30/91 Воден ден Цел ден беше со 4л. вода, 1 чај од коприва, и две кафина-туркиш, без шеќер како секогаш ...смеело кафе или не без него не фунционирам, инаку, си дадов обврски за цел ден...и си завршив работи кои чекаа некој ваков ден :lol па сеа зошто планов ми успеа, сите обврски од следниве 29 дена кои може да чекаат, ќе ѓи преушалтам за вториот воден ден
Денес-протеински појадок- 2 јаболка ручек- пилешко ама пилешкото во супа домашна (без фиде), како чорба нешто така со мевце пилешко од батачиња со зелка салата вечера- денес не вечерав исто, пиев две чаши јогурт со малку сиренце, а и пред јогуртот замезив зелка ама кисела зелка. Утре-скробен појадок- ке биде или јаболко или порокал или киви... ручек- ориз тавче со зеленчук и салата марула вецера- планирам истото од ручекот
42/90 овошен ден појадок: 2јаболки ручек: 2јаболки и 2 круши вечера:1јаболка Инаку до сега сум ослабела 9.5 кила и сум презадоволна иако сум доилка воопшто не ми е намалено млекото и квалитетот ама важно се вратив во форма
Денес 23 ден ЈХза појадок 2 јаболка ,за ручек пица од готово тесто со домати ,печурки и некоја маслика,за вечера 6 колаченца малецки и еден ред горко чоколадо.Конечно оздравев и од денес почнав со трчање,пола саат како за почеток после 1и пол месец пауза мислам дека е доволно.
Здраво, Вчера завршив со УН диетата и резултатот е 11-12кг помалку, пресреќна сум , нешто што претходно ми нема успејано со ниту една диета. И не се само килограмите во прашање, ослабена сум и многу во обем. Првиот месец ослабев само 1,5 кг, но затоа вториот и третиот месец килограмите се топеа, така да за сите сто почнавте да ја држите не губете надеж, на почетокот можеби нема да бидете задоволни со губењето на кг. но бидете упорни и продолжете додека организмот не се навикне на новиот режим на исхрана, и сигурно ќе имате испех :up:. Од денес сум на УН одржување, ама гледам дека таму не се многу активни па да си пишам и тука за денес менито е следно 1/91 протеински доручек 2 јаболки ручек: стек, салата и супа вечера: стек и салата поздрав
Добро утро диеталки.... добри резултати прочитав погоре, браво Денеска 10/90-Скробен а на мени е следново: Појадок: 2 портокала Ручек: компир салата (со вегета, маслиново масло и лимонов сок) Вечера: исто како ручекот
добро утро диеталки 28 ден овошен .денеска ќе биде интересно .тешко ми е овој ден ама ќе го издржам . утре го прескокнувам водениот.уште еден циклус од 4 дена па ќе се мерам. поздрав
~Анка, имаш некаква утка или? Ова Водениот се ми се чини 29ти ден треба да ти биде, после 7х4циклуси=28 дена, 29ти Воден и пак исто. Убаво што си го издржала, одлична работа си направила Кафето чисто без млеко не ти е никаков прекршок, замисли во Србија во овој ден пијат и супа од коцка, еден литар во текот на денот. ~Кејтуле таратур во протеински ден иде ~И ај да се опростам од диетава како што е ред, вчера си ги кажав успесите, мислам дека ви е јасно на сите дека супер ослабев, и така еуфорична вечерта добив ужасни вртоглавици, главоболки, тахикардии, мачнини и имав грозница, па така диетичкава ја завршувам 5 дена порано, под закана и принудно Но нема многу бегање, односно одиме сеуште со здрава исхрана, барем до Петок да се издржи бидејќи тогаш одам на викенд и можеби и ќе си дозволам троа повеќе опуштање, пред се планирам да направам колачиња но секако ми се погодува Сабота ЈХ ден па така да не е страшно. Денес требаше да бидам трет и последен воден, се опремив вчера со многу желба ама ме претрка состојбава. Не е битно, ко по навика јас пак си пикнав два портокала во ташна, ќе се обидам денес да бидам на некаков си Протеински ден, со тоа што зедов едно ѓеврече со јогуртче за ручек, а дома ќе пијам супа, да не тргнеме многу нагло во слободна зона После викендот кај јужниот сосед одиме со одржување, сега засега малку ќе го одморам организмот и ако ми прија ОК, ако не секогаш си ја имам под ракав Ирена комбинирана со појадокот на УН и навиката за немешање намирници Мило ми беше да се дружам со вас диеталки, ќе ве пратам сеуште и ако видам дека некоја забегува ќе карам озбилно
Добро утро на сите мада мислам дека ова дождов не е баш најубавото нешто ама тоа е денес овошен ден до сега ми летаа деновиве тежина никаква неам осетено значи се се може само желба треба и упрност. не сум се мерела ама утре ќе се мерам баш да видам до кај сум иако немам уште многу за симнување се радувам на секој грам помалце И ова минус кг многу позитивно ми делува па се посмислувам дали да изедам колку треба или помалце значи само напред позитивно и сите ке успееме Ангел браво и се надевам ќе се читкаме во темата одржување јас уште 1 месец и доаѓам
17/90 протеински И да кажам дека вчера не издржав без сушено овошје и без 10 бадемчиња , се трудев и во 6 саат почнав да кризирам ама ептен и изедов три суви сливи,три смокви ,три урми. Се разочарав од себе си не успеав ,што ли ќе биде на воден ден ах. Денес омилениот протеински ден од сабајле бев на пазар и си земав марулче кромитче,па зеленчук за супа која ја направив од(морков,пашканат, целер,малку брокула и кромитче сето го изблендирав и добив преубава крем супа ) а за ручек се разбира месо на скара.
Леонтинче не зезај, ти си мајка и мораш да се држиш повеќе отколку нас, нас ако ни се слоши ќе си легнеме и готово, ама ти мораш да бидеш присебна за бебушко. Не се разочарувај туку така и ич не помислувај на воден ден, освен ако не е некој викенд ден па да ти го причува некој бебето, иначе ќе кризирате со сопругот и на крај бебето само ќе си остане да си се гледа. Малку повеќе ентузијазам и ќе биде, види денес што здраво ќе се храниш, ајде ајде, нема разочарување
Што ќе правиме без тебе сега кој ќе ни дава подршка и совети ,немој да не заборавиш. И опушти се малку сега за викендот заслужи уживај со либето па кога ќе се вратиш на одржување му треба на организмот опуштање .
Знаете вие убаво, јас ќе бидам тука да карам и да советувам, само не како до сега, морам и Одржување сега да вклучам, една тема плус
Да Ангел да УТКА и пол е, и појма немам кај ми е уткава за еден ден .... се изгубииииииииив ...ами сеа...ајде да се пребројам за преостанативе 2 водени денови со турбо ун да не ги утнам и нив
Ја игнорирам грешкава, кај згрешив појма немам, се изгубив во рачуните .... значи сеа според новава пресметка од 28 февруари стартувам со турбо ун, а на 12-ти март 2. воден ден.
12 ден - овошен Денес само 2 портокали изедов и тоа со сила. Многу ми е тешко, само што ќе помислам на овошје (и било каква друга храна) ми се лоши.
43/90 Протеински ден појадок:1банана ручек:1парче пилеско месо варено и марула салата вечера: 1парче сирење
Малку стагнирам, па си реков ајде турбо ун - од неделата го почнав, и веднаш гледам резултати....е сега се изгубив во деновите.....мислам дека во неделата требаше да ми биде 60ти - малку доцнам зад раманте 3-4 дена, па нека ме поправи ако грешам . Во иста ситуација сум како love23 ама од пусти страв овошните не ги држам само на овошје туку и супа си правам (зеленчукова-блендирана) и салата. Од нареден месец ќе почнам со дохрана на бебушов па ќе бидам похрабра со овошните денови. Имам симнато 8 или 9 кг и сум презадоволна најголем успех со диета досега во животов. До саканата цел не сум блиску ама со секој изминат ден се доближувам се повеќе Според некои рачуници слабеам по 1 кг неделно (да не заборавиме дека многу грешев за нова година и празниците ) што е оптимално супер. Јас сакам да изгубам уште 15кг и најверојатно ќе одам во одржување па пак уште еднаш ун, и за чудо воопшто не ми пречи. Готвам за цело семејство, се ушемав и немам гајле - на пр додека моите денес јадеа грашак, јас кркав плескавички со салатка, а утре ќе се споиме - за сите ќе има фурнаринки со зачини плус доматно пире и печени прстени од кромид
Денес 24 овошен цел ден 3 бабани и 3 јаболка ,и 30 мин трчање .Добро оди досега ,планирам да се измерам по водениот ден .Поздравче