ти си само 10 дена пред мене... и јас не се придржувам многу строго имам симнато само 6.30 кг. би сакала да бидат повеќе.. и мене ми веќе здосади со сила ја држам..... но Мораме до крај! ... потоа би сакала некоја поедноставна диета за да симнам уште некои 6 кг.. и таа поедноставна диета да ја искомбинирам со овошјето за доручек што треба да се јаде 90 дена од УН диетава.. ако имаш предлог од некоја друга поедноставна диета слободно пиши па ќе ја започнеме заедно кога ќе ја завршиме оваа
за резултати сега за сега неможам да кажам ,ама пред една недела имав симнато 8 кг од почеток, а тоа е негде за 45 дена од прилика мисламммм....а можам да се пофалам со друга работа што имав ХПВ инфекција веке неколку години ,а сега повеке ја немам и мислам дека се должи на поздравиот начин на исхрана со оваа диета
мислев на тоа дали може прво салатата да се јаде па потоа супата или баш така како што е пишано бидејќи во некои диети се преп
салатата обично е најдобро да се јаде заедно со главното јадење, а супата искрено, до сега ни еднаш не сум ја јадела, прво затоа што треба да биде бистра без никакви додатоци ,само коцка а исто и леб, ни една кришка не сум изела, зашто се откажав од него уште пред 6 год, така да немораш и лебот да го јадеш. најважно е , поголемиот дел од храната да биде домашно подготвена, колку е можно по природна и со мнооогу свежа салата. и нормално многу вода преку целиот ден. диетава е начин на исхрана како што ги даваат во диет клубовите Спојлер http://vitadiet.blog.com.mk/ еве прочитај нешто овде ...има некои општи информации поздрав
Мислам дека за супата и не е задолжително да се јаде само бистра вода со коцка за супа. Јас барем и кога не сум на диета ја правам без коцка за супа, а со веѓета. Вистина, не се нешто многу калории во таа коцка, но помалку маснотии си се помалку, колку толку И, исто така, ставам што знам многу малку кромид, заради некаков посебен шмек, тоа доколку немам праз да речеме, ставам домат (пожелно е, бидејќи не го пропржувате пред да ставите вода во тенџерето како за манџите, да ја вадите киселината, т.е пената што ќе се направи горе за да не ви прави проблеми со желудникот и стомакот), можете целер да ставите и сличните на целерот чедесии, пиперка. Е сега, и не е некоја си многу убава супа, кога нема некое мевце да плови или фиденце да се вртка, но е зеленчувакова... при тоа е без маснотии, без многу калории, а колку толку ќе ви го издуе стомачето нема да сте некое време гладни.
ја почнувам од утре држете срека да издржам,бидејќи сум почнувала со диета и се отказжувам кога ке видам дека нема резлутати поззз и ќе ви пишам до кај ќе стигнам
^^^ majaaa Ако реши да почнеш денеска мнн мнн среќа, и секако ке имаш дружина која може да кажам дека е прекрасна... јас сум денеска на ТЕСТЕНИНА... едвајјј ја шекам ручек варијантата,,, а за вечера мислам дека мора да јадам торта во замена на тоа дека утре нема да можам да јадам (дечко ми има род) Ви посакувам преубаввв денн ушивајте во Вашите тајни насмевки(мојот ден започна со неа) http://www.youtube.com/watch?v=kryV3E4QKGk
Мајааа гуд лак и не се предавај прилично не има тука, па при секој паник атак пиши Хелоуу фиги ! Уживај вечер во тортата јас не јадев навечер торта, но чоколадо такво фино, убаво за готвење, црно црноо мммм да да да да поздрав до сите анд ај фил бјутифул
Девојки до каде сте ми???????? ЈАс мора да се пофалам дека за овие 2 недели имам изгубени едно мин 5 сантима на обем(а и дечко ми кажа дека сум била ослабена(се надам дека не ме зезаше) онака сакам да го чујам па да ме задоволи.... јас продолжувам натака, се надевам ке имам дружина Инаку морам да кажам дека не сум 100% како што се правилата амаааа гледам да сум кога можам(се радувам иако не сум дисциплирана со правилата сепак имам резултати) ЈУПИИИИИИ ЈУПИИИИИИИИ ЈЕЈЈЈЕЕЕЕЕ(може со Фанта ке изгледаше и поззабавно ако пишев ) http://www.youtube.com/watch?v=JbwPxEe4Xzk
хахахха...не те зезал дечко ти, веруј ...и мене вчера овој мојов ми го кажа истото, и тоа толку воодушевено, демек не му се верувало колку сум се смалила мене ..25ти ден и ми се ближи оној фамозниот 29-воден ден незнам само дали ке го издржам ...ако не , ке ги направам 2 овошни дена. а иначе метрото си го изгубив негде...не ми се верува ко да пропадна у земја...морам по ново деновиве, па ке ве известам за цм-те. а килажата е сигурно -5...најмалку идам до 90 дена па што сака нека биде поздрав до сите диеталки
Мелани.... мислам дека ке има мнн мнн убавина во ова со диетава(дефинитивно сум задоволна од она што ми го покажа метрото(за килажа не му се грижам...тоа е само цифра, мнн ми е поважно на обем да намалам) и секако да позззз пак со едно песниче: http://www.youtube.com/watch?v=_gOJ56qocJs
сакам да прашам дали може сончоглед да се јаде,и насабајле дали може овошје банана да се јаде или забранета е,а и наместо вода пијам чај со лимон....чекам одговор девојки фала однапред позззззззз бацки
банана смее само кога ти е овошен ден. Само пази, 1 банана (средна ) има околу 100 калории, па така, гледај една банана да биде од сабајле, и една за ручек. Сончоглед не е баш препорачливо, ама јас бидејки често и не вечерам, некогаш и ми се пријадува па знам да си грицнам сончоглед. А ако ги следиш сите оброци како што треба и не би ти ги препорачала, освен во овошниот ден и под услов да не си изела многу овошје. најди си некаде по нетов калкулатор на калории, и тоа што планираш да го јадеш израчунај го...сепак диетава се сведува на некои 1200-300 кал. мах. А што помал е бројот на калориите повеке кг ке губиш.
фала многу на одговорот а чај може ли да се пие со лимон наместо вода и колку вода ти внесуваш во текот на еден ден позз
дЕВОЈКИ сакам да прашам за вториот ден компир,грашок,грав...ги јадите од се по малку или само еден од овие производи...иначе втор ден ми е па ке видиам резултати