Овие празнициве и мене ме уништија бев ја почнала диетата пред некој месец и веднаш се забележуваа резултати, посебно во половината, но после 10 дена почнав да забушавам и ја прекинав... Ама сеа се најдов на зорт, секој ден чоколади (од пакетичињата на братучед ми, кој инаку не е по јадењето баш) , торти и сите видови слатки чудесии, па решив - ќе ја почнам пак и ќе издржам барем еден месец! И сега почнав пред некој ден. Протеинскиот добро го поминав, ручек и вечера јадев само шницли од соја и не бех воопшто гладна, али затоа пак скробниот го утнав за сите пари - за вечера бев на гости и тоа на 2 места. Кај првите успеав да изедам “само“ пола парче торта, али кај вторите многу ми се допадна тортата (од Канела мм) и цело дебело парче изедов. И за крај додадов и „јаготка на шлагот“, отидов кај дечко ми и со него јадев ПААК торта . Ми доаѓаше да се убијам бе... Али ајде помина сеа, не да не ми е мака, ама не можам ништо да сменам, џабе ја тупам ај денес се надевам ќе бидам како што треба. Појадокот го преспијав, ручав малку пита со праз но баба ми ме упропасти, печела пилешки стек со кашкавал, печурки и павлака омилено јадење ми е, али го погодила денот каснав само неколку печурки и тоа ти е тоа, судбина
лелеее карање за кашкавалот сега ке се помислувам пред да го погледам значи вака ми тера скробниов ок до сега се најадов гравче е сега претерав место 1 чинија јас 1 и пол и цвекло салата ова цвеклово ми здосади а се ме мрзи зелка да си купам една е и јас сум за убити и не планирам др да јадам
1/91 1 ден-Протеински ден Доручек: 2 јаболки. Ручек: Леќа и леб. Вечера: Леќа без леб,и еден ред чоколадо.
3ден-јагленохидратен доручек: банани ручек: севн дејс кроасан вечера: две колачиња и ред чоколада за готвење
Најпозната нутриционистичка изрека: Прекини баш тогаш кога ти е најслатко. Кој го направи ова,или не му било навистина слатко или е со цврст карактер.Испробајте се
Јас ја издржав диетата 15 дена и гледам сум ослабила 2 килца и некој грам . За мене тоа е повеќе од добро ,бидејќи немам многу за симнување,само уште 4 килца и ќе бидам мирна. Ја прекинав бидејќи знаев што ме очекува за празниците ,за брзо врееме повторно ја започнувам.Две по две килца,ќе бидам топ за на лето.
Оваа вечер - пак тотална УТКА! Јагленохидратен ден, си реков вечер да каснам 1/2 парче торта за Нова Година што ја правев и една чаша milkshake, пошто го обожавам, а ниту еден друг ден не можам да си го дозволам... завршив со тоа и излегов, ама вечер кај 1 коа ме фати една криза за храна, ми идеше цела Вегера да изедам, али ај се воздржав и дома се вратив со другарка ми да гледаме филм. И така гледајќи, си смачкав пола (и кусур ) чоколадо, после и пилешко јадев и .... немам коментар. 2 дена во корпа отидоа што да правам, да ја почнам од почеток или да продолжам ?
издржав вчера јеее абе кога се сака се може е денс ми е ден за благо ќе јадам баклава јееееееееее ооо радост и така до сега 1 пртокал другиот малце покасно се читкаме
Не ми е јасно како тоа ја прекинувате диетата за празниците? Што карактер ќе бевте? Диетата ќе заврши еден ден, а факт е дека тие што сме симнале повеќе килограми треба цел живот да пазиме. Па и кога нема да сме на диета фаќаат празници. Тоа значи дека треба да се опуштиме тие неколку дена, а потоа да ги обвинуваме празниците, а не самите себе, за тие два килограми плус. Не и не, поцврсто малку, што има врска што се празници, и за многу од нас тука се, па не се даваме. Сфаќам јас мал прекршок, живи луѓе сме, ама прекинување на диета за да се нагнетеш како стока, не сфаќам. Тогаш џабе држите диета, гранатирам со таквите постапки дека по завршувањето во рок од месец-два килограмите ќе се вратат.
Јас се вратив Срекна Нова 2013 и ви пожелувам на сите ,мн. здравје и срека и мн. килограми симнато. Инаку како што си реков ја прекршив диетава за празнициве и еве како си дојдов од средата пак ја продолжив диетава , денес ми е скробен ден и супер ми тргна. Се измерив деновиве и на исто килограми сум како што си бев откако ја прекршив диетава, а морам да кажам дека јадев многу и мешав се и сешто , башка на планина ,чист воздух тера на јадење ,ама и трошев со пешачење по снег а и играње на Нова Година која за нас траеше 3 дена Сега за Бадник и Божиќ пак ке прекинам со диетава затоа што ги обожавам празнициве а и гости ке имаме и неможам да се откажам од омиленото . И после овие 2 дена сама си направив еден распоред ,ке ми следи овошен ден ,па воден ден тоа е ради да се прочистам од празнициве, а и вооедно мене ми е крај на УН ДИЕТАВА т.е. 90 ден и потоа си почнувам УН- ОДРЖАВАЊЕ . Се надевам дека ке си ги намалам уште малце килограмите ,сакам барем уште 3 , 4 . Па ајде се читкаме почесто.
Тинкербелл во право си,затоа јас токму ја почнав за празнициве,за да се контролирам.И баш ми е убаво. Вчера бев кај другарка на кафе и имаше разни врсти на слатки извадено,и ми вика пробај та пробај јас ги правев,јас аа не на диета сум,и издржав.Кога јас голем љубител на благо можам да издржам можат и сите. Вчера компирите што си ги јадев во тој лутиот ‘‘сос‘‘ беа мњаам Денес Јаглехидратен 3/90 Појадок:2 мандарини Ручек: 1/4 Пица (сол,шеќер,малку масло,вода,квасец и брашно)-најобична што можи на неа ставив само кечап,оригано и печурки За вечера:1 ред темно чоколадо,3 чоколадни бомбончина внатре се со лешник (си ги чувам од завчера ),оти сите јадеа а јас му се пулев,е сега тие мене ќе ми се пулат и 2 витанови
2/91. 2 ден-Скробен ден Доручек:две мандарини. Ручек:Варен спанаќ и леб. Вечера: Спанаќ без леб. 3/91 3 ден-Јагленохидратен ден Доручек-две јаболки. Ручек-Макарони. Вечера- 3-4 колачиња. 4/91 4 ден-Овошен ден Доручек:два портокали. Ручек:јапонска јаболка,јаболка. Вечера:Портокал. Пс.Секое утро треба да се појадува овошје? И на 4 ден,т.е овошниот ден пишува само ручек и вечера овошје,а појадок?
~Нутриционист, на мајка ми изреката, на неа одлично и делуваше, пред да влезе у климакс кога и се запозна со другарките кикиритки и се здебели 30 кила, но пак и стои преубаво, претходно имаше одвај 50. Јас вчера скробен ден сум си поминала перфектно, цела фамилија ми ја проба леќата и не чув лоши зборови од никого Денес 48/91, трет ден ТурбоУН, Овошен, започна со мандарина, кисела зелка и греана ракија, кафе и се разбира вода. Продолжи со уште некоја мандарина, банана и за ручек додека цела маса делкаше мрсна сарма јас гордо си јадев салата од брокула и моркови рендани, само со лимон и сол, и додека сите делкаа чоколадна торта јас си јадев суви смокви, лешници и бадеми. Абе карактер, не ми се веруваше дека не ни помислив да прекршам, знаев дека ќе биде и повеќе од лесно да се вратам во колосек, идеме утре и задутре мало прекршување и повторно овошен ден да се исчистам пред да се уозбилам за Воден ден. Мило ми е што цапам во втора половина и се гордеам со моите успеси. Дефинитивно веќе немам спојлери, мешето ми е целосно симнато доле и ми стои како да сум трет месец трудна, останаа ноџиња и малку газе да стопам, што планирам во Одржувањето во комбинација со многу вежбање и трчање да ги снема. Многу сакам да вежбам и деновиве, но јас сум со ужасно лошо здравје во зима, во моментов ме стегаат бубрези и ме фрка глава од синуси, и со која сила да застанам на степер?
4/90 Наместо денес да ми е овошен мене ми беше воден немав време од децава ни да се видам во огледало само две кафиња на нога ги испив и толку така да утре ќе ми биде овошен ден