можи има и некој друк прашано немам сретнато утре имам јх дали можи на пицата да ставам растителен кашкавал????
можеш можеш ама немој да го заоставуваш чоколадото за готвење не е препорачливо, но можеш да ставиш,ја пица секогаш јадев со малку раститтелен кашкавал па пак ослабнав..
84ти ден, Протеини, последен циклус од ТурбоУн, уште 2 денчиња само и последниот Воден ден, уште 4 дена и тананаааа....крајјјјј Појадок - две банани, кафенце Ручек - јајца со печурки, на тефлонско тавче потпрженки во форма на некаква кајгана Вечера - мевциња со печен зеленчук, се разбира не скробен Викенд и протеини не се моја комбинација дефинитивно Па вчерашниот овошен ден подобро помина еј, ви пишав дека планирам да пијам само уште едно какао ама отидов на кафе во Вафлабар и каснав една салата и испив еден чај, вафлите не ги јадев, а оваа салата беше најчудната на свет, патлиџан, краставица, марула, рукола, јаболко и круша Искрено ме фаќа паника што после диетава ама не е страшно веројатно ќе се најде сила да се издржи уште 91 ден одржување, но морам да кажам предвреме, си давам себе си недела дена до десет дена пауза, едноставно да не мислам што беше за јадење, како беше, таман да ме фати сафра и пак да си почнам со диетичка
85ти ден, ЈХ, уште еден ден до третиот Воден Појадок - банана и портокал, пред нив едно кафенце а сега се дозирам со вода Ручек - пица вегетаријана, направена по мој терк Вечера - две парчиња торта, свекрва ми направи вчера торта и денес со радост ќе си ги изедам а и на роденден сум па ако одам не ќе биде лошо да си ги преполовам едно дома едно на роденден Ми се бројат деновите, дома сите радосни, не знаат дека ќе продолжам уште 91 ден Одржување, па и Ирена, сеуште сум во недоумица, но мислам дека е голема веројатноста и по тоа да продолжам уште 91 ден класична УН, тамански до свадбата
1 ден протеински доручек: 2 портокали ручек: стек , зелка салата вечера: пола од ручек Правев пауза скоро од 2 месеци и гледам дека поубаво ми е со диетава и ке си почнам од почеток СЕ НАДЕВАМ ДЕКА КЕ ИЗДРЖАМ , ПРВИТЕ ДЕНОВИ СЕ НАЈТЕШКИ, ОЧЕКУВАМ ПОДРШКА ОД ВАС
35/90 ЈХ ден д. 2 јаболка р. пица вегетаријана в. незнам сеуште, ќе видам (минатиот пат наместо благо, јадев пола од ручекот - кифлички и ред црно чоколадо, па некако поубаво се чувствував) Досега оди супер. Секогаш се мерам по витаминскиот ден, па задутре ќе пишам за килажата. Друго што сакав да ви кажам, особено на младите мајки, јас сум доилка, моето бебенце има 7 месеци и да ви кажам искрено откако ја почнав диетава, јас чувствувам како да имам повеќе млеко, дали од течностите што ги внесувам (мин. 2 - 2,5 литри дневно вода и чаеви), утринското овошје, салатите во обилни количини секој ден итн., што според мене е супер, а и бебето си е супер, си напредува одлично. Затоа, не се плашете доколку сте во слична ситуација, подобро да јадете според овој режим, има толку многу комбинации, се е здраво, отколку да се товите нездрави работи (грицки, чоколада), а притоа да мислите дека ќе имате повеќе млеко со прекумерно прејадување
Комплетно се слагам со Анушка, диетава е создадена за здрав живот, нормално нема да ги смалуваш многу оброците како за губење килажа, едноставно да се доведеш во ред после пороѓај, и јас мислам дека штом се породам ќе ја почнам одново диетава. Се разбира без водениот ден
15/90 омилен јаглехидратен ден Денес се решив да јадам геврек за ручек,а вечера имам торта . И за сега 15 дена јас -4кг има уште многу до целта но битно оди надоле. И денеска почнувам да вежбам на Орбитрек ќе видиме како ќе оди.
8/90-Овошен До сега изедов 2 банани, а до 17 часот имам уште 2 јаболка и 2 портокала. Кога ќе стигнам дома, ќе си направам една салатка и тоа ќе јадам. Инаку одлучив да почнам со вежбање после првиот воден ден...
~Па со многу пропусти, кои ги сметам за нормална работа во диетава, без придржување слепо за диетава имам ослабено околу 13 кила досега и околу 25 см во обем, по фармерките за цели два броја. До крајот, за една недела тоа, после водениот мислам дека ќе смкнам уште 2, најчесто после водениот слабеам уште 2 кила па од таму и надежта. Знам дека не е многу, но за мене е супер доволно, почнав ентузијастично, некаде се загубив околу празниците и пак се повртатив. Продолжувам со Одржување и некоја комбинација од УН, Ирена и месечеви мени се до свадбата
Ангел забележав дека правеш доста остапки односно дека повеќе пати ја прекрши диетата и баш се прашував колку ќе симнеш . Не се многу 13 кг за 3 месеци, ама пак, со сите тие прекршоци и плус те фатија празнициве, оваа се и повеќе од добри резултати. За време на празнициве да бидеш со -13 е бинго . Ама убедена сум да не прекршуваше толку ќе ослабнеше минимум уште 5 кг. Овие кг се малку затоа што мислам дека ја почна диетата со повеќе кг вишок, а доколку започнеш со повеќе вишок и повеќе и побрзо ќе симнеш. Но реков, по празнициве со -13 и те како треба да си задоволна. Јас сум со +4 . Браво за упорноста . Стави и слика, сепак и намалаувањето во обем се брои и тоа најмногу. На крај изгледот најмногу кажува за резултатот
денес јх п. 2 банани р. 2 палачинки со кечап и растителен кашкавал в. 1 палачинка со еурокрем и банана
1/90-Протеински ден Доручек: две банани Ручек: 2 варени јајца,зелка салата и едно парче интегрален леб. Ужина: (второто-кафеното) Вечера немав зошто не ми се јаде ништо. Прегеска јадев компот,погрешив?
^ Како жити се успеа во протеински да вметнеш житни барови.... Значи ве читам јадете триста глупости, се губи поентата...
Затоа и се откажав од темава. Ја изгуби смислата и ја унаказија красна диетичка. На страна тоа што сите се прават експерти по еден месец на диета. Кога ќе успееш да ослабеш, а притоа да си ја зачуваш постигнатата килажа, дојди кажи ми, рака ти пружам. Ги знам маките. Исто како Анабелка, Трендафилка и ред други што сме ја истерале до крај.