Со диетава изгубив 24 кила за 3 месеци... Многу е ефикасна и стално ја препорачувам... Во комбинација со фитнес или аеробик диетава ве топи... Поминаа 2 години од кога ја држев и немам ни килце вратено а јадам ко дупната..... Првата недела е напорна....после една недела веќе немате никаков проблем.... Е сега да не пиев сокчиња може и повеќе ќе намалев...али тоа е тоа....презадоволна сум
хммм....ја почнав на 18 март, и сега нели 3 дена пауза.... за килажа незнам точно, зашто не се мерев а и вагава дома ми е зезната, ама од прилика имам симнато најмалку 7кг....а најважно 2 конфекциски броја Неможам секој ден, ама вежбам на орбитрек барем 3 пати неделно, се мачкам со креми, се масирам, пијам доста чаеви и вода итн. Ти до каде си?? Колку симна ?
Mорам да ви се пофалам, без никаква диета, само со умерена исхрана без ципсови и газирани сокови за 2 недели ослабев 3 кг. и тоа не знаев вчера кога се мерер бев најсрекна на свет ... чисто да си се пофалам
А за Први Мај што ќе правиме, скариче ова она ммммм, мене ми паѓат јагленохидратен ден тогаш , па незна со ќе правам, ќе треба да ја прекрша (
мене денеска ми е 29 ден , и имам симнато 5 кг до сега...јас се надевав дека повеќе ќе ослабнам, но тоа е тоа...Инаку денеска требаше да ми биде воден ден , ама јас заборавив и продолжив на протеински, сега ми текна...незнам што да правам. Дали утре да го почнам водениот или да чекам да ми дојде овошен ден па после овошниот воден ден....Што мислиш ти?
како што пресметував мене ми се паѓа овошен ден.....хаха , ти добра си јаглехидратен ти е...Јас мислам дека ќе ја прекршам малку...ехехех
Јас мислам да чекаш да дојде овошниот , оти ако го вметнеш сега водниот повеќе ќе ја пореметиш. Не верувам дека е проблем било на 29 или на 33 ден ке одржиш воден нема врска.
Водениот ден секогаш доага после овошниот, и можеш да го направиш после овој циклус. Малку тешко изгледа, а и тешкичко е да се издржи, ама мене ми делуваше многу. Мислам дека после водениот ден симнав најмногу. Ако си решена да го издржиш, мој совет е да не се врткаш тој ден дома, оди на шопинг, почасти се нешто па макар и ситно, оди на гости, ама никако дома зашто ке бидеш мнооогу гладна а тоа дека си симнала 5кг, не се демотивирај...ке биде повеке наредниот месец, само ке пробаш да внесуваш повеке салата отколку зготвена храна. Ако си помалку активна тој ден, гледај вечерата да ја скратиш. т.е изеди малку салата само, или напиј се кафенце со маааалку млекце...но не овошје. Искрено јас малку си ја модифицирав диетава, и гледам има поголеми резултати вака. Значи никако најадување од ручекот или вечерата....само пробај да прекинеш кога ке приметиш дека си сита...и никако вода после јадење...почекај 30мин до 1 саат. аааа и за овошниот ден.....подобро изеди 3 банани дента отколку на секој 2 саати по некоја овошка. Мора и во тој ден да се скрати малку. Ајде ке издржиме малку гладување...не се многу 2-3 месеци...па и 5 нека се...тоа нека ни биде казна што не сме пазеле до сега
хехех да во право си, кој не си пазел сега ќе си држи диета....сега водениот ден ќе го ставам после овошниов, ќе пробам да издржам без јадење.. ми останаа уште 2 месеции.....сум го заборавила чувството кој јадеш нешто прженоо...мм хаххахха
Jas ja pocnuvam dietava posle 1vi maj i se nadevam deka ke simnam nekoe kilce samo sakam da prasam za 3tiot den namesto pica moze li da jadam na pr bakerools od pica ? i sto da jadam za vecera posto gledam da go izbegnuvam blagoto i lebot imam 15kg visok [mod-kirilica:a0bt2xhi][/mod-kirilica:a0bt2xhi]
Можеш да јадеш бејкролс. Благо доколку сакаш да избегнеш не јади. Јади исто што и за ручек, бејкролс, салата, кога веќе не сакаш да јадеш благо. Не е проблем да јадеш бејкролс воопшто, се додека ти се главно јадење, бидејќи имаат речиси 500 калории во себе. Ако, решиш да јадеш нешто благо, можеш црно чоколадо. Тоа е ем здраво, ем нема мн. калории во себе. Одлично е. Место пица, можеш и ѓеврече да речеме да јадеш, перек, можеш макарони, бидејќи макароните и во принцип немаат многу калории, проблемот е со што ги јадеш, а ако си направиш чисто сос од домати само, босилек, лукче одлично и лесно ќе ти е на стомакот и ќе се најадеш ко човек, без да се натупаниш со храна.
I jjas posle 1 vi maj startuvam znaci zaedno ke se podkrepuvame i ke go spodelime iskustvoto jas imam 5 kg visok ama mi e strav da ne s eotkazam [mod-kirilica:bfjlqjgt][/mod-kirilica:bfjlqjgt]
Не се откажувај и јас како и тебе за малку килограми вишок држев диета и сега исто така продолжив со режимот само што не буквално строго по него, само гледам оброците во денот да ми се раздвоени, како по диетава, да не мешам скроб, јаглехидрати итн. Не е напорна диетава воопшто, макар што изгледа монотоно, ти можеш да просурфаш на нет да најдеш интересни рецепти. Издвој си на една листа сите зеленчуци, овошје, се буквално што мислиш да си јадеш и почни си да си осмислуваш јадења. Вежбај исто по малку не мора некои напорни вежби, тука баш на фемина ќе видиш има прилично добри вежби, што се особено добри за луѓе, што имаат по неколку кг. вишок, бидејќи резултатите се веднаш, за недела дена ќе видиш како ти зацврстува телото. Поз и не се откажувај .
Нема да се откажеш биди упорна мене диетава не ми се гледа како тешка а и многу се фалат од оваа диета така да после 1мај обавезно почнувам
mene denes mi bese proteinski den , za rucek jadev pecen stek, a za vecera ne mi se jadese i se napiv 300 ml mleko presno,,, e sega utreee skrobniot den ke go preskokna ke jada skara i blago,,, sto mislite posle 1 maj so koj den da prodolza??? [mod-kirilicay9psev8][/mod-kirilicay9psev8]
Е ако мислиш да јадеш и скара и благо, мислам дека најубаво би ти било да си го направиш наредниот ден овошен, и тоа со колку што можеш помалку овошје, а после овошниот почни со протеински и продолжи си како вообичаено. Демек во диетава пишува дека ако прекршиш некој ден треба да си продолжиш со тој ден што ти следува, а во диетите што ги даваат нутриционисти, пишува дека ако прекршиш нешто, или јадеш благо, газирано....сеедно, наредниот треба да е овошен....што според мене е по правилно. Па сега ти одлучи си Ако сакаш повеке да симнеш, треба повеке да гладуваш
Да и рибата е месо , јас овој ден понекогаш јадам марула салата со туна и лимон... иако гледам да ја избегнувам конзервиратана храна...