УН Диета

Дискусија во 'Диети' започната од mKdevojce, 7 јануари 2010.

  1. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    ја имам држено диетата на жан митрев и ослабев 10 кила...

    секој ден за појадок се јадат две овошки (освен банани)

    ручекот и вечерата се исти само што за вечера се јаде двојно помалку

    1 ден ручек: манџа посна и свежа салата во неограничени количини
    2 ден ручек: тестенини варени само со зачини сол, вегета, буковец, оригано без мајонези кечапи и сирења, и во овој ден не иде салата, се јадат само тестенините
    3 ден ручек: месо или риба печено или варено и салата неограничено
    4 ден цел ден овошје, може една банана во текот на денот

    и после повторно манџа, па тестенини, па месо, па овошје и така се вртат...
    сите што ја држеа оваа диета ослабеа, најважно е што никогаш не сте гладни и може количински да се јаде колку сакаш. ми се случуваше во денот два пати да варам манџа :) ако не ни стигне за вечера...
    навистина делува, пробајте и со среќа.
     
  2. unforgiven

    unforgiven Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    И јас сум 3 ден..и прв пат сум на диета едвај чекам резултати поздравче :lol: :*
     
  3. missy-xoxo

    missy-xoxo Активен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2013
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    5
    Здраво диеталки :)
    Јас да си дадам отчет за изминативе 3 дена, ме немаше деновиве :)
    7 ден- јагленохидратен
    д-2 портокали
    р- баничка со праз
    в- 1 кришка еурокрем и 1 ред црна чоколада
    8 ден-овошен
    2 јаболки за доручек и во текот на денот изедов уште 1 јаболко, 1 рака суво грозје и 2 портокали( супер се чувствував :) )
    денес- 9 ден протеински

    д-2 портокали
    р- варен стек, марула и 1 шолја супа
    в- ќе јадам стек и марула
    И големо БРАВО за сите за постигнатите резултати :clap: вие и една цурица што си ја стаив на десктоп сте ми најголема мотивација, штом ми се пријаде-одма го уклучувам форумов, и после дури и заборавам дека ми дошло време за јадење( па 800 стр треба време додека се простудираат :D )
    Инаку денес се мерев и сум -2 се уште, АМА АКО :D ќе биде се со време, рано е.
    Бидете ми поздравени :hai:
     
  4. unforgiven

    unforgiven Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    здраво...
    3 ден сум..ручав макарони неможев ни еден тањир да изедам хехе и си купив за вечера 3 поп кека :rofl: можеби е многу ама ќе видам ако ме најаде еден не ги јадам другите.. :tmi:
    ме фаќа паника за утре пошто е овошен ден.. а јас не јадам баш овошје само банана и мандарина.. така да.. :worried: ќе видиме како ќе биде..
    вие до каде сте како ви иде :)
     
  5. Slatkic

    Slatkic Активен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    6 ден - скробен:
    п:2 јаболки и кафе без шеќер
    р:ориз со компир и зелкз салата и морков
    в:на пола од ручекот


    7 ден - јаглехидратен:
    п:2 портокали и кафе со 1 натрен
    р:баница со праз(после 2 часа уште малку баница :D)
    в:2 реда кујнско чоколадо


    8 ден - овошен:
    п:2 портокали
    р:1 јаболка и 1 банана
    в:1 банана


    9 ден - протеински:
    п:1 банана
    р:стек со зелка салата и малку сирење
    в:ќе јадам на пола од ручекот
     
  6. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    7ми од турбото - протеински
    п. цеден цитрон
    р. 2 јајца со ајвар и сирење, 1 парче црн леб и супа од зеленчук
    в. исто без супата и лебот.
     
  7. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Многу вкусен ден! Деветти ден, протеини. Си го почнав со две јаболки. За ручек си имав чаша јогурт со двопек. За вечера Стек со зелка и јогурт. М м м. И секако место вода си пијам чајче.
     
  8. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Неможам да редактирам...
    Сакам да ви откријам нешто што мене ми го смирува апетитот. Си правам зелка салата и одозгора ставам чили зачин. Ау како е вкусно. Милина ми е. Салатата ја правам со тронка зејтин и без оцет.
    За утре планирам да си направам компир варен, да го истолчам како за пире и да го помешам со пиперчиња! А сакам и да се обидам и да ставам сусам одозгора. Ќе видам како ќе ми испадне. А за вечера утре ќе си направам компир салата со кромид ;).
    Искрено тешко ми оди. Незнам вчера се мерев и имам може само кило ослабнато. Се разочарав. И дури и се предомислувам и сакам да ја баталам.
    Сега се трудам да го исклучам кафето целосно. Ќе си умрам за лажичка или две Нутела.
    А да ве прашам за медот, некогаш кога ме фаќа криза си јадам мед. Дали тоа е прелоша отстапка?

    Бидете силни и истрајни, не како мене!
     
    На Ramante му/ѝ се допаѓа ова.
  9. 1mama

    1mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Женски
    Den 2/90
    d: 2 banani i kafe so natren
    r: oriz so morkov pola tavce,plus tursija salata
    v: pola od rucekot
    (ne izdrzav bas posle vecerava,sega izedov pola banana i edna mandarina,maliov cica na 3h i mnogu mi zima energija,nemam sila...)
    no sega legnuvam da spijam,a utresniot den so dusa go cekam... :clap: :lol: ke se krka blakce :rofl: :rofl: :rofl:
     
  10. 1mama

    1mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Женски
    aaaa,karenin samo strvosti sea si napraviv.... :) neznam za medot mislam pisuvase negde na pocetnive strani od dietava deka moze no ne sum sigurna,ako mozes da izdrzis podobro nemoj.mislam ovosje podobro e...prasaj nekoja od poiskusive UNki...leka nok i prijatni snista
     
  11. barbie28

    barbie28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    76
    karenin каво баталење немој ке ти поминат кризните денови .Еве и јас ги имам овие денови ме дрма ПМС ама мушки се држам .А за медот почекај го јх денот и не не напуштај.Во таквите моменти помисли на нас и ќе ти помине :*
     
    На Ivanatassstic и karenin им се допаѓа ова.
  12. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Од денес почнав и јас.

    Ден 1/90
    Доручек: Јаболко,портокал и банана
    Ручек:2ипол варени јајца,салата,едно мало лепче
    Вечера: 2 варени јајца и многу салата со малку леб.

    После вечерата(сега,пред саат време) каснав едно кругче интегрални колачиња :)

    Се надевам дека ќе ја издржам барем 2 месеци..
    Посакајте ми среќа ! :)
     
  13. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    18.260
    За вчера 8 ден. Овошен ден
    Д: 2киви, сок од протокал
    Р: овошна салата ( банана, кива,портокал )
    В. изрендав цвекло и морков салата

    Денес 9 ден/ Протеински
    Д: 1 банан
    Р: Парче стек, супа и салата
    В: Само салатата
     
  14. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Каренин мислам дека не си спремна психички да ја држиш диетава ,можеби се трудиш но само се залажуваш те пратам од почеток и еве 9 ден си а нема ден да не направиш грешка .
    Првин комбинираш две различни овошки ,во протеински ден мешаш месо со јогурт,во јаглехидрати тестенини со јогурт овошје јадеш и за време на ручек ,целосно без концепција ,стварно да не бидам лоша но што ќе биде кога други ја читаат диетава .што ке помислат дека треба да јадат.
    Ништо лично против тебе очекувам од утре поистрајно и без луди комбинации.
     
  15. theod0ra

    theod0ra Активен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    14
    Со среќа :) Но :!: .. штом си на почеток обиди се да вложиш повеќе труд да се држиш до правилата. :$
    Инаку за медот се заинтересирав и јас бидејќи јаболката ми се најзастапено овошје во целава диета (да не речам ми се згадија оние најевтините.. 30 ден кило :lol: ) и особено во овошниот ден посегнувам да ги освежам со мед и цимет. А според она што успеав да најдам за правилата на диетата, мед се препорачува наутро една лажичка со чаша млака вода и цимет по желба, пред да се внесе овошјето за доручек во прилог на забрзување на метаболизмот. Ако сме нежни, би рекле дека си го избрала помалото зло, си каснала мед додека во глава ти се вртела нутела.. ама строги сме и нема веќе потклекнување! :devil:
     
  16. Regenbogen

    Regenbogen Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    175
    Пол:
    Женски
    Еве ме, еве ме....децава ме распаметија деновиве :) но и покрај тоа што не стигнав да пишам, си се придржувам....е сега сум некаде околу седумдесет и некој ден битно знам дека е протеински (најверојатно 77ми ако се раководам по Раманте) домашниве имаат леќа, а јас ќе јадам говедско динстано со цвекло и морков и супа, за вечера јогурт и кашкавалче мало.
    Се уклучив пред некој ден и кога видов колку нови диеталки има и како кршат правила, ми здодеа, па видов дека Ангел ги искарала и искрено снемав мотивација.....па и јас сум грешела ама само кажував -грешам и :x ама ова ги претера сите граници.....со 25-30кг плус, се мачам за секој грам (и тоа од бременост, не од неконтролирање) и кога ќе видам дека темава која во тешки моменти ми беше двигател во диетава се расипува, просто мака ми паѓа...дајте ве молам да се мотивираме и контролираме :) од сега сакам да читам само за успшно симнатите килограми, а не за петдневно гладување од страв што иде пролет па треба да се соблечеме :!: и едно големо браво за истрајните членови ;) кои си ги читам со мерак :lol:
    и да напоменам :!: вратена сум на килажата со која останав бремена со второто дете јессссссссссссс,
    е сега уште вишокот од првото и топ ќе бидам за на плажа летоска :rofl:
    единствена дилема ми е што сум скоро при крај, а имам за симнување уште, па сериозно се мислам да продолжам уште 3месеци......што мислите?
     
    На Ivanatassstic и Ramante им се допаѓа ова.
  17. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Се е ок, но моето мешање јогурт со стек нели би се рачунало еднакво на стек со сирење, кои некои го прават? А и плус си пишува деко во протеинскиот ден - може да се јаде сирење или млеко, но во тој случај на месото односно на јајцата треба да им се преполови количината. Ја мислам дека јогуртот каде каде е полесен од млекото или сирењето. Може па и грешам!
    А за тоа што го испомешав јогуртот со јуфки е тоа е грешка да! Признавам.
    Не сфатив ништо лично. Ама само да си кажам за другите кои ме читаат еве нека не ме регистрираат, ниту пак земаат здраво за готово. Овдека верувај се изначитав страници и страници на темава како сите кажувале дека во нешто кикснале па никому ништо.
    Не сакам да се оправдувам нималку ама мислам дека се претерува малку со она што ќе помислат што треба да јадат! Па убаво пишува и на првата страница што. Тие што се ставаат на диетава сигурно не ни ги копираат целосно деновите како ние сме ги поминувале. Верувам дека повеќето ги следат дискусиите за да имаат некоја идеја плус за основните ручеци.
    И од моја страна ништо лично!
     
    На Regenbogen му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    5.491
    Пол:
    Женски
    SweetChild, како и секој почетник во било што од животот нормално е да не си без грешка, и ќе ти посочам, а тоа важи и за сите други :)
    Суштината на оваа диета е распределба на храната во засебни денови.
    Прв ден - протеински, а тоа подразбира месо и млечни производи, и диетава налага што си ручал- тоа и да вечераш во преполовена доза.
    Втор ден- скроб , тука спаѓаат претежно зрнестите растенија (грав,леќа,грашак,боранија,компир,ориз..).
    Трет ден- јаглехидратен ( кифли празни, пита со зелка/праз, тесто за пица со кечап/зачини/домат/маслинка, краосан, ѓеврече..), а вечера е нешто благо + ред црно чоколадо со колку може највеќе % на какао, а не како што читам за готвење оние, тие изобилуваат со шеќер.
    Четврт ден - секаков вид овошје, свежо, суво, а може и некој зеленчук.
    За сите денови доручекот е ист, а тоа е само 2 ИСТИ овошја, иако јас незнам што е поентата на тоа, само верувам дека некој кој ја создал диетава ја нашол логиката во 2те исти овошја.

    Според твоево денешно мени, доручекот ти е утнат бидејќи станува збор за 3 различни овошја, ем 3, ем различни, а она диетално колаче одсега ќе го јадеш за вечера во ЈХ ден, договорено? :D
    Со оглед дека си „прваче“ во диетава, и сигурна сум дека не си ги исчитала ни половина од испишаниве страници на темава, оправдана ти е грешкава, како и на сите други кои тазе ја започнале диетава.
    Ги видов реакциите на Анабела, Ангел, и иако секој има право на свое мислење, но не ги оправдувам.
    Не сум судија овде па да судам, туку коментирам, и иако станува збор за членки кои ги читам и ми се мили, сепак мислам дека не се во право, бидејки и они еден ден ја имале почнато диетава и лутале, и правеа грешки. Како што реков ги имам читано и нив две и 95% од девојките, и убаво памтам и колку зголемено количество се јадело во одредени денови па после следеле овошен ден за прочистување, знам и дека при криза и цели чоколади и свашта се јаделе, поховани работи по кафани, тетрапак сокови во овошен ден,знам дека секакви комбинации поминаа постарите диеталки, и затоа негледам причина за такво пристрасно коментирање.
    Едно е со поинаков начин и пристап да се укаже на нешто, а друго е со суд и со трескање од земја и секакви иронични предлози за оброци..
    Усталом, секој бира прво што состојки ќе одбере, а второ секој си одлучува дали во протеински ќе изеде 3 јајца или печен стек или риба, или некое помрсно парче месо на скара (увијач или нешто сл), битно е да се движи во предвидените рамки на грамажа и најбитно, да е запазен денот протеински.
    Оние испади како интегрални колачиња, гранули и слично на тазе диеталките не се мерило дека девојките нема да ослабат или дека засекогаш ќе ги јадат во неправилни денови.Постои криза, постои ПМС, неинформираност, а и крај краева станува збор за гурмани- заедничко својство на сите диеталки нормално, и постепено и потешко ќе оди одвикнувањето од одредени продукти.
    Воедно, негледам каде е изгубена поентата на диетава, и на 100та, или 250 страна да се вратите, ќе најдете грешки, оправдувања и разно разни отстапки, и со тоа негледам нешто ново сега.
    И знаете како викаат, нека коментира оној кој е чист, т.е во случајов, нека се издигне со критички став и суд само оној кој не направил никаква грешка, отстапка, пореметување,


    Затоа поздрав до сите тазе диеталки, испринтајте си ја првата страна од диетава со точната содржина, и после 3-4 дена читање нема да имате утки во комбинациите, и ќе остане само стрвноста и кризите, кои со помислување на посакуваниот изглед, одредено парче облека или слично, ќе истапат пред некое чоколатце.
    Во моментите на криза земети си слободно морков или парченца зелка, слободно, или испијте повеќе чај, пробајте да издржите барем 15-20 дена, а после ќе добиете и навика за исхраната и мотив бидејки за тој временски период ќе ги имате и првите резултатите на дело.
    Само напред, и оваа тема нека биде ваш дневник-мени, верувајте полесно ќе ви е. :)
     
    На Ivanatassstic, karenin, Ramante и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Ramante

    Ramante Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    60
    Regenbogen бравооо за симнатитте кг да ти кажам и јас се плашам дека на 10 ни е крајот ама решена сум да си продолжам на одржување уште 91 ден не сакам како лани да си праам значи ова ми е конечно решение и ако си за продолжуваме зедно
    Инаку денес ми е овошен мераци бар не му се секриам што ќе се прае за јадење ќе си јадам цитрончиња и порокалчиња а и чај обавезно
    Пијам течности ко луда и мислам дека тоа е најбитно е така сега ве поздравувам сите па се читкаме
     
  20. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    422
    Девојки што мислите, дали УН диетава може да ја користат трудници?