еве ме мене на 5/90... протеински ден за појадок изедов една банана, ручек 2 парчиња домашна баничка со сирење и малку кисело млеко, вечера печени пиперки со урда... до душа мене вечерата ми беше пообемна од ручекот, ама вечерав во 18.00, така да мислам дека не е некоја грешка сега испив едно капучино во вчерашниот овошен ден јадев јаболка, портокал, цитрон, компот од вишни,печени кикирики мелени со малце шекер (многу се убави ) и доста заситуваат и вечерта бевме на гости и јадев салата марула со пченка утре за ручек имам тава ориз незнам како некои од вас не се задоволни со -2-3 килограми за неколку дена... па колку очекувате? напочетокот се елиминираат течностите од организмот, а дури потоа се топат масните наслаги јас за овие 5 дена имам намалено неполн килограм, но многу сум задоволна, затоа што немам многу за симнување, ќе бидам презадоволна со -5 кг, а и не ја држам ептен строго диетата, оние кои имаат повеќе килограми за симнување слабеат доста побрзо, и нормално е првиот месец да се слабее најбрзо, а потоа да се стагнира, затоа е најдобро веќе 3тиот месец да се започне со турбо Ун диетата, тоа е протеински скробен овошен, протеински јаглехидратен овошен, така 4 пати и воден ден,така што овошниот ден наместо 4 ден доага 3 најдобро е да се мерите после овошниот ден, бидејќи тој ден се слабее најмногу. и да, во овошниот ден јас јадам компот, суво овошје, бадеми, кикирики, зеленчук... точно дека ако се прекине со овошје и се почне со зеленчук не треба да се враќате на овошје, но сепак подобро да изедете една јаболка после зеленчукот, отколку бурек и се слабее, а килограмите не се вракаат така да бидете упорни, нема ни да забележете дека слабеете, другите тоа ќе ви го кажат,и не се исгладувајте, не е поентата да слабеете брзо, туку бавно ама трајно
Здраво на сите Јас сум нова на форумов се надевам дека ке се дружиме. Инаку на диетава Ун сум од 1 ви Март, значи веке еден месец супер е стварно диетава но чувствувам дека стагнирам со килограмиве како е кај вас ? Позз !
6/90 денес ми е скробен ден ...и овосниот го поминав одлицно без да ми се јаде...за денес ос сабајле доручкував 2 јаболки, за руцек имам 3 варени компири малечки и салата ...како сте вие девојки? ке ми каже ли некоја далии секој ден во точно толку часот ги зима оброците или не е битно , и уште нешто јас вечера несакам да јадам не ми се јаде дали може само салата без тоа од ручекот половина...позз и убав ден
69/90 протеински по правило но може и скробен да биде. Утре бидејќи мм слави роденден а и празник па се решивме да ги свикаме блиските на крапче ,па се мислам денес дали да биде исто протеински или скробен има време за ручек. И денес -1кг добро е ,имаше стагнирање на кг ама па сега за две недели -3кг имам симнато. И вчера убаво ми помина овошниот ден со една банана,еден портокал една рака суво овошје и бадеми и јагоди купив ама немој да се лажете ич не се убави за гледање големи црвени на вкус никакви,ама ми се смачи те едно исто овошје ама ова не ми направи кејф. Ајде бидете ми поздравени и имајте убав викенд.
64/90 Протеински ден денес ке јадам стекче со салата за овие 64 дена сум ослабена -13 кг и сега сакам уште малце до крај ќе си ја држам она што е убаво во диетава е тоа што се навикнуваш на тоа здраво да јадеш,и планирам цело време да си продолжам вака да се хранам на овој начин без мешање на една храна со друга....
6/90 скробен за поручек две јаболка за ручек имам леќа и салата за вечера исто... мене од диетава и апетито скроз ми е намален мислев ќе ме фаќаат кризи ама баш напротив супер се чувствувам имам некоде три ипол кила симнато...
девојки мноогу ми се грицка сончоглед, би и сметало ли тоа на дитата?? во кој ден смеам или воопшто не смеам да грицкам сончоглед??
Денес 3/90 Јагленохидратен ден За доручек јадев банана и портокал потоа немав воопшто сила и испив една цедевита и сега јадев пица но не ножев да ја дојадам оставив едно парче и се осеќам малце потешко дали мислите дека една чаша цедевита може да пречи во ова? Како што читав некои јадат и компоти па пак слабеат по 3-4 кила а мене страв ми е на вага да се качам а многу строго ја држам SSSS
Како може од една цедевита да се здебелиш!? -.- Не е возможно тоа, нема ни смисла! -.- Инаку денес 27/90-ЈХ Д:2 јаболки Р:геврече В: 1-2 наполитанки или сладолед Уште утре и ВОДЕЕЕН!
На колку дена го држиш водениот ден и колку пати до сега си имала воден и колку килограми имаш симнато? Извини што прашувам толку но и јас планирам да ја држам околу 1 месец
Феминалки мои ке биде ли некоја љубезна да ми објасни за Турбо Ин плс ... Мн.страници се за вртење а ја заглавена со испити до гуша Omg . Значи ја почнав Ун на 01 Март а водениот ден не го држев се разбира ( а требаше да биде 28 март нели 7х 4 )е сега од кога да ја старувам Турбото - се држи нели 12 дена ама не ми е јасно башшш ...
Значи феминки, не се мерев 2 дена. И од -4, денес решив да се мерам, и гледам оооооп -6кг. Уште повеќе добив мотивација за да ја терам до крај. Иначе, Денес 27ми - јх ден Појадок: 1 јаболко, Ручек: 1 баничка, Вечера: 5 посни наполитанки на Европа (мммм..) И психички се спремам за ВОДЕНИОТ ден! Ајде некој нека сподели позитивни искуства со водениот ден, да ми даде поддршка