Денес овошен, и јас не го сакам баш најмногу, но денес добро е, некако немам апетит, па само со 4 јаболки сум цел ден, 2 за појадок и по 1 за ручек и вечера, ако ми се пријади пак сега, можи ќе каснам уште нешто, ама сега засега не верувам. позз.
За вчера(пошто вчера место во оваа тема сум пишала во Морална поддршка) : 24/90 Доручек:Банана Ручек:3 варени јајца со марула салата и едно лепче Вечера:2 варени јајца со малку павлака и едно лепче Денес: 25/90 Доручек:Банана Ручек:Ориз со салата и едно лепче Вечера:Истото од ручек,пола доза
17/90 протеински п. јаболки р. пиле со маарула и варен морков со магдонос (леб немав и заборавив ) в. марула кашкавал и павлака (се заедно како салата, ептен вкусно ми дојде) девојки до каде сте со килограмите? да ме потсетите за натпреварот како беше - која прва до 70? или? не да се фалам ама мојата вага покажува 72 ама уште повеќе ми значи комплиментот на една пријателка која не ме видела 6 месеци - Што си направила ма ти? Пола човек си се сторила! абе ваква бев се стопив од убавини хахахахха а еве пошто е по полноќ да кажам и за утре: п. јаболки или портокали р. компир со рузмарин плус марула салата и роквички в. исто (само пола)
64/90 Овошен ден Цел ден ќе јадам овојше и на крај салати. Нема некои промени, уште сум на тие -8 кг. Сакам да дојдам до 56кг до крајов на диетата. 6 kg more to go ! Сега почнав редовно да вежбам, па ќе има и поголеми резултати, се надевам.
26/90 ден -Скробен ден За појадок имав 2 киви За ручек грашок и домати салата За вечера ке си земам за работа истото од ручекот, само се надевам дека ке имам можност да си вечерам. Исто и јас, колку и да е богата трпезата пред мене јас немам желба да си каснам од се. Па кога се сетам колку труд вложувам во ова, Не, Не.. Уште 5-6 кг да ослабнам ке бидам преполовина, сигурно. идеме напред кон нови предизвици и успеси! Дела а не зборови!
Да да која прва до 70кг ама воа вака не бива ние почнавме со поголема килажа ааа... а регенбоген сега со 72 уф колку ти љубоморам да знаеш како добро би било и јас да сум сеа така на 72 ајде ќе бидам наскоро ? Иначе вчера овошниот ми помина добро само вечерта салата марула со спанаќ и маслинчиња се накркав па ми се згорчи животов
60/90 овошен И поминаа и 60 дена ,да ми кажеше некој дека ќе издржам волку немаше да му верувам. Има уште 30 дена но не верувам дека за тие денови ќе ја остварам мојата цел ,а тоа се уште -10 кг ,да бидам реална и со 5 ке бидам задоволна. Утре се мерам ако не сум - 1кг е не е фер скар на вагата. Денес од сабајле ѓумбир и лимон ,кафе и смуди си направив од киви и јаболко тоа ке си цуцкам ,за после зелен чај а за криза суво овошје кое се трудам да го избегнувам но ќе видиме денот што ќе донесе. И за тркава кој до прв до 70 не остапувам,само временски не сме се дефинирале . Еве јас со 80 сум моментално ,кој е со иста кг го предизвикувам за месец дена кој поблиску до 70 . Кој изгуби части цезар салата со фурнаринки за победникот ,а за поразениот нека се задоволи со салатата само. Ајде да ве видам
Да ти кажам право вчера во еден излог случајно се видов и сама на себе си дојдов слаба ти кажувам за да те мотивирам дополнително, сите вас Многу се поправив со бременостите па решив и тачка некаде септември дојдов од болница со 86кг па сега рачунајте а цел ми се 60-62 (со помалку би изгледала како девојче, а не како женичка, мајка на две деца) инаку цел живот се вртам од 58-64, абе моја килажа си е тоа, така најфино се чувствувам. а и уште нешто - овошните денови ретко кога ми се регуларни, скоро секогаш прекршувам, а и ме фаќа да сум со обврски до 3 па дури во 4 ручам и после не сум толку гладна за вечера
леонтина те читам подолго време и гледам дека се мачиш со снимнувањето на кг, а тоа значи дека организмот и самиот метаболизам ти се навикнати на таа храна. Мој совет ти е да ја држиш Турбо УН па да почне да ти работи самиот метаболизам...Во книгата пишува дека најубаво е од 72ден да се почне. Искрено не гледам дена нешто ќе изгубиш, освен што ќе имаш повеќе овошни. Среќно на сите со слабеењето! П.С и јас ја држам оваа диета ама не пишувам само ве читам и да ви кажам стигната сум до 5циклул, но она што ме мотивира што секој циклус го облежувам со некаков знак нацртан на хартија ии ако имам грешка во некој циклус тој го лепам настрана... Верувајте многу помага!
Јас турбото ја држев еден циклус ,сега тешко да ја држам на пости сум некако потешко ќе ми биде,и вистина дека поспоро симнувам кг знам дека организмот веќе се навикнал но ке ја држам до крај па колку толку . Знам само дека после овие 90 дена ке треба уште да се слабее но со што да се продолжи незнам дали исто ух или некој друг начин на исхрана сеуште немам решено,но битно е дека не застанувам тука . Тоа е некој полесно некој потешко и подолго но битно да не се откажуваме .
Не пишував некое време ама ве следев, па еве и јас по прв пат стигнав до 18/90 -Скробен д:банана р:спанаќ со салата в:истото или само салата повеќе пати имам јадено банана за доручек, иако знам дека и не е баш најдобра, ама дека сум во школо и некако најбрзо ја јадам и незнам... Инаку да се пофалам дека сум со -4 килца И имам 63, а во обем не се познва, ееептен малку Среќно девојки
Џенцки јас незнам веке што да правам.. сабајлето само што го ставив ручекот да ми се прави ми се јавија од работа - да одам. Оставив се и заминав, не бев јадена до сега, неможев да чекам уште два саата да се спрема ручекот, прегладнев, па земав 1 рибанка леб и еден домат. А, заборавив, треба за пола час да излевам повторно , раб, обврски.. за вечер кога ке се вратам само една салата и толку. Дали грешам премногу вака, ни јас сама незнам. Лебот е скроб мислам, па затоа се тешам е колку толку океј? не е до мене, се трудам на сите страни се да постигнам
BonnieTop ова е во твоја корист, ако можеш да издржиш со малку јадење тоа е супер килограмите побрзо ќе се топат... Не е страшно си јадела едно лепче и еден домат, па вечер ќе јадиш салата, ништо не прекршуваш! Поздрав и среќно!
Женски ве читам како не прекршувате ништо и стварно се засрамувам. Браво за вас! Јас до сега признавам имам многу прекршоци. Кај диетава ми се допаѓа што ме учи како правилно да комбинирам, па иако јадам многу барем гледам да не ги мешам продуктите често. И горе доле задоволна сум од изгледот на моето меше. Сакам да кажам и дека многу полесно и поенергично се чувствував кога одев и на фитнес. Е тогаш ми се чинеше дека сум лесна како пердувче. Сега се обидувам да вежбам дома на орбитрексчето ама досадно ми е и едвај издржувам 10 минути. Вчера имав витамински ден. Денеска го почнав и овој ден со таква намера ама не додржав и јадев печурки со малку грашок, сенф, кари, маслинки и цвекло. Сабајлечки почнав со цитрон и зелка салата. Инаку ми е 38 ден ама како казна се враќам на 28 ден. Е ајде сега .
2.скробен д-2 портокали и кафе без шеќер р-ориз и компири потпечени со томатело сос и марула со оцет в-истото 1\2
Фала miljkovic за мислењето! многу ми значи, навистина. За утре дефинитивно ке купам вегетеријанска пица на одење работа, бидејки работното време ми е без врска периодов.. Ке земам малечка, само да не прескокнувам оброк. Бидејки не ми се јаде, немам апетит. Ако веке не најдам вегетеријанска пица ке купам ѓеврек од тие по 10 ден еден. Сега само што вечерав, еден домат. :geek: не сакав касно да конзумирам особено леб. Истиот не го конзумирам околу 20 дена, но денес морав рибанка со домат бидејки неможев да си спремам нешто за јадење. Ако имам време утре-други ден ке прикачам слика од мојата трансформација за овие денови, пред и потоа.
Денес 18/90 скробен појадок 2 јаболка ручек варени компири со вегета и малку ајвар и салата марула вечера истото без ајвар и помала доза и салата марула
2 ден, скробен Доручек една чаша чај, и три зрнца аронија. Ручек, кај 1 пол, некаков загрешен ориз со грашок, едвај го направив, се исполепи целиот, ама сепак вкусен беше Без леб Кај 5 саатот испив чаша сок, на гости бев, знам не е по пропис ама барем ми го згасна гладот Вечерав пред пола час два варени компири со младо кромидче, и сега испив уште една чаша чај од брусница без шеќер(и онака секој чај го пијам без шеќер). Това е това за денеска.
26/90 Доручек:Банана Ручек:Домашен бурек со месо,малку каснав,не бев многу гладна Вечера:Едно крајче со мармалад