Здраво женски Нова сум на форумов,а и пред една недела ја почнав диетава. Не ми е многу тешка,има избор на јадење,ама јас пусто имам слабости кој благо :/. Сакав да ве прашам во кој ден можам да јадам, свежи печурки,читав богати се и со протеини и со јаглехидрати....ма да пологично некако ми е во протеински ден Со среќа на сите...и упорност
УН диеталки, јас не ве дружам веќе.... ве поздравувам и ве напуштам, од вчера ја почнав диетата од Жан Митрев само со неа можам да се средам јас.... со УН и после втор воден ден намалив само 5 кг. се изнервирав....Среќно понатаму со јадачкиве од мениво на ун па можеби ќе ви се придружам понатака
1. Не смееш да мешаш различита храна. Ако во протеински ден си имала за ручек месо тоа ке ти биде и за вечера со тоа што дозата треба да ја преполовиш. Додека салатата ти е во неограничени количини. 2. На што поточно мислеш? Што друго? Задолжително е да се јаде еден ред чоколадо за готвење, останатото ни е по своја воља. На пример јас најчесто си купувам поп кејк, некни баклава , и слично.. но сепак да не се претерува со благото. 3. Предходно веке пишав ке се повторам уште еднаш. Од парче до ПАРЧЕ има разлика. Најнормално 2 средни парчиња пица. Барем за мене. ........... Јас само што си ручав. Денеска малку покасно. Си дојдов покасно од работа, па додека си направам ручек 16 ме фати Си направив чорба со месо. и салата марула. Се најадов како човек сериозно, со малку храна но најадена и задоволна. :geek: Има промени, има. Само уште да видам дали ке може со кредитна картичка да си земам еден soben_velosiped_streamline , цената ми ок, мислам дека е добар. Сакав орбитрек но прескап ми е 12.000 денари. Спојлер http://www.topshop.com.mk/soben_velosiped_streamline-88857-79112-mmp.html
9/90 протеински ден појадок 2 јаболка ручек 2 варени јајца ама беа големи па така несакав 3 и зелка салата(масло,сол,оцет) и теенко парче леб вечера сега чекам накај 5ипол да вечерам оти од 7 сум на зумба па најдобро било 1ипол до 2 часа пред вежбање. за вечера 1 варено јајце и зелка салата Regenbogen хах договорено следи ме од многу голема љубопитност сакаме се да пробаме.. јас полека се сменив мислам абе а бонбони смејам? сега изедов еден.. И ме интересира.. викаат мастиката за џвакање го намалува гладот тоа е добро.. но викаат и дека го надувува стомакот тоа е лошо.. и сега смејам да конзумриам мастики и бонбони?
Здраво ! Постам, од вчера ќе се обидам 1 недела и последната. Вчера таман ми се погоди овошниот ден, изедов 1 банана, 1 јаболка, домашно сушени сливи( без шеќери изедов накај 10 ) и цитрон и тоа не цел. И + вода со лимон. Денес 25/90 -Протеински. појадок - 1 јаболко ручек - марула салата и 170гр. туна вечера- салата зелка со краставичка и туна околу 95гр. Ќе вечерам накај 5:30, ми се јаде веќе, ручав пред 12( а појадував пред 8 ) имав обврски на факс и морав да искочам порано, ама и порано ќе си легнам. Сега се заситив малце со зелен чај и пијам вода. Се ближи водниот ден...can't wait! Поздрав П.С.Инаку да ве прашам, салатата како ја правите? Јас ставам маслиново масло околу 1,5 супена лажица и многу оцет, ама не ставам ич сол. П.п.С.И јас планирам да земам Орбитрек, мора да се активираме да убрзаме малце процес на слабеење.
Големиот 30 ден! Јас со килажата тупкам на 58. Сакам и тие 8 да ги нема али никако не ги симнувам. Глупо се чувствувам за тоа. Ќе полудам. Добро е тоа што успеав да го збришам целулитот од моето газе . И сега денес ми беше јх ден. Доручек банана. Чаша сок од цеден цитрон. Ручек три мали кифлички. Сега јадев парче пита со јаболко. И за вечера ќе биде чоко за готвење. Утре и задутре ќе ми бидат овошно-зеленчукови денови. Имам на располагање четири цитрони, неколку јаболки, два портокали, цвекло, многу марула, патлиџанче, пиперка. Тоа ќе ми биде за два дена. Толкуцка.
Салатата се се погодува татко ми да ја прави и ја прави со оцет,сол и масло(сончогледово) јас еве сега вечерав си направив како салата со јајце оти за ручек имав 2 јајца и сега 1 го исецкав во зелка салата што сега сама ја изрендав и ставив оцет толку многу што испив 2 чаши вода многу смета солта или? а дали е добро да се конзумира така повеќе оцет? И како ти оди за овие 25 дена колку ослабна
денес протеински, поручек 2 јаболки (најубо ми е да ги јадам нив), ручек 2 јајца варени, 1 зденка и 1 чашка јогурт и салата зелка, вечера исто, само без салата. мислам дека конечно намалив уште 700 гр. фала Богу, има надеж
Сакав да прашам уште нешто: На пример ако јадеме кифлички, тогаш треба да бидат мали или оние големите?
Спојлер http://www.femina.mk/%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B8/%D0%B7%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%BC%D0%BB%D0%B8%D0%B2%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B8/%D1%84%D0%BE%D1%82%D0%BE-%D0%BE%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%B1%D0%B5-55-%D0%BA%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B8-%D0%B8-%D0%BE%D1%81%D0%B2%D0%BE%D0%B8-250-000-%D0%B4%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%80%D0%B8 Мотивација девојки, можеле тие, можеме и ние!!!
2/90 Еве ме пак, пу пу да не се урочам супер иде диетата.За доручек кафе со 2 јаболчиња, за ручек грашок и за вечера малку варен компир, не бев во можност исто да јадам па ќе гледам да не ми се повтори ова. Браво Bonnietop за мотивацијата
мама, и јас целам кон 70ет кг. Исто и јас. Посрекна од мене ке нема ако успеам да дојдам до целта. Мене деновите брзо ми минуваат, утре скробен па јх и повторно овошен. Кога дојде! Ама ајде, се радувам, времето брзо минува а кг одат во минус. Него да земеме јас и ти да се такмичеме, најдобро. По ке бидеме мотивирани, мислам. Кој прв стигне до 70ет кг.
Да да. На што ке се такмичеме? Па.. јас претпоставувам дека имам 95, целам кон 70. Готово, се засрамив. Отвори се земјо и голтни ме. навистина, но сепак мило ми е што се освестив на време.
па на што,незнам знаеш може на едно 300гр милка чоколадо а?кажи на нешто друго ако сакаш?додуша јас сакам да одам до 65кг а почнав со 80,страшно,ај за 2месеца ке биде мислам бар до 70 да дојдам,а за вежбите од џилијан мајклс ги правевме на аеробик пред 2 години кога си бев 60кг (пред да останам бремена)и бев топ...а сеа сум ко кофте...ајде бонитоп ке издрзиме заедно утре ми е протеински ден....
Gotovo. Milka cokolado I po eden sladoled. taman ke pocne da se prodava. Ha. Jas utre skroben, ke pravam povtorno spanac.. od mob sum, se izvinuvam za latinica
хехехе,договорено ама гоолем сладолед....наздравје се најадовме предвреме благо хаха...ајде се читкаме утре.поздравче