Јас си пијам сок од компот, мајка ми по една лажица шеќер ставаше на една тегла, праските се благи сигурно не се става повеќе шеќер, е вишните на пример дека се покисели ставаше по 3 лажици. А палентата девојки во кој ден да ја јадам? Скробен или јаглехидратен? Прочепкав на нет пченката ја има и во храна што содржи скроб, исто и оризот, и исто така ги има и во храна што содржи јаглехидрати, па сеа по моја логика би јадела палента во јх ден, а? Што викате вие???
13/90 протеини За мене и доручекот и ручекот се завршени веќе ручав свинско динстано со салата,вечера само салата ќе биде . Вие за компот правите муабет а јас вчера на овошен ја направив таа грешка јадев една чашка ,сега гледам не требало нема да ми се повтори,се течам дека не јадев банани па некако ќе се избалансира.
~Прво за овошјето, некаде имам прочитано дека не треба повеќе од кило ипол овошје и кило зеленчук да се изеде, но може да се изеде зеленчукова супа, без масло. Секако не сум практикувала освен еднаш кога изедов една чинија супа од зеленчук, ептен бев гладна а немав зеленчук. ~За компотот, зависи како е правен, колку шеќер има додадено и според тоа може да се раководите. Јас последниве два овошни дена имам изедено една тегла од дуњи, ама доста намалувам на овошјето и зеленчукот. ~Палентата е скроб, се јаде во скробниот ден. Сето тоа е чиста биологија ама ајде, некој бегал од часови по биологија Денес 83ти ден, Овошен, на мени две банани и два портокала, компот од дуњи кој знам не е многу засладен и малку микс од суво овошје и јатки. Се на се денес немам изедено многу во споредба со другите овошни денови, ете и зеленчуковата салата ја избегнав. Испив две кафиња и чај од нане. До вечер може да се напијам какао и тоа ќе биде тоа. Овошниов ден на крајов најлесен ми се гледа, ич не се замарам што ќе јадам, се знае овошје ќе биде па затоа ми е полесно
Ке си пукнам Вака се чуствувам Денеска јадев, чинаш не сум видела јадење А-а од утре стварно ке почнам со диетава, најозбилна сум.
24 ден овошен 2јаболки 2 портокали 1 киви. 20 гр бадеми.1 краставица и 3 литри вода утре планирам јајца да јадам па ќе видиме поздрав до сите
Денов ми помина со гравче и салата, вечерва само со шопска. Утре јх ден, планирам јуфки да ручам послатки ми се дека без сирење ке ги јадам одколку макароните па после благичко нешто ммммм
Вчера 5 ден - протеински Доручек - 1 круша и кафе Ручек - динстан стек само со сенф и сусам, динстан карфиол и морков, цвекло и 1 лепче интегрално Вечера - немав потреба од вечера се осеќав презаситена, ама зато сношти си дозволив Денес 6 ден - скробен Доручек - 3 мандарини кафе, вода со лимон за ручек имам спанаќ и салата, Незнам што ми е, никако неможам да го дочекам ручекот, најголемата криза ми е помеѓу 12 и 3 сатот , а навечер воопшто немам апетит .....
Девојки денес ми е јаглехидратен ден и си направив пица(купечко тесто) со кечап, оригано, сусам и луто пиперче. Дали направив грешка што ја изедов цела, поради тоа што многу ми се јадеше?
мислам пола требало да ја изедиш.. а и мене денес ми е јаглехидратен ден и ептен претерав како и да е утре построго
14/90 скробен ден Денес покрај овошјето компир салата и малку ориз варен првпат во ваква комбинација ама умрев денес за јадење вчера не вечерав а денес одвај дочекав ручек. Некој претходно спомна дека не може да издржи да го дочека ручекот ,па нека не се секира и јас сум таква,одвај чекам да ручам,и секогаш ручекот ми е во14 најкасно 15часот. За вечера може и да нејадам ама јас никогаш не бев навикната само на овошје од сабајле,а сега како прегладнета сум до ручекот ама тоа е се придржувам ,а и бидејќи сум дома па и супер ми е и да вечерам тоа не е покасно од 19.30 .
диеталки само менито го кажувате каде ви се килограмите до каде стигнавте. покрај менито да бидеме малку и мотивирани. денеска 25 ден протеински ден доручек 1 јаболка и кафе ручек 3 варени јајца 2 печени пиперки малку сирење и 1 кришка црн леб вечерва 1 јајце со марула салата..и обавезно 2 л вода. како што кажав пред некој ден досега -6 кг.
zdravo dietalki....eve i jas ve druzam.denes mi 4 den ovosen i malku tesko mi e a me raduva toa sto odma vagata pokazuva 1 kg pomalku....inaku imam 74kg a sakam da dojdam na 60 kako sto si bev pred da ostanam bremena....ajde poddrska do site nas morame do kraj da se borime so kilogramite......kako e kaj vas so kilaza?
feeling имаме пишувано и колку слабеме,можеби не си видела.Јас стандардно на понеделник се мерам ,до сега 3кги 800гр имам ослабено за 2 недели утре пак ќе се мерам.A еве и рапорт,вчера 20 ден овошен на менито имав 2 банани ,3 јаболки,цеден сок од мандарини,5 суви урми , една зелена салата и 60 гр бадеми.денес 21 ден протеинскиза појадок 2 јаболка,за ручек печена кокошка со зелена салата,а за вечера или пилешки стек или пилешко дропче се уште се мислам
па ти си супер јас поручвам кај 8 или 9 зависи како сме станале. ручам кај 13 и одвај дочеквам а вечерам кај 16-17 денес верерав во 16.30 и сега пак ми се јади,после ќе си исцедам портокали секој ден вака насабајле кога јадам овошје исто ко да немам ништо јадено и пак одвај дочеквам ручек.... не е убо ич јас како што читам не е во ред нешто со мене па во еден месец 4 кг малку се ама не пијам вода 1 чаша денот... мора по повеќе изгледа....