Знам дека е подобро ама не ја можам веќе зелката и марулата ( не сум била у набавки одамна ). На крај ништо...ќе се налокам вода со лимон . АААААа имам и чај од дива цреша хихихих.
Eве ме и мене пак Овошно зеленчуков ден- убавини Се помалку прекршоци да се пофалам, се подобро се чувствувам.Држам среќа на сите што ја чуваат, не се откажувајте
3 ден - ЈХ доручек - 2 јаболка, кафе ручек - пица со многу кечап, оригано, сусам и луто пиперче (и многу малку кашкавал) и кафе вечера - 2 мандарини 1 мало парче сув колач, и 3 мерси чоколатца...... Тешко ми падна овај јаглехидратниов, ми се отвори дизнава за јадење...... Знам дека правам некој отстапки, ама со оглед на мојов гооооолем апетит, пробувам некако да издржам.....
денес 18 ден скробен за појадок банана за ручек ориз со печурки и зелена салата,а за вечера од ручекот на пола.
Добро утро диеталки . Јас го завршив првиот циклус од 4 дена, сега почнувам нов. Денеска 5/90-Протеински Појадок: еден гооолем цитрон Ручек: рибини плескавици 3 мали парчиња и салата од тегла Вечера: 2 чинии супа без фиде, само со рендан морков. Ако и после 2те чинии супа сум гладна, ќе си направам салата Инаку наутро пијам по еден цеден лимон во млака вода.... кога ја држев пред една година, многу ми помогна лимонот затоа што ми го намалува апетитот и ми го забрзува метаболизмот. Браво MissyC , сега ја имаш мојата посакувана тежина . Инаку сакав да те прашам дали вежбаше во текот на диетата или...??? Поздравче
12/90 овошен И јас како и Свитхард 87 секое утро еден лимон со млака вода пијам и супер ми е. Еве денес така ми почна денот сега кафе ке пијам па после почнувам со овошјето.
Девојки барам мал совет од вас. Ја имам пробано диетава ама никогаш немам издржано до крај, туку 2-3 недели ама тогаш и сум вежбала и ја имам прекршено. Значи дали да почнам пак, односно сакам да намалам 63 на 57кг. а моментално неможам да вежбам ??? И дали за овие 6 кг ќе треба да ја држам до крај, што мислите ? Фала
Не очајувајте другарками до крајот на диетата не симна ниту едно кило,но после тоа жената се слизна наеднаш,значи не мора да значи
MissB можеш да се обидеш, започни ја па види како ќе ти иде, но немој да очекуваш дека ќе ти иде како на нас што имаме за губење по 20 кила, може и побавно да иде. Е сеа, ако не си карактер и не издржуваш не знам зошто би се мачела, подобро започни некој твој режим кој нема вака да те ограничува и ќе си ислабеш пак. Пример, наутро овошје обавезно, појадокот после 2 часа и тоа јаглехидрати, ручек не мешај состојки, гледај да јадеш исклучиво еден вид храна, протеини или скроб и за вечера заврши со скроб, евентуално некоја салата 82/91 Скроб Се гледа и мојот крај, ама никако немам воља веќе, не дека килата не се гледа дека се изгубени и слично, но не знам веќе што да комбинирам за јадење. Појадок - два портокала пред малку после шоља кафе Ручек и Вечера, појма немам, најверојатно ќе комбинирам две во едно ама што не знам, некое пире или пченка варена
Протеински појадок- јаболко и јаготки и малини (имам замрзнати од пролетта па сега си ги јадам) Ручек- супа без фиде, риба и мешана салата Вечера- сигурно од рибата што ќе ми остане и салата
Ниту еднаш не сум вежбала, само со резумот, но од понеделник почнувам во теретана за да се стегнам и да ги оформам мускулите
Девојки јас во овошниот ден јадам многу овошје со цимет и тоа ме плаши, гледам другиве што читам јадат само по неколку овошки, јас немозам да се контролирам и јадам по 3-4 јаболки неколку портокала киви мандарини ..... има ли врска количината на овошје во овој ден ?
Јас сметам дека не би требало тоа да штети, зависи до организмот од човек на човек, мене на пример ме заситува овошјето и по не осекам глад во овошниот ден одколку денес на пример јадев риба и салата и по гладна сум за разлика во овошниот ден. Па ти кога ке почувствуваш дека си гладна изеди си еден портокал или слично што и да сакаш па по некое време пак кога ке почуствуваш пак изедиси нешто и така ке си одржуваш, па и да два саата ако треба јади по нешто. А јас сакав да прашам каде да ја сместам палентата, во кој ден да ја јадам, скробен или јх???
Јас дефинитивно имам проблем со мотивацијата ... толку сум демотивирана откако ја почнав и никако да ја оправам како што треба ... Се надевам дека понатаму ќе биде подобро Денеска 6/90-Скробен Појадок: цитрон Ручек: манџа со компир, грашок и морков + цвекло од тегла Вечера: исто како ручекот
јас во овошните денови си правам овошна салата. полн тањир овошје клавам 2 банани 2 киви 2 портокали мандарини ананас се што имам купено (некогаш се случува и одвај да дојадам) никаде не е напишано дека треба да јадиш толку или онолку. јас два дена праев пауза ....знам знам ич нечини ама бидна денес ми е протеински ден 30/90 планирам да јадам салата со варени јајца марулка младо кромитче и ротквица
И уште нешто да ве прашам, дали е дозволено во овошниот ден компот од праски и кајсии од тегла домашно правени?