Јас знам дека не треба да се меша но овде читам дека многу од диеталкиве мешаат па се прави погрешна престава за диетава просто човек да си помисли дека не е грев ако се смеша нешто.
Во протеинскиот ден не е баш препорачливо да се мешаат протеините, во смисла на месо со јајца и млечни производи. Пр. ако си јадела пилешко за ручек, за вечера може др. вид на месо. Ако за ручек си јадела јајца за вечера може некое парче сирење. Не е страшно и да ги мешаш, ама слабеењето ќе оди многу побавно. Ако си многу гладна за вечера, а се плашиш да не направиш некоја грешка, подобро изеди огрооомна порција салата. Ќе те засити верувај, и со секој нареден ден ќе се привикнуваш на помалку храна. И рапорт...Ден 12.-овошен 3 мандарини, 1 јаболко, 2 мали морковчиња. Вечерва сум на гости па се надевам нема да попуштам. Денес денов ми е казна за вчерашниот ден зашто за вечера јадев лиснато тесто.
Значи вака: -За појадок овошките се јадат во пар, НЕ СЕ МЕШАТ! Две јаболки, два портокала и сл. -Вечера пола од ручекот, исто важи за протеинскиот ден, без супа вечерата. Ако за ручек јадете месо, и за вечера јадете месо, ако за ручек јадете јајца и за вечера исто. Јајца и месо НЕ СЕ МЕШАТ! Ова се правилата!
не е грев во никој случај и да згрешиш чудо големо само поинаку е кога ќе се придржуваш точно според диетата. јас имам згрешено 2 пати до сега па сум ослабена 2кг и 1см во обем. е да се придржував точно можи ќе имав повеќе ослабено.
Денес ми е втор ден-скробен Доручек: 2 портокали Ручек: спанаќ со салата Вечера: можеби салата ако огладнам,сега за сега сум сита Добро е што не осеќам глад како со други диети,туку се осеќам најадено и умот не ми забегува да мисли на '' забранети јадења ''
Во однос на протеинскиот ден, колку што разбрав, нели е дозволено млечни производи, ама во тој случај се намалува количината на месо/јајца. Тоа значи дека може месо и млечни производи или сирење и млечни производи, така или не?
Можеш да јадеш млечни производи (сирење,млеко,кашкавал,јогурт) но не во долеми количини и доколку мешаш мора да ја намалиш количината на пола. Пр.ако јадеш 3 јајца со сирење кје јадеш 1 и половина или едно
Мене денес ми е 6 ден и измешав јадење. Ручав ориз, а вечерав варен компир, ама ич немам грижа на совест.. Вчера јадев варен стек, а не вечерав ништо. И вежбам два пати дневно. Можам слободно да кажам дека во споредба со тоа што сум јадела последниве три месеци, секој ден, без исклучок, мешањево на ориз и компир не е никаков „грев“. Поздрав до сите што се на диетава и препорака да пазат што јадат откако ќе ја прекинат. Летото ослабев 4 кг за 20 дена, ама си ги вратив изминативе месеци и тоа како. И уште нешто да дополнам за мешање овошје за доручек. Мене тоа правило навистина ми изгледа глупаво. Мислам дека слабеењето не зависи од тоа дали мешаш или како. Тие килограми што ги изгубив јас за 20 дена, познавам некој на кој му требале 2 месеци за да дојде до истиот резултат. Организмот не препознава јаболка и круша, туку нивните шеќерите кои се во двата случаи моносахариди (претпоставувам?) и лесно се разградуваат. Не сакам да ве убедувам да не се придржувате по правилата, туку само да кажам дека диетава и тоа каков резултат имаше на мене иако некогаш правев отстапки и си мешав јадења. Бидете издржливи и упорни и вложете голема доза самоконтрола во процесов на слабеење. Ќе ви се исплати.
Raport : Denes proteinski den Dorucek - Casa seme od len i casa ceden portokal i limon i kafe bez seker Rucek -Dve pastrmki i marula salata i piperki vo lukce Vecera -Edna pastrmka i marula salata
28/90 Јагленохидратен ден Појадок:1јаболко Ручек:макарони со сос од домати Вечера:житарки Утре ми е овошен ден па воден ден нема да ми биде тешко зотшто два пати до сега го издржав , затоа и 28-от ден ми е јагленохидратен
2 ден Скробен Доручек 2 јаболчиња Ручек грашок,салата и парче црн леб Вечера Ручекот на пола Овие 2 дена не чуствувам глад, а и премногу сум мотивирана се радувам хааах
здраво на сите.ја сум нова на форумот.ве читам еве 2 недели и денеска одлучив да ви пишам.ја почнав диетата пред 14 дена со тежина 71 кг.а сум висока 161см.денеска се мерев и имам -4 кг.ја сум презадоволна.планирам да ја држам до крај па да стигнам до моите посакувани кг 55.не се одржувам многу стрикно значи ми се случува некој ден да каснам некои солени работи.секое сабајле си пијам вода со 1 лажица оцет и си вежбам само 15 мин на ден во орбитрек. дефинитивно вреди да се проба ун диетата.
добро утро на сите јас сум престреќна вчера вагата кога покажа 56 оО скокав од радост и супер ми оди со турбово да се пофалам Вчера ми беше овошен ден и екстра ми помина башка баш се погоди и шеткање па како што не бев дома најдобро е ,овошје вадам од ташна и шибам Денес протеински се ближи мојот втор воден на 5 ми се паѓа значи усте 6 дена и да ви кажам едвај го чекам
Денес 73ти, ЈХ, омилениот мој. Инаку мислев дека сум се изгубила во пресметкиве па седнав рачно си напишав едно календарче и ОК сум си, уште утре и почнувам со Турбо УН бр. 2 Појадок - две минијатурни банани, мислам дека и бананите на мајка ми од дрвено нејзино диво се поголеми, и еден портокал, чајче мешавина зелен, лимон и нане Ручек - од најубавата пица на свет, дечкото кој има пицерија во зградава ми ја праи по вкус, со разноразни веге додатоци, печурчиња, маслинки, патлиџанчиња, феферончиња и растителен кашкавал Вечера - неколку Мерси чоколадца и гранола, нема торта за некој кој неколку циклуси по ред јадел торта за вечера, какаото е стандард за вечера Е сеа да си се повторам уште еднаш, на почетокот на темава има правила и тие правила си пишуваат што треба а што не треба. Таму пишува, две еднородни овошја или грст суво овошје, мој совет нека бидат и различни, нема никаква штета, скоро цела УН јадам различни овошки па слабеам. Пишува во протеински ден ручекот не се преполовува за вечера, супата се исфрла, а ако се комбинира треба да се остане на количината, и да е комбинација да бидат пак истата количина. Ручек и вечера, ова го напишав мислам вчера или завчера, и не, не ве убедувам да правите и вие така, ама ете скоро цела диета, јас секој пат за ручек и вечера јадам различно, едноставно немам можности за јадење иста храна, не ќе доведувам во ред јас цела фамилија која башка ми е нова фамилија, и покра тоа што ги знам 6 години ова е ново за сите, не можам да јадам секогаш исто за ручек и вечера и тоа е тоа. И слабеам, ослабев 10 кила и идам надоле, и ко што кажаа, можеби можев да ослабам и повеќе, сепак одам кон крајот, ама сигурна сум дека ќе симнам уште 5 до крајот. Ете ја мојата приказна која ја пишувам по стоти пат овде, и затоа викам да се чита наназад, да не се повторуваме
3/90 јаглехидратен ден Рано сабајле еден цеден лимон со млака вода,2портокали,и кафе. За ручек шпагети со домашен сос од патлиџани со лукче и кисели краставички Вечера имам торта од канела сигурно ке биде едно парче . Гладот се уште е присутен кај мене ,не размислувам каква храна би јадела ама одвај чекам да дојде ручек и се воздржувам да не јадам количински . За утре господ на помош овошен ден во живот не сум имала ,ама се опремив со овошје каква ти душа сака па дури и купив суви сливи,кајсии,смокви,урми,бадеми непечени ,ананас во конзерва . Се што видов купив како да ке има војна утре а богами и ке има со цревата мои немислам се да изедам што купив ама нека има ке се најде за другите денови.
Ако, ако Леонтина, ти имаш малечко колку што се сеќавам и ќе ти треба троа повеќе енергија, па од овие сувиве ќе си ја добиеш потребната, иначе јас за овошниот ден си имам размешано во еден шејќер од моите ХЛ денови непечени бадеми, лешници, ореви, ананас, папаја и суво грозје, во комбинација идат феноменално, а помагаат многу, па така си зимам по една шака и додека гледам некој филм си грицкам
Еве трети ден денес а мене енергија на резерва ,дали дека малото не спие ни дење ни ноќе асално па ја цело време на штрек сум неможам да врзам асално 5 саати да се наспијам,дури почна да ми се врти ама си викам од премор е не од диетава ама не се давам ќе издржам . Утре мислам повеќе ме плаши помислата дека цел ден на овошје ќе бидам неголи гладот .
Леонтина, не доиш така? Ако доиш веднаш прекини, не ти е паметно да доиш и да држиш диета, и малку сосем да имаш млеко, прекини. Мислам дека не доиш, веројатно и самата си го знаеш ова, но јас пак да ти кажам