот, нели после некое време се навикнува на овој режим и стагнира. Пример јас го вметнав сега 12 дена пред вториот Воден, и се практикува исклучиво пред вториот и третиот Воден ден. Но ако тебе ти делува супер, држи си го, само сигурна сум дека со 91 ден стандард УН ќе смнеш повеќе од неколку пати по 12 дена ТурбоУН. Мене денес 47/91, Скроб, мојот омразен ден, последните два успешно ги ескивирав ама вчера сум си направила таква леќа што нема шанси да ја утнам. Појадок - 3 мандарини, ама не ми беше паметен избор тоа, осеќам некои слабости во желудникот, ќе треба изгледа до после да купам и една две банани, само да не го расипав со вчерашниот мешовит оброк за вечера мислам мешовит од мешани протеини, не од мешани врсти на храна, се разбира неизбежно е кафе и вода Ручек - мала конзерва пченка варена, тоа ми е најлесно на работа, ако издржи срце јуначко да пројде покрај печените костени на плоштад ќе биде супер, ама се ми се чини дека денес ќе имам закуска од печени костени Вечера - чинија леќа, ама полна до врв, се зезам, секојпат така се накострешувам и на крај каснувам едвај пола чинија Инаку за вечерата од вчера, на маса ги извадив сите протини кои ги имав во фрижидер, месо, јајца варени, сирење, кашкавал, пиперки во павлака, маслинки, со плус ајварче, не каснав од се, ама наравив добар микс, сега ми е помалку страв дури, ама тоа е што да се прави, се си мислам јајцата не чинеа.
да се немало карактер вчера не издржав со чајчиња само и изедов 2 парчиња каќкавал и 2 парчиња врат знам не прекршив ама па и тоа не ми требаше во 23 да јадам се ближи водениот се си мислам дан зае,ам нешто ама ќе дадам се од себе да успеам денес ми е скробен за јадење грав на мени ммммм ајде поздрав и ќе ви пишам дали сум издржала а кава баклава напраела свекрва ми ммммммммм ајде ќе издржам до утре
Леле што читам...кашкавали,вратт,салами,виршли ... :О Видете калориска таблица на овие,па видете што повеќе преовладува,дали протеинот или маста,па после се замислете зашто немате резултати.
Добро бе Нутриционист празници се, една во 91 ден ако каснеме не значи дека ќе вратиме 10 кила наеднаш. Искрено, мене ме спотераа празници и славја во една недела ептен, од веридба па се до Нова година, има ли смисла на сопствената веридба да делкам само салата од марула и патлиџанче, или на Нова Година да делкам краставичка, во 91 ден и десет пати да ја утнеш мислам дека нема да се сузбијат резултатите. Иако самата си знам колку ми беше тешко што за НГ измешав се живо и диво, скроб, протеини и ЈХ, ама еднаш, сега не ми текнува мислам дека до кра да измешам, наредниот ден ме болеше стомак ко да ме гребат мачки внатре, едноставно сум се одвикнала од мешање на храна. Вратот и тие врсти на сувомеснати како печеница, димени гради, кулен донекаде, се помало зло да речам, бидејќи се необработени парчиња месо, само димени, пушени или чадени, кој како сака, додека саламите, виршлите и колбасите се преработувани и тие изобилуваат со масти, бидејќи за да бидат цврсти и да траат се полнети со адитиви, хормони и дополнителна маст. Кога избирам на некоја прослава сувомеснато јадам кашкавал и некое вакво димено парче, евентуално ако нема мевце се разбира, и тоа така уште пред диетата, а не па сега. Исто така, мене за Бадник ми се паѓа Протеини, и ајде ќе јадам пример риба, ама каков бадник е тоа без гравче и сармички, епа наредниот ден ќе јадам помалку или овошниот ден ќе биде поригорозен. Мислам дека во 91 ден е многу тешко да не утнеш ниеднаш, ете ја Анабел-а она мислам многу малку уткаше, нека каже она најубаво, ама не е лесно во секој случај. Јас искрено не се придржувам 100% а има итекако резултати, но па не правам и страшни грешки, да се разбереме, грешка ми е што понекогаш сум каснала повеќе, сум каснала во овошен ајвар кога не сум можела да издржам, го саботирам многу скробниот и после ми е мака бидејќи ужасно ми фалат манџички, па се трудам кога можам да си правам почесто. Не не карај, се додека не стане навика секој ден да си каснуваме по се од малку, да мешаме, не е страшно
Колкав пост напишав и ми снема нет,и ми се избриша Тиххх несречо моја Еве сега накратко да си кажам . Вчера си одржав уште еден протеински 1/90 демек претходниот пробно ми беше За појадок : 2 мандарини За ручек : Зелка салата и пола чаша јогурт За вечера : Риба конзерва и многу кромид во неа Денес Скробен 2/90 - Мај фејворит *Не појадував бидејќи доцна станав. Ручек:Компири во ‘‘сос‘‘ од домати (ако може да се каже сос) За вечера си оставив пола од ручекот. Еве го мојот рецепт: Ги лупиш компирите и ги сецкаш на поголемки коцки,ги ставаш да се подварат,потоа малце оставаш од водата а другата ја тураш,додаваш малце масло во тенџерчето и сецкан кромид,потоа си го оставаш да си крчка со затворен капак,водата ќе испари а кромидчето ќе си се испржи.Потоа се додава лут кечап но мене повкусно ми е салата од домати и лути пиперки (онаа што ја наклаваме во стаклени шишиња),и додадов многу мелен пипер и вагета.. Превкусно ми беше,можеби затоа што сум голем обожавател на компири и секако ги јадам