41 овошен - а за мене протеински појадок овошје, најверојатно портокали ручек телешко со кромид и морков плус марула вечера исто само помалку и јогурт
Од утре ја почнувам и јас. Крајно време е малку да се средам. Немам многу за симнување, некои си 6-7 кила па ќе видиме како ќе се издржува. Стискајте палци за мене Инаку планирам утре за ручек да јадам јајца, ама 3 многу ќе ми се, ми се чини. Може две?
^ Па искрено и три јајца само за ручек се многу, јас во протеинки гледам толку најмногу во денот да изедам, а некогаш количината се сведува и само на две.
Па и јас мислам дека 3 се многу, плус пишува и леб и салата. Ајде салата и така, ама леб и плус 3 јајца многу се Може две за ручек и едно за вечера. Почнувам и јас, па ќе се бодриме тука заедно колку имаш за симнување ти, многу се?
Епа и јас почнувам од утре, ќе се дружиме А можеме и раче да си пружиме ако сакате Имам некои си 6,7 кила вишак за симнување. Утре во протеински ќе пијам јогурче и зелка салата ќе јадам. Редактирам, фактички за денеска зборам, 12 саат било. Ај се разбираме
А зашто не пробаш 3 јајца ама без леб, малку супа, и многу салата?? Пред една година кога ја држев диетава, ни еднаш во 90 дена не каснав леб, ама затоа си дозволував повеке од намирниците предвидени за тој ден...ии секако ослабев повеќе од што очекував. ова е мое мислење и искуство, а ти како сакаш
Зависи што имаш за симнување, пример ако се работи за неколку килца обиди се со правилна исхрана, но ако се работи за 10-20 па и повеќе килца, секако ти треба еден ваков режим. Ова не е ригорозна диета која би била лоша по здравјето, јадеш само едноврсна храна во текот на цел ден и тоа распоредени по денови, не е од оној тип на диети кои препорачуваат за ручек 30 грама сирење и еден двопек, чаша чај веќе е премногу. Зависи што сакаш да постигнеш Во секој случај консултирај се со домашните, они најдобро ќе ти кажат, а за екстра совети слободно пиши ми ЛП. Денес е денот да се тргне строго а? 64ти, Скробен Појадок - една банана и еден портокал, кафе и денес вода не пијам, ми се згади кога ја наполнив чашата, ќе почекам да се симнам и да си купам од трафика Ручек - пченка варена со сол само Вечера - пченка варена со сол само
Бидејќи не се уклучував на фемина за викенд, да си пишам рапорт за 19.01 и 20.01 5/90-Протеински (во саботата) Појадок: 2 портокали Ручек: Полнети печурки со сирење Вечера: Пола од ручекот Плус вежбав на орбитрек 50мин. 6/90-Скробен (Вчера) Појадок: бидејќи се брзав испив само кафе Ручек: Печен компир (на фолија, без масло) Вечера: Пола од ручекот Орбитрек: 50мин. Денеска 7/90-ЈХ (мојот омилен ден ) а еве го планот Појадок: 2 јаболка Ручек: варени шпагети со доматен сос Вечера: исто како ручекот Орбитрек: 50мин.
Зошто тестенини, не јадеш благо во диетата? Барем ред чоколадо за готвење, или млечно нека е ама касни малку, немој целосно да го отфрлиш благото од диетата
Мене благото најмногу ме дебелее затоа и сакам да го исфрлам целосно... мислам дека поголеми резултати ќе имам вака (пошто имам доста вишок за симнување ) Сепак фала...
Па да дебелее, но нема веројатно да те здебели едно редче чоколадо. Во диетава и во сите диети воопшто, еден ред чоколадо во неделата помага во борбата против алергии, од кои во текот на една диета можеме најмногу да настрадаме. Верувај, ако е препорачано во диетата значи не дебелее повеќе од шпагетите кои ќе ги изедеш за вечера. Оваа диета е така концепирана за да помогне да се внесе еден баланс во организмот, да внесуваш секави врсти на храна, но со ред и редослед, само така ќе успееш Мислам дека не треба да го исфрлиш за вечера благото, не те дебелее само тебе, сите не дебелее, па јадеме, и п две парчиња торта и по 4 топчиња сладолед и по едно чоколадо. Ако те дебелее благото тогаш те дебелеат и тестенините
Па само овој ден ти е, ЈХ кога можеш да си ја почастиш душата со нешто што претходно ти создавало мака кога си го јадела, јас барем така гледам на овој ден. Можеби и затоа ми е толку лесна диетава, дека ја сфаќам како начин е не како строги правила
Welcome to the club Инаку да ве прашам, салата свежа подготвувате или може нешто од зимница да биде? Јас за доручек јадев еден портокал, една шоља чај и пола филџан кафе ама со шеќер абе никако не можам без шеќер, никако.
помина и првиот ден со мали напади на глад ама се помина во најдобар ред денес на менито имав : за појадок:2 протокала за ручек:сирење со домати салата за вечера:исто како и ручекот само на пола и супата заборавив да ја испијам на ручек па ја испив за вечера сто велите дали ми е утка ,знам дека не е ок ама следниот пат ке гледам да не ја заборавам. кога сум веке тука сакав да прашам за супата ја во неа ставив 1 коцка за супа од зеленцук ,рендан морков,магданос и малку гранули од соја без резанци, дали е ок што мислите ако не следниот пат ја пијам бистра
20/90 Требаше да ми биде јагленохидратен ама немав време да јадам само кафе сум пиела така да воден ден денес сега е веќе касно да јадам
Успешно завршен прв ден појадок:2 портокали ручек:варено месо(не многу големо парче),интегрален леб 1 парче,салата и 200 мл супа(без тестенини). вечера:истото од ручек само на пола со исклучок на супата. *Почувствував малку глад,ама испив 2 чаши вода и едно кафе без шеќер и супер помина денешниов ден