Денес се ми одеше супер ама вечерта мајка ми ме натера да ја пробам пилешката салата а сум на јх ден малце каснав нема да е проблем да ја продолжам диетата
Здраво девојки како сте ми?Не сум ви пишала одааамна ама се расипа лап топот и се зврццц нема од каде...од моб кога имам време ќе се уклучам но и тој некако ми е за никаде па неможам да пишувам....гледам има многу нови диеталки бравосссс и со среќа нека им е...е сеа вака ајде од леонтина или бонние или раманте или регенбоген да слушнам мислење оти воа вака не бива ја сум некој изрод изгледа незнам...денес ми е 42 ден знам протеински ама само -4кг сум за цело време имам направено 3 прекршока за 8ми март,25 март и на 5ти април роденден ми беше си каснав од тортата но другите денови го јадам само пропишаното што ми е.....не мешам ништо друго...леб не јадам,газирано не пијам сокови ич ве молам за совееееет ќе полудам веќе.....поздравче и ве чекам да ми пишете....
Кога ќе подразмислиш тие три дена ти го успориле слабеењето ајде нека не бидат -2 али еве -1кг значи ке си имала -5кг за еден месец ,нетреба да се разочаруваш јас денес сум 70 ден и имам симнато -11кг со уште 4 ке бидам задоволна ама ке ми требаат уште -5 за да биде совршено. Јас имав стагнирање,па ја воведов и турбото после 32 ден ми се чини тука се слабее побрзо. Пробај и ти ако можеш ,и банана за доручек избегнувај, јас ако ептен бев гладна ја јадев на скробен ,инаку само на овошен ама и таму се трудам да биде една максимум две. Откако сум на пости повеке се слабее зашто наместо месо јам риба,ама гладна сум да се разбереме,на почеток јадев една кришка леб,сега за постите јадам повеќе ,вечерата најкасно ми е до 19-19.30 после само вода пијам,не се ограничувам количински многу ,во протеински ден кога бев на месо само месо јадев,не мешав со сирење и млеко ,и не динстано месо со немасна павлака тоа не го правев највеќе јадев скара.Се што готвам е со две лаж маслиново масло,и манџи без запршка. Зелен чај и лимон со млака вода од сабајле обавезно. Незнам дали е исправно или не но јас вака ја држам диетава така ми одговара ,не слабеам експресно ама сум задоволна и реална . Ова е најдобар успех за мене во однос на држење на диети без гладување ,без таблети и чаеви за слабеење. Упорно само ,фаќа и криза и демотивација,но тоа треба да се помине и да се продолжи понатаму .
да но и јас не мешам сирење со месо или слични павлаки,но турбото неможам да ја држам бидејќки сеуште го дојам син ми,зелен чај несмеам да пијам и се разбира не можам да постам....како и да е јас ќе ја издржам до крај диетава немам проблем со тоа само морав да побарам помош од вас бидејќи некако малку ми се виде а имам 10+ што треба да ги симнам.. ти благодарам срц на советот....
колку побавно се губат килата токлу побавно или воопшто нема да се вратат. јас ја прекинав диетата на 80ти ден и во тој период ослабев само 10 кг. можите да замислите јас колку се нервирв. а шо фајде да ослабиме 15 или повеќе па по 1 месец по прекин на диетата да ги вратиме и дупло. јас сега колку што можам внимавам ама не е исто кога знајш дека немаш забрана и дека можиш се да си касниш. јас веќе ја имам идеалната тежина ама ми фалат -2 кг за да ја имам тежината од пред бременоста. со повеќе овошје и зеленчук се надевам дека и тие ќе ги немам....
и јас пак зафркнав работа бре синоќа бев на роденден и јадев торта, кифлички и месо и пиев и газиран сок, а преку денот јадев сончоглед... ја утнав комплет ама ништо од понеделник почнувам одново и онака постојано грешев, сега само незнам дали да држам редовна Ун или турбо ун да држам едит: читав наназад, низ другите диети.. се мислев, и се решив, почнувам со турбо ун, па јас немам проблем со гладувањето организмот веќе ми се навикна и скоро и да не ми покажува знаци на глад, и онака јаглехидратен и скробен се ми најтешки еден подруг се прејадувам тогаш, вака мислам дека поубаво ке ми биде па ке ви пишувам од утре
Денес ЈХ, 2 јаболки сабајле, сега ќе јадам шпагети со кечап, оригано и сол, а вечер слатки мене ми е мислам 70 ти ден, и имам само 10 кг. симнато, ама и јас имам малку прекршоци некои, па можи да влијае и тоа како и да е уште 20тина дена сигурно ќе издржам, па ќе видиме крајни резултати поздрав и со лесно на новите
Ако сте утнале еден ден не треба да се откажувате Треба следниот ден да ви биде водан, па потоа пак одново да почнете Само да не се претерува со грешки
секако јас правам ваква промена поради повеќе услови не само ради 1 грешка стагнира падот на кг, грешев постојно.., прејадено се чуствувам, затоа се решив да почнам турбо ун не само за 1 грешка да нема недоразбирање тука да не испадне дека за 1 грешка да се почнува одново
девојки денеска ми е 7/90 кај 12 часот се мерев имав 88кг сега се мерев 89 и 500грама...дали е можно од што имам менструација да ми варира килажата? се нервирам
Во диетава не е посочено дека треба да зимаш ужинка. ама ако стварно ти се јаде ке земеш фала богу. Не е целта да се прегладнуваш. Водениот нормално како што му е редот после 7 циклуса. Инаку ми е прв утре (29 ден). А за кила незнам не се мерам ама во обем се познава, покрај тоа што не ја држам строго многу. Знам да направам по некој прекршок Држи ја колку што можеш или колку што мислиш дека ти е доволно, лош ефект сигурно нема да имаш! Спојлер Инаку денес: 28/90-Овошен Имав 2 јаболки, 2 киви и 1 банана. И затоа што сум 14 години мајка ми 24/7 ми збори како несмеам на диети да сум уште сеа.... бла бла... изедов пола стек. знам дека не требаше, а најмалку на овошен ама тоа е. -_- Се тешам некако со тоа што утре ми е воден
Да! И не само од тоа, од се варира. Течностите што ги пиеш, тоа што си јадела во текот на денот итн. Ехее кај мене и до 2кг знае понекогаш да варира од вечерта , па се до следното утро. Така да ти препорачувам да не се мериш секој ден, подобро е еднаш неделно.
даа јас дури и саатите ги приметив сабајле во 7 сум 74, во 1-2 саат сум 73 потоа одиме пак 74 и пред да си легнам 73 сум и после трчање т.е. кога сум задишана и изморена сум 74
фала девојки јас си мислев нешто не е во ред со мене почнав да се нервирам...од сега ќе се мерам еднаш неделно.
Zdravo devojki , sakav da prasam dali mozam da jadam pukanki koga sum vo kriza za soleno vo tekot na UN dietata?
Како прво добро утро на сите имав бајги за читање сабајлево ајде со ред 1мама не се скирај ќе се симнат кг гледај бебечето да си има млекце а ти ако можеш вметни турбо ун пред 2 и 3 воден ден (ако можеш сепак доиш) а feminiumќе те карам значи диетава ја напрае сол.Како прво 5 ден не е воден ден тој е протеински со Турбо Ун се почнува ако стагнираш а ти не си ни издржала 10 дена саглам да видиш како ќе ти оди Ако сакаш да имаш резултати мора да бидеш упорна и сигурно нема да ослабеш 10кг за 10 дена тоа не е нормално ,совет мој придржувај се до диетата и прашувај што не ти е ајсно барај по нет се има А да и пукакни немојте луѓе не се лажете парно салатка одколку пуканки и поздраво е Ајде сега поздрав се надевам никој нема да ми се налути
1/90 Доручек: две јаболки Ручек: пилешки стек печен на тостер, зелка салата, супа и едно парче леб Вечера: пилешки стек печен на тостер, зелка салата и едно парче леб 2/90 Доручек: 1 портокал и 1 јаболко Ручек : 2 варени компири со ваѓета, зелка салата и едно парче леб Вечера: 1 варен компир со ваѓета, зелка салата и едно парче леб.
45/90 Овошен! До сега јадев банана. Сега ќе пијам кафе и ќе си исцедам цитрон и лимон, а за после имам суви смокви, јаболка. Спојлер Скробниот ми помина со лимон за појадок и компир варен за ручек и вечера. Вчера јх, исто лимон за појадок, вегетаријанска пица за ручек и колачиња за вечера. Од денес почнав и да пијам ѓумбир Од утре па се до водениот идеме со Турбо Ун!
што да кажам можеби и си во право, тоа од очај да се ослабее ми здосади веќе да бидам дебела Абе мене заклучно денес ми се фаќат 2 недели со диети , само 3-4 дена подоцна ја почнав ун, претходно бев на овошје и симнав 1-2 кг, ја почнав ун ништо не симнав 1 кило махимум, иако мн малку јадев имам пишувано на темата броење калории не поише од 500 калории на ден, зимото само 1 недела 5кг симнав а повеќе јадев а и прејадено се чуствувам со обичниот ун, организмот изгледа ми се навикна на малку храна па поубаво се чуствувам со овошје и зеленчук Како и да е ќе видиме од утре , денес 1/90 протеински: 1 јаболка ослич риба варена и домати остатокот од осличот и краставици
Здраво и ако напишав пред некој ден дека ке ја почнам диетава денес се решив конечно имам 79 кг а главна цел ми е 70кг до јули . Денес 1/90 протеински Ручек : 1 јајце,1 часа јофурт и 1 парце леб, Вечера : исто Утре 2/90 скробен Ручек : 2 варни компири Вечера : 1 варен компир Задутре 3/90 јаглерохидратен Ручек : макрони Вечера : 1 ред чоколадо за кување Позадутре 4/90 овошен Цел ден : салати Секој наредн циклус ке го јадам истово и истово и истово и се надевам дека ке ги ослабам овие проблематични 9 кг