Имаш во првиот ден, дека е дозволено да конзумираш сирење. Печурките, имаше некои постови од девојките дека можеш било кој ден како додадотк, но јас мислам дека во првиот ден треба да влезат. еве ти линк со појаснување што содржат печурките, шампињони во себе. http://www.kulinar.mk/recepti/Polneti-p ... curki.html
Јас ја држев оваа диета пред неколку години и сум многу задоволна, ослабев некои 12-13 кг кои тотално ми го променија изгледот, дури во обем изгледав како да сум ослабела и многу повеќе. Ја издржав сите три месеци, а кожата после тоа ми беше цврста и телото затегнато за разлика од случаите кога се слабее нагло па крајниот резултат и не изгледа баш така добро како што сме си замислувале. Притоа не вежбав, само последниот месец трчав по кеј. Килограмите не се враќаат ако после тоа јадете умерено, а јас продолжив да јадам овошје за доручек речиси секој ден. Е сега јас си накачив 6-7 кг вишок но од тогаш поминале 3-4 години...Сега се обидувам да го симнам повторно со оваа диета па ќе ви пишам за резултатите
оваа диета не ти за 2 килца....а и 2 килца тежина ли е ама ај...доколку сакаш и тие да ги симнеш со диета....само јади овошје од сабајле, салати и супи во неограничени количини и за максимум 5 дена ги симињаш
И јас се согласувам дека оваа диета најдобро делува кај оние кои имаат многу кг вишок. Инаку јас ја држам веќе 8 дена и имам -2кг и се чудам како се случи затоа што обично слабеам многу побавно. Ама и се мрднувам од вежбање секој ден па до тоа ќе да е
Хеллоо мои Диетни Феминкиии Јас сакам да се пофалам дека сум со минус 8сантима на мојот голем задник ( на на на анна нанана ) најмногу имам изгубено на обен на гради цели 12 сантима ама тоа и го знаев и пред да почнам да држам диета ...слаба точка хихихихх но пак да си кажам не се придржувам 100% а може и за тоа не баш така напредувам како другите !!!(самоо за 1месец и половина) ајде да се надеваме дека се ке биде да бест оф тхе бест нехт тиме!! Киска до сите Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=8oJgqbgvInk&feature=related позззз од мене
ууууу машалааааааа....дај бе од тоа градите навака Мене секаде ме има ама во гради јок. Моментално обем на гради ми е 93 ...а фала богу со диетава не ми се намалија многу.....уствари како не...цели 6 см. Ама затоа задникот ми го има за извоз. Незнам зашто обемот на струкот и рацете некако како да стои.....слабо , слабо А иначе ми се појави друг проблем....целулит ....и тоа на задникот и бутовите скоро и да го нема, ама ми се појави на колениците . И сега чаре???? Помагајте ако знаете што да се прави
Имаш тема со целулит, побарај ја. Ќе намалува и струкот и рацете, без гајле. За нив, најдобри вежби, што ќе видиш колку брзо ќе ти ги зацврстат струкот и грбот... погледни ја првата и третата слика http://www.femina.mk/%D0%B4%D0%B8%D0%B5 ... 1%98%D0%B0 само, ќе ги подрашириш нозете поубаво одошто е тука прикажано, доволно за да имаш стабилност и да можеш да се симнуваш со задникот и целото торзо понадолу. Стапалата нека ти се кон нанадвор свртени, по ќе имаш рамнотежа. Рацете гледај да ги одржиш горе над глава, ќичмата скроз исправена, а задникот одржувај го нагоре, така што на половината сеедно да ти се направи длабнатинка, се надевам ме разбра хахаха и така симнувај се качувај се. Почни со најмалку колку што можеш, пример 10 само или 20, зависи колку можеш и потоа покачувај ги сериите и почесто прави си ги секогаш кога стоиш и никој не се ѕвери во тебе. Другата е исто таква положба заземаш со расчекорени нозе, но сеедно боксуваш со раце во линија со градите. Стомакот цело време држи го скроз стегнат.
Фала жапче за вежбата...ќе почнам и оваа да ја практикувам т.е да ја комбинирам со останатите(те разбрав хахахаа). Инаку откога ја почнав диетава почнав и со вртење на орбитрек, и 3пати неделно домашен пилатес(последниве 2 недели). Сакав да кажам не сум ептен улежана, вежбам, диета....пешачам почесто (и тоа брзо темпо).....само единствено ме збуни целулитот и тоа баш на коленици (баш вчера и го приметив) а на др место го нема. Си помислив ај тука да шкртнам нешто, можеби некоја од диеталките мои го имале проблемов. Фала уште еднаш за советот
Да знам за увежубавањето, те читам. Ова е конкретно за конкретен дел од телото што инаку не се постигнува со некои други вежби. А поима си немам зашто е така со целулитот. Можеби тој просто бил таму, но сега кога слабееш кожата се разлабавува и по се приметува. Но, добро е што вежбаш. Сепак некој може ќе каже нешто повеќе за ова.
Морам да се надоврзам.....третата вежба ме потсека на времето кога одев на карате ....тоа со рацете инаку денес овошен ден, и решив малку да сменам со храната и си направив кашички од овошјето (јагоди, киви и третинка банана)......ммммммм ...одма е подруго. вака можам со денови
Хелллооо хеллооооо Сакам да Ве позз со едно песнуле и пред се да упатам 2 лични прашања, засегнати со диетата... 1вото е до Жапче( со која заедно почнавме ...мислам исти датум де), до каде си и како оди???Секако дали си задоволна од успехот? И 2рото е до сите Вас останатите... Дали имате веке проблеми со јадењето на иста храна( нели Ве тера мозок на нешто поинаку )??? И да секако дали Ве стрви ако гледате некој друг да јаде нешто кое Вие не можете да го јадете??? Спојлер Прашува зошто на местоито каде раб постојано некој нешто јаде мнн мнн вкусно и простооо мнн мнн пати не можам да му одолеам на миризбрата ... се трудам да бегам ама неможам постојано http://www.youtube.com/watch?v=0kT5w27Y ... re=related
О одамна е кај мене резултатот постигнат (за помалку кг. беше, затоа). Имав постирано . Но, си продолжувам со истиов режим како и вас , само не со толкави рестрикции. Гледам само оброците да ми се исто ко вашите поделени по денови, јаглехидрати, скроб итн. И честитки до тебе и останатите ме радуваат резултатите кај сите вас
Здраво диеталки јас сум нова на форумов.И јас ја држам диетава 6 ден ми е и имам некои прашања па ве замолувам да ми одговорите бидејки имате повеќе искуство со диетава. Дали кога е овошен ден можи наместо овошје зеленчук затоа што тука http://un-dijeta-info.blogspot.com/пишува дека можи и дали се јадат сурови продуктите или готвени? Колку млеко и млечни производи се дозволени во протеинскиот ден? Дали во овошниот ден можи да се јадат зрнести плодови(ореви,бадеми,лешници и др.)?
Лелееее Фиги.....дааааа....малку повеке ми пага тешко кога гледам како другите си уживаат во храната...онака вкусна и калорична ама желбата за постигнување на целта е мнооооогу по голема. А тоа дали ми се здосади само од еднолична храна......дааааааааа.....а најмногу тоа што неможам секој ден да пијам јогурт, печени лепчиња со сиренце, макарони со сиренце, оние пржени кришки со јајце....уфффф...може не звучи многу примамливо, ама мене тоа ми фали
Значи вака...овошниот ден...овошје мора барем до ручек, но доколку неможеш само со овошје зеленчукот конзумирај го во вид на салата. Ако јадеш салата , не смееш после овошје пак. Со тек на време покрај толку салати и зеленчуци самата ке сакаш само овошје тој ден. Овој ден храната не треба да биде термички приготвена, само свежа. Ке се навикеш, ништо страшно. А за протеинскиот ден ке ти кажам како јас правам....Бидејки не јадам месо, тој ден си јадам пр. 200гр фета со било каква салата, или шопска и тука си дозволувам уште 50 гр јогурт, или 1 јајце со 100гр сирење и салата(многу), а ти доколку јадеш месо, не би ти посоветувала да не го комбинираш со млечни производи...или јади за ручек месо а за вечера 200мл јогурт или млеко. а јаткасти плодови се дозволени тој ден, ама внимавај зашто се многу калорични и да не биде повеке од 1 рака.