во овошниот ден најмногу се слабее, ама ако не можете да го издржите, може да се земе и салата (зеленчук) но никако нешто друго.
Zaboraviv da pisam za denesnoto meni d: 2 portokala r: 3 peceni kopancinja so salata marula i zelka v: 1 kopan so salata
Angel ТЕ МОЛАМ, АМА ТЕ МОЛАМ НЕМОЈ ДА СЕ ГАСИШ, ТЕ МОЛАМ ДА ПИШУВАШ...ШТО КЕ ПРАВИМЕ БЕЗ ТЕБЕ ТУКА НА ФОРУМОВ...СИТЕ ЌЕ ПРОПАДНЕМЕ И ЌЕ ЈА ПРЕКИНЕМЕ ДИЕТАТА. НЕМОЈ ДА СЕ НЕРВИРАШ, УСТВАРИ НИЕ ТИ ВЕТУВАМЕ ДЕКА НЕМА ДА ТЕ НЕРВИРАМЕ, САМО ТИ ОСТАНИ МЕЃУ НАС.....))) Јас имено ја издржав диетата 90 дена, ослабев оноклу колку сто сакав и ми требаше, ама не ги потрув луѓево тука со тоа....ниту па ги критикував сите генерално и се истакнував дека ЈАС СУМ НАЈДОБРА ШТОМ ИЗДРЖАВ......!!!! Впрочен овој форум е формиран за помош и поддршка на оние кои имаат исти проблем, мака, среќа, емоција....секој пишува што сака и во зависност од темата си помагаме или критикуваме. Конкретно оваа тема е за помагање меѓу себе.....а не сите да читаме што тебе ти се допаѓа или не.....Ти Angel да те потсетам НЕ СИ НАШ МЕНАЏЕР ЗА ОВАА ДИЕТА....ПА ТАКА АГРЕСИВНО ДА НАСТАПУВАШ И ОБРАЌАЧ ЈАВНО СО МАЛ МИЛОН КРИТИКИ И ЗАКАНИ........ А чим ти споменуваш пица бурек и лазањи за појадок, кој знае колку ти е тешко што само на тоа мислиш додека си ригорозна со диетата.....тешко на тебе златна!!! ВАЖНО СИТЕ ЗНАЕМЕ ДЕКА СИ УСПЕАЛА ВО ЦЕЛТА! БРАВО ВО ИМЕ НА ОВОЈ ФОРУМ. НАРАВОУЧЕНИЕ: Ти мила, треба да доживееш некој друг трофеј во животот, да постигнеш поголем успех од овој (слабеење со диета) па да можеш реално и објективно да се вклучиш пак на овој форум...за да можеш да ограничиш до каде ти се можностите и како треба да се обраќаш јавно пред луѓе кои постигнале многу повеќе отколку што ослабеле! ПОЗДРАВ ДЕВОЈКИ И МОМЦИ КОИ СТЕ ХРАБРИ И ИСТРАЈНИ ВО УН ДИЕТАТА....САМО НАПРЕД!!!
Здраво! И јас ќе ве дружам. Денес ми е 3ти ден и сега за сега супер. Прекршувања до сега скоро ич(освен што првата вечер изедов двопек мало парченце ). За сега сум задоволна, зошто иначе сум си голем гурман, и ме изненадува без сиренце, чоколадце, ама супер иде. + ми што пијам кафе, чај(зелен со диетава) без шеќер, и што си имам навика да пијам многу вода, за овие 2 дена по 2литри негде по ден, што сметам е ок. Денешното мени ми е вакво појадок:2 јаболка и кафе ручек:макарони со домашен кечап(без сиренце ) вечера:2-3 чоколадца и 1 ред чоколада за готвење. + зелен чај после ручекот и вечерата, пропратено со качување скали. Иначе треба да ослабнам околу 15кг. и се надевам ќе успеам до мај. Среќно на сите, и да бидеме упорни, и летоска да се фрцкаме со бикини и секси телце.
Девојче а малку да оладиш? Прво мислење ти е, претпоставувам си се приклучила ради диетата не се мешај кај што не те собира те молам. Како прво, на форумов секој си има право да каже што му лежи на душа, исто и ти, не спорам, ама да нападнеш пред воопшто да прочиташ, па и не дочитуваш до крај, одма коментираш, ја богати. Второ, јас диетава ја додржав до крај, ослабев колку што ослабев, пишував на темава за да дадам некому подршка, мене најголема подршка ми беше Анабел-а, која ти очигледно ја замеша со мене и ја стави во сосем непотребен контекст, онаа која ја нападна мила моја има ослабено преку 30 килограми, има успеано како што ретко кој успеал во диетава, да не бидам нејзин дрвен адвокат па да се мешам кај што не ме држи место, ама немаш право така да се обраќаш. И трето и последно, на тема диетава во ЛП секојдневно ми стигаат преку 10 пораки, речиси и да нема форумџика која ја почнала диетава а не се исконсултирала со мене, на сите сум им одговарала иако и на самата тема било нашироко пишувано на темава, мислам дека за разлика од тебе овде сум дала многу повеќе совети и коментари и сите до еден биле конструктивни, имале содржина и ова мое излагање не е заради друго туку поради тоа што се осеќам како да сум пишувала за џабе, како да ме прашувале преку пораки за да си го губат времето, никој не се ни осврнал на моите пишувања за кои сум вложувала време и труд, сум објаснувала и разглабала до танчини за некому да му биде лесно да разбере. Е кога ти ќе стигнеш до тој стадиум како мене дојди па не се нервирај и не се буни, дотогаш немаш право да мешаш баби и жаби кај што не си прочитала два реда повеќе од тоа што те забодело очи прво. И да, на темава секојпат кога ќе дојдам одам наназад да прочитам од последното мислење кое го немам прочитано за да можам да дадам совет, да договорам на прашањата, затоа што вложувам и време и нерви сметам дека тоа го правам сосем добро, затоа се изреволтирав и го напишав тој пост. Секоја чест на твојот успех, но друг пат убаво прочитај пред да му влезеш некому во контекст, не чини заради мене да навредиш друга форумџика која овде има можеби најголем успех и која служи за пример
Се губат ДА, ама мислам дека не се повеќе калорични само дека се печени. Можеш и цимет да си ставиш, циметот е топач на масти =)
29/30 протеински денес нема воден ден продолжувам понатаму со протеини ,денес на мени млечни производи за ручек сиренце и јајце ,за вечера на родендден во игротека сигурно сиренце и кашкавал ке мезам бидејќи знаејќи каква прилика ќе има вечер си ручав само сирење. Читам ептен се вжештило тука,јас сепак не се откажувам од темава бидејќи ми е како дневник ,вистината е дека само јас и уште три девојки поуспешно се придржуваат на диетава и искрено доволни ми се бидејќи кога ке прочитам некој какви глупости комбинира немам намера нити да го поправам ни да му реплицирам. Ангел ти ми беше подршка и мотив жал мие што ке ја напуштиш темава но тоа е твој избор ,сепак благодарна сум и за советите што ги сподели со нас .
Јас сметам дека на секој му е достапно да пишува како го поминал својот ун ден. Најчесто и тие кои изеле нешто плус, самите си кажуваат дека згрешиле. И не ја прекршуваат диетата дека сакаат, туку дека може им треба време да се прилагодат на истата. Неможе некој кој јадел количински многу и притоа мешал секакви производи сега да се контролира лесно. Сигурно и на вас на почетокот кога сте почнале со било која диета не ви одело перфектно. Ако некој има некаков совет нека напише. И конструктивната критика е одличен мотив. Но само кога е напишана правилно! Не е работа да се натераат луѓето да се откажат од држење на диетата. Работата е да им се укаже како и што да прават во моменти кога ќе ги фати стрв. Ако се има волја за тоа, ако не никому ништо. Немам ништо против никоја од вас. И браво за тие што сте ослабнале, а и браво за тие што се трудат да го постигнат истото. За се треба трпение. Еве јас ја читам темава од почеток, сега сум стигната до 101 страна. Црпам информации што и како треба. Би ви го препорачала на сите тоа. Денес ми е осмиот, овошниот ден! Изедов банана, а сега си излупив 4 јаболки за да ги грицкам. Исто така и кафенце се напив. И бев на фитнес за малку да се растеретам и да не мислам на храна.
Здраво на сите јас сум нова на форумов, денес ми е втор ден од диетава. Еве го моето денешно мени: 2/91 д:2 јаболки р:компир печен со зачини и салата в:половина ручек Се надевам ќе си бидеме меѓусебна поддршка
77/91 добар ден диеталки мои Леонтина како оди читам и Ангел не посетила значи ете не повеќето јас денес на протеини и супер до сега 1 и пол стек со парче сирење и зелка салата (супа не јадам никогаш сум ви кажала затоа си пијам чај )Инаку денов ко понеделник па уште ваков разврнат мхмхм само за спиење ама јеби га мора и да се работи нешто Ги поздравувам сите нови диеталки и само храбро напред ќе успеете ако сте упорни а јас се токмам да си исшпартам едно ново листе за на фрижидер зошто од се ближи 11 март ќе се оди на одржување поздрав и уабва недела на сите
и јас почнав да читам од почеток и сум до 70та страна ете јас да си го признам гревот да не ми тежи. вчера имав гости и каснав 3 кифлиња и кашкавал. ама после тоа едно што ме гризеше совеста друго што цела ноќ се превртував ко цел вол да сум јала и сабајле дури осеќав тежина во желудникот.почнав веќе салам да се навикнувам на оваа исхрана што и тоа го сакам оти еднаш двапати ќе ми биди тешко третиот пат нема ни да каснам
Еве јас да се пофалам си дојдов од роденден и јадев само зелка салата ,краставички и едно парче кашкавалче,но со поглед ги изедов сите пирошки лиснати теста мезиња руски салати и торта чоколадна од канела. Останува уште саботниот роденден да го истуркам како што треба и на коњ сум . Стефи те карам за кифлите таман 55 ка сега немој да потклекнуваш под искушенија. Раманте слушам одржување слабо активна тема е ,така да не те пуштам ,тука има да пишуваш што ке правам јас сите ќе ме напуштите. Туку Регенбоген ја нема
Здраво пак денес ми беше првиот воден ден, успеав да издржам до кај 6, но морав да каснам малку пире но не затоа што ми се јадеше или не можев да издржам, туку морав да одам на вежбање, па не сакав само со вода, и испив некаде околу 4л вода. имам симнато некаде 7 кг. позз до сите
Здраво! Еве малку мотивација за вас драги диеталки, особено за оние кои можеби се чувствуваат обесхрабрено. Од 30 декември до денес, (денес ми беше последниот турбо ун ден пред втор воден) имам симнато 13 кила Уште 7 до посакуваните 60кг. Прв пат се мерев откако почнав, и неможам да си ја одлепам насмевката од лицето иако ми беше очигледна разликата, со самото тоа што видов 6ка напред одма почнав да вриштам Бев решена да се мерам после вториот воден, но од неколку причини го прескокнувам, главната е дека се чувствувам исцрпено после турбото. Среќна сум поради резултатите, но свесна сум дека организмот ми е сеуште во првата фаза на претрпување промени, има уште една третина од диетата, а после уште 3 месеци одржување.. па после цел живот одржување Но, и покрај тоа што ова звучи ограничувачки, оптимист сум заради тоа што воопшто досега не бев физички активна, а од први веќе си најдов теретана и создадов распоред во кој ќе ми одговара 3 пати неделно да ја посетувам. Инаку диетата ја почнав во најхардкор периодот, ден пред нова година и дур сите околу мене гнетеа, инатот ме направи поодлучна да се придржувам. Касно се уклучувам за да ги споделам тие неугодни моменти кога на блиските им е несфатливо и ретко кој поддржува дека нешто ти е зацртано во глава без разлика дали било празник или незнам што, важно е да се пресече и да се биде одлучен. Ама одлучен до крај, и кога ќе тргне на убаво, нема опуштање. Денешниот овошен содржеше 4 јаболки, банана, сув ананас и малку туршија, а бидејќи слабо стојам финаниски деновиве и неможам да бирам, протеинскиот утре веројатно ќе го поминам со туна конзерва за ручек и сирење или кисело млеко за вечера. Да, ова е прекршок, но секој според можностите.. Бидете поздравени и позитивни, се читаме
е ајде де... 2 сати седеа пред мене и не јадов ништо и на крајот пак подлегнав на искушенијата. БРАВО леонтинче што немаш ти згрешено БРАВО. како си со килажата?уште колку имаш?брзо почна да слабееш.......до каде си??
Стеди имам јас уште 10 минимум да симнувам до сега 5 еве за месец дена ,но не застанувам тука ке ги терам сите 90 дена заедно со турбо ух ,инаку мм да го пофалам он има симнато 9кг . Денес 30 ден скробен на мени за ручек леќа и салата. Одвај чекам сонце да можеме повеќе да се движиме ,вака денот многу голем ми изгледа .
Добро утро на сите како е јас вчера си издржав без маки големи протеински денес требаше да ми биде јаглехидратен ама пошто го сменив со саботата денес ќе биде скроб а на мени неам поим што ќе прави свекрва ми ако нема манџиче имам јас гравче смрзнато ќе си го кркам него на 5 март ми е послединот воден ден и после уште 4 дена сум задоволна до сега најмногу во обемот а тоа е најбитно а башка мускулна маса тежи повеќе од сало и помалце зафаќа така да ќе си се мерам во обем и ќе се скарам со вагата хахах секако ме мрзи поздрав до сите имајте убав и успешен ден
Дечки и јас ќе се скарам со вагата =) Се придржувам стварно, ама во обем многу повеќе намалувам од кг =/ се надевам на крај и тоа ќе падне. Инаку денес 37/90 - Протеински Д- Портокал и цеден лимон Р - Јајца 2 варени, сиренце, зденка и јогурт и супа коцка. В - Или јогурт со едно јајце или зденки 2 со неколку маслинки. Поздравиии рој