Зошто? Продолжи си со Протеини утре, денес исто ко да си била на овошје, само што не си јадела овошје, проблем ќе било ако си изела нешто што не треба, а не што не си изела нешто што треба. Не ги поместувајте редоследот, сте ја утнале, во твојот случај нема утка, у терај далје, нема никаков ефект ако се праат комбинации кои вам ви одговараат. Утре фино лепо касни си мевце, риба, било што што ти сака душата, ама не претерувај да пролонгираш сеа денови, нема зошто. Голем плус за тебе е што не си јадела ништо, верувај, `задолжителните` водени денови тешко се издржуваат а камоли вака да издржиш.
24 овошен многу овошје цел ден 25 протеински п. јаболки р. риба со салата в. бадникова - главно протеини
Денес 4/90 мојот Овошно-Зеленчуков. *3 мандарини,1 лажица мелени ореви,пола банана,грст печени костени (откако ги изедов прочитав дека демек биле богати со скроб),но за др.пат ќе си знам + ме теши тоа што содржат витамини А,Б, и Ц. И за вечера ќе јадам една салата од зелка и толку од мене за денес. Пресреќна сум што не посегнав на салатата мајонез,слатките,балклавата и кифличките на мама кои прекрасно мирисаја. Сега кажете ми дали многу згрешив со лажицава ореви и костениве оти јанза ме јади Ма кој ти знаел да знаев не јадев ,јас од толку јадења издржав да не каснам па од костени
5/90 Мораше да биде овошен и зеленчукув бидејќи денешнава трпеза беше посна и ништо не ми одговараше да каснам затоа морав да јадам овошје и зеленчук
И јас ја држев диетава точно 3 месеци и искрено многу сум задоволна од неа ослабев 20 кг, и сега ја почнав пак бидејќи ми треба уште 8-9 кг до идеалната тежина. На секој кој сака да ослаби му ја препорачувам оваа диета, но строго по одреденото да се држи и да не се опуштува за време на диетата, секако ќе ослаби минимум 18кг а максимум 25 кг.
Доколку се придржуваш како што е строго одредено по диетата секако ќе ослабнеш 10 кг а можеби и повеќе, ти зборувам од искуство
5/90 Протеински Мх,мх ми се погоде денов и си се најадов убаво За појадок:1 мандарина и 1 банана (морав оти бевме на кафе кај комшивката и немаше шо да се послужам од масава па ај една банана зедов) Ми се запна земи та` земи За ручек:Месо печено на скара и салата од кромид. За вечера ќе си каснам 1 парче месо
Поручек веројатно ти е доручек, имаш две овошки, верувај изгледа тешко но воопшто не е. И дефинитивно диетава како те учи на режим и здрава исхрана ништо не те учи, сум заборавила што значи мешање на видови храна и прејадување. И уште едно нешто, да си кажам да се знае, денес се измерив, појадувана, со две кафиња и вода, сум симнала неверојатни 8 кила за пола диета, рачунам дека околу килоипол до две имам во гардероба и течности, а богами и она што е изедено од веридбата па наваму а не се совпаѓа со диетата, дополнително ме радува бројкава, утре сабајлечки ако не заборавам ќе се измерам во обем, ама досега имам симнато околу 20 см во обем, особено среќна, нема спојлерчиња, нема досадно дебело меше Вчера и денес 49 и 50 ти ден, си појадував поштено овошје, но вчера наместо Протеини си направив Скробно-Протеински ден, комбинација со малкуцка Јаглехидрати за вечера, денес наместо Јаглехидрати си направив Протеинско-Јаглехидратен ден, за вечера обавезно Јаглехидрати, ми зачува свекрва ми чоколадна торта за овој ден. Од утре се враќам на старата добра, до крај давам чесен диеталски збор дека нема да грешам, не смеам да си дозволам, супер сум тргната, уште малку ми се ближи воден ден па после последниот циклус. Имам време до Септември да се суредам да си бидам топ невестиче
вчера 5ден-протеински доручек: 2мандарини ручек: риби вечера: исто како и ручекот денеска 6ден-скробен доручек: 2банани ручек: грав и кришка леб вечера: на пола
Еве ме пак, празниците убаво поминати, само уште линијата да си ја вратам во нормала . 1- протеински доручек : 2 киви ручек : туна риба, кришка леб вечера : половина од ручекот плус нес кафе 3во1 и малку кикиритки
успешна мисија за бадник издрзав на овошен значи ни риба видов ни мириснав едино лошо е сто пиев алкохолче ама во Тетово за Бадник е фешта невидена е затоа денеска требаше воден 1 пат и некако ми се јадеше ептен и место воден јас јадев салата марула и малце кикирики и на гости пиев кока кола и сега некако ме врти стомаче ама ке издржам до утре си тргнав мевце за утре ммм едвај го чекам поздрав до сите и Христос се роди
6/90 Протеински ден Појадок: портокал Ручек: 2парчиња телешко месо варено и салта од цвекло Вечера: пола од ручекот
Браво за сите што ги пребродивте празнициве без/со минимум прекршоци Јас за разлика од Вас тотално се препуштив на искушението - храна и тоа од секаков вид, особено денес....страшно! дури на мисла сум да ја почнам диетава од почеток.....некаде 26 ден сум....што знам...додуша тие килограми што ги симнав досега (5кг) не ги повратив, ама ем се изнајадов, ем се чувствувам ужасно од мешањето. Појадокот го почитував и овие денови, ама после ручеци и сл, ваму, таму...и ете подлегнав ајде, еве решив да продолжам....па да видиме утре 27 ден јх, и веќе не пишувам одвечер за наредниот ден - скоро никогаш не исполнувам, така што се читаме утре вечер ееееее летам летам со паметот, а ми треба да ослабам уште 20кг.....ц.ц.ц.ц.ц а јас фино лепо си се опуштам на бедни 5кг
Абе какво откажување еј, нема шанси. Јас не да ја уткав овие две недели, па што, не сум направила нешто страшно, за две недели во три наврати уткав бар по два дена, и не е крај на свет. Ете сум од денес пак на старо, почнувајќи со овошјето кое ми е на ред, 51 ден, 6ти од Турбо Ун, уште 6 до Воден, нема да биде страшно и нема да биде тешко, не смее да биде. Знаете како се израдував сабајле кога видов дека надуеното меше од Бадник и Божиќ спаднало, башка свекрва ми бе, срце е, ми прави прочистувачки супи баш кога треба, не да сум се прочистила Така, денес до 4 имам две банани, две мандарини и две киви, од кои половинче смкнав сабајлечки, сега пијуцкам кафе и водичка, до кај 2 ќе ме држи, па на ред ќе ми биде другата половинка. За ручек-вечера, додека либето ќе делка свињетина јас ќе си делкам поштено салата од брокула со морков, мерачки