Добро утро од несен јас сум скарана со вагата не ја рецкам веќе и ова ПМС страшна работа ме дрма 1 недела и никако да ми дојде ќе си пукнам денес почнувам со Турбо УН значи имам уште 17 дена до крај на диетава лелеее завршувам а со кг до нигде не сум само вежбање треба вака ко мене џабе не знма ми иде да се откажам од се не е фер едина надеж ми е сега водениот што доаѓа и теретаната од 3 март поздрав
40/91 ЈХ - доручек:две киви - ручек:шпаѓети со томатело - вечера:3 Мерси и 1 ред црно чок. Продолжувам БЕЗ вага, на крај од диетава можеби ќе ме израдува
јас почнав со турбото порано па се надевам ќе има повеќе резултати до сега 40 дена сум на диета а 4 кг имам изгубено ќе си пукнам од мака.. денес ми е овошен до сега имам јадено 2 портокали 2 киви и едно пакетче сув ананас и имам 1 литар зелен чај испиено.
денес ми е 5ти ден од диетата и баш добро се чувствувам го поминав и овошниот ден со 1 банана, 4 киви и 1 портокал, единствено навечер кризи кога ме фаќаат и станувам малку нервозна но мотивацијата е голема особено кога ги читам коментарите од феминките кај кои има резултати диетава
Здраво диеталки. 4 ден - овошен: п:2 јаболки р:50 грама кикирики в:2 портокали Mоже ли натрен да се става во кафето или чајот? Поздрав
5/90 истренирана сум веќе да не пуштам рака кон секакво омилено јадење. Појадок - јаболко, банана, кафе Ручек - портокал и супа, а сега ќе земам да си каснам и 2 јајца (сега ми е ручекот) Вечера - може едно јајце и/или салата (во зависност од тоа како ќе се осеќам)! А утре ќе си јадам гравче . Си терам некако.
Не пишав за вчера немав време Вчера 4 ден. Овошен П: 2 портокали Р: Овошна салата - банани, портокали, киви, јаболко xD В: Само сок од цеден портокал 5 ден - Протеински П: 2 киви Р: Туна и марула салата В: Само салата, се надевам не е прекршок (дека без месото) зашто не ми се јадеше воопшто.
5 ден - протеински: п:2 портокали и кафе без шеќер р:3 јајца,зелка салата и ајвер,па супа без фиде в:1 јајце,зелка салата и ајвер
20/90 јагленохидрантен ден појадок две мандарини,ручек пита со праз осминка вечера еден ред црна чоколада,девојки -5 сум пресреќна суммм ве сакам до свадба до јули топ ќе сум
Здраво женски Да ве пофалам и поддржам сите што издржувате, а ме охрабрувате и мене со тоа. Јас сум на 54 ден, овошен во кој ми е посебно слатко сецканото јаболко, банана и киви полиени со лажица мед. Енергетска бомба и гориво за пола ден, за остатокот се тука урмите и по некоја кикиритка. Ме радува тоа што храната не престанува да е уживање, но едноставно таа страст се пренасочи кон поздравите алтернативи. Неможам да ви опишам колку ми прави мерак тавче ориз или гравче во комбинација со зелка, па и најпростите рецепти како кајгана со сиренце ми се гозба. Како и за сите др ствари во животов, ништо не успева преку ноќ, треба многу работа и упорност за резултати, затоа не се обесхрабрувајте ако не сте задоволни од бројката до каде и да сте со диетава. Ќе дојде и денот порано или подоцна кога вагата ќе ја покаже таа бројка, но тоа не значи дека сме успеале. Тие што сме склони кон дебелеење имаме плус една мака во животот, да се храниме здраво и умерено цел живот, али тоа и не е мака колку што е предизвик и е плус уште едно достигнување кое само ние го можеме Инаку мене многу ми помага тоа што водам дневник за исхраната, како и за се друго, запишувањето и планирањето значи контрола. Ми следи уште еден круг од турбото, па вториот воден. Првиот не го издржав, почувствував слабост и главоболка и решив да не си играм со прегладнување па си каснав салата и супа. Освен првата недела кога се навикнував на намален внес, понатаму не сум се осетила гладна.. со исклучок на пмс кога некое екстра сушено овошје или плус оброк салата врши работа. Се читкаме со нови весели постови, зашто со секој нов момент сме полесни и посреќни
Не ми е јасно ова со кикириките како замена за ручек, во овошен ден?? кикириките се полни со протеини.
Според диетата во витаминскиот (овошен) ден се дозволени до 100 грама суво и оревесто овошје и семки распоредени низ повеќе оброци во денот.. (иако скоро видов дека кикириките спаѓале во мешункаст зеленчук ). Имаат повеќе протеини за разлика од другите оревести овошја, но според тие детали во нутрутивните листи, на пример како што кикириките имаат најмногу протеини во оваа група, така бананата има најмногу јаглехидрати во овошната. Во секој случај умереност
27/90 јаглехидрати Вчера цел ден низ град ,се утешив само со еден пар панталони после многу пробани комбинации далеку сум од целта се гледа.За ручек и вечера само компир салата. Денес за ручек имам едно парче пита со зелка а за вечера само ред чоколада. Раманте среќен роденден мила да си жива и здрава парчето торта само виртуелно ќе го каснам. И мислам дека ПМС во мисли само ќе те дрма ајде израдувајне со убава вест.
Леонтина фалаа ќе ти пуштам по лп едно парче инаку ми помина ПМС от ми дојде конечно и мислам дека ослабев 100 кила хаххаха а за радување од март сме решени да пробуваме па ќе ви кажам секако денес ми е 2 ден од турбото и се мислам место скробен да го праам јџ за да си каснам 1 парче торта ама има време ќе размислам до вечер сега уста не ми се отвара ве поздравувам сите
вчера- 5 ден протеински д:1 јаболко р:1 стек варен ,зелка салата, 1 кришка црн леб, супа в: стек и зелка салата денес-6 ден скробен д: 1 јаболко р: ориз и салата марула в: пола порција ориз и салата
6 ден! Денес ме фати депресија од диетава ама не се откажувам. Сонувам чоколади. Утрото го поминав со два цитрона! За ручек си јадев чинија гравче и парче леб. Многу чај и една шолја кафе. За вечера, супа бидејќи немам веќе гравче и салата марула во која ќе си ставам мали парчиња двопек. УФФФ. Мотивација за да ја издржам диетата ми се овие комплетчиња кои сакам да си ги порачам и да ми стојат како лиени на мене. А се разбира и да се направам згодна за мојот ден. Утре најверојатно ќе се измерам да видам како одам со намалување на килажата.
6/90 Скробен П: 2 киви и лимонада Р: Варен ориз, со рендан морков и кисели краставички В: Исто само малку каснав, ручекот ситост ми држеше. Да, и две кафиња испив.
Вчера протеински ден Доручек 2 портокала и кафе Ручек 1 чаша супа, стек и таратур салата Вечера половина стек со 1 чаша јогурт Денес скробен Доручек 2 јаболки Ручек 1 тањир варен ориз со грашак и лутеница од тегла Вечера исто што и ручекот само половина порција