11/90 - ЈХ Доручек - Цеден лимон, кафе и чај без шекер, вода, две јаболки Ручек - Макарони со кари и томатело Вечера - Може пак макаронки малку пошто не јадам благо =/ Вчера исто успешно со скробот, компир салата ручек и компир и ориз во рерна со томатело за вечера, со салата карфиол. Поздрав диеталцииии
имам читано некаде ама сега не можам да најдам.дали може некој да ми каже колкаво парче од пицата можам да јадам за ручек.имам направено од купечко тесто со кечап и неколку маслинки и малце печурки. однапред ви благодарам
Денес ми е 4 ти ден ,овошен.За доручек јадев јаболко,пијам многу вода и планирам да вечер да јадам само портокали и јаболки.Ако ептен осетам глад ќе каснам неколку бадеми и доста е
Здраво диеталки Јас сум нова на форумов. Конечно се решив да ја почнам диетава и ја почнав во понеделникот и супер ми оди. Денес ми е 4ти ден, овошен. Инаку до сеа изгубив 2,5 кила. Но и пиев многу цеден лимон. Се надевам дека ке издржам до крај )). Поздрав
Овошје во овошниот ден може да се јаде во текот на целиот ден, ако јадеш поголеми оброци тоа нека биде на 2 часа, пример, овошна салата па после 2 саати друга или пак зеленчукова и слично. Тесто за пица цело но само ако е од малите, не може цело да се изеде големо тесто за пица. Девојката со лимонот пази да не ги оштетиш цревата
Вчера 13 ден протеински Доручек - 1 мандарина Ручек- пилешко бело месо варено со пропржен праз и моркови (на вода со 2 капки маслинов зејтин) марула салата. Вечера немав Денес 14 ден - скробен Доручек-1 цеден портокал Ручек- манџа од боранија и грашок со зелка салата Вечера- нема сигуро да јадам од манџата пак, а ако ми се пријаде нешто ќе јадам или мандарина или салата Кога станува збор за јаглехидратниот ден порциите се по 120гр. тестенини или пак тесто за пица подготвено од 250гр брашно, или готово тесто од 200-250гр. Ова ми е од книгата. И мене не ми е логично тестото да е поголема грамажа од тестенините али ете...така пишале авторките
денес 11 ден јх појадок:2 протокала,за ручек:пица од готово тесто си ставив доматно пире,печурки,маслинки,сусам и оригано ммммммммм,а за вечера 6 малецки колачиња и еден ред горко чоколадо поздравче и само напред вака досега без грешки никогаш не сум ја држела благодарение на вашата подршка
75ти ден, Протеини, прв ден од вториот Турбо УН Појадок - 2 портокала, кафе и водичка Ручек - мојот легендарен сендвич со кашкавал и салата, хоуммејд Вечера - појма немам, не за друго, во во мојата нова дома никад се не зна, може и прасе печено да се извади се зезам, ама стварно не знам, ако се јаде нешто непротеинско најверојатно јас ќе јадам јајциња или кашкавалче пак а можно е и само супа да каснам, на ручек не можам, вечерата ми е многу рано, мислам дека можам да си ја дозволам.
ЗГРЕШИИИВ јас обично ручекот за следниот ден си го готвам од вечер за да си земам на работа, е арно ама синоќа не можев да го игнорирам оризот и така натака
16 ден овошен -денеска и -1кг не знам како ќе го издржам.настината сум па немам сила.досега овошните денови ми беа само со овошје и вода, ама денеска изгледа ќе морам и некоја салата за да ми помине и овој ден а утре ми е најомилениот ден протеини месо со салатааааа.... поздрав до сите
25/90 д. 2 јаболка р. печена риба во сос од домати, моркови, лук, магдонос в. на пола Денес сабајлечки, после витаминскиот ден, -1 кг
5/90 протеински ден дали вагава ме лаже имам -3кг дали е ова возможно ? Вчарашниот овошен го издржав сега да си признам си каснав и урми ,една рака бадеми,две суви смокви,останатото беше свежо овошје и еден мал тањир салата марула. А мм да го пофалам цел ден издржа само на свежо овошје. Денеска се одлучивме да ручаме пасрмка во фолија ке ја печам со зеленчук малку лимон и соја сос,и салата од свежа зелка и марула. Вечера пола или само салата.
Денес ми е 5 -ти ден протеински.За доручек 2 мандарини,за ручек јајца со сиренце,а за вечера планирам само салата.Јас не знам што е со мојов организам само пола кило сум ослабена за овие 4 дена,а немам направено ни една грешка.Се тешам дека е до тоа што немам многу за симнување,па затоа поспоро оди
Ама ти не се припотресувај многу за тоа, некој може и да не почне да губи првите 4 дена, можеби нагло ќе симнеш после повеќе, малте не исто бев и јас. Уживај Реално да симнеш 5 кила за една недела, нема да симнеш, но после една недела и да почнеш да симнуваш пополека е реално, првите денови и првите кила ти се насобраната вода во организмот која често знае да се собира и од лоша исхрана, така да нема многу место за паника
Ама луѓе како кашкавал, ајвар во протеински ден? Мене не ми е тоа баш за диета, па уште леб кога ќе се додаде. Дефинитивно мислам дека го успорува слабеењето. Ама добро, секој си знае за колку време колку сака да ослаби.