1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

УН Диета

Дискусија во 'Диети' започната од mKdevojce, 7 јануари 2010.

  1. Belis

    Belis Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    7
    Не бев сигурна за овие работи а сега јасно ми е фала многу :)
     
  2. melanie27

    melanie27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    255
    Ајде Белис новичко си во диетава, кажи нешто за тебе...колку сакаш да изгубиш? за овие 6 дена како ти е?
    Уствари ако сакаш да кажеш, не е морално :rofl:
    како и да е... ти посакувам успех
     
  3. Belis

    Belis Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    7
    Прв пат за диетава слушнав од мојата цимерката која ја држеше 90 дена и ослабе 20 кг искрено да не видев со свои очи немаше да вервам :).Како сите така и јас зимава некое килце накачив плус па сега сакам околу 4-5 кг да ослабам а имам 58-59 кг,160 см сум висока.Иначе диетава е супер малку ми беше тежок овошниот ден ама преживеав некако другиот пат се надевам полесно :).
     
    На zhap4e и melanie27 им се допаѓа ова.
  4. Bubache

    Bubache Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    6
    Site dieti sto ke ni gi kazat nasite prijatelki ili ke gi procitame nekade po net . ne smee da se primenuvaat bidejki na sekoj od nas ne odgovara ist vid na dideta.
    Poradi toa mozni se golemi posledici od koi tesko se izleguva.
    Pred da se zapocne so kakva bilo dieta mora da se napravi krvna slika , a istoto da se povtoruva vo tekot na dietata.
    Ako sakate uspesno da gi namalite kilogramite moj sovet e da go posetite Diet Klub- Skopje i da vi bide napravena dieta koja ke odgovara na vashata krvna slika . Taka ke gi gubite kilogramite po pravilen pat bez nikakvi komplikacii .
    Jas dobiv dosta dobra dieta vo Diet Klubot , a dietata mi ja podgotvi Cece Dineva i sum prezadovolna .
    Ili pak ako mislite deka ne mozite da se pridrzite na rezimot na nekoja dieta e togas naj dobro resenie za uspesno da gi namalite kilogramite e SlimLine-Club od kade sto mozite da si nabavite caj Slimming Lose Weinght Tea vo kombinacija so tabletki SlimLine softgel capsule. Veruvajte deka nema da pogresite i da si dozvolite da gi namalite kilogramite so ovie dva proizvodi i se dosta zdravi bidejki se na prirodna baza ..........fantasticni se ,a efektot ke go zabelezite odma posle prvata tableta i cajot . :)
     
  5. melanie27

    melanie27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    255
    Да те прашам само......Дали ти воопшто прочита за каква диета овде станува збор...и коментарите од неа????? Или да не си дистрибутер па пишуваш овде за тие слим лине таблети????

    Да те просветлам....оваа диета е многу слична на оние од диет клубовите...т.е оваа е начин на исхрана. Од оваа диета никој се нема пожалено на тахикардии, несвестици, главоболки, губиток на премногу енергија и сл. а што не е случај со таблетите што ни ги нудиш. (Ти го пишувам ова од лично искуство).

    диетава мене ми помогна да изгубам многу кг, никогаш не сум гладна, и се чуствувам полна со енергија, здрава и најважно срекна. ААа и најважно...крвта ми е одлична.

    и те молам прочитај ги претходните коментари па ке видиш дали е здрава или не е, а не да оставате коментари со кои само ги залажувате младите девојки, кои се очајни да изгубат некое килце, и ги наведувате да користат отрови наспроти здрава храна
     
  6. principessaE

    principessaE Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    3
    јас мислам дека во овошниот ден ако не те заситува само овошје можеш да јадеш и зеленчук...иии тоа колу сакаш,дури треба никојпат да не се чуствуваш гладна дури треба колку што можеш повеке да внесуваш овошје и зеленчук и не само овој ден и останатите...мене ми е 7ми ден денеска и се чувствувам одлично,апетитот ми е многу намален и секојпат кога ми се прејадува немам потреба за сендвичи,пици и сл туку сакам да јадам нешто здраво.
    сакам да ве прашам дали конзумирате габи и како ги приготвувате,фала однапред,поздрав до сите
     
  7. xoxoxo

    xoxoxo Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    6
    Не знам дали знаете, но постои и книга за оваа диета која кај нас се уште ја нема...Таму пишува (како што читав на нет, ја немам јас книгата) дека овошниот ден е всушност витамински и може да се јаде и овошје и зеленчук, но мора да биде сиров. Освен тоа, дозволени се и јаткасти плодови (бадеми, лешници, ореви...) во овој ден, но максимум 100 гр.

    Печурките се неутрални и може да се употребуваат секој ден освен витаминскиот.

    Дозволена е ужина меѓу доручекот и ручекот, а тоа може да биде овошје, зеленчук, јаткасти плодови (макс.50гр) или сушено овошје (макс.50гр).
     
    На principessaE и zhap4e им се допаѓа ова.
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    xoxoxo ако можеш pls. стави го линкот тука да можеме сите да го видиме :)
     
  9. dubi

    dubi Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Zdravo na site!
    Nova sum ovde i sakam da spodelam iskustvo od ovaa dieta.
    Prvo eve vi interesen link:http://www.dijeta.net/un_dijeta.htm, ovde mozete da najdete mnogu interesni recepti soveti mislenja za dietava.Jas ja drzev lani ova vreme i oslabnav 13 kg.Od togas do sega imam vrateno 5-6 kila,ama PO MOJA VINA:), zatoa sto spored mene dietava e vsusnost''pomagac''za ponatamu da prodolzite da se hranite zdravo...da ne ve tormozam mogu mogu,ako imate nekoe prasanje-tuka sum:)Pozz i so sreka na site koi se resile da bidat na ovaa dieta...nema da zazalat!
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ruzmarinka

    ruzmarinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    137
    Уште оваа диета ми остана неиспробана...немам некоја голема желба да ја почнам бидејки сите кг што ги изгубив бргу си ги вратив,треба да симнам некој 6-7 кг кој се накачија благодарение на моите луди хормони.Сеуште пијам таблети но цела година се мачам да ги симнам и ништо.
    ме интересира овошјето насабајле,мора да се јаде?????????
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  11. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Рузмаринке :) да, овошјето мора наутро да се јаде и во пар се јаде по две од истото, дали две јаболки, поротокали или пак ќе избереш да јадеш суво овошје, тогаш две шаки суво овошје.

    Дуби ти благодарам за линкот.

    Еве еден друг линк, http://zena.hr/article.aspx?ID=77 подолу под самата диета ќе видите совети и мислења на девојки што ја држеле. поз
     
    На ruzmarinka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bubache

    Bubache Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    6
    melanie27.............
    секако дека сите диети сто се на природна база се многу здрави но сакав да кажам дека не одговара секоја диета исто на секој организам.
    ова сто го написав е мое лично искуство ..........нешсто што сум го пробала и сум изгубила доволно килограми.
    тоа беше еден совет од мене бидејки познавам доста личности сто употребувале диети кои не се соодветни на нивниот организам и тоа им предизвикало голем проблем.
    тука нели секој може да го напише своето искуство или мислење???
    што се однесува до мене ти не мора ова ни да го прифатиш , а ни да го применуваш .........не се нервирај и не се трескај од земја за без потреба :D
     
    На ruzmarinka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ruzmarinka

    ruzmarinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    137
    Се согласувам со Бубаче.Јас ја држев онаа со чорба од зелка цело лето и ништо.
    На крај видов дека на мојата крвна група оваа диета воопшто не и одговара.
    Дали ја држел некој диетава со крвна група 0 и какви резултати имало?
    А за овошјето насабајле...
     
  14. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Ова е како да се слушам себеси !!!
    Значи не сум била сама ама ке си продолжам може скоро и ке има уште позабавни моменти кои ни ги крие летово со „убавината“на Топлото време ...
    Кискааа до соите истрајни(на свој начин) Феминки...
    :clap: :clap: :clap:
     
    На melanie27 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. melanie27

    melanie27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    255
    Има потреба да се нервирам и трескам од земја :D , зашто лично јас имав многу лошо искуство од тие таблети, и до денес уште ги чуствувам последиците.

    А друго, си коментирала, т.е си го кажала твоето мислење и искуство на погрешна тема а воедно не си ни ги прочитала претходните коментари.

    Да го напишеше ова во некоја тема за брза диета , од типот 4 дена 4 килограми, ај ке те сватев, ама во диета каде се се сведува на исхрана која се конзумира секојдневно (но контролирано), богата со хранливи материи некако не ми е логично.....

    Прочитај ја темава од почеток, и најди ми еден што имал негативно искуство.

    Многу луге што ги познавам не сакаат да ја применуваат само затоа што треба да се држи 3 месеци, а воедно треба да се откажат од некои типови храна... па ајде како полесна варијанта удри на хемија.
    Аххх...и ме нервира тоа (како што кажав претходно), што наведувате млади девојчиња кои се во развој, да го бираат полошиот начин за слабеење, наспроти здравиот начин на живот....
     
  16. melanie27

    melanie27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    255
    јас сум крвна група 0 и до сега -15кг ....
    е имам уште до крај, што значи ке симнам уште малку....барем уште 5 и ке бидам најзадоволна :)

    само треба многу упорност и одрекување од некои вкусни(нездрави) оброци
     
    На zhap4e, figgiMK и ruzmarinka им се допаѓа ова.
  17. ruzmarinka

    ruzmarinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    137
    Аииии.Браво за тебе.А за колку дена?Јадеш насабајле по 2 овошја?
    Мене само тоа ми е проблем.не можам да јадам до 15ч ништо.
     
  18. melanie27

    melanie27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    255
    хахаха....и јас неможам со јадењето од сабајле.....не сум јадела секогаш по 2 овошки, уствари ретко кога. Секогаш по 1, а најчесто си цедам цитрон или портокал. пијам прво 1 чаша вода на празен стомак па после сокот (или овошката).
    А кг ги симнав за 50(и нешто) дена, со прекршување неколку пати и пауза од 3 дена за велигден :$

    Како и да е одам до 90 дена и дај боже уште 5 да симнам и ке бидам најзадоволна. Секако и малку вежбам, и кожата не ми е свисната.

    Ти посакувам успех и на тебе и секако очекуваме да ни пишуваш како ти оди :inlove:
     
    На ruzmarinka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bubache

    Bubache Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    6
    melanie27
    аман веке од тебе хахахахха па јас воопшто не реков ништо за диетата која ја коментиравте......можеби диетата е супер и убаво е да се проба се кога човек има проблеми со килограмите но затоа нагласив дека треба да се внимава............да се внимава бидејки не одговара секоја диета на секој организам .
    има многу диети (без разлика на нивниот состав) кои се прават според лична крвна слика и од човек на човек се пренесуваат , а тоа не е во ред ........доага до големи последици.
    а од какви тоа таблети си имала ти пробмели ?
    дали некој ти ги препорача или ти сама си ги зема на своја рака?
    дали тоа се таблетите што јас ги наведов?
     
  20. ruzmarinka

    ruzmarinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    137
    Од утре почнувам! АМА УШТЕ СЕГА СУМ ГЛАДНА И СТРВНА(се зезам)ми ги нема оние човечиња што се смеат,па морам вака..и тие избегале од глад може би.