Дечки денес ми беше скробен ден и јадев нормално тоа што треба. Поручекот ми беше 2 јаболка, ручекот еден тајнир грашок со едно парче леб, но проблемот е тоа што за вечера бев вкафана и јадев месо, торта и вино црвено пијав. Ова ми е прв прекршок во 12 дена. Прашањето ми е тоа што дали утре кој ми е јагленохидратен ден да јадам тоа што треба или да ја почнам од почеток и тоа со протеинскиот ден? И дали згрешив многу што прекршив вечерва?
Да згреши. Не, не треба да почнеш одново. Едноставно продолжи си со следниот ден. И потруди се барем да не мешаш видови намирници во еден оброк. Дури и да се случи прекршок, да не е тоа сите дена во едно јадење
Вака што ве читам, не се мешам околу темата „диета“ но морам да потенцирам дека делот со „воден ден“ е апсурд. На тој начин се оштетува и желудникот кој може да доведе до сериозни проблеми. Не само желудникот туку можете да си направите и други проблеми! Можеби сега ви е важно само да симнете некој килограм, но после неколку години ќе ја забележите грешката. Зошто не се обидете да вметнете парче овошје или нешто со што би го држеле желудникот мирен? Орев, бисквит? Ова е само препорака бидејќи диетата не би требало да предизвика проблеми!
добро утро на сите 29 ден(воден) а за мене протеински,,, доручек 2 круши ручек ќебапчиња со салата и супа вечера пола од ручекот.
Добро утро и од мене . Вчера денот помина супер, иако бев и на роденден сепак не каснав торта... машки издржав пред искушението . Денеска 11/90-ЈХ Појадок: 2 јаболка Ручек: 2 парчиња домашна баничка со зелка Вечера: ќе правам палачинки и ќе каснам една-две Се чувствувам како да не слабеам, ама можеби и затоа што сум подуена и ме дрма ПМС-от... незнам
18/90 скробен Денес грашок за ручек и вечера исто овој ден смрт нема иновативност дајте некој предлог освен ова стандард нешто интересно што готвите овој ден. Рогенбоген какви се тие печени прстени од кромид јас знам за паховани ама печени не сум правела сподели рецепта мм обожава кромид па да го изненадам .
Regenbogen денес ни е 66 ден протеински по калндер е сега ти не ги држече водените па затоа си плус 2 од мене Леонтина еве ти предлог за денес земи си прокељ и запржи го со зачин прекрасно е можеч компир салата со кромид , праз соо пиперки суви ,охоо многу има и по нет се наоѓаат вкусни рецепи јас си барам на http://www.coolinarika.com/ E денес прво да се пожалам сум ставила 1 кг а не ми е јасно како многу помалце јадам ама ајде и плус страшно ме боли кичмата не можам да спијам и стомакот ми е подуен ова ПМС ов подранил ии реков не се замарам за кг плус нне го ни пишувам се праам на Тошо уште иам 55 Денес ќе се јаде месо ммм поздрав до сите
11 den denes malce se custvuvam oslabeno zabelezuvam po farmerkite,no ne sum bas epten uste e pocetok
13 ден - протеински доручек - 2 портокали ручек - 2 варени јајца, 1 парче леб, свежа салата и на крај супа без фиде вечера - исто само се на пола и без супата нормално
Рогенбоген какви се тие печени прстени од кромид јас знам за паховани ама печени не сум правела сподели рецепта мм обожава кромид па да го изненадам .[/quote] Мојата рерна е со вентилатор па ако имаш таква ептен ќе ти се олесни готвењето, се што на времето пржев сега печам, па така и прстени: ја знаеш процедурата - се сечат на тркалца се ставаат во смеса од к.вода, малку швепс, брашно и сол, па се валкаат во презла. ги редам во тефлонско тавче големко, така да не се многу натрупани зашто нема да се крцкави и ги попрскувам со сусам и маслиново за 20 мин се готови (ако не и порано). сос - 5лажици кечап, 3лаж. томатело и 2 прстофата буковец (ова повеќе му догаѓа како мезе отколку ручек ама ај )пак ке речам со рерничево ми е песна, едвај чекам да дојдат модрите, па пиперките...е тогаш ќе се слабее, а во јх ќе кркам сладолед за вечера ете денес тоа јадев: прстени од кромид со 2-3 фурнаринки, а за вечера чоколадо
Вчера малку претерав со ЈХ ... ама затоа сега ќе се прочистам со овошје. Цел ден на мени ќе имам 2 банани, 2 јаболка, 2 портокала..... навечер ако ми се пријаде, може некоја салатка да направам.
67/91 скробен Добро утро диеталки како оди ?Како си поминавте за св.Трифун јас претерав со винце еее не ми требаше ама ајде ќе си се искарам самата Е сега како резултат од винцето вчера сега сум мртва гладна џабе 2 портокала не помагаа мачки ми гребат по стомакот еее главо луда ,ама што сум посеала ќе си жнеам јадење дури во 16 Сробен денес имам прокељ и макалце ммм со праз и суви пиперки (се надевам дека имам нарачав на свекрва ми да ми напрае) е така ајде нека помине денов да се легне дома и како заклучок вино преку недела не не никако не поздрав п.с, си ја сменив целта зошто 52кг на 168цм е премалце така да со 53кг ќе бидам презадоволна
да божанче само тие 4 дена и имас воден после 28 дена прочитај на почеток ако те интересира повеќе или пиши ми ЛП поздрав
Девојки едно прашање до вас. Дали би имала ефект да ја почнам УН, а ми требаат само 5 кг минус или воопшто да не ја почнувам. Поздрав
19/90 јх Денес на мени макарони со домашен сос од патлиџани со босилок,преубаво . За вечера си направив колач со јаболка,сливи,суви кајсии,суво грозје и многу лесно и освежително десертче и да ви кажам и дека ја открив најубавата црна чоколада со 65%какао од Пионир и мислам дека ќе се откажам од млечни чоколади поради неа. И Рогенбоген ќе пробам да ги направам прстените во фурна следната недела сигурно се преубави ама што викаш за мезе се ќе мора со вода наместо со пивце да ги мезиме
Од утре со нови сили ја почнувам диетава... Се надевам дека овој пат ќе бидам помотивирана, се разбира со ваша помош Со среќа на сите диеталки ...
20/90 овошен ден Не ми се верува дека издржав 20 дена на диета . Денес како што сум станата од 5 со малово денов ке ми биде ептен долг,почнав со кафе па сега следи доручек од 2 портокали.
Добро утро добар ден на сите Леонтина да ти кажам и мене не ми се верува дек проаѓа толку бргу времево со диетава глеам и уште 3 недели и завршувам и од сега ме фаќа страв како потоа ама ќе се дружиме на одржување инаку алал вера со мало си и успеваш браво инаку на мени денес јаглехидрати а вчера си напраев тортиќе едно со 1 јајце па денес да се проба како ќе биде а и ПМС ме пука што значи ќе кснам нешто благце плус е така поздрав до сите ,инаку пак да ви кажам МРАЗАМ саботи зошто сум цеееееееееел ден на работа бњак