УН Диета

Дискусија во 'Диети' започната од mKdevojce, 7 јануари 2010.

  1. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    јас обично си правам: 2 киви, 2 портокал, 1 банана можиш и јаболко да ставиш, малку мед одозгора и цимед
    до сега ми се нема здосадено ............... многу
     
    На 1mama и Polis им се допаѓа ова.
  2. 1mama

    1mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Женски
    leo-n-tina на здравје кафенцето,се надевам успеа денес да завршиш некоја обврска :) со лесно постот да ти биде :up:
    јас само што изедов пола коковче уф ама добро се осеќам :D е сеа едно кафе додека малиов спие :coffee:
    наздравје ручек на сите :)
     
  3. pingo

    pingo Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    10
    Добар ден на сите!
    16/90 овошен ден. Досега две кафиња и една банана а и нешто не ми се јаде толку многу!
    јас во овошниот ден практикувам мешани овошни салати(најмногу јаболки и портокали),неколку бадемчиња непечени а во криза една чаша кока кола лајт,мислам дека прочитав дека може да се пијат газирани сокови па АКО Е БАЛ НЕКА Е МАСКЕНБАЛ :lol:
    Утре протеински ден едвај чекам а и добив идеја од вас драги мои да испечам и јас едно коковче утре,неке да е лошо! Поздрав до утре :clap:
     
    На 1mama му/ѝ се допаѓа ова.
  4. 1mama

    1mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Женски
    eве мој рецепт
    1 банана,2 мали зелени јаболка,2 мали мандарини сецкани на мали парчиња па помешани со компот од праски..врз нив лажица мед па малку цимет наросено и рака суво грозје или оревчиња најзгоре ако не јадете суво грозје :D и ете ви убав ручек....тоа е мое мени од овошниот има да се прејадете :rofl:
     
    На stefi23m и Polis им се допаѓа ова.
  5. 1mama

    1mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Женски
    p.s.нема кафе за мене,се разбудивме....
     
  6. Polis

    Polis Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    86
    Фала ви на сите за советите :) идам дома уште малку и ке си направам некоја овошна салата :*
     
  7. l-a-d-y-di

    l-a-d-y-di Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    880
    Допаѓања:
    499
    Пол:
    Женски
    Јас за овошниот ден си земам свежи урми од кам, многу се убави и заситуваат
     
    На Polis му/ѝ се допаѓа ова.
  8. iloveugirl

    iloveugirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    217
    А може во текот на диетата да конзумирам бомбони.. еве 2 ден а ја не издржав и изедов 3 бомбони од лимон :@@:@
    14години сум и сакам до лето да ослабнам накај 8 кг 10 највеке белки ке испеам.. а во текот на диетата строго не смее други ужинки по малку пример ржени пуканки нешто интегрално?
     
  9. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    986
    Допаѓања:
    4.095
    Пол:
    Женски
    Мислам дека бонбони не се дозволени. Тоа ти се само шеќери.Подобро земи мастики џвакај( се разбира без шеќер). Ако сакаш ужинка јас би ти препорачала, салати, свеж зеленчук и овошје, но не би требало да ти треба, имаш 3 оброци и не се мали, си јадеш колку сакаш, јас до сега (18 дена) не сум земала никакава ужинка, а меѓу оброци пијам многу вода и зелен чај и тоа ме заситува.

    Денес на менито имав:
    појадок: 2 киви
    ручек: качамак и марула салата
    вечера: исто само половина доза


    Поздрав :*
     
  10. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Девојки со многу мешање на зачини ги најдов идеалните комбинации. Може и на некој друг ќе помогне тоа што мене ми помага. Па вака:
    - марулата ја јадам со чили, сол сосема малку, капка оцет и маслиново масло
    - зелката со мала лажичка сенф испомешано со кари, сол, малку јаболков оцет и маслиново
    - домашна буковка ја ставам скоро врз сите јадења, макарони, компири, јајца...
    Тоа се зачините кои во глобала ги користам. Оцетот некогаш воопшто не го користам, но без маслиново масло не можам. Сега ги открив и ситните печурки во тегла. Си јадам понекогаш и од нив. Тие може и така да се јадат без некоја припрема. А и грашокот во мала конзерва, чинам од Кам го купив, вкусен е. Кечапот поретко го користам. Искрено сенфот ми е повкусен. И дали знаете дали се забранува конзумација на сенфот секој ден?

    Големо фала на Ангел која ми даде некои идеи за комбинација на зачините.
     
  11. BonnieTop

    BonnieTop Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    118
    10/90 дена. - Скробен ден

    Денеска за појадок имав 2 јаболки
    За ручек грашок и салата краставички
    исто и за вечера ке го имам. Еве да го допишам постот и летам на јадење. :$

    Како брзо летаат деновите, чудо.
    Денеска кога купував грашок си купив и шпагети за утре па се замислив. Велам да не сум грешка нешто, само што завршив овошен ден па повторно дошол. Се пребројав и видов дека саглам сум и не сум грешка.
    Засега ми оде одлично со диетата ( фала богу). Ја држам доста строго и се надевам дека ке ослабнам барем 20 килца. :rock: Ке бидам презадоволна.

    Да прашам
    има ли некој рецепти за ЈХ ден? барав по страните но не најдов ништо... молим ако има некој за да не јадам само макарони и шпагети, да сменам нешто.

    Едит: Да не пишувам нов пост ке едитирам.
    karenin , во поодминатите постови анабел-а во еден пост што го најдов има напишано прекрасни комбинации. Лично ги применувам кога имам време односно не сум на работа.

     
  12. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    И јас од денес ви се придружувам :hai: :D.

    1 ден, протеински.

    За доручек пола портокал, и ич не беше убав, го оставив на пола. За ручек чепнав малку кокошка, ама дали едно парче. За вечера изгледа само салата ќе јадам.
    Колку ли го мразам овој протеински ден, како ли сум можела летото да го сакам. Цела енергија ми ја цица, како малаксана се чувствувам. Ќе ми бидат најтешки со овошниот, ама за инает ќе ги издржувам :).
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  13. BonnieTop

    BonnieTop Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    118
    Да не е за подрек поминав два овошни денови а немав проблем ни малку.
    Едвај дури 5-6 овошки и толку.
    Заситена сум.
    А пијам доста вода, на работа сум по цела ден па можеби и затоа , се фокусирам на работата и не мислам кога ке јадам.


    Сега рачунав кој ден ми се паѓа за Прочка.
    И за моја среќа испадна дека е Јагленохидратен ден. :clap:
    Ке се проба баквалата на баба ми. Просто ја обожавам, ама само едно парче, повеке не. :!:

    Баш вчера се натегавме, им викав јас ке си земам баклава и ке си ја чувам за дента кога ке треба да јадам благо. Никоја жива сила нема да ме натера да ја прекршам диетата.
    Па за моја среќа а да избегнам од повторно објаснување се погоди Јагленохидратен ден :clap:
    Ако сме решени цврсто да ослабнеме ништо , нити било кој повод нема да не натера да посигнеме по другото јадење. 8)
     
  14. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.947
    Допаѓања:
    18.267
    Денес 23/90 Јаглехидратен

    П: 2 јаболка
    Р: Шпагети со кечап и кари
    В: 1 парче торта и пола ред чоколадо

    Само ме фаќа страв, настината сум, сега Фервекс пијам, испив зелен чај 2 чаши и кафе..
    И се нервирам вагата стагнира на -4 и некој грам +/- ...
    Сега се надевам после водениов ќе се сменат бројчињата па да видиме.

    Инаку да се надоврзам на Каренин - и јас со зачините сум голем другар. Се и сешто користам - чили, кари, буковка, оригано, мај(ж)оран ...
     
  15. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    15/90
    Доручек:2 банани
    Ручек:Макарони со кечап
    Вечера:Парче торта+2 редчиња чоколадо :)
     
  16. iloveugirl

    iloveugirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    217
    2 ден
    појадок: 2 јаболки
    ручек: компири(3) варени со вегета, зелка салата и кришка леб
    вечера: компири ( не цели 2) со кечап, и зелка салата
    абе јас салатата не ја преполовив мора и неа да ја прполовам на пола а леб не јадев воопшто?
     
  17. 4ever

    4ever Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    17

    Не, салата можеш да јадеш колку ти душа сака :)
     
  18. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.768
    1/90
    појадок грст боровинки
    ручек печен лосос и со печена брокула пиперка црн домат зачинето со маслиново масло, вегета и лук
    вечера исто само половина од ручекот

    2/90
    2 мандарини
    ручек гравче тавче
    вечера исто
    за мезе салата марула и краставица и пиперка

    А искрено за престојниов јаглехидратен ден и те како уху ху гледам
    Ми жмига 86% ред чоколатце и нудли со зелечук и чили

    И да прашам, забележал ли некој на почеток промана на столицата?
     
  19. BonnieTop

    BonnieTop Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    118
    11/ 90 дена. - Јагленохидратен ден :evil:

    Денес на мени:
    За појадок 2 мандарини
    за Ручек си варам шпагети со кечап. Ке бидам на работа до 17 часот морам да си подготвам за таму.. Кога си идам од работа веќе е вечера за мене. ]:)
    За следниот Јагленохидратен ден ке се потрудам да направам пица каква е дозволена, се надевам ке имам луфта. Ако не, повторно шпагети или макарони. :drunk:
    Среќа што ми се омилени па ги сакам.. но понекогаш ми е страв да не ги одјадам ако продолжам вака.
    А под тестанини спаѓаат и корите (јуфки) па може и тоа со кечап да се направе, сега ми текна! :clap:
    За вечера еден ред чоколадо за готвење и нешто благичко, ке видам што.

    Иначе NoellePage за
    столицата
    јас забележав промени. И тоа баајги големи промени. :lol: На подобро да се разбереме. :!: Пред да ја почнам Ун не одев во Wc по 5 дена и повеке. Од кога почнав Ун редовно одам, секој ден, понекогаш и два пати во денот!
    Показател дека овој режим е одличен. Го забрзува метаболизамот...

    Вчера листав постови наназад, барав различити искуства.
    Во еден пост од Нутриционист најдов одлични совети, за тие што ги `мрзи` да листаат 500тини страници уназад ке го копирам советот тука.
    Лично јас ги применувам од самиот старт на режимов. Ги знам, ги пробав триковите и навистина е точно од А до Ш. Ги ставив повторно за тие што ги мрзи да листаат страници или немаат слободно време а не ги знаат `триковите`. некогаш е добро и да се потсетиме. :geek:
     
    На Mariee му/ѝ се допаѓа ова.
  20. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    45/90 протеински
    Денес нарачав мевце кај свеки да се спреми ,едвај чекам вчера многу тежок овошен ден имав од 17 часот кога ме фати еден глад абре може 3 литра вода сум испила ,па и мм на дискавери само некои емисии со храна готвење ми пушта само си подголтнував.
    Инаку на почетокот на диетата столицата станува почеста ,па кога ке стане стагнирање ке заприметите дека ке се нормализира,на почетокот се убрзува метаболизмот и затоа е така.
    Инаку јас секое утро пијам еден лимон со млака вода ,па после зелен чај ,па овошје и кафе.
    Раманте и Регенбоген(тераш втор циклус или одржуавање) ај со срека одржувањето и не не заборавајте да пишувате и овде. :*
     
    На NoellePage, Regenbogen и BonnieTop им се допаѓа ова.