денес јх сум се најала дури и сум се прејала п. сок од портокали и лимон р. пица со растителен кашкавал ,печурки, маслинки и кромид в. 4 мали посни колачиња и темно чоколадо
9/90 протеински ден доручек - една банана ручек - стек со марула салата и една кришка леб вечера - салата од домати со сирење +3л вода И официјално за 8 дена - 4кг
BonnieTop само воља ти треба и ништо друго, биди упорна и ке ослабеш..И јас пред 2год ја имав твојата килажа и успеав да стигнам до 71кг за 4 месеци со вежбање фитнес и со помош на Ун диетата..Така да немој да се откажуваш ќе бидеш премногу среќна кога ке стигнеш до посакуваната килажа и самата нема да можеш да се препознаеш.. Ако се сака се се може
девојки до тука било пишано, СЕ ОТКАЖУВАМ!!!Мислев дека ке можам ама не, секој ден да мислам што требаше денес да јадам, некако бргу се изморив! Инаку за 23 дена ослабев 3 килограми. Не е некоја цифра ама добро е.Инаку во мегувреме прошетав низ порталите (хрватски и српски) и таму диетата е многу подобро објаснета,еве на пример за фамозниот овошен ден пишува дека се јаде свежо овошје, свеж зеленчук, овошје во вид на компоти без шекер,суво овошје и суви зрнести плодови(сончоглед,семки, бедеми,лешници,кикирики и сл). Тоа е нешто друго, а ова цел ден само овошје и зеленчук желудникот ренде ми го направија! Другото и не е многу различно освен тоа што за вечерите таму не се препорачува леб.Она што е клучно во целата диета е дека интензивно слабеат само оние со екстремна килажа,останатите ке слабеат во зависност од тоа колку се придржуваат на диетата, од физичката активност, од нивниот метаболизам и другу фактори. НЕ КРИТИКУВАМ,НЕ ОБВИНУВАМ,напротив ја ПОДРЖУВАМ ДИЕТАТА,и првото слободно време кога ке можам доволно да и се посветам ке се вратам. Во мегувреме (не знам дали за жал или за срека) јас како лекар би ви препорачала: јадете често а по малку,бидете физички активни и водете љубов! Битно е да сте срекни! Ви поскаувам успех и се најдобро!
Благодарам многу за убавите а реални зборови!!! Неможам да негирам дека ми значи Премногуууууууууууууууу .... Само пред малку се разочарав. Сакав да земам Стримлајн Магнетик Апрајт бајк ама јас имам кредитна од Комерцијална а можело само со кредитна од Стопанска или Тутунска. Баш мислев дека ке го забрзам процесот на слабеење. многу се понадевам. Иначе сепак не очекувам да симнам повеке од 15 кг. Иако сум премногууууу физички баш ФИЗИЧКИ активна и придржувам кон диетата. Да не се разочарам на крај.. секако, дај боже да ослабнам повеке, секако ке ми биде супер, ке бидам најсрекна на цел свет... Денешно мени... 18/90 дена. - Скробен ден За појадок: 2 киви За ручек: спанаќ со краставичка или кромпир варен со марула. Ке видам што е поприфатливо. За вечера: исто. само половина од ручекот.
52/90 овошен ден Денес само нека помине денов ,ме фака некоја депресија дали пмс ме дрма незнам од сабајле си плачам така ми е тешко на душичкава ,ај ова за друга тема ми е . Битно јас за утре мислам како ке јадам риба се мислам дали еден пијан крап да правам или пастрмки . Инаку Бони и 1мама се супер за кладбава ај јас сум сведок ама нема мамење ,и враќање на вагата во - .Туку ова одма се кладите на чоколада и сладолед наместо на една салата еве пример Цезар нека биде да не речете ех само трева да јадеме. И јас се стремам за 70 уште 10кг треба ха ситница
Леонтина да ни се придружеш со мама? - нели ке биде најубаво штом целиш и ти до 70ет кг. Па може и Цезар салата и десертче едно со милка и сладолед. Тоа ке биде само да се почастеме за успехот, иначе нема опуштање! На работа сум од 13 денеска, најверојатно после 12 ке ручам и ке одам на работа. Моментално си спремам спанаќ со ориз и краставички салата. Значи на мени денеска спанаќ со ориз. За утре веројатно повторно макарони. Целодневна сум на работа и немам време да спремам пица..
Добро уто девојки не сум ве заборавила ако сум на одржување ве читам редовно ми давате инспирација Деновиве нешто неам време да седнам на комп па еве сега користам од работа да ви пишам.Ова одржувањево не е тешко туку јас сум за нигде супер ми е се до 22 часот ама после кој ми се пријадува абе не знаете и праам глупости последниве 3 дена страшно се мерев во понеделник вагата не е мрдната ни плус ни минус обемот е ист значи место да искористам ова теретанава да си одам во минус јас стагнирам со стрвулинките после 22ч ооо а и нервози ме фаќаат се дерам по дома за убивање сум као да е ПМС ама не знам зошто во фаза на праење бебе сме ама ај вечер ако ми се деси истото јас си знам чај мајка ќе си пијам ако треба нека се надујам од чајчиња .Е сега планирам ако е одржување да си вметнам турбото пред водените денови да разбијам монотонија па ќе видиме Поздрав
3/90 Јх Д. 1 цеден портокал , после тоа јадев и супа ептенн сум болна и заникаде сум Р. макарони со домашен кечап В. правев од посното мексиканско колаче па најверојатно тоа ке јадам плус многу чаеви и вода, до вечера може ќе изедам уште една супа ама ептен ми е лошо , знам дека е прекршок ама мој си е
јас денес овошниот ден го заебав, каснав 3пати шпагети, леле колку ми е криво до вечер само на течности ќе бидам
26/90-Скробен ден ! за појадок- си исцедив 1 лимон и накај 1 пиев зелен чај и кафе турско (без шеќер се разбира). ручек- 1 чинија посна грав манџичка и многу марула салата. вечера - пола чинија грав и салата зелка со краставички.
Досега пишувам цело време само за оручекот, ручекот и вечерата, а немам спомнато дека и кафе пијам секој ден, турско без шеќер, некогаш и по 2 на ден, а во протеинскиот и макијато, капучино, исто без шеќер, би влијаело ли ова на диеатава, пошто дозволено е кафе колку што знам
BonnieTop И 1mama може и јас да ви се придружам? и јас сакам до кај 7о тина да дојдам, може и нешто + -, ама тука некаде, сега сум среќна, се мерев пред малку и вагата ми покажа -2 кг. од последниот пат, а се нервирав дека одамна немав симнато сега сум 84, а ми е некаде 52 или 53 ден и според последново мерење сум -10 кг. целосно и само денеска добив 2 комплименти дека има резултати пре прехепии сум
Слободно придружете ни се кој сака во натпреваров и ти leontina и ти skorpijce нели bonnietop? колку повеќе толку подобро е сеа за цезаров салата може да се вклучи но со повеќе дресинг ама никако не се откажувам од сладоледот или милката ramante со лесно во новата фаза и не се преоптоварувај со исхраната,одржувај ја килажата само и ќе ти биде полесно... а ти leontina честитки за -10кг и уште да и пишам на pingo жал ми е што се откажуваш од диетава,се надевам ќе успееш со правилен начин на исхрана да ја достигнеш саканата цел ајде на рапорт 25/90(сеуште -3кг) појадок 1 банана + нескафе ручек 2 пилешки копанчинја динстани во рерна на фолија со салата марула,младо кромитче 1 парче леб вечера пола од вечерата без леб
31 ден - два цитрона, 1 портокал, сончоглед и три пивски кикиритки . Продолжив со две марули и маслинки. А вечерва ќе си јадам цвекло. Испив многу зелен чај, а сега пијам многу чај од мента-нане! И земав едно чипсче, само едно. Сакам повеќе ама no, no .
Здраво на сите, јас сум нова, денес ми е 3/90 (јагленохидратен) Сакав да ве прашам за благичко, дали е дозволено нормална торта во која има млеко и јајца, или само посна? п.с. ќе се мерам после 8ми ден, да не се разочарам предходно
Добредојде Ели во клубот на унки диеталки со среќа дозволено е нормална торта не мора посна но секако тоа да биде мало парче и без многуууу фил и не се мери често мој совет 2 пати у месец после овошен е најдобро...
Здраво девојки, и јас сум нова...диетата ја започнав денеска со многу тешки маки, но се надевам со ваша подршка ќе ја издржам
добредојде tulip-k,нее толку тешко како што изгледа....тука сме за тебе во секое време eве некој рецепт за јх торта дирекно преведена од книгава на хрватски што ја имам за ун диетава мечкини шепи 200гр маргарин 100гр шеќер 300гр брашно 1јајце ванилин шеќер 50гр лешници или ореви или..... Се меси хомогено тесто од сите состојки а на крај се додава брашното.тестото не смее да се лепи ниту да биде многу тврдосо тестото се полнат калапи за мечкините шепи(ако имате некои други калапи слободно).се пече 15-20мин на загреана рерна од 200 степени,се додека рабовите на шепите не поцрвенат малку,кога малку ке се оладат се вадат од калапите и нормално се јадат но само 3 нас ни е дозволено! бисквит со мусли 4 јајца 80гр шеќер 40гр брашно 100гр мусли од житарици изберете сами кои ви се допаѓаат 200гр овошје по желба Се мати цврст снег од белките со шеќерот,па пенасто се матат и жолчките и се додаваат во снегот од белки.потоа во смесата се додава и брашното и муслите.се меша со лажица и се става тава обложена со мрсна хартија или обично тавче намачкано со зејтин,па отозгора се додава овошјето..Се пече 20мин на 180 степени..се јадат само 3 парчиња,а остатокот во алуминиумска фолија за нардниот пат слободно се чува,без проблем... на здравје
мммммм....благодарам на подршката 1mama , со благото и не баш имам некој проблем-ама рецептите ите како ќе ми се најдат за јаглехидратниот ден, проблемот е во доцното станување и јадење во раните утрински часови,навика која неможам веќе година време да ја искоренам...и тоа беше прочината што никако не се нафаќав да ја започнам диетат,бидејќи ќе се настегам во 3 сабајле и некако наутро кога ќе станам целата гневна што пак сум јадела не гледав ефект да стартувам. Ама синоќа се одлучив конечно,станав во 3 се напив само вода и се вратив на спиење,сабајлето среќна изедово една круша, за ручек стек со зелена салата и сега само што завршив со вечерата. Некако започнав со голема воља,и се надевам дека така ќе терам ...само да има резултатии